Француската влада планира значително зголемување на резервите од ракети и дронови, во рамки на новиот закон за воено планирање. Целта е до 2030 година арсеналот одредени видови муниција и беспилотни летала да се зголеми до 400 отсто. Нацрт-законот што треба да биде објавен наредната седмица предвидува 8,5 милијарди евра за набавка на дронови и ракети и воспоставување повеќегодишен рамковен план за купување и развој на оружје. Зголемувањето се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива, соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. - Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира, информираа од јавното претпријатие. ...

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде што се измерени - 4 степени Целзиусови и во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 0 степени целзиусови. Најтопло, со измерени 7 степени било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија. Најмногу врнежи 28 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа се забележани во Демир Капија, а најмалку - 3 литри на метар квадратен во Виница и Лазарополе. ...

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичен, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се ...

Предизборните анкети во Бугарија навестуваат нова политичка динамика – Румен Радев се профилира како фаворит со предност од неколку процентни поени пред герб. Но, дали тоа е доволно за трансфер на моќта во извршната власт, имајќи ја предвид сложената математика на коалициите во Софија? Дали по изборите ќе има простор за ресет на дијалогот Скопје - Софија или следува ново заострување на односите? Разговор со Љубомир Ќучуков, поранеш ...

17 дена штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Сопругот на исчезнатата Злата, Дејан Јанков продолжува да штрајкува, со цел, како што вели, да ги пробуди институциите и со надеж дека потрагата за неговата сопруга ќе заврши што побргу со позитивен исход. Тој нагласува дека нема да се повлече додека не добие конкретни одговори и дека веќе размислува штрајкот со глад да го продолжи пред МВР во Скопје. Дејан изминатите денови во ...

Лебот нема да поскапе. Ова е епилогот од денешната средба меѓу претставниците на мелничко-пекарската индустрија и коморите, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. Властите ќе ја следат состојбата и доколку дојде до нов раст на цените на нафтата и енергенсите, заедно со мелничарите и пекарите ќе бараат решенија за да се спречат поскапувања. Мелничарите и пекарите уверуваат дека ...

Јавната обвинителка Ленче Ристовска поднесе оставка откако ѝ беа одземени предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, кои се однесуваа на финансиска злоупотреба на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и беа во завршна фаза. Оставката Ристовска ја образложи преку соопштение, истакнувајќи дека се соочила со опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Кулминација на опструкциите, според Ристовска, била одлуката на државниот јавен обвинител Ненад Савески, ...

„Катја беше среќна и отворена со соучениците. Не покажуваше знаци на вознемиреност или затвореност, не покажуваше агресија кон останатите“, ова е дел од сведочењето на наставничката на Катја. При обработка на темата „Кој сум јас и моето семејство“, малата Катја постојано ја цртала мајка ѝ Ивана. Нејзините цртежи биле ведри, со светли бои, лицата на луѓето што ги цртала биле насмеани и сонцето на сите цртежи било насмеано. Ивана, мајката и ...

Али Ахмети со отворено писмо до јавноста но и владата и уставниот суд дека како што вели Албанскиот јазик е предизвик за уставниот поредок и дека секое поткопување на Охридскиот рамковен договор значи и поткопување на темелите на државата и нејзината иднина . Во дописот објавен на неговиот Ф.Б профил меѓудругото наведува. СТАТУС Албанскиот јазик за мене не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Јас го кажав и ќе го повторувам без ...

"За Хотелот на Мијалков" во Охрид не се спорни документите за градба туку потеклото на парите со кој се гради објектот и тука очекувам Обвинителството да почне да постапува"- вели министерот за транспорт и врски Александар Николовски на прашање на ТВ 24. Активистите кои реагираат за хотелот според министерот се занимавале со технички работи, а ја заобиколуваат намерно или ненамерно главната поента. Николовски вели и дека хотелот го ...

Станарите од улицата Никола Малешевски во населбата Топанско поле бараат помош за нивниот 71 годишен сосед за кој велат дека е болен и едвај подвижен. Раскажуваат дека поради здравствените проблеми не бил во состојба да се грижи за себе и за неговиот дом па затоа од станот се ширело непријатна мирзба во цела зграда. Соседите, кои кога имале можност редовно го посетувале и проверувале но и му нуделе помош на 71 годишниот човек, со нас ...

Соочен со американската јавност која е претпазлива кон војната на Блискиот Исток, со рејтингот кој му е во опаѓање и притисокот од некои земји сојузнички да прецизира и доследно да ги изложи воените цели, американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа рече дека САД ја уништиле морнарицата и воздухопловните сили на Иран и ги уништиле неговите балистички ракети и нуклеарна програма. Од друга страна, тој одби да ...

Вчера во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Д.(31) од тетовско. -Полициските службеници постапиле по претходна пријава од неговата невенчана 36-годишна сопруга од Тетово, дека ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и кола, во спротивно ќе ја убие, информираат од СВР Тетово. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера ...

Легендата на македонскиот ракомет и РК Вардар, Стојанче Стоилов од новата сезона ќе го предводи суперлигашот Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони. Тој ќе го замени Горан Кузманоски, кој на крајот од сезоната заминува од клубот. - Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата брачна ситуација, велејќи дека тие „дури и не заслужуваат одговор“. Замолен за коментар на тврдењето на Трамп дека „сопругата на Макрон се однесува лошо кон него“ и дека „Макрон едвај се опоравува од ударот во вилицата“, францускиот претседател рече дека тие коментари не се „ниту елегантни, ниту соодветни“, објави ...

Институциите во земјава формално го воспоставуваат системот за интегритет, но неговата реална примена останува нееднаква и често недоволна, особено во делот на управување со ризици и судир на интереси- стои во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата. Анализата покажува дека системот за интегритет треба да премине од декларативна во оперативна фаза, со јасни процедури, механизми за отчетност и реална примена на правилата, ...

Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом доби нов апарат наменет за навремена дијагностика и следењето на остеопороза. Лекарите апелираа граѓаните да си закажат снимање и да проверат дали имаат остеопороза. Марта Фотева, специјалист ортопед, рече дека нашата земја не е исклучок од светскиот тренд на пораст на заболените од остеопороза па повика на редовни прегледи за да се открие и лекува. 13 апарати се на ниво на целата Република, пет се наоѓаат во ...

Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе оставка од обвинителката позиција. Во објава на социјалните мрежи образложува дека не гледа простор за работа во согласност со принципите за кои, како што наведува, се залагала во текот на целата своја кариера. Како клучни причини за оставката ги наведува последните одлуки во обвинителскиот систем. Таа посочува дека Советот на јавни обвинители ја отфрлил нејзината претставка за напад врз ...

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која на 2 март заедно со нејзината шестгодишна ќерка изврши самоубиство по години поминати со семејно насилство. За случајот било запознаено и училиштето каде учела Катја за што денеска сведочеше нејзината наставничка. Таа првпат слушнала на родителскиот состанок на кој наместо родителите на Катја присуствувала нејзната баба, мајка на Ивана по што бил ...

Врховниот командант на иранската војска, генерал-мајор Амир Хатами, изјави дека „ако непријателот се обиде да изврши копнена операција, ниту едно лице не би требало да преживее“. Хатами во онлајн комуникација со командантите на силите и базите на копнените сили, противвоздушната одбрана, воздухопловните и поморските сили на војската ширум земјата, изјави дека војската е подготвена да се спротивстави на „секое зло на непријателот на офанзивно ...

Силно невреме ги погоди централна и јужна Италија, предизвикувајќи поплави, свлечишта и уривање на мост на државниот пат „Адријатика 16“, додека одредени области останаа без вода и струја. Мостот преку реката Трињо се урна во регионот Молизе, во близина на местото Монтенеро ди Бизача, откако патот претходно беше затворен поради излевање на реката, пренесе Анса. Со ова, патните врски со регионот Абруцо се речиси прекинати. Во регионот Абруцо, ...

Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе оставка од обвинителката позиција. Во објава на социјалните мрежи образложува дека не гледа простор за работа во согласност со принципите за кои, како што наведува, се залагала во текот на целата своја кариера. Како клучни причини за оставката ги наведува последните одлуки во обвинителскиот систем. Таа посочува дека Советот на јавни обвинители ја отфрлил нејзината претставка за напад врз ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информира дека е објавен извештајот за следење на системот на интегритет за 2025 година. Наодите во него укажуваат на позитивни поместувања во повеќе сегменти, вклучително зголемена вклученост на институциите, унапредување на интерните политики и поголема примена на алатки за процена и управување со ризици од корупција. Истовремено, извештајот укажува и на потребата од понатамошно ...

Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информира УХМР. Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури до 25 степени. Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со ...

Соочен со американската јавност која е претпазлива кон војната на Блискиот Исток, со рејтингот кој му е во опаѓање и притисокот од некои земји сојузнички да прецизира и доследно да ги изложи воените цели, американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа рече дека САД ја уништиле морнарицата и воздухопловните сили на Иран и ги уништиле неговите балистички ракети и нуклеарна програма. Од друга страна, тој одби да ...

Полицијата вчера привела вработен во МВР кој возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник. Според полицискиот билтен при сообраќајна контрола на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од 45 годишникот кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Министерството за внатрешни работи спроведува координирана акција за сузбивање на детска порнографија. Претреси се вршат на седум локации, се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка. Неофицијално едно од лицата кај кого се врши претрес е постојат информации дека е претседател на бугарско здржение „Струмичка ...

Цената на нафтата од типот „брент“ продолжува да достигнува нови максимуми за време на денешното тргување, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари по барел, што е раст од повеќе од 5 отсто, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето обраќање за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во наредните две до три недели. Фјучерсите во текот на вчерашниот ден паднаа поради надежта ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
62%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
70%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.32
72%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.09
74%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.77
65%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.62
91%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
55%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.34
48%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.45
50%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
84%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
3.23
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Сребро

1902.84

Кобалт

56.29