Скопјани денеска повторно излегоа на улица. Тие уште еднаш од пред институциите побараа стоп за Усје. Марширајќи од Владата па се до Министерството за животна средина и просторно планирање, со траснапренти во рацете, граѓаните им порачаа на надлежните институции дека загадениот воздух подеднакво ги убива сите. Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, пак, на денешниот протест ги повторија своите барања - 24 часовна контрола за УСЈЕ, ...

Прекршочни налози за скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски од ДКСК бидејќи се уште не ги доставил анкетните листови за имотната состојба иако роковите се одамна пробиени.Според информациите од Антикорупциска на градоначалникот поднесени му се прекршочни налози бидејќи , не ја исполнил обврската за пријавување на имот и интереси по преземањето на функцијата, и покрај тоа што бил уредно известен за законските рокови.Од комисијата појаснуваат ...

Премиерот прифаќа да се потпише колективниот договор за зголемување на платите за 40%, но не како што побараат синдикалците во февруари туку покачувањето на платите да биде етапно за две години. Мицковски изјави дека понудата е веќе на маса и доколку ССМ ја прифати - средбата може да се одржи било каде. Синдикалниот лидер на УПОЗ Трпе Дејановски, вели дека уште утре ќе прифатат средба и потпишување на колективниот договор со премиерот кој ...

И ако оспоруван по повеќе основи – Безбеден град од утре ќе казнува сообраќајни неправилности. Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10 ќе бидат под постојан мониторинг на системот. Ќе се казнува по неколку основи - прекумерна брзина, минување на црвено светло на семафорите, непрописно паркирање и возење без сообраќајна дозвола. Од Министерството за внатрешни работи велат дека камерите, кои се дел од системот, се поставени на критични ...

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во Ѓорче Петров при што настанал пожар кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема. Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 03:22 часот од страна на 49-годишна жена. - Едно од стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило, а второто паднало на тераса од куќата ...

Во рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче и претседателот на СДП Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ потпишале Меморандум за соработка меѓу двете партии. Со потпишувањето на Меморандумот, како што посочуваат од партијата, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на ...

Точно е дека Македонија направи многу отстапки на патот кон ЕУ, но сега евроинтеграциите се заглавени. Се соочуваме со лажен патриотизам, дискредитирање на граѓанските организации и посилни авторитарни тенденции - изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој се обрати на конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска, што се одржува во Загреб. Точно е дека Македонија направи многу отстапки на патот кон ЕУ, но сега евроинтеграциите ...

Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на минималната ...

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје “ да работи според еколошките стандарди зашто, порачаа тие - скопјани имаат право на здравје и живот. Протестниот марш почна од Владата преку Собранието и заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) од кое побараа да одлучува според најдобрите еврпски стандарди кога на ...

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата - над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните ...

Со паролата „Профит за УСЈЕ, болест за народот“ започна протестниот марш во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“, кој денеска се одржува под мотото „Стоп за УСЈЕ“. Маршот започна во 12 часот од улицата „Илинденска“, односно од пред Владата, а продолжува кон Собранието и Министерството за животна средина и просторно планирање. Со паролата „Профит за УСЈЕ, болест за народот“ започна протестниот марш во организација на ...

Советот на Општина Кочани едногласно го поддржа проектот за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, посветено на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Обележјето ќе биде сместено во Стариот парк, меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. Градоначалникот Влатко Грозданов е овластен да формира работно тело за брзо завршување на проектот, кој треба да биде готов до 16 март, на годишнината од ...

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Тетово, премиерот рече дека очекува уште подобри резултати во периодот што следи. - Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за индустриското производство за декември. Повторно имаме раст на индустриското ...

ЈСП Скопје информира дека билетите за бесплатно и претплатничко користење на јавниот превоз не важат за ноќните линии. Од претпријатието потсетуваат дека овие билети важат од 05 до 24 часот, согласно Одлуката за интегриран тарифен систем. Од сабота на полноќ, односно од 31 јануари на 1 февруари, се укинува и плаќањето билет преку СМС на бројот 185 за ноќен превоз. За користење на ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот ќе важи ноќен билет од 50 ...

Во понеделник ќе биде донесена одлуката за избор на изведувач за Универзална сала, информираат од Министерството за култура. Оттаму појаснуваат дека една постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација, по што ќе следува рок од осум дена за жалби. Новата Универзална сала е планирано да има 1.200 седишта, поголема сцена и подобри услови за публиката. Проектот предвидува современа сценска техника и почитување на сите безбедносни и ...

Ракометната репрезентација на Хрватска го загуби полуфиналето од Германија и за да освои медал на Европското првенство во неделното „мало финале“ ќе мора повторно да го победи Исланд. Свое видување за истакна и поранешниот македонски и хрватски селектор Лино Червар. Тој најпрво упати честитки за хрватските ракометари за пласманот во полуфиналето, со напомена дека мора да се освои бронзениот медал. Червар во изјава за хрватските медиуми се ...

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ја очекува првиот дуел во 2026 година. Македонските тенисери гостуваат на Кипар во мечот од Втората Светска зона. Селекторот Горан Шевченко за овој дуел ќе смета на следниве тенисери: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски за овој меч според информациите од неговиот тим од САД каде што се наоѓа сега не е доволно ...

Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори. Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“. Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање ...

Министерството за правда на САД соопшти дека некои од објавените документи поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин содржат невистинити и сензационалистички тврдења за американскиот претседател Доналд Трамп. Во соопштението се наведува дека документите се вклучени во јавната објава во согласност со Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, но дека дел од материјалот содржи неосновани тврдења кои биле ...

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци - непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. - Системот ...

Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, од понеделник ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за проценка на штета, соопштија од локалната самоуправа. - Заради природната непогода-поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26 и 27 јануари во населените места, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на ...

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП) објави Министерството за финансии. Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП. ...

Најстудено утринава било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени, а температури под нулата се измерени и во Битола, Берово, Маврови Анови, Прилеп, Крушево и Претор. Во Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка утринава се измерени нула степени, а максималната утринска температура била 4 степени и е измерена во Гевгелија. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и наместа со услови за ...

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2,3 процента во однос на декември 2024 година, а во 2025 во однос на 2024 година за 1,9 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите: Производство на прехранбени производи со 3,5 проценти, Производство ...

Уште една фантастична добивка ја збогати листата на среќни ВЛТ приказни. Играчот А.С. го освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 6.004.068 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Фламинг Хот", на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Бет ту мар", на 25 јануари 2026 година, во Кривогаштани. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот и му посакува многу радост, исполнети соништа и ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реагирајќи на бројните критики на распоредот на натпреварите на Европското првенство кое се одржува во Шведска и Данска, одлучи во иднина да воведе измени за да можат ракометарите да имаат повеќе време за одмор. „Распоредот на натпреварите на следното Европско првенство ќе бидат приспособени за да се намали оптоварувањето на играчите и да се обезбеди најдобра можна рамнотежа за сите учесници во однос на ...

Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска во Скопје го одржа традиционалниот „Избор за најдобри каратисти“ на кој беа прогласени најуспешните каратисти во 2025 година во сите возрасни категории, од деца до сениори. За најдобра каратистка беше прогласена Антонија Белазелкоска, додека признанието во машка конкуренција му беше врачено на Дејан Недев. Во јуниорска конкуренција, признанието за најдобар каратист го освои Матеј ...

Во Нион денеска беа извлечени двојките за првата нок-аут фаза од УЕФА Лига Европа. Најинтересен е дуелот меѓу Фенербахче и Нотингем Форест, додека Лудогорец ќе игра против Ференцварош, а Динамо Загреб за ривал го доби Генк. Поранешниот европски првак Црвена Звезда за ривал го има тимот на Лил. Двојки од 1/16 финале од Лига Европа: Лудогорец – Ференцварош Панатинаикос – Викторија Плзен Динамо Загреб – Генк ПАОК – Селта Селтик – Штутгарт ...

Главниот фокус на Европската Унија и НАТО е подготовка на општеството, економијата и инфраструктурата за наводно неизбежен воен судир со Русија, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко. Според него, за оваа намена се издвојуваат огромни ресурси, а стратешките документи на Западот стануваат сè понепријателски. Грушко на прес-конференција истакна дека Русија веќе не се третира само како директна, туку ...

Воведување на 24 часовна контрола за УСЈЕ, мониторниг на сите 12, а не само на 10 оџаци на компанијата, како и европски закони при издавање на А интегрирана еколошка дозвола. Иницијативата Стоп за УСЈЕ - во пресрет на утрешниот протестен марш со нови барања до институциите за построги мерки и контроли за Цементарницата. Од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите - информираа дека од УСЈЕ, но и од другите индустриски ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
54%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
57%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.42
85%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
0.0
63%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.63
67%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
34%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
67%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
43%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.2
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Калај

43.91