Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Најстудено утрово било на Попова Шапка каде биле измерени -4 степени Целзиусови и Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес каде во 7 часот се измерени 6 степени. Во Маврови Анови температурата била 0 степени, 2 во Охрид, Тетово, Претор, 3 во Крива Паланка, Штип, 4 во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Демир Капија, а 5 степени целзиусови биле измерени во Струмица, Гевгелија и Виница. Висината на снежната покривка во 7 часот на ...
При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили, изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето. Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција. Авионот Ц-130 Херкулес летал од Пуерто Легуизамо до Пуерто Асис, но е урна по полетувањето. Сè уште е непозната причината за несреќата. ...
Министерството за одбрана на САД изврши ревизија на својата медиумска политика во согласност со судската наредба издадена во петокот, иако истовремено поднесе жалба на ваквата одлука, потврди денеска портпаролот на Пентагон, Шон Парнел. „Министерството секогаш ги почитува судските наредби, но не се согласуваме со оваа одлука и затоа ја обжаливме“, истакна Парнел во изјавата објавена на платформата „Икс“. Тој додаде дека ревидираните правила ...
Антидронската, противвоздушната и антибалистичката „купола“ дел од грчката „Железна купола“ под името „Штитот на Ахилеј“, како и модернизација на фрегати и Ф-16, биле темите за кои се разговарало и донело одлука на владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер, информираше министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. - Владиниот совет за национална безбедност, денеска ...
Европската Унија и Австралија ги финализираа преговорите за Договорот за слободна трговија, објавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и австралискиот премиер Ентони Албанезе. Овој чин претставува кулминација на преговорите кои траеја осум години. Главната цел на договорот е целосно отстранување на царините и трговските бариери, со што ќе се овозможи значителен поттик на размената на стоки и услуги меѓу ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до ...
Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот суд, е целта на денешната тркалезна маса насловена „Воведување на уставна жалба?“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Уставниот суд на Република Северна Македонија. Како што информираат ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Загреб, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Македонската претседателка ќе оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката ...
Паушална е оценката на опозицијата кога вели дека намалувањето на ддв за горивата од 18 на 10 проценти што како мерка ја донесе владата, била задоцнета и недоволна, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов во интервју за Аргумент +. Според него, како тим за проценка на кризи препорачале прогласување на кризна состојба со цел да спречат поттикнување на поскапувачка спирала кај останатите артикли.. Паушална е ...
Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид Северна Македонија да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот. - Со ...
Дупки, испукнатини, ѕидови кои се ронат и вода која протекува врз автомобилите. Ваква е состојбата под плоштадот скендербег во центарот на Скопје. Подолг период овој плоштад е во лоша состојба, но во последно време работите стануваат алармантни Од Град Скопје за Телевизија 24 велат дека тие немаат ингеренции за горниот дел од плоштадот, под нивна надлежност бил само коловозот. Испративме прашања и од Општина Чаир, кога локалната самоуправа ќе ...
Полициски службеник четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување. Во втората половина на минатата 2025 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле 514 боледувања, од кои дури 83 траеле и повеќе од 30 дена - покажа контролата на Фондот за здравство на барање на Министерството за внатрешни работи, поради сомнежи за злоупотреби. Резултатите покажаа дека неправилно е едно од пет ...
Основните прехранбени производи стануваат луксуз за граѓаните. Новото покачување на цените во маркетите удира директно по нивните џебови. Револтирани но и загрижени како ќе го поминат месецот и престојните празници, граѓаните велат дека веќе не го купуваат она што го сакаат туку само она што мораат за да преживеат. Најголемо покчување, според нив, има кај зејтинот, јајцата, млечните и месните производи но и кај овошјето и зеленчукот ...
Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензините остануваат исти. Регулаторна ги објави новите цени на горивата, кои вчера практично ги најави премиерот Христијан Мицкоски, откако Владата прогласи кризна состојба и го намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Со новата цена, литар дизел ќе чини 95,5 денари. Бензинот од 95 откани и натаму ќе се продава по 86,5 денари за литар, а 98мицата останува 88,5 денари. Поскапува екстра лесното масло за горење за ...
Повеќе од еден и пол милион евра неделно – толку Владата проценува дека ќе останат во џебовите на граѓаните со новата даночна интервенција. Премиерот Мицкоски тврди дека намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 проценти е ''робусна мерка'' која директно ќе ги намали цените на бензинските пумпи за околу 6 до 7 денари за литар.Анализите во Владата покажале и дека дневната заштеда на граѓаните е над 200.000 евра. И додека власта ги пресметува дневните ...
ВМРО-ДПМНЕ ја кочи анкетната за Кочани и за останатите сообраќајни несреќи иако сами ја предложија вадејќи се на заклучоците од постојаната анкетна со кои тие не се согласуваат вели претседателот на Левица Димитар Апасиев за ТВ 24. Апасиев кој воедно и претседава со постојаната анкетна во собранието вели дека веќе јавно ги објавил предлог заклучоците но не може да свика комисија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да сакаат да прават кворум и нудат ...
Македонија ќе го одбележува контроверзниот Милаим Фејзиу. Предлогот да се одбележува 80 годинишнината од раѓањето на еден од иницијаторите за референдумот на Албанците во 1992 година, како и прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и еден од учесниците на трибината во 2021 година за основање партија „Република Илирида“ која се залага за федерализација на Македонија без збор од пратениците на Христијан Мицкоски и Венко Филипче ...
Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани. Неколку часа пред да заврши рокот кој американскиот претседател му го даде на Техеран да го отвори Ормутскиот теснец, Трамп откри дека во позадина, има преговори меѓу двете страни. Не открива со кого се водат разговорите но очекува промена во државниот врв.. Доналд Трамп – претседател на САД „Хамнеи е убиен, неговиот син е недостапен и никој не знае каде е. Не верувам дека тој е лидер ...
Иран денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете земји водат „продуктивни“ преговори за прекин на војната на Блискиот Исток. „Техеран нема никаков контакт со Трамп, дури ни преку посредници“, објавија државните новински агенции Фарс и Тасним, кои се блиски до Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда. Само неколку моменти претходно, Трамп објави на „Truth Social“ дека ќе ги одложи сите воени ...
Регулаторната комисија за енергетика ќе го смени правилникот за формирање на цените на горивата: ќе може да се одлучува на дневно ниво. Комисијата ќе се состане на вонредна седница кога било во неделата доколку цената на горивата на светскиот пазар се стабилизираат и нема потреба повеќе од интервентни мерки од Владата, соопштија од Регулаторна. Регулаторната комисија за енергетика ќе го смени правилникот за формирање на цените на горивата: ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година - објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите воени удари врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток. Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) наведе дека во изминатите два дена биле одржани „детаљни, опсежни и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго. - Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди - Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во ...
Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора денес во Белград одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција, информираат од РФМ. - За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и ...
Регуларниот дел од сезоната во Првата лига жени беше комплетиран викендов, со натпреварите од 18. коло, по што е јасно кои осум екипи на прволигашката табела продолжуваат во плејоф фазата и во разигрувањето за шампионската титула. Лидерот Наковски Волеј, Младост УГД, ланскиот финалист Работнички Скопје, бранителот на трофејот Јанта Волеј Кисела Вода, дебитантот Газели Волеј, повратникот Пелистер Волеј, како и Вардар ЕМ и Струмица жени се ...
УСС Џералд Р. Форд, најголемиот носач на авиони во светот, се врати во својата поморска база на Крит денеска откако учествуваше во воени операции на Блискиот Исток. Бродот се закотви во заливот Суда, каде што се снабдуваше со храна, гориво и муниција во февруари. Носачот на авиони беше дел од големото засилување на американската војска на Блискиот Исток, кое го вклучуваше и УСС Абрахам Линколн. Кон крајот на февруари, САД и Израел започнаа ...
Иран тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „се откажал“ од напади врз иранските енергетски објекти по „цврстото предупредување“ од Техеран - објавија иранските медиуми. Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека Трамп се повлекол по иранските закани дека цел ќе биде енергетската инфраструктура во регионот. Претходно, Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите напади врз иранската ...
Дирекцијата за заштита и спасување доби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во дирекцијата. На предлог на директорот, Стојанче Ангелов, двајацата пилоти успешно ја завршиле обуката во Шпанија за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. Изминативе години државата имаше само еден пилот и во екот на пожарите немаше кој да ги гасне од воздух. Дирекцијата за заштита и спасување доби со два нови ...
Пратеничката група на СДСМ бара надзорна расправа за примената и имплеметацијата на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик. Причината е што не се применува законот кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик. Од опозицијата критикуваат дека не функционира инспекторатот, нема вработени, нема лектори, а не се почитува ниту употребата во јавни настани. Пратеничката група на СДСМ бара надзорна ...
Во Белград денес ќе се одржи состанок на Ракометната федерација на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометната федерација на Црна Гора. Трите држави се потписнички на меѓународен договор за соработка во спортот. Доколку се постигне договор, заедничко натпреварување во ракометна лига би започнало во септември. Планирано е лигата да има10 клубови – четири српски, четири македонски и два од Црна Гора. Србија би ја претставувале ...