Приватните превозници децидни-ЈСП да го исплати целосниот долг затоа што нафта снемува. Утрово во 10 часот приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ ги повлекоа автобусите-наведуваат дека причината е големиот долг на ЈСП кон нив. Приватните превозници најавија дека ќе продолжат да возат редуцирано, односно од 5-10 часот наутро се додека имаат нафта. Бараат ЈСП да им го исплати долгот за изминатите шест месеци, кој според ...

Вработените од „Флораком“ и „Луна“ фирмите ќерки на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по еднонеделните протести денеска ќе ја добијат августовската плата. Претседателот на репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за Телевизија 24 потврди дека на сметката на ЈП Паркови и зеленило префрлена е сума која треба да ги покрие платите на сите вработени. За неисплатениот регрес за годишен одмор пак, од ...

Состојбата со дефицитот на медицински сестри станува се поалармантна, околу 6000 недостигаат низ болниците ширум државава. Одливот во странство е се поголем,а она што загрижува е што се повеќе медицински сестри со искуство трајно ја напуштаат професијата, незадоволни од условите за работа. Недостиг на медицински сестри има во сите нивоа на здравството. Најмногу во стационарите, каде работата е многу опсежна, патронажните служби, потоа во ...

Цената на златото порасна за повеќе од еден процент и денеска достигна нов рекорден максимум над 3.900 долари за унца, поттикната од загриженоста за „затворање“ на американската администрација и од очекувањата за нови намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви. Цената на златото на спот-пазарот се зголеми за 1,5 отсто на 3.943,01 долари за индустриски стандардна унца во европската трговија, додека фјучерсите на американското ...

Европската комисија даде позитивна оценка по второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), но утврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката, изјави денеска портпаролот на ЕК за кохезија и реформи Мачеј Берестецки. - Станува збор за постапка за делумна исплата, при што во оваа фаза не ...

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во септември: Доверба изградена со години Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2025 година. Корисниците на парични права кои имаат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. -За да се избегне метеж пред и во банките при ...

Урсула фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје. На денешната пресконфесенција на министерката за Европа за од Австрија Клаудија Плаколм и државната сектретарка за европски прашања на Словенија Нева Грашиќ порачаа дека ќе ја поддржат Македонија во разговорите со Софија. Официјална Виена се залага за квалификувано мнозинство во процесот на преговори со ЕУ, а испратено било и писмо до Европската комисија со кое се бара квалификуваното ...

Берат Јашари триумфираше на третиот турнир од предвидените четири за државното првенство на Македонија и со тоа стекна недостижна предност на табелата, резервирајќи ја петтата титула во низа, објави СФМ. Натпреварувачкиот викенд започна со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојува победа над Јашари во групната фаза. Јашари во полуфиналето каде имаше голем отпор од мотивираниот Лукревски, но кога веќе се избори за ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“ во кое, меѓу другото, зборуваше и за конфликтот во Украина. - Во јуни 2021 година, почувствував дека Путин повеќе не го сфаќа сериозно Минскиот договор и затоа сакав нов формат, тогаш заедно со претседателот Макрон, каде што ќе разговараме директно со Путин како Европска Унија, рече Меркел. Но таа тврди дека наишла на отпор. „Некои луѓе не го поддржаа. ...

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА. Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив. Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која ...

Во Милано, Италија, викендот се одржа Меморијалниот карате семинар “Хироши Шираи”. - На семинарот учествуваа над 500 каратисти од Италија, Австрија, Швајцарија, Белгија, Германија, Франција, Србија и Македонија. Семинарот беше од врвен карактер бидејќи истиот го водеа врвни карате инструктори од Италија: Фугаца, Кампари и Кардинале сите ученици на Сенсеи Хироши Шираи. На семинарот Дејан Недев имаше можност да се сретне со некогашниот голем ...

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје викендот се одиграа натпреварите од првото коло во најсилното македонско пингпонгарско натпреварување – Суперлигата. Новопромовираниот тим во лигата - 10 60 АС Ѓорче Петров беше блиску до победа во дуелот со фаворитот Телеком НЕЦ 2, но на крајот е минимано поразен. Резултати: Пелагонија – Астраион 1:4 Шампион ФА - Крива Паланка 2007 4:2 Радовиш – Младост 0:4 Крива Паланка – Вардар 4:1 Телеком Нец – АС Ѓорче ...

Поранешниот министер за одбрана на Црна Гора и поранешен пратеник на Демократската партија на социјалистите, Предраг Бошковиќ, утрово е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство, како дел од истрагата против криминална група организирана од бизнисменот Александар Мијајловиќ, соопшти обвинителството. Со одлука на истражен судија, бизнисменот Александар Мијајловиќ и поранешниот полицаец Драго Спичановиќ се притворени до 30 дена, ...

До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Амбасадата на ...

Во Бугарија има ново предупредување за обилни дождови кои повторно може да предизвикаат поплави, особено покрај Црното Море. Во петокот Бугарија се соочи со обилни дождови кои предизвикаа големи поплави. Во западните делови на земјата имало врнежи од снег поради кои беа затворени многу патишта, додека на исток, поради врнежите, беше прогласена вонредна состојба. Во околината на Бургас, поплавите однеле и три животи, од кои две лица биле ...

Во Јулиските Алпи, во подножјето на врвот Тошч во Словенија, денес продолжи потрагата по двајца хрватски планинари од вкупно тројца од кои едниот беше пронајден претходниот ден без знаци на живот. Останатите двајца по кои се трага се браќа од Каштелите, секој во триесеттите години, дознава „Слободна Далмација“ од Сплит. Полицијата од Крањ потврди дека во понеделник во седум часот наутро ја продолжила потрагата по планинари од Сплитската област, ...

Несакани сцени на насилство го одбележаа вчерашниот натпревар од Третата лига – север, помеѓу екипите на Фортуна и Пчиња, одигран во скопското село Сингелиќ. Натпреварот бил прекинат во 75. минута при резултат 1-1, откако гостинските фудбалери од Пчиња одбиле да продолжат поради брутален физички напад. Според информации од клубот, ситуацијата ескалирала откако домашната публика прво вербално, а потоа и физички ги нападнала нивните поддржувачи, ...

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. - Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи ...

Грузиското обвинителство денеска објави дека официјално покренало обвинение против петмина членови на опозицијата за повикување на државен удар и соборување на владата на денот на локалните избори, 4 октомври. Претставникот на обвинителството, Давид Гумберидзе, на прес-конференција изјави дека обвиненијата се однесуваат на повикување на насилна промена на уставниот поредок на Грузија или соборување на државната власт, како и организирање, водење ...

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА. Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати, соопшти Елисејската палата. Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот ...

Одредени се двојките за осминафиналето на Светското првенство за фудбалери до 20 години. Мундијалот се одржува во Чиле. Во осминафиналето ќе се соочат: Чиле – Мексико Аргентина – Нигерија Украина – Шпанија Колумбија – Јужна Африка САД – Италија Мароко – Јужна Кореја Парагвај – Норвешка Јапонија – Франција. Репрезентациите на Нов Зеланд, Египет, Панама, Бразил, Куба, Австралија, Нова Каледонија и Саудиска Арабија не успеаја да се пласираат во ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“. Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е „претпазлив ...

Аеродромот во норвешкиот главен град Осло рано утрово привремено ги прекина слетувањата по пријави за забележани дронови во близина. Неколку летови што пристигнуваа беа пренасочени или одложени откако пилот на норвешка авиокомпанија околу полноќ изјави за полицијата дека верува оти забележал три до пет дронови додека се приближувал кон аеродромот. Норвешките медиуми јавија дека нема потврда за присуството на дронови. Аеродромот оттогаш продолжи ...

Судирите помеѓу израелските сили и Хамас во Газа продолжија и покрај привремената пауза во офанзивните операции, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ). Иако израелската копнена офанзива во градот Газа беше паузирана во саботата, ИДФ изврши низа воздушни напади како одговор на, како што наведуваат, продолжувањето на нападите од Хамас, пренесе Тајмс оф Израел. ИДФ соопшти дека борбени авиони извршиле прецизни напади на повеќе локации – ...

Утрово најстудено е во Берово и Крива Паланка, 8 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, 10 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 9 степени во Крушево, 10 во Тетово, Виница, Куманово и Струмица, 11 во Претор, Штип, и Битола, 12 во Скопје-Петровец и Гевгелија и 13 во Демир Капија. До 8 часот наврнале и 8 литри дожд на единица површина во ...

Светскиот ден на церебралната парализа (ЦП) се одбележува секоја година на 6 октомври, со цел подигање на свеста за лицата со ова невролошко нарушување, прифаќање во општеството и истакнување на постигнувањата и достигнувањата на граѓаните кои живеат со таа состојба. Ова глобално движење, во коешто со посебни активности учествуваат најмалку 75 земји во светот, го свртува вниманието кон предизвиците во животот на лицата со ЦП и се залага за ...

Поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем. Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се два дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите, соопшти ...

Руските власти денеска соопштија дека претходната ноќ пресретнале 251 украински дрон, што е еден од најголемите напади на Киев во текот на трииполгодишниот конфликт, а особено интензивен бил во регионот на Црното Море. Од тој необично голем број, 40 дронови биле соборени над Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектирала во 2014 година, 62 над Црното Море и пет над Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана. Од почетокот на ...

Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу. Како што соопшти КИЦ, тој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи. -Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“, информира КИЦ. На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков ...

Повик

11 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
1.54
66%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.78
83%
1027
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
79%
1027
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
75%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
90%
1026
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1028
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Злато

138244.13

Кобалт

58.42

Бакар

10.77

Паладиум

4758.31

Платина

56365.91

Цинк

3.24

Родиум

256402.20

Сребро

1991.62

Калај

42.10

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88