Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Од 150 000 до 200 000 денари годишно им се потребни на родителите за основните и редовни потреби за само едно дете. Ова го покажа новата анализа на Центарот за еднаквост и правда направена со испитување на 650 родители на деца од различни возрасни групи. Според податоците од анализата, на родителите со бебиња и тинејџери им се потребни најмногу финансиски средства за да им обезбедат квалитетен живот на своите деца. За деца до 2 годишна ...
Се уште се санираат штетите од поплавите во Преспа.Граѓаните пријавуваат уништена покуќнина, механизација и залихи на јаболка низ поплавените магацини,а комисија на општината ќе врши проценка па извештаите за обешететување ќе ги препраќа до владините институции. Сепак ситуацијата е стабилна и под контрола вели градоначалникот на Ресен. Една од причините за поплавата низ ресенските села беа неисчистените канали но и канали кои биле затворени ...
Во пресрет на предновогодишните празници угостителите со полни раце работа. Понудите се подготвени останува изборот согласно семејниот буџет. Аркан Ќерим, претседател на Туристичко-угостителската комора Сојузот на стопански комори вели дека согласно стандардот во државата се прилагодени и цените за граѓаните. Понудите се огромни и различни зависи од изборот дали тоа ќе ќе е Тирана, Белград Софија или некоја друга поатрактивна дестинација. Во ...
Обвинетите 34 физички и три правни лица за пожарот кој настана на 16-ти март во кочанската дискотека „Пулс“, не се чувствуваат виновни за она што им се става товар и пред судот кажаа дека ќе го докажат спротивното. Сопственици, управители, инспектори, екс градоначалници, министри, директори, службеници како и обезбедувачи кои се на обвинителна клупа- изразија сочувство кон починатите и побрзо оздравување на повредените, според едни ...
Водата полека се повекува од поплавените места, а со тоа се нормализира состојбата во Општина Чешиново-Облешево откако изминативе денови поради обилните врнежи од дожд и зголемениот водостој беа поплавени семејни куќи, земјоделски и дворни површини, како и објекти за складирање. Од денес се обезбедени и цистерни со вода за пиење за жителите на Чешиново и Облешево, бидејќи водата за пиење и понатаму не е технички исправна. ЦУК “Според ...
Ќе му честита ли Христијан Мицкоски Нова година со разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Висок валдин функционер за ТВ 24 најавува дека планот ан Владата е да го активира рарзешувањето на Коцевски во Собранието до крајот на месецот. - Планираме до крајот месецот да заврши рарзешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ќе го реактивираме предлогот и ќе биде пратен до Собранието , вели за ТВ висок владин ...
Собранискиот спикер Гаши побарал од власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани а која би ги опфатила и останатите несреќи со Беса Транс Дурмо турс и модуларната болница во Тетово откако веќе ги доставија иницијативите. Сепак на брифингот со новинарите вели конкретен одговор не добиол од политичкките партии дали може да падне таков договор па им оставил неколку дена да се договорат . Сепак тврди не гледа ништо ...
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка. Таа во образложението кое го доставила до собранието вели дека оставката е поради лични причини, т,е поради промени кои настанале во втората половина од годинава, а кои се од семејна природа. „Вршењето на функцијата судија на Уставен судија во изминатиов период за мене беше голема чест и одговорност и се трудев функцијата во овој период да ја извршувам одговорно, со голема ...
Приходите на АД ЕСМ или поранешна ЕЛЕМ се од неколку основи. Најголемиот приход доаѓа од електричната енергија која што ја продаваат на снабдувачот, тоа е ЕВН Хоум, дел со многу повисока цена ги покриваат загубите и дел од приходите коишто ги добиваат се од електричната енергија која што ја продаваат преку т.н. повластени тарифи, појасни премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како АД ЕСМ ќе ги покрие загубите и ќе стаса ...
Советот за реформа на јавната администрација, како највисоко координативно тело задолжено за управување со реформските процеси во јавната администрација, денеска ја одржа третата седница на која претседаваше премиерот Христијан Мицкоски. Како што информираат од Министерството за јавна администрација, членовите на Советот го разгледале и усвоиле ажурираниот Акциски план 2023–2026 година од Стратегијата за реформа на јавната администрација ...
Македонската Влада е цврсто посветена на изградба на општество базирано на знаења, во кое науката, иновациите и човечкиот капитал се главни двигатели на развојот, за што доказ е реализацијата на над 80 отсто од предвидените обврски со Акцискиот план за Стратегијата за паметна специјализација за периодот 2024-2025 година, изјави во Брисел министерката за образование и наука Весна Јаневска. - Нашата македонска Стратегија за паметна ...
Почнав премногу темелни проекти во изминатата година кои ќе треба да ги завршам во наредната година, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, прашан за став за гласините за негова смена со реконструкција на Владата и можноста да премине на друга позиција. Прашан дали во пресрет на празниците ќе има заеднички контроли на полицијата и пазарните инспектори во угостителските објекти, Тошковски рече дека на тоа се работи ...
Откупот на тутунот од годинашнава рeколта се интензивира. Пет од десетте лиценцирани компании ги отворија пунктовите за откуп на годинашнава реколта. Деновиве уште три ќе излезат на теренот со што е зголемен интензитетот на преземањето на родот. -Со самото отворање на пунктовите на компаниите кои, до четврток, ќе отворат осум од 10-те компании се докажува дека интензитетот и барањето за отворање на пунктовите е зголемен. Така, со тоасе ...
Министерството за финансии (МФ) изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. -Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници посветени на поддршка на општините во подготовката и реализацијата на што поголем број проекти за енергетска ефикасност. Овие обуки, како што соопштуваат од Министерството, ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата со цел да се зајакнат локалните капацитети и да се унапреди спроведувањето на европските стандарди во енергетското ...
Исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија, велат оттаму, остануваат во сила до донесување конечна одлука од ...
До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да фали нешто, изјави сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, во воведните зборови на денешното рочиште во судницата во Идризово. Јованов, кој претходно изјави дека не ...
Грчките земјоделци од 12 часот по локално време го блокирале граничниот премин Евзони кон нашата земја, како за влез, така и за излез од Грција, а не се знае до кога ќе трае блокадата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во конкретниот дел собрани се над 150 трактори и земјоделски возила, а блокадата на земјоделците од областа Пеонија постојано се зајакнува. Граничниот премин беше затворен и вчера во ...
Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и со учество на претставници од локалната самоуправа, Владата и Министерството за внатрешни работи, денеска, се одржа првата Национална конференција посветена на безбедноста во сообраќајот на локално ниво на која беше потпишана заедничка декларација на општините за унапредување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи со ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека околу 110.000 прекршоци се констатирани за период од 24 часа во Скопје преку системот „Безбеден град“. -Тоа е катастрофална бројка. Не ме држете прецизно за бројките, но околу 1000 прекршоци се однесуваат на нерегистрирани возила, околу 5000 прекршоци за поминување на црвено, но најстрашното е што над 90 отсто од вкупната бројка е пречекорување на брзина. Тоа се катастрофални ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека инсталациите на СДСМ во рамки на судовите се обидуваат цело време во рамки на правосудниот систем да ја минираат Владата, да задаваат удари и тие, вели, очекува, дека ќе продолжат, нема да мируваат и оти последниот удар е врз пензионерите, односно линеарното покачување на пензиите. -Овојпат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат - тоа што си го земале пензионерите нема да го ...
Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим. Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри. Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија. Ова ќе биде 16. пат ...
Втора година во низа машката и женската македонска сениорска репрезентација паралелно ќе учествуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија на последниот состанок донесе одлука да се задржи континуитетот на А селекциите во ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие и нова тежина, односно ќе го замени квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2028. Машкиот национален тим од 2014 година ја одржува ...
Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески и неговиот тим во рамките на официјалната посета на Банката на Англија имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. Проверките, како што посочуваат од НБ, се дел од вообичаените активности на ...
Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите. - Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите ...
Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој дел од работата на Фондот на ПИОМ, нагласи директорот Никола Мемов на денешната 25. седница на на Управниот одбор на Фондот. Како што се наведува во соопштението од Фондот на ПИОМ, Мемов, исто така, информира дека е потпишан Анекс на Протоколот за размена на податоци со Управата за јавни приход со што се дополнува Протоколот и се доуредува размената на податоците ...
Видеолотарија Касинос Австрија и оваа година нуди извонредно заокружување на годината за играчите на видеолотариските терминали. Од 01.12.2025 официјално, активни се новите џекпот добивки -РОЈАЛ ЏЕКПОТ. За празниците веруваме дека многу играчи ќе се радуваат на оваа добивка во вредност до 12 милиони денари. Почнува најубавиот период во годината. Времето кога сите си замислуваме убави желби и веруваме во убави изненадувања. Видеолотарија ...
Почитување на петте стандардни принципи кои се пример во европските земји: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна реакција на институциите по настанување на сообраќајната незгода. Тоа, според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е клучот за нула жртви во сообраќајните несреќи. Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас. Како што соопшти МНРиНТ, средбата се одржала во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен ...
Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на отворањето на Националнатата конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје. Патната инфраструктура што ја креираме, Николоски рече дека мора да биде безбедна по дизајн со ...