Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Самостојната изложба „А капела“ на Стојан Павлески ќе биде отворена вечер во Музејот на град Скопје. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. Мултимедијалната изложба ’А капела‘ на Стојан Павлески во Музејот на Град Скопје, според професорот по естетика и филозофија, Вангел Ноневски, може да се чита не како репрезентација на спортска симболика, туку како визуелно поставен контекст во кој се ...

Внатрешна истрага на Пентагон утврди дека ракувањето со чувствителни воени податоци од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во март претставувало значителен ризик за војниците, јавија американските медиуми. Телевизиите, меѓу кои и Еј-Би-Си Њуз и Си-Ен-Ен, јавија дека истрагата на генералниот инспектор на Пентагон заклучила дека Хегсет споделил високо чувствителни оперативни детали преку апликацијата за пораки Сигнал за време ...

Група американски сенатори синоќа поднесоа резолуција со која ќе го принуди Конгресот да гласа во случај американскиот претседател, Доналд Трамп, да нареди напад во Венецуела. Демократските сенатори Тим Кејн од Вирџинија, Чак Шумер од Њујорк и Адам Шиф од Калифорнија, како и републиканскиот сенатор Ранд Пол од Кентаки, се повикаа на Резолуцијата за воени овластувања за да предизвикаат дебата и гласање во Конгресот за блокирање на употребата ...

Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за тоа дали Бугарија треба да го усвои еврото во 2026 година. Пратениците го отфрлија предлогот со 135 гласови „против“, 81 „за“ и три „воздржани“, откако седницата беше прекината неколку пати, објави Новините. Со ова заврши спорот што започна во мај, кога Радев неочекувано го поднесе референдумското прашање и покрај напредните подготовки за ...

Велика Британија и Норвешка ќе потпишат одбранбен пакт со кој нивните морнарици ќе управуваат со комбинирана флота на воени бродови за да ловат руски подморници во Северниот Атлантик. Договорот е насочен кон заштита на критичните подморски кабли кои се под зголемена закана од Москва, при што е забележан пораст од 30 отсто на руски бродови во водите на Обединетото Кралство во изминатите две години, соопшти Министерството за одбрана во Лондон. ...

Највисоки дипломати од десетици земји ќе присуствуваат на годишниот состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува денеска и утре во Виена. Како што пренесе ДПА, САД и Русија нема да бидат претставени на највисоко ниво. Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да патуваат во австрискиот главен град, туку ќе испратат ...

Германскиот проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт денеска ќе одржи предавање на Филозофскиот факултет при УКИМ. Антолин е еден од водечките светски археоботаничари и повеќе години работи на неколку предисториски локалитети во Македонија. Оттука и насловот на неговото предавање „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and Lake Ohrid“, а во кое ќе ги претстави извонредните ...

Во „Галерија Метаноја“ во Скопје вечерва ќе биде отворена заедничката изложба „Живот за уметноста“ од Александар Настески и Ивана Настески. „Живот за уметноста“ е изложба која ги спојува заедничките уметнички мотиви, пориви и визии изразени на свој автентичен начин на двајцата уметници. Изложбата произлегла од промоцијата на книгата „Дијалози за слободата“ во која авторот Љупчо Јолевски има интервју со Александар и со Ивана. (Метаноја, 2025). ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по ...

Собрание на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 72. пленарна седница. Пред пратениците на денешната пленарна седница се Прeдлог на одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за ...

Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 6, а ...

Поскапување на струјата е се поизвесно, откако вчера и премиерот Мицкоски го најави тоа. Непознато е само за колку ќе скокне цената. Доброупатени извори за ТВ 24 тврдат дека струјата ќе поскапи за околу 5 проценти, колку што со одлука на Владата минатата недела државните електрани ЕСМ ја поскапеа на ЕВН Хоум количината наменета за домаќинствата. „Регулаторот на крајот од ова година ќе донесе одлука за тоа дали ќе има и ако има колку би било, ...

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Србија, обединување на економските потенцијали и зголемување на увозот и извозот меѓу двете земји, беа главните пораки кои беа испратени од денешниот македонско - српски бизнис форум што се одржа во Скопје. На форумот свои обраќања покрај владините претставници, имаа и претставниците од бизнис заедниците од двете земји. Потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Андријана ...

Загадениот воздух – причина за се поголемиот број на луѓе со алергиски реакции. Штетните честички кои ги дишеме предизвикуваат појава на алергии во есенските и зимските месеци. Лекарите велат дека последниве три до четири години драстично е зголемен бројот на пациенти со алергиски симптоми како резултат на аерозагадувањето. Д-р Драган Ѓорѓиевски – Специјалист по семејна медицина „Нормално е во пролет, но не е баш логично и нормално во текот ...

Со влезот во месец декември на големо се "крчка "празничната понуда во туристичките центри.Дел од рестораните на ривиерата веќе ги објавија цените за празничните аранжмани. Во центарските локали за прослава на Нова година со музика во живо и шведска маса цената достигнува и до 100 еу по лице.Кај сместувањето пак нема големи промени. Зависно од локацијата ноќевањата се движат од 40 еу нагоре. Туристичката фела е со поделени мислења кога се ...

Гответе со Мицкоски, РЕЦЕПТ за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ: Долго готвена ИПАРД каша. Невообичаено соопштение на Социјалдемократскиот сојуз објавено на официјалната Фејсбук-страница предизвика лавина реакции во јавноста. Извори од СДСМ за Телевизија 24 велат дека преку сатиричен и саркастичен пристап опозицијата настојува да ги прикаже, како што наведуваат, лагите и манипулациите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ насочени кон опозицијата. „Гответе ...

Се бара притвор за таткото и неговите две ќерки, кои вчера насила и со закани спречија инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство - со правосилно и извршно решение да одземат крупен добиток. Јавното обвинилство против нив веќе поведе кривична постапка. Притворот како што велат од обвинителството е мерка која ќе ја спречи опасноста од бегство, но и повторување на делото. - Од нивното однесување произлегува дека и покрај сите досега ...

10 осигурителни компании се здружиле и картелски дејствувале на пазарот – се договарале за полиси за автомобилска одговорност а сето тоа го детектирала Комисијата за заштита на конкуренцијата. Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции – глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари. „Во постапката беше утврдено дека осигурителните компании во периодот 01.03.2024 07.05.2024 година, разменувале чувствителни информации, ...

Трет ден активни камерите на безбеден град, фрчат опомени на меил и смс пораки. Возачите во Скопје полека се смируваат и возат попитомо, застануваат почесто на пешачќи, почитуваат знаците. Учесниците проектот како замисла е добар но се жалат дека имаат добиено опомена и за еден или два километри над дозволеното со барање да има толеранција од некоку километри поради тоа што различни возила различно се баждарени за мерење на брзината. Многуте ...

Констатирам дека оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска е прифатена и на судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска и престанува мандатаот заклучно со 31 декември 2025, изјави Африм Гаши претседател на Собранието. Додека пратениците ја констатираа оставката, Дабовиќ беше на седница на уставен суд и учествиуваше во работата на судот . Од уставниот суд велат дека чекаат офицјално да бидат известени за престанок на мандатот на ...

Највисоката плата за 2024 година во рамки на судството изнесувала 139.738 денари во нето износ. Во однос на изјавите во јавноста дека претседателите на судовите земаат плата од по 180 илјади денари, претседателот на Судски совет Александар Камбовски посочи дека нема таква плата во државата. Просечните исплатени плати минатата година на судиите во Врховниот суд, во кои е вклучен минат стаж, изнесувала 128.000 денари. Ова се плати без додатоци, ...

Со 84 гласа за без ниту еден против и воздржан беше изгласана потребата за формирање на анкетна комисија која ја иницираше парламентарното мнозинство а во која се опфатени несреќите за Кочани, Модуларната во Тетово Дурмо Турс и Бса Транс а кои земаа вкупно 138 жртви. Парламентарното мнозинство побараа неселктивно да се дискутира за сите несреќи но и побараа од опизицискиот лидер Венко Филипче и тој како поранешен министер за здравство да даде ...

Ј.М. освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, вреден фантастични 6.799.582 денари! Скопјанецот Ј.М. ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вредна 6.799.582 денари. Неговата среќна игра е 20 Супер хот. СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Златна Копачка на 30.11.2025 во Скопје. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети ...

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како што информираа од Уставниот суд, ја поднесе од здравствени и лични причини. На почетокот на седницата пратеникот и заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара од колегите ...

Бугарскиот претседател Румен Радев во обраќање до бугарскиот народ изјави дека оставката на кабинетот е неодложна, а предвремените избори се единствениот пат напред. На Бугарија и е потребна реална промена што ќе доведе до оздравување на државноста. Тоа е нешто што сегашната власт не може да го направи, изјави тој. Радев ги коментираше протестите против предлог-буџетот, нагласувајќи дека тие опфаќаат луѓе од сите генерации и се израз на ...

Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување во истрага за измама, соопшти денеска Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO). Тројцата осомничени беа известени за обвиненијата против нив, кои вклучуваат измама во јавните набавки, корупција, судир на интереси и кршење на професионална тајна, се вели во соопштението. Лицата беа ослободени бидејќи не ...

Тимовите од Формула 1 се подготвуваат да ги откријат новите автомобили со кои ќе се тркаат во сезоната 2026, кога техничките прописи на шампионатот ќе претрпат значителни промени. Четири од единаесет тима веќе ги одредија датумите за промоција: Ред Бул и Рејсинг Булс – на 15 јануари Алпин – на 23 јануари Астон Мартин – на 9 февруари. До сега термин за промоција на своите болиди немаат објавено: Мекларен, Мерцедес, Ферари, Вилијамс, Хаас, Ауди ...

Бугарската владејачка партија -ГЕРБ денеска соопшти дека е подготвена за одржување предвремени избори, по масовните протести во земјата и барањето на бугарскиот претседател Румен Радев за итна оставка на владата поради неуспехот да се одобри буџетот за 2026 година. „Повеќе нема да се придржувам и молчаливо да прифаќам секакви луди барања во врска со несомнено лошо структурираниот буџет за 2026 година. Или застанете со ГЕРБ и заедно, ...

Мораме да се осигураме дека Украина ќе остане што е можно посилна во борбата денес, но и кога навистина ќе почнат мировните преговори, со цел тие да донесат резултат, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во Брисел. - Мировните преговори се во тек. Тоа е добро, но во исто време, мора да се осигураме додека тие траат, а не сме ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Калај

48.47