Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот. Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице. Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Откако полицијата ...
Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена повредени се седум луѓе, од кои двајца се во критична здравствена состојба. Една жена и еден маж, двајцата 55 години, со хеликоптер во болницата Маџоре во Болоња. Инцидентот се случи откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, а потоа со нож ги нападна лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне. Напаѓачот е приведен и е идентификуван како ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...
Спектакуларно започна 70то издание на Песна на Еврвизија во Виена, Австрија. Преку претставување на 25те финалисти, водителите Викторија Сваровски и Михаел Островски ги најавија финалистите во придружба на Виенскиот симфониски оркестар. Годинашното издание на Евровизија се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена, откако Австрија минатата година победи со песната „Вејстед лав“. Годинава се пееше на 13 јазици, а повеќето земји направија и ...
Одговорност од институциите кои со години дозволувале во објектот на таканаречената кочанска дискотеа Пулс да се вградуваат несоодветни и опасни материјали, меѓу кои и полиуретански сунѓери кои при пожар испуштаат цијанид, побараа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани. Велат дека обдукциските наоди покажале оти голем дел од жртвите починале токму од последиците од вдишување на токсичните гасови. Со вакви пораки попладнево во ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста се одржа трибина во Струмица. Пораката е дека е потребна поголема психолошка поддршка за донорите, но и за пациентите кои примаат органи. Според проценките едно лице може да спаси осум други животи... Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста се ...
Реотворање на истрагата или одговорност за запирање на постапката во случајот „Мазут' може да има само по жалба на оштетена страна - односно ако се утврди злоупотреби во истрагата на обвинителството - вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев. Ваквите одлуки за сериозни случаи не се носат преку ноќ. Истите се реферираат пред колегиум и практично се донесуваат колективни одлуки, дополни Калајџиев Од ВМРО ДПМНЕ и денеска со барање на ...
Политички препукувања за евроинтеграциите – уставните измени и реформската агенда повторно го вжештија судирот меѓу власта и опозицијата. СДСМ обвинува дека Мицкоски бара алиби за неисполнување на реформите, од ВМРО ДПМНЕ пак им порачаа дека партијата на Филипче е ставена на услуга на Бугарија . Без уставни измени – нема напредок кон Европската Унија, велат од СДСМ. Според нив, прашањето на малцинствата не е само прашање на Бугарите, туку и ...
Македонската страна досега требаше темелно да ја анализира политиката што актуелната власт во Бугарија ја води кон Македонија, а „таа концепција добро ја познаваме“, вели Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ и член на Советот за безбедност, во емисијата „Европат“ на ТВ24. Според неа, Скопје мора да реагира кога е потребно и јасно да ги поставува границите, со доследен став за заштита на договореното и напишаното „на хартија“... ...
Европската комисија во 2023 година донесе одлука градот Скопје во 2028 година да ја носи титулата Европска престолнина на културата, до тогаш постојат уште неполни 2 години. Mеѓу прашањата кои се отвараат се и тие дали градот ќе успее да се исчисти од секојдневието проследено со ѓубре но и дали култната Универзална сала конечно ќе ги пречека своите гости после догло време откако се запали. По однос на реакциите на граѓаните дека се уште има ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски се повлече од одлуката за прв човек на Универзална сала да го постави водителот Миро Кацаров и сега вели дека тој е само привремено решение. Тој ова го изјави по реакциите во јавноста откако Кацаров беше назначен да раководи со Универзална, за кого Ѓорѓиевски вели дека донел таква одлука затоа што пропаднал огласот кој претходно бил распишан. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски се повлече од ...
Кошаркарите на Пелистер го добија првиот натпревар од разигрувањето за третото место во кошаркарската Супер лига откако денеска го совладаа ТФТ со 109:87 (30:20; 27:28; 27:23 и 25:16). Во натпревар во кој и двете екипи мислеа само на нападот и повремено на одбрана гостите заслужено дојдоа до водство од 1-0 во победи и за освојување им е потребна уште една победа. Најефикасни кај победничкиот тим беа: Лангстон Вилсон со 27 поени, Брендан ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да поттикнува силна регионална соработка, да ги зајакнува одбранбените способности и да го обнови дипломатскиот ангажман со сојузниците во НАТО и во Европска Унија. Тој осврнувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, истакна дека прво мора да биде запрен Израел. - Прво треба да бидат неутрализирани израелските провокации, а потоа ќе може да се гради ...
Министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Тимоти Каба изјави дека земјата ќе прими стотина западноафрикански мигранти депортирани од САД. Тој додаде дека тоа е во согласност со потпишаниот билатерален договор за миграциска политика помеѓу Фритаун и Вашингтон, со кој се предвидува Сиера Леоне да прифати до 300 мигранти депортирани од САД, но максимално 25 лица месечно. Првиот лет со депортирани мигранти во Сиера Леоне ќе пристигне на 20 ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми. Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на ...
Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, утре ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“. Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор ...
Израел и Либан се согласија, по уште една рунда преговори во Вашингтон, да го продолжат прекинот на огнот за 45 дена, објави синоќа Стејт департментот. Спогодбата следеше по два „многу продуктивни“ дена, а нови разговори беа закажани за 2 и 3 јуни, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот. Кревкото примирје меѓу Израел и милитантната група Хезболах, која дејствува од либанска територија, требаше да истече во недела. „Се надеваме ...
Владата на Тајван денеска го прогласи островот за „независна“ нација, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во која ја предупреди за евентуална декларација за независност што би можела да предизвика војна со Пекинг. „Тајван е демократска, суверена и независна нација која не е подредена на Народна Република Кина“, соопшти Министерството за надворешни работи на Тајван, додавајќи дека политиката на Вашингтон останува ...
Палестинскиот претседател Махмуд Абас го опиша палестинскиот проблем како најголем тест за кредибилитетот на меѓународниот систем, во своето писмо до Обединетите нации испратено по повод 78-годишнината од Накба, со кое Палестинците го одбележуваат губењето на својата татковина за време или по арапско-израелската војна во 1948 година. „Во заблуда е секој кој верува дека мирот и безбедноста можат да се постигнат без остварување на правата на ...
Американската администрација планира следната среда да поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави денеска функционер на американското Министерство за правда, потег што ќе го зголеми притисокот на САД врз комунистичката влада на Куба. Функционерот рече дека обвинението против 94-годишниот Кастро се однесува на инцидент во 1996 година кога кубански борбен авион собори авиони што превезуваа кубански бегалци. ...
Попладнево во Виница ќе се одржи 43-от „Марш за ангелите“. Почетокот е планиран од плоштадот „Ангел Винички“, од каде граѓаните ќе маршираат низ градот во знак на почит кон 63-те згаснати животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата во Кочани. Учесниците ќе испратат порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична. ...
По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да констатираме дека таму функционира еден тандем. Тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ кои се нешто како коалиција ДУИ-СДС, но не во собраниските клупи, туку во Обвинителството за криминал и корупција, велат денеска од ВМРО ДПМНЕ... По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за ...
Скандалозно е премиер на држава да излезе на телевизија и да кажува како се слуша со јавниот обвинител и го прашува до каде е истрагата, велат од СДСМ. Обвинителството и судството мора независно да си ја работат работата и недозволиво е функционери на ВМРО да се обидуваат да го оправдаат однесувањето на премиерот и да ја претстават таквата комуникација како нормална. Ваквите постапки стануваат пракса во државата, а сомнежите за влијание врз ...
Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, велат од ВМРО ДПМНЕ. Заев и Филипче го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата, нагласуваат од владејачката партија... Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за ...
По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Силјановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска избира нов претседател и ново раководство. Изборот ќе се направи во рамки на годишното собрание што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, а гласањето за претседател и членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор ќе биде тајно. На собранието ќе биде разгледан и извештајот за работата на претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на органите на Друштвото на ...
Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од 15 училишта, кои ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот ...
Екипата на Астон Вила синоќа во претпоследното коло од Премиер лигата пред своите навивачи го совлада актуелниот првак Ливерпул со 4:2 и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Со новите три бодови се пробија на четвртото место на табелата, пред Ливерпул кој пак за учество во Лигата на шампионите ќе мора во последното коло на домашен терен да го совлада Бурнемут. По мирниот почеток на натпреварот во 42.минута Морган Роџерс донесе водство за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили, заедно со вооружените сили на Нигерија, спровеле заедничка операција во која бил убиен Абу-Билал ел-Минуки, за кого тврди дека бил втор човек во глобалната структура на Исламска држава. „Мислеше дека може да се крие во Африка, но не ни претпоставуваше дека имаме извори кои нè информираа за тоа што прави“, напиша Трамп на платформата Truth Social. Тој посочи дека ...