Последните случувања во светот ја одразуваат новата реалност дека промената во меѓународниот поредок не е само сеизмичка, туку е и трајна, што ја поставува Европа пред императив да го забрза својот стремеж кон независност, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќање пред членовите на Европскиот парламент во Стразбур. - Самата брзина на промените далеку го надминува сето она што го имаме видено во ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека САД бараат од своите сојузници да разберат дека „Гренланд мора да биде дел од САД“. Бесент им рече на новинарите во Претставничкиот дом на САД во Давос, веднаш до конгресната сала на Светскиот економски форум, дека „не е сигурен“ каква порака испраќаат осумте европски земји што одлучија да испратат војници во Гренланд и дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ставил ...

Европската унија ќе се брани од секој облик на присила и ќе го штити меѓународниот поредок заснован на правила и меѓународното право, изјави денеска претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. - Подготвени сме да се браниме себеси, нашите држави членки, нашите граѓани, нашите компании, од секој облик на присила. А Европската унија има моќ и алатки тоа да го стори, рече Кошта во говор во Европскиот парламент. Тој додаде дека ЕУ „не може да ...

Поранешниот јужнокорејски премиер Хан Дак-су беше осуден на 23 години затвор вчера за неговата клучна улога во поддршката на поранешниот претседател Јун Сук-јеол во неговото кратко прогласување воена состојба во земјата во декември 2024 година. Централниот окружен суд во Сеул ја изрече казната во првата пресуда со која се потврдува прогласувањето воена состојба на 3 декември 2024 година, за кое судот пресуди дека претставува бунт. Тимот на ...

Србија повторно не се усогласи со четири декларации усвоени од Европската унија, во врска со продолжувањето на санкциите против Русија поради војната во Украина и воведувањето нови критериуми за санкционирање лица од Белорусија, објавено е на веб-страницата на Европската служба за надворешна политика (ЕЕАЅ). Србија не се согласи со одлуката за продолжување на рестриктивните мерки против Русија за уште шест месеци, до 31 јули 2026 година, ...

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје. Градоначалникот на град ...

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира возачите да возат внимателно и одговорно во зимски услови и порачува дека само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата зашто секој живот е важен. Апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на ...

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) ја информира јавноста дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура и истите се објавени на ЕНЕР. Со овие измени, Македонија ги исполнува правните обврски за усогласување со европските стандарди во областа на роамингот, со јасна цел – повеќе заштита, поголема транспарентност и пониски и предвидливи трошоци за граѓаните при користење ...

Првиот снег сезонава предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Скопје, а голем дел од улиците утрово се непроодни или тешко проодни, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи. Како најкритични точки се посочуваат мостот Маџари кон Ченто, како и надвозникот од населбата Даме Груев кон Ѓорче Петров, каде возилата со часови стојат во место. Според сведочењата, коловозите се замрзнати, а сообраќајот се одвива исклучително бавно или е ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Охрид го организираше традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, при што ја истакна важноста на културната, економската, спортската и научната, покрај традиционалната дипломатија. Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови. - Вие, ...

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот 76-ти Берлински филмски фестивал. Како што информира „Црна Мачка Продукција“, македонскиот филм „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма. Во филмот ...

Во Кинотека на Македонија од денеска до сабота ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на „Киненова“ како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „ПАНОПТИКОН“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат ...

Европскиот парламент одлучи да го замрзне процесот на ратификација на трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД, како одговор на најновите закани од американскиот претседател Доналд Трамп, потврдија главните политички групи во ЕП. Најголемата политичка група во ЕП, ЕПП, исто така го потврди прекинувањето на понатамошните разговори за договорот. Претседателот на парламентарната група на ЕПП, Манфред Вебер, оцени дека спречувањето на ...

Голем дел од Македонија утрово се разбуди со минусни температури и снежна покривка. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени. Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 ...

Јапонски суд денеска го осуди човекот обвинет за атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе на доживотна казна затвор. Тецуја Јамагами, 45, призна дека го застрелал најдолгогодишниот повоен премиер на Јапонија со рачно изработено огнено оружје за време на говорот за изборната кампања во јули 2022 година. Насилната смрт на Абе предизвика светски шок. Јамагами беше совладан и уапсен пред камери по убиството. Јамагами наводно им кажал на ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница, на чиј дневен ред се предлог-одлуки за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија и избор на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. За избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија пријавени се 16 кандидати, од кои шест се од актуелниот состав - дипломираниот правник ...

Со натпреварите Холандија – Грузија (почеток 18 часот) и Шведска – Хрватска (20:30 часот), вечер во Малме ќе биде комплетирана првата, групна фаза на Европското ракометно првенство. И пред овие натпревари познати се 12. репрезентации кои продолжуваат во главната рунда. Влез во Топ 12 изборија: Германија, Шпанија, Португалија, Данска, Франција, Норвешка, Словенија, Швајцарија, Шведска, Хрватска, Исланд и Унгарија. На ЕП 2026 настапи и ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е задоволен од нерешениот резултат со Копенхаген. Наполи синоќа на гости во Данска одигра 1:1 во 7. коло од Лигата на шампионите. -Разочарани сме. Требаше да победиме и да се пласираме во нокаут фазата. Имавме целосна контрола врз ситуацијата бидејќи имавме предност. Заморот не е изговор. Мора да победуваме на вакви натпревари, изјави Конте за сајтот на УЕФА. Италијанскиот клуб е на 23. место во ...

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата над Романија, иако смета дека можеше поубедливо од конечните 24:23. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. - Кога ќе сумираме се треба да бидеме задоволни од тоа што ...

По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го анектира Гренланд, Франција побара вежба на НАТО на арктичкиот остров, објави Елисејската палата. Франција објави дека е подготвена да учествува во вежбата на НАТО во Гренланд, објави телевизијата БФМ. Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторуваше дека сака САД да го анектираат Гренланд, кој е автономна данска територија, наведувајќи безбедносни ...

Американската војска синоќа соопшти дека запленила уште еден танкер поврзан со Венецуела во Карипското Море, седма такво заплена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја започна својата кампања за контрола на венецуелската нафта. Јужната команда на САД, која надгледува неколку воени бродови и илјадници војници во регионот, соопшти дека моторниот брод Сагита е приведен „без инциденти“. Во соопштението се додава дека заплената на ...

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд. „Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни“, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија. Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини. На ...

Едно лице загина, а 37 други беа повредени во несреќа со приградски воз во североисточниот регион Каталонија на Шпанија вчера, само два дена по смртоносната железничка несреќа на југот на земјата во која загинаа најмалку 42 лица. Регионалните служби за итни случаи соопштија дека жртвата е машиновозачот. Сликите објавени од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел од возот е тешко оштетен. Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија на ...

Белата куќа синоќа објави список со 365 успеси на американскиот претседател Доналд Трамп кои тој ги постигна во текот на првата година од преземањето на вториот мандат, меѓу кои се истакнуваат неговите посреднички напори за решавање на војната во Украина. Во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа се наведува дека точно пред една година Трамп се вратил на должноста претседател за да го обнови просперитетот, да ја обезбеди ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ќе оди на Светскиот економски форум во Давос само ако таму можат да се постигнат конкретни резултати. Тој во вечерното видео-обраќање истакна дека сите украински владини претставници сега треба да работат на проблемите на Украина. - Ракети за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, оружје е потребно секој ден, опрема за закрепнување, за резерва е потребна секој ден. Ако ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег со ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи првата седница во оваа година, со дневен ред на кој се закажани девет иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и три предлози за одлучување со Нацрт-одлука. На дневен ред на денешната седница е иницијативата со која е оспорен член 2 ставови 1 и 4 и член 73 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија. Подносителот на иницијативата Славко ...

Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен ред се 10 точки. Пратениците ќе расправаат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
62%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.83
95%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Родиум

350443.14

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Рутениум

56199.51

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Сребро

2840.84

Калај

43.90

Кобалт

66.14

Иридиум

258288.78

Цинк

3.07

Бакар

10.68