По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на ...

Координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, изјави дека во име на опозицијата доставиле барање до парламентот за покренување постапка за разрешување на шефот на државата, Бајрам Бегај. Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по едномесечна пауза, повторно се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во судскиот процес за корупција. Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...

Израелската армија денеска соопшти дека едно од четирите тела предадени од Хамас не му припаѓало на израелски заложник, како што претходно беше објавено, објави ДПА. Генетскиот тест во Националниот институт за судска медицина покажа дека едно тело пренесено доцна во вторникот не се совпаѓа со ниту еден од исчезнатите починати заложници, соопшти ИДФ, пренесе германската агенција. Израелските медиуми сугерираат дека може да станува збор за тело на ...

По иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8 отсто. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот ...

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја ќе има средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за повеќе прашања. Мицкоски најави дека од посетата очекува реафирмација на европската перспектива на земјата и конкретна испорака од ЕУ. Тој потврди дека Владата, преку Министерството за дигитална трансформација, соработува со ЕК на проект за отворање центар за ...

Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува од денеска за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи. Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат од надворешните температури и временските ...

Денеска ново рочиште за Раде Трајковски – Штекли. Според одбраната на Трајковски, во воведниот збор беше наведено дека ќе докажат оти тој не формирал, ниту се здружил со групата за недозволена трговија со дрога. Одбраната посочи дека Штекли не може да биде дел од организирана криминална група, со оглед дека дел од истата меѓусебно не се познава, како и дека на дел од обвинетите им се става на товар дело за, како што велат, незначителни количини ...

Царинската управа откри обид за царинска измама поврзана со увоз на додатоци на храна, при што е спречено неплаќање давачки во вкупен износ од 622.000 денари. - Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година ...

Од денеска во Србија според одлуката на Народната банка пошнува спроведување на мерките за олеснување за корисниците на кредити кои имаат оправдани причини за неможност за враќање. Генералниот директор на Секторот за заштита на корисниците на финансиски услуги на НБС, Бојан Терзиќ, вели дека новите мерки им овозможуваат на граѓаните во тешки животни ситуации - како што се губење на работа, болест или семејни проблеми - да побараат помош од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека утрово пред палатата Србија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Србија. За фон дер Лајен беше одржан свечен пречек. Како што најави Претседателството, по приемот ќе следи тет-а-тет средба меѓу Вучиќ и фон дер Лајен по што претпладнево ќе следуваат изјави за медиумите. Фон дер Лајен пристигна во Белград синоќа, по нејзината официјална посета ...

Глобалното намалувања на помошта за развој веќе го погодија буџетот на УНИЦЕФ оваа година, со сериозни последици за децата, предупреди Агенцијата на ОН. Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел изјави дека Агенцијата очекува пад од најмалку 20 проценти во глобалното финансирање за хуманитарни и долгорочни програми за деца и семејства. Таа предупреди дека намаленото финансирање може да доведе до помалку вакцини, полоша медицинска грижа и ...

Во периодот јануари-септември годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин „Џепиште – Требиште“, на македонско – албанската граница, кај Дебар, кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“. -На овој премин, кој е од регионален карактер, за девет месеци регистриран е вкупен проток од 36 938 патници што е за девет отсто повеќе споредно со истиот период минатата година, кога преку преминот минале 33 890 ...

И покрај упорната неизвесност предизвикана од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп и трговските тензии што тие ги поттикнаа, светската економија и понатаму покажува охрабрувачка способност за отпор – како во 2025, така и во 2026 година – според најновите податоци што денеска ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Институцијата очекува дека светската економија ќе ја заврши оваа година со раст од 3,2 проценти, што е ...

САД поништија визи на неколку странски државјани поради изјави поврзани со нападот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот. Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк. Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно го одликуваше десничарскиот активист Чарли Кирк со највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал на слободата. Кирк, кој требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата, беше застрелан на универзитетски кампус во Јута на 10 септември. Неговата сопруга Ерика Кирк ја прими наградата во негово име, во градината на Белата куќа. Трамп го нарече Кирк „вистински американски херој“, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го укина украинското државјанство на градоначалникот на пристанишниот град Одеса, Генадиј Труханов. - Кај неколку лица исто така е потврдено руско државјанство на и се подготвени соодветни одлуки. Указот е потпишан, објави Зеленски денеска на Телеграм по средбата со шефот на разузнавањето Васил Малјук, без да наведе имиња. Труханов сега би можел да се соочи со депортација. Набргу потоа, ...

Монографијата „Летај Галебе“ посветена на еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти, маестро Кире Костов вечер ќе биде промовирана во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол. Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – македонска пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор и Марко Коловски – музиколог, публицист, новинар и општественик. Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а ...

Од денеска до 30 октомври ќе се одржи 18. издание на Фестивалот на камерна музика „Златна лира“, кој е во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Како што информираат од СМУН, фестивалот кој се реализира со поддршка на Министерството за култура, со својата богата традиција и препознатлив уметнички печат, останува посветен на промоцијата на врвните достигнувања во домашното камерно исполнителство. Во рамките на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот лидер Владимир Путин, само неколку дена пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон. - Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добар однос. Веројатно сè уште го имаме. Не знам зошто продолжува со оваа војна, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој рече дека Путин едноставно не сака да го запре конфликтот со ...

Американскиот Сенат не успеа да ги обезбеди 60 гласа потребни за усвојување на законот за завршување на блокадата на Владата, што претходно беше усвоен во Претставничкиот дом. Ниту еден демократски сенатор не го гласаше за законот. Републиканците одбиваат да преговараат за барањето на демократите за продолжување на даночните олеснувања за здравствената заштита. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон изјави дека нема да закаже седница, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од Управата за ...

Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со ...

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики - нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада. Во мислењето се препорачува измена на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер ...

Фронтменот на групата Панчо, ја загуби седумесечната битка за живот. Доцна синоќа им подлегна на повредите здобиени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ Кочани. Од болницата Систина каде Панчо се лекуваше за ТВ 24 официјално ја потврдија смртта на Панчо. Болница Систина „Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја ...

Робусната акција во правосудството на Христијан Мицкоски ќе почне со Љупчо Коцевски. Разрешувањето на актуелниот републички обвинител Љупчо Коцевски ќе биде прво на агендата на власта по локалните избори, најавува за ТВ 24 владин функционер. Според истиот функционер, премиерот Христијан Мицкоски бил дециден дека Коцевски ги пропуштил сите шански и како што рекол разочарал. Според информациите на ТВ 24 се очекува постпката која што Владата ја ...

Владата разгледува таканаречена „необврзувачка индикативна понуда“ од една финансиска институција за изградба на брзата пруга Табановце – Гевгелија, откри денеска премиерот Мицкоски, без да го наведе името на институцијата. Според финансискиот речник, под „необврзувачка индикативна понуда“ се подразбира првична, информативна и неформална понуда што покажува интерес и приближна цена, но не создава обврска за купување или продажба. Сепак, ...

Почнува проект за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје. Реконструкцијата на Железничката треба да заврши во истовреме со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје најави Синиша Ивановски, директор на МЖИ Инфраструктура. Потенцираше дека ако се заврши со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, но не ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.56
78%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1021
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1022
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
76%
1022
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
84%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
98%
1024
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1022
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Калај

40.29

Платина

52527.90

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Паладиум

45943.42

Бакар

10.75

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.85

Родиум

256402.20

Злато

134887.11

Цинк

3.26

Сребро

1941.29