Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили, заедно со вооружените сили на Нигерија, спровеле заедничка операција во која бил убиен Абу-Билал ел-Минуки, за кого тврди дека бил втор човек во глобалната структура на Исламска држава. „Мислеше дека може да се крие во Африка, но не ни претпоставуваше дека имаме извори кои нè информираа за тоа што прави“, напиша Трамп на платформата Truth Social. Тој посочи дека ...
Врховниот суд на САД вчера го отфрли итното барање од демократите во Вирџинија кои бараа на среднорочните избори во ноември да се употребат ново нацртаните конгресни изборни единици, со што им помогна на републиканците полесно да ги дочекаат среднорочните избори во ноември каде ќе се обидат да го одбранат тесното мнозинство во Конгресот, јави ДПА. Новата изборна мапа можеше да им помогне на демократите да префрлат четири места што ги држеа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА. Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција. „Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. ...
Германскиот тенисер Александар Зверев нема да настапи на претстојниот турнир во неговиот роден град Хамбург, јави денеска агенцијата ДПА. Според истиот извор, Зверев чувствува болки во грбот и претпочита да одмори уште една недела пред вториот сезонски грен слем турнир Роланд Гарос. Турнирот во Хамбург започнува в недела, а Ролан Гарос на 24 мај. „Навистина сум разочаран што морам да се повлечам од овогодишниот турнир во Хамбург. Тоа е мојот ...
Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ѝ гостува на Турција во контролен натпревар во Истанбул, официјално потврди денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, македонската ...
Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1 485 000 патници, соопшти Државниот завод за статистика. Со 1 982 патнички автомобили се изминати вкупно 60 158 000 километри, од кои 53 418 000 во градскиот превоз, а 6 740 000 километри во меѓуградскиот превоз. Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Според најавата, прекин на струјата ќе има во периодот од 08:00 до 13:00 часот кај дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“, односно кај ВЕТПРОМЕТ, АГРОХЕМИЈА и МОДУЛ ПЛАСТ. Од ЕВН апелираат граѓаните и компаниите навремено да ги планираат своите активности до ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го изрази својот гнев и повика Москва да биде казната, положувајќи црвени рози пред урнатините на станбен блок во Киев, каде што во руски ракетни напади загинаа 24 лица, вклучувајќи и три деца. Службите за итни случаи го завршија пребарувањето на урнатините на зградата, кое траеше повеќе од еден ден, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Крстосувачка ракета ја погоди деветкатната зграда за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека смртоносниот руски напад врз станбен блок во Киев, во кој беа убиени 24 лица, вклучувајќи три деца, може да ги попречи напорите за мирно решавање на војната во Украина. Трамп пред новинарите во владиниот авион „Ер Форс 1“, со кој отпатува од Пекинг, изјави дека разговарал за конфликтот во Украина со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и дека двајцата изразиле желба борбите да прекинат. - ...
И соседната држава на ДР Конго, Уганда, денеска потврди дека на територијата на земјата има жариште на смртоносниот ебола вирус, соопшти Министерството за здравство на африканската земја. Надлежното министерство прецизираше дека станува збор за сојот Бундибугјо. Еден пациент починал од ебола на одделение за интензивна нега вчера, откако „развил хеморагични симптоми. Министерството за здравство на Уганда појасни дека заразата е пренесена од ДР ...
Израелските сили во моментов контролираат 60 проценти од појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ова е прва официјална потврда за проширувањето на зоната контролирана од Израел во крајбрежната палестинска територија, опустошена од двегодишната војна меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас. - Во изминатите две години му ја покажавме на целиот свет силата што ја поседуваат нашиот народ, нашата држава, нашата ...
Вкупно 36 земји и Европската Унија се обврзаа да се приклучат на договорот за воспоставување на специјален трибунал за гонење на злосторствата извршени за време на војната на Русија против Украина, соопшти денеска Советот на Европа. - Овие држави презедоа одлучувачки чекор кон вистинското воспоставување на Специјалниот трибунал и признавањето на одговорностите за агресијата врз Украина – изјави генералниот секретар на Советот на Европа, Ален ...
Агенции на ОН денеска предупредија дека условите во Судан се очекува дополнително да се влошат, бидејќи продлабочувањето на кризата со глад се совпаѓа со почетокот на сезоната на дождови. Условите во оваа источноафриканска земја, која е разорена од граѓанска војна што трае веќе три години, се „крајно загрижувачки“, се вели во заедничкото соопштение на неколку агенции на Обединетите нации, кои повикаа на брз и непречен хуманитарен пристап. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...
На осомничениот за убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца Основениот суд Битола му определи мерка притвор и тој се наоѓа во КПУ Затвор Битола во притворското одделение. Дали убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца било планирано или се работи за злосторство што случило во наплив на емоции ќе треба да утврди истрагата што ја отвори Основното јавно обвинителство во Битола. Основното јавно обвинителство ...
Неоправдано бев линчуван во јавноста, вели универзиитетскиот професор Вело Марковски, кој беше обвинет за незаконски археолошки истражувања и шверц на артефакти. Во емисијата Аргумент плус, Марковски откри дека без да разговара со обвинител или инспектор, завршил во притвор со луѓе кои прв пат ги видол во судот. Вели дека и покрај сите професионални достигнувања, бил цел на политички прогон. После неколку години судење, добил условна казна ...
Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутунот за реколтата 2024, итен одговор на ова прашање бара Националната земјоделска мрежа, откако на голем број тутунопроизводители им пристигнале писмени известувања од страна на Платежната агенција со кои се бара да ги вратат парите добиени за предадениот тутун од реколтата 2024. НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА - Ова создава непријатна состојба и несигурност кај производителите во период кога ...
Ситуацијата со врсничкото насилство станува сè поалармантна, а од правната фела бараат итно заострување на казнената политика. Според експертите, неопходни се построги санкции и поголема институционална реакција со цел да се спречат ваквите случаи. Правниците предупредуваат дека без доследна примена на постојните законски решенија, врсничкото насилство ќе продолжи да расте, а довербата на граѓаните во институциите дополнително ќе се намалува. ...
И по две години на власт, моменталната инфлација од 5,7 проценти е резултат на претходната власт и војната помеѓу САД и Иран вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Според министерот, доколку не се случеше војната инфлацијата ќе беше 2 отсто. Сегашната инфлација, вели Дурмиши, не е висока правејќи паралела со други европски држави каде има инфлација и до 10 отсто. Во однос на високите цени на основните прехранбени производи, Дурмиши тврди ...
Извештајот од алармантните наоди за кардиохируршките операции за профит се уште патува до институциите – Наодите на странските експерти дека девет пациенти од вкупно анализирани тринаесет имале неоправдани интервенции на срце, се уште не стигнале во јавното обвинителство. ЈОРСМ „До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставен извештајот на комисијата формирана од Министерството за здравство. “ Освен во обвинителството ...
ВД претседател на Основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, остана без пасош и доби забрана за напуштање на државата, откако Обвинителството за организиран криминал го осомничи за примање мито. Во истрагата е опфатен и судски администратор кој доби исти мерки на претпазливост. Кривичен суд - Судот донесе решение со кое го уважи предлогот на обвинителството и на лицето Е.А. вработен како В.Д. Претседател на Основен суд Гостивар и лицето Б.Д., ...
Што ќе биде тригер за Македонија да оди на предвремени пар ламентарни избори – оваa дилема се отвора откако премиерот Христијан Мицкоски во две недели три пати најави избори набргу и не ја исклучи опцијата дека пролетта идната година е опција, информација што пред извесно време ја објави ТВ 24. Колку Македонија ќе трча нов маратон аналитичарите поделени. Според дел од нив вжештената атмосфера на етничка карта на релација опзиција од албански ...
Почнаа внатрепартиските пребројувања, но и калкулациите за евентуална промена на дел од кадрите во реконструкцијата на владата која ја најави премиерот,ебало да се случи во јуни. Владиниот коалициски партнер ЗНАМ каде изминатиот период имаше одлив на пратеник и советничка пак тврдат дека нивната пратеничка група сега е стабилна, а во делот на најавената реконструкција на владата велат не очекуваат промени кај нивните ресори бидејќи биле ...
Дискриминација и противуставно е казината и обложувалниците да се оддалечат на 500 метри од училиштата. Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа АПИС денеска со жестока реакција на законот, кој пред два дена го најави премиерот Христијан Мицкоски. Од АПИС велат дека предложената дистанца нема да ја заштити младината, туку ќе доведе до затворање на легалните објекти, губење на илјадници работни места и отворање простор за нелегално ...
250 евра казна за секој родител на дете кое се однесува насилно во училиште но и за родители кои не сакаат да соработуваат со училиштата или со другите институции. Ова ќе биде опфатено во новите измени на Законот за основно образование кој го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска по последните случувања на врсничко насилство во училиштата низ Македонија. Предлогот се дооформува и ќе влезе во собраниска процедура. Државниот ...
Откако кочанскиот градоначалник ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ и Александар Андов заработија кривични пријави од страна на Советничката група во кочанскиот совет ,,Доста беше“, поради констатиран судир на интереси, од денес ОУ „Никола Карев“ има нов в.д. директор. Имено, со решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда, по посетата на Општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. - Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамките на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот. Како што соопштија од кабинетот на Гаши, на средбата претседателот на Собранието им ...
Ќе ги почекаме СДСМ да се приклучат на изборниот закон . Јас најмалку би сакала опција да биде законот да оди со ЕУ знаменце, вака пратеничката Дафина Стојановска одговори на прашањето дали власта ќе го турка ИЗ со европско знаменце, којшто е од реформската агенда , а за кој СДСМ ја напушти работната група , но може да го блокира во Собранието. "Апсолутно сметам дека нема потреба од термин дека ВМРО-ДПМНЕ ги исклучило СДС, туку СДС се ...
Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија отворена беше самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...