Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД. Во нападот, во кој биле користени ракети и беспилотни летала, оштетени се неколку американски авиони за пренасочување на гориво, а двајца војници се здобиле со тешки повреди. На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Абас Арагчи разговараа за можностите за дипломатско решавање на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во официјалното соопштение се наведува дека министрите детално ја разгледале „сложената воено-политичка криза“ која, според Москва, е резултат на „неоправданата американско-израелска агресија против Иран“. Лавров и Арагчи ...

Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ ...

Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од жителите во селото Стајковци и населбата Сингелиќ и од улицата „Адем Демачи“. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 08:30 часот без вода се дел од селото Стајковци и населбата Сингелиќ кај земјоделската аптека, а од 09 часот без водоснабдување се жителите од улицата „Адем Демачи“ пред слаткарницата „Тиамо“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘. Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони. „Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. ...

Одбојкарите на Штип УГД се првите финалист во македонскиот Куп во машка конкуренција, откако вчера во првото полуфинале од завршниот турнир во Скопје триумфираа над Струмица со 3-0 во сетови. До своето трето едноподруго Куп финале, одбојкарите на Штип УГД дојдоа во доминантен стил, препуштајќи му на противникот само 47 поени во трите сета. Противник на Штип УГД во денешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел во кој вечерва ...

Одбојкарите на велешки Борец ќе се соочат со бранителот на титулата Штип УГД во финалето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција, откако вчера во второто полуфинале со 3:0 во сетови (25:19, 25:14, 26:24) го совлада Работнички волеј. Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета во полуфиналната пресметка, додека во третиот се врати од негатива од 16:20 и со пресврт го освои сетот на разлика, ...

Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути. Гостите од Гостивар беа рамноправен ривал во најголемиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и двоцифрена предност (72:61) на седум минути пред крајот. Домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на ривалот и на крајот забележа нова ...

Милијардерот Илон Маск во вторникот се вклучил во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД Доналд Трамп, и индискиот премиер Нарендра Моди во врска со војната во Иран, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Засега не е познато зошто Маск учествувал во разговорот и дали воопшто зел збор, наведува американскиот весник. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на прашањето да ја коментира информацијата, само изјави дека ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека се сомнева оти американско-израелските акции во Иран ќе доведат до промена на режимот. Тој изрази скепса дека САД и Израел имаат јасна стратегија за ставање крај на војната во Иран, но истакна дека Германија, во принцип, ќе биде подготвена да учествува во меѓународна мисија за стабилизација откако ќе престанат непријателствата. - Едноставно не сум уверен дека она што во моментов се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува ...

При видео монтажа на информацијата од 26.03.2026 година за нови членови во партиските тела на СДСМ, направена е ненамерна грешка при што за илустрација на името Тања Илијовска е користена фотографија на Тања Чачарова Илиевска, член на Судскиот совет. На госпоѓата Чачарова Илиевска и се извинуваме за ненамерната грешка како и за штетата, што повторно ќе потенцираме, сме ја предизвикале со користење на нејзина фотографија, при објава на ...

Силно невреме го погоди Балканот. Црвен метео аларм во делови од Словенија. Илјадници домови без електрична енергија, оштетени покриви и затворени училишта и градинки. словенечките власти издадоа предупредување за лоши временски услови во десетици општини ширум државата...РЕгистрирани се ветрови со брзина од околу 140 километри на час, голем број патишта се блокирани од паднати дрвја, а повеќе од 15.000 луѓе се без струја...За северниот дел ...

Околу 600 патрони за лесно и долго оружје се запленети вчера изутрина на граничниот премин Табановце. Според информациите царинските мобилни екипи муницијата ја пронашле во автобус на компанијата 'Дурмо Турс', скриена на посебно место во возилото.Неофицијално муницијата му припаѓала на еден од возачите кои го управувале автобусот. Тој ја скрил на специфично место во возилото, но, по деталниот претрес, арсеналот е пронајден и веднаш ...

Владата не планира нови мерки за ублажување на ценовниот шок. И покрај растот на цените на горивата и притисокот врз буџетите на граѓаните, од Илинденска велат дека засега внимателно ја следат состојбата и не носат дополнителни интервенции. Сепак, како опција останува намалување на акцизите, маржите и транспортните трошоци, доколку трендот на поскапувања продолжи. Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека државата е подготвена да реагира, но ...

Зголемени трошоци за гас, намален пристап до материјали за производство но и поскап транспорт е товарот од војната на Блискиот Исток што им се стави на грб на компаниите ширум светот вклучително и на странските инвестиции кај нас. Претседателот на советот на странски инвеститори Виктор Мизо вели дека, иако засега нема детална проценка за тоа како досегашните случувања ќе влијаат врз македонската економија сепак ситуацијата се следи. Според ...

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно го одложи рокот што му го постави на Иран да постигне договор или да се соочи со нови напади, велејќи дека разговорите со Техеран одат „многу добро“. Ова е второ одложување на нападите откако во саботата Трамп се закани дека ќе ги уништи електроцентралите на Иран доколку не се постигне договор. Претходно пак во четвртокот Трамп повтори временска рамка од четири до шест недели за воените операции и ...

Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на обвинителката, која го води предметот против полицајците обвинети за трагедијата во Кочани. Ивана Алексова Трајчева е досегашната обвинителка која не го доби потребното мнозинство, па сега друг обвинител допрва ќе го проучува предметот за полициското непостапување во кочанската дискотека „Пулс“. Судењето треба да започне ...

Кои се докторите кои „со помош на елискир“ работеле секој ден по 24 часа и земале и по 10.000 евра плата? Откако Премиерот вчера од собраниската говорница ги обвини дел од лекарите за злоупотреби и наплата на фиктивни дежурства – прашањето денеска – освен јавните обвинувања - што конкретно презела власта за ваквите злоупотреби? Министерот за здравство не сакаше да открие за кои здравствени работници и установи станува збор, ниту пак конкретно ...

Бројот на заболени од рак на кожа расте. Лекарите бележат алармантно зголемување на новодијагностицирани, а меѓу нив и се помлади. Голем дел од заболените од овој тип на канцер се регистрираат во источниот дел од земјава. Дерматолозите апелираат - редовните прегледи се клучни за рано да се открие или да се превенира ова малигно заболување. И додека бројката на новозаболени е во постојан пораст, здравствениот систем постојано се соочува со ...

Иако станува збор за историски чекор што носи модернизација, заштита на воздушниот простор и учество во заеднички мисии, годишнината од членството на Македонија во најмоќниот политичко-воен НАТО сојуз ги подели власта и опозицијата. Според опозициската СДСМ, местото на македонското знаме меѓу останатите членки на НАТО Алијансата е пресвртница, резултат на државничките политики на владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз – процес кој ...

27 март е светскиот ден на театарот. Овој ден е прослава за оние кои можат да ја видат вредноста и важноста на уметничката форма „театар“ и делува како повик за будење за владите, политичарите и институциите кои сè уште не ја препознале неговата вредност за луѓето и за поединецот и сè уште не го реализирале неговиот потенцијал за економски раст. Светскиот ден на театарот се слави од 1962 година, 27 март е светскиот ден на театарот. Овој ден ...

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2 процента од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 ...

Независниот синдикат на државната администрација на Македонија денеска соопшти дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој е планиран раст на платите на административните службеници во етапи со вкупното покачување кое ќе достигне 21% до 2028 година. Според договореното, платите на административните службеници во Министерството ќе се зголемуваат етапно во следните три години, и тоа 7% зголемување од 1 ...

Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран ...

Летното сметање на времето почнува викенов, ноќта сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2, ќе биде 3 часот. Тоа значи дека ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите - настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој - велат од Министерството за здравство. - Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Германија за тоа што не придонесува во напорите за обезбедување на Ормуската Теснина, велејќи дека смета оти е „несоодветно“ германските претставници да кажат дека конфликтот во Иран не е нивна војна, објави ДПА. За време на состанокот на кабинетот одржан во Белата куќа, Трамп не спомена по име кој германски претставник дал таква изјава, велејќи само дека тоа е коментар од „лидерот на ...

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напади врз објекти за производство на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана во Иран. Според соопштението, во Техеран биле погодени инфраструктура и објекти за производство на оружје, при што приоритет на нападите биле капацитетите за балистички ракети. Во западниот дел на Иран, израелските сили погодиле и лансирни системи и складишта за балистички ракети кои, како што ...

Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата. Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето. Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на пазарот на нафта и гас, а само ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
65%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
88%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
44%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.28
62%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
91%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
57%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
51%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Платина

66744.95