Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги повикува скопјани, попладне во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ заедно да присуствуваат на осветлување на градот по повод новогодишните и божиќните празници. Како што истакнува Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. - Нашиот град е најубав тогаш ...

Познат е идентитетот на еден од напаѓачите за време на масакарот на плажата Бонди во Сиднеј, во кој најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени. Станува збор за 24-годишниот Авганистанец Навид Акрам, кој, според информациите, живеел во југозападниот дел на Сиднеј. Другиот напаѓач бил убиен за време на нападот. Сè уште не е познато дали Навид Акрам бил убиениот или преживеаниот напаѓач. Според австралиските медиуми, нападот се случил за време ...

Нема спас од рибокрадците.И покрај засилените контроли продолжува на црно да се пустоши рибниот фонд. Полицијата пред некој ден во близина на селото Пештани фати крадци со 11 рибарски мрежи и улов од 537 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од околу 55 кг. И белвицата како и пастрмката е ендемски вид. Експертите од областа велат дека освен засилени контроли и драконски казни треба да има почести порибувања особено со пастрмка. Инаку ...

Европската иднина на Западен Балкан е неопходна, а не алтернатива-посочија европратениците, експертите од регионот и Европската Унија, кои беа дел од панел дискусијата на годишната регионална конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, која вчера и денес се одржа во Скопје, во организација на Либерално-демократската партија во соработка со Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) и Мрежата на либерали од Југоисточна Европа ...

По најавената резолуција на опозицијата - власта најавува контра- резолуцијата со која како што велат од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потврда на нивните политики против нелегалната миграција. Резолуцијата како што рече пратеникот Никола Мицевски ќе биде составена од 9 точки во кои меѓу другото ќе се осудат дезинформациите за наводни кампови низ Македонија. Контра-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ е потврда на власта дека има договор за мигранти за ...

Системот „Сејф сити“ односно „ Безбеден град“, ќе работи со прецизно дефиниран праг на толеранција, но тој ќе се однесува исклучиво на прекршоците, додека за потешките сообраќајни случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Функционалноста на системот е пролонгиран и наместо од јаниари ќе започне со автоматско регистрирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци од 1 февруари, ...

Започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на меѓународниот аеродром „Скопје“, како и подготовка за инсталација на новиот, современ Мод S радар . Од М-НАВ информираат дека оваа процедура нема да има никакво влијание врз одвивањето на авиосообраќајот. Процесот на демонтажа следи по одржаниот состанок на 1 декември 2025 година со тимот на компанијата „Леонардо“ и ангажираните домашни подизведувачи. Од М-НАВ посочуваат дека ...

Антикорупциска отвори предмет за обвинувањата на СДСМ за семејната поврзаност на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка, вели во интервју за РСЕ претседателот Адем Чучуљ. За сличен случај, неполн месец порано, ДКСК не утврди конфликт на интереси кај Томовски за тендерот за обезбедување доделен на компанијата „Праеториан“, кој го истражуваше РСЕ. Чучуљ вели дека освен прибрана ...

Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е запознаен со интерениот оглас за работно место „Помлад соработник за дисеминација на НАТО/ЕУ класифицирани информации“ (ниво В4) во Брисел, кој го има распишано Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ)? Дали е точно дека Комисијата за избор на овој оглас, свесно и со намера ги прекршила Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација, само за да му ...

Во Лесковачкиот културен центар се одржа Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината, информираат денеска од Националниот совет. На свеченоста, која се одржала синоќа, присуствувале бројни претставници на институции ...

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно 5 деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Сите петмина, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо ...

Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев до Собранието бара мајката на тешко повреденото девојче во сообраќајната несреќа, во која учествуваше Јанчев. Мајката Богица Тодоровска во барањето адресирано до претседателот на Соранието, Африм Гаши, како причини наведува индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет. Од Собранието на прашање на Курир ...

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е лишен од слобода, потврдуваат извори вклучени во истрагата. Предметот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, додека од Министерството за внатрешни работи официјално потврдуваат апсење на лице со иницијали Ф. С. Стафа беше на функцијата државен правобранител од август 2018 до 23 август 2022 година, кога беше разрешен од должност. Државниот ...

Франција победи на 23. Детска Евровизизија што се одржа во Тбилиси, Грузија. Победничката песна „Ce Monde“ (Овој свет) ја испеа 11-годишната Лу Делез, со што Франција ја освои четвртата победа по 2020, 2022 и 2023. Македонската претставничка Нела Манческа го освои седмото место со 141 поен. Од гласањето од жирито, таа доби поени од сите земји кои гласаа, а највисоки 12 поени доби од Италија и од Црна Гора. Македонија ги даде 12-те поени на ...

Пријавена е пукотница на кампусот на Универзитетот Браун во Род Ајленд во САД, а според последните информации, осомничениот не е уапсен, пишува CBS News. Полицијата потврди дека две лица се застрелан, додека девет лица се повредени. Полицијата во Провиденс објави краток опис на вооружениот маж по кого трагаат. „Во овој момент имаме само прелиминарен опис: станува збор за маж облечен во црно“, изјави началникот на полицијата во Провиденс, ...

Се слушнале повеќе од 50 истрели додека околу 2.000 луѓе панично бегаа. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат двајца мажи облечени во црно како неселективно пукаат со пушки кон плажата од паркинг, додека сирените се слушаат во далечината, објави Телеграф. Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс (NSW) реагира на безбедносниот инцидент на познатата плажа Бонди во Сиднеј и ги повикува жителите да ја избегнуваат областа. ...

СВР-Тетово соопштува дека поради несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, сообраќајот се пренасочува по една лента. СВР Тетово известува дека несреќата се случила вчера во 20:05 часот помеѓу „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Додаваат дека во несреќата се повредени 8 лица. „Вчера во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, по клучката „Камењане“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко ...

Германија ќе испрати војници од Бундесверот да ѝ помогнат на Полска да ја обезбеди својата источна граница со Белорусија и руската енклава Калининград. Распоредувањето на војниците, чија задача ќе биде инженерска работа како што се копање ровови и поставување противтенковски пречки, е од чисто одбранбен карактер, соопшти Берлин, и е предвидено да започне во април 2026 година, објави ДВ. Министерството за одбрана во саботата потврди дека ...

По директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, на Црна Гора ѝ се отворени вратите за затворање на пет преговарачки поглавја во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ) до крајот на оваа година. Меѓувладината конференција на која тоа ќе биде формализирано, како што беше најавено претходно, ќе се одржи во вторник, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ). Иако Франција претходно на ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржи магла, која постепено ќе ослабне и ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне е можна појава на магла во делови од котлината. Потоа ќе ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил. Како што информираат од АХВ, забраната за ...

Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или ...

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк. Според СДСМ, ваквото ...

И покрај тоа што пролетните мразови го десеткуваа родот на јаболка годинава, овоштарите од Преспа се задоволни- велат иако прогнозите беа лоши солидно поминавме и не останавме без ништо. За разлика од претходно кога мака мачеа со ниски откупни цени и кога индустриското јаболко се даваше за 3 ден а сортните за 15, сега ајдаретот искачи цена на 25 ден, сортите на 30 ден и индустриското на 9 денари за килограм.И извозот е на задоволително ниво. ...

Можниот наплив на мигранти и денеска доминира на политичкиот дискурс во Македонија. Додека власта повикува на прекин на медиумската паника околу можната мигрантска криза, опозицијата обвинува за цензура и рецензија. Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ и како што ги квалификуваат нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината. Според социјалдемократите, власта контролира медиуми кои ширеле лаги и манипулации. Од друга страна, за ...

Семејствата на загинатите во трагедијата во „Пулс“ и Здружението „16 март 2025 - Кочани“ денеска го одржаа 33 „Марш за ангелите“. Од денешниот марш порачаа дека дополнително загрижува фактот што службеници на Министерството за внатрешни работи, кои се осомничени во конкретниот предмет, и понатаму се наоѓаат на слобода и се движат меѓу граѓаните, без јавно познати мерки на претпазливост, суспензија или друга форма на институционална ...

Во Скопје се протестираше за ослободување на притворените водачи на ОНА - на кои ќе им се суди во Меѓународниот суд во Хаг. Плоштадот Скендербег во Чаир преплавен со знамиња на Албанија, Косово, САД И УЧК. Приодот до плоштадот под силно полициско обезбедување, дел од улициите блокирани. Извиците УЧК и слобода за борците преовладуваа во текот на целиот протест. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор потенцираше дека процесот во Хаг ...

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна казна затвор, во предметот „Рекет“ пред неколку дена добила условен отпуст и повеќе не е во затворот „Идризово“, информацијата за ТВ 24 ја потврди првиот човек на Управата за санкции Александар Пандов. Затворската казна формално трае до 2027 година, а според условите, Јанева треба да се јавува редовно во Кривичниот ...

На најавата за протестот од страна на Али Ахмети, со реакција денеска се огласи Стојанче Ангелов, кој порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат согласно меѓународното право, вклучително и оние кои во 2001 година извршиле воени злосторства во Македонија. „Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат во согласност со меѓународното право. Вклучително и оние припадници на ...

Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија, јави таа преку својот Фејсбук профил. Во рамки на 145-тата сесија на Комисијата, која се одржа на 12 и 13 декември во Венеција, за нов претседател беше избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна италијанска министерка за правда. За потпретседатели, покрај Дескоска, беа избрани и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство. Таа ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Сребро

2457.28