Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по детална истражна постапка ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски престојува во работна посета на Вашингтон во рамките на втората сесија од стратешкиот дијалог Македонија - САД, процес оценет како исклучително значаен за унапредување на националната и јавната безбедност. За време на посетата, Тошковски оствари повеќе средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...
Аеродромите во главните градови на поранешна Југославија овој месец забележаа намалување на летовите и на капацитетот по серијата ревизии на мрежата од страна на авиокомпаниите поради тековниот конфликт на Блискиот Исток, зголемувањето на цените на горивата и потенцијалните ограничувања на снабдувањето. Во споредба со првично поднесените распореди и нивоа на капацитет за април објавени од EX-YU Aviation News кон крајот на март, ситуацијата се ...
Во Скопје се одржува 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот е организиран од Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (МААС) - Скопје, во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи (EDS) и како што беше посочено, претставува еден од најзначајните стручни собири во областа на дигестивната хирургија во регионот. Се очекува конгресот да овозможи уникатна платформа за меѓународна размена на знаења, научни ...
Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. Сепак, економските аналитичари ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека е одговорен за поразот на неговата партија Фидес на парламентарните избори на 12 април и повика на „целосна обнова на десничарската заедница“. Во своето прво големо интервју по изборниот пораз, за Јутјуб каналот „Патриота“, кога беше директно прашан кој е одговорен за поразот на изборите, тој одговори: „Јас, јас сум претседател на партијата“. Тој изјави дека неговата политичка кампања не ...
Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата и на раководството на компанијата. „Обезбедено е континуирано снабдување со гориво, ...
Хеликоптер со осум лица се урна во индонезиската покраина Западен Калимантан. Сите шест патници и двајца членови на екипажот - вклучувајќи го и пилотот - загинаа, соопштија властите. Хеликоптерот Ербас Х130 изгуби контакт пет минути по полетувањето од плантажа во Мелави во неделата, изјави шефот на спасувачките служби на Индонезија, Мохамед Сјафи. „Локацијата каде што се изгубил падот или контактот е во област со густа вегетација и стрмен ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, упати повик до младите повремено да ги исклучуваат своите дигитални уреди и барем еден ден во месецот да минат без Интернет. Говорејќи пред ученици во Вилер-Котре, Макрон предложи тој ден децата и младите да го посветат на читање, пишување, театарски активности, дружење и заедничко создавање. Макрон кој се залага за целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години, оцени дека тие значително ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е „многу важно“ папата Лав XIV да разбере дека Иран претставува закана за светот. „Папата може да каже што сака и јас сакам тој да каже што сака, но можеби не се согласувам“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа. Како што нагласи, папата Лав XIV мора да разбере дека ова е реалниот свет. Претходно вчера, за време на посетата на Камерун, папата Лав XIV ...
Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе ...
Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...
Истрагата за Артан Груби е преседан , не може да одговара за колектвина одлука на Влада, вели за 24 Анализа потпретседаелот на ДУИ Аријанит Хоџа. Хоџа тврди дека нема „дил“ за враќањето на Груби и дека не го прашал Ахемти дали има договор. „Враќањето на Артан Груби нема врска со политички договор. Да има дил треба некој да е виновен, з ада се договараш, а Груби не е . Не верувам дека некој во Мала Речица се плаши од Груби, тоа се спинови на ...
Кривична пријава за министерот за правда Игор Филков најавува потпретседателот на ДУИ Аријанит Хоџа во 24 Анализа. Хоџа вели дека Филков го прекршил законот за употреба на јазиите и во Мала Речица се дебатирало на таа тема. „Ние имаме закон за употреба јазиците кој што Филков го прекрши, неколку дена во најтесното раководство разговараме за кривична пријава за Филков, иако тоа треба да биде работа на институиците, однсоно инспекторатот за ...
Наместо пакување куфери за Јадранското приморје, голем дел од младите кадри годинава решија да останат во домашните објекти, а анализите покажуваат стагнација на трендот на заминување на сезонска работа во странство вели универзитетскиот професор Климент Наумов. По долгогодишна борба со недостигот на работници, газдите конечно го одврзаа ќесето. Поради минатогодишното потфрлање на хрватскиот туризам во делот на потрошувачката македонските ...
Цените на вештачките ѓубрива се во пораст, признава министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, кој денес од Штип најави дека утре на состанок со Министерството за економија и труд заеднички ќе прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива. Целта е, како што рече, да го превенираат ценовниот шок, а скринингот е во делот на тоа по која цена се увезени вештачките ѓубрива, но и колкава е маржата што ја имаат употребено во делот на ...
Од поранешни функционери до долгогодишни активисти – во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за утврдување на предлог-листата на кандидати за член во Комисијата за заштита од дискриминација. Уште пред да се одржи расправата, изборот за нов член предизвика критики и сомнежи од страна на невладините организации, од каде обвинуваат дека имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од ...
Уметноста на протест – Министерството за култура со чистка на остатоците од Шарената револуција. Се вклучи и надзорната камера да регистрира присуство и отсуство. Уметниците транспарентно возвратија дали е ова порака од власта уметниците веднаш да поевтинат? И не беше доволен Моцарт, Бетовен и Вивалди се слушна и крикот на најзасегнатите кои побараа оставка од министерот Зоран Љутков. Гласна критика и од поранешното раководство на синдикатот. ...
Веќе два месеци нема три лекови за третирање на онколошките пациенти. Два за пациентките со рак на дојка и еден лек за имунотерапија што се користи за различни малигни заболувања. Онколошки пациент кој сакаше да остане анонимен за Телевизија 24 алармира дека одложувањето на терапијата е висок ризик за напредок на болеста. - Палбоциклиб, Фазлодекс и Николумаб нема веќе два месеци. Овие лекови припаѓаат на различни групи на современа онколошка ...
И додека министерството за правда ги чека документите од институциите за да побара екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Унгарија опозициската СДСМ стравува од ново можно бегство на Груевски овој пат кон Русија или Белорусија. Прашуваат исто така и која е улогатра на претседателката на државата Гордана Сиљановска Дафкова и дали можеби размислува за помилување на Груевски а во дописот наведуваат. СДСМ - По прес-конференцијата на ...
Вработените во културата денеска излегуваат на протест против започнатата постапка на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, како и поради пресметките на платите на уметниците и културните работници. Од Синдикатот за култура велат дека нејасно е како Уставниот суд, кој досега два пати се има произнесено дека гранковиот колективен договор е во согласност со закон и Устав, сега носи трета ...
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што денеска почна во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска. Откако по 90 минути игра мрежите мируваа на двете страни, одлуката за победникот дојде по изведувањето пенали, а победата ја донесе Благојче Седлоски со прецизен удар од белата точка. Според правилата на развојните турнири победникот на пенали освојува два додека ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди на „опасните последици“ од американските позиции и дејствија насочени кон Персискиот Залив и Ормуската Теснина. Арагчи за време на телефонскиот разговор со својот кинески колега Ванг Ји изјави дека „провокативните дејствија“ од страна на САД дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата во регионот, алудирајќи на обидите на Вашингтон да воспостави, како што ја нарекува, „морска ...
Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на петтиот дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална средба со претседателот на Турција, ...
Глоби од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамките на спроведените 1.221 вонредна контрола, кои беа спроведени пред велигденските празници - соопштуваат од АХВ. - Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата „Дрисла“ беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да вложи напори за враќање на нормалната пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата претставници. Ванг рече дека суверенитетот и безбедноста на Иран во Ормуската Теснина треба да се почитуваат и заштитат, но додаде дека слободата и безбедноста на пловидбата низ водниот пат ...