Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, се осврна на гласините за можно заминување од мадридскиот клуб. - Додека Реал Мадрид ме сака, ќе бидам тука. Ако некогаш ми кажат: „Најди друг тим“, ќе се согласам. Но, тоа досега не се случи. Веќе освоив две Лиги на шампиони, но сакам повеќе. Претпочитам да играм лево, но секогаш можам да играм десен бек или како број девет, како што веќе рече тренерот Чаби Алонсо, изјави Родриго за „Goal“. Дваесет и ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Куманово го означи стартот на Државното првенство во пливање за основни и средни училишта, кое се одржува во организација на Федерацијата за училишен спорт со поддршка од Министерството за спорт. Преку овој масовен училишен спортски настан, на кој учествуваат ученици од целата држава, се промовираат вредностите на фер-плеј, тимската работа и љубовта кон спортот. Министерот Ристовски истакна дека ...
Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, изјави во Европскиот парламент дека е потребен пократок и појасен временски рок за земјите кои сакаат да се приклучат кон Европската Унија и дека одлуката за пристапувањето на Црна Гора треба да се донесе следната година. Проширувањето е прашање од стратешки интерес, рече Фриден во обраќањето пред европратениците во Стразбур вчера, предупредувајќи дека држењето на земјите кандидати „во вечна чекалница“ ...
Испораката на крстосувачките ракети „Томахавк“ од САД за Украина ќе доведе до „квалитативна“ промена на ситуацијата во војната во Украина, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. - Сепак, таа промена нема да ја спречи Русија да ги постигне своите цели во „специјалната воена операција“, додаде тој. Москва го повикува Вашингтон да пристапи „трезвено и цврсто“ кон прашањето за соодветната испорака за Киев, ...
Четири лица се повредени, од кои две посериозно, при вооружен инцидент што се случил ноќеска околу полноќ во близина на железничката станица „Југ“ во Брисел, соопшти денеска локалната полиција. Според портпаролката на бриселската полициска управа Илсе ван де Кир, во рамки на истрагата за случајот полицијата привела четири осомничени лица. Таа информира дека истрагата продолжува со цел да се утврдат точните околности на настанот и улогата на ...
Јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија е во пораст, а просечниот работник денес не може да заштеди доволно во текот на својот работен век за да се искачи меѓу најбогатите, се наведува во извештајот на Фондацијата „Резолуција“. Анализата на овој истражувачки центар, покажа дека на работниците со просечна плата ќе им бидат потребни 52 години за да акумулираат заштеди што ќе ги однесат од средната класа до врвот на синџирот на ...
Светската здравствена организација (СЗО) побара од Индија информации дали сирупот против кашлица, за кој постои сомнеж дека предизвикал смрт на деца во земјата, бил извезен и во други држави. СЗО информира дека ќе разгледа можност за издавање глобално предупредување за медицински производи поврзани со сирупот „Колдриф“, кога ќе ги добие официјалните податоци од властите во Њу Делхи. Според локалните здравствени власти, најмалку 17 деца под пет ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска ...
Министерството за култура и туризам денеска преку соопштение информира дека до нив не е пристигната никаква официјална информација поврзана со изнесените ставови на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ). - Во врска со денешната прес-конференција организирана од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Министерството за култура и туризам ја информира јавноста дека до овој момент до институцијата не е пристигната ...
Во кривичниот суд Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, ќе ја чујат пресудата за дивите депонии во Вардариште. Тие се обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. На претходното рочиште ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според обвинението, тие од 2020 до септември 2025 година нелегално откупувале старо железо и друг отпад без дозвола, при ...
Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Од Општинската изборна комисија Кавадарци за МИА информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија. - Утрово добивме потврдена информација. Починал Панчо Минов. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија, ...
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денеска и утре се одржува во Белфаст. Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската унија, соопшти Министерството за ...
По спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на целата држава, три градинки и едно училиште добиле парични казни. За утврдените недоследности, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за три ...
Министерството за здравство информира дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население, кои можат да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk, по што ќе добијат СМС порака со термин или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени ...
Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, денеска, ќе биде отворена изложбата „Простори на конјункција“, во организација на КИЦ – Истанбул и Националната галерија на Македонија. Изложбата претставува нова страница во соработката меѓу двете институции и можност истанбулската публика да се запознае со современата македонска уметност. – Преку графика, цртеж, фотографија, видео, објект и колаж, уметниците отвораат ...
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт насловен „Кругови“. Како што се наведува во соопштението, концертот обединува музика на тројца автори кои со својот уникатен музички израз чинат неверојатна приказна. Централен дел од програмата на концертот ќе бидат четирите пиеси со истоимен наслов од композиторот и пијанист Дино Имери, но, како што велат, ќе бидат изведени и дела од македонскиот ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против две лица, сопственички на приватни домови за стари лица во Скопје, поради сериозни злоупотреби и нехуман третман на корисниците. Според обвинението, установите работеле над дозволениот капацитет, без соодветен стручен кадар, со сериозни пропусти во хигиената, исхраната и документацијата. -Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази ...
Најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Демир Капија (девет литри на метар квадратен), а најмалку во Претор (еден литар на метар квадратен), покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. За денеска, синоптичарите најавуваат облачно време со повремени локални врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе дува и со брзина од над 60 km/h. Максималната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа преку употреба на дронови за саботажа и нарушување. Во своето видео обраќање Зеленски синоќа рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната преку транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажа и разни напори за поткопување на стабилноста низ континентот. - Неодамнешните лансирања на ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера повторно потврди дека останува посветен на своите воени цели во Украина за време на состанокот со воените лидери, велејќи им дека украинските напади длабоко во внатрешноста на Русија „нема да му помогнат“ на Киев. Путин рече дека Киев се обидува да им даде на своите западни поддржувачи впечаток на успех со своите контранапади, „додека украинските сили биле принудени да се повлечат долж линијата на ...
Премиерот на Кина, Ли Кечијанг од 9 до 11 октомври ќе престојува во Северна Кореја, каде ќе присуствува на настани по повод 80-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја во Пјонгјанг, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека двете земји се „традиционални пријатели и партнери“ и се нагласува „непоколебливата стратешка политика“ на кинеската Влада и владејачката ...
Русија, која беше домаќин на делегација на талибанската влада, предупреди дека е неприфатливо странско воено присуство во Авганистан. На почетокот а средбата, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја пофали талибанската влада за нејзината борба против Исламска држава и други екстремистички групи, како и за борбата против трговијата со наркотици. - Распоредувањето на воена инфраструктура од трети страни на територијата на Авганистан, како и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината ...
На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, ...
Без струја денеска ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. - На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со складирање и создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега. Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, ...
Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини. Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот. Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. ...