Во затворот кај обвинетиот Џ. К. од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот. Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму. -Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму, изјави обвинетиот пред Судот. Непосредно пред почетокот на денешното рочиште таа информираше и ...

Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено ...

Сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. На денешното рочиште во судницата во Идризово, дел од нив изразија сочувство и изјавија дека го разбираат обвинението, но, сепак, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“. По паузата се очекуваат воведни зборови на одбраната. Судењето се одвива ...

Најмалку 12 луѓе загинаа, а околу 50 сè уште се водат како исчезнати откако свлечиште потопи два брода усидрени во речно пристаниште во перуанската амазонска прашума, јавија локалните медиуми. Свлечиштето потопило еден траект и сериозно оштетило друг патнички брод на кој се наоѓале десетици луѓе, се наведува во полициски извештај. Несреќата се случила вчера околу 5 часот по локално време, во момент кога патниците требало да се истоварат во ...

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево ќе има вонредна средба со тимовите задолжени за енергетската стабилност и безбедност на државата, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Средбата ќе биде затворена за јавноста и ќе се одржи во 10:30 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Одржувањето на тој состанок е во момент кога Србија чека одговор од ...

Неколку канцеларии на лидерот на малцинството во Сенатот на САД, Чак Шумер, примиле закани со бомба, изјави демократот вчера откако беше информиран од истражителите во сојузната држава Њујорк. Властите го известиле за заканите испратени до канцелариите во Рочестер, Бингамтон и Лонг Ајленд, објави Шумер на X. Електронските пораки содржеле „MAGA“ во насловот, алудирајќи на движењето на американскиот претседател Доналд Трамп „Make America Great ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Израел да се воздржи од каква било интервенција во Сирија, која би можела да ја загрози трансформацијата на арапската земја во „просперитетна држава“. Изјавата следува по упадот на израелските вооружени сили во јужна Сирија во петокот. „Многу е важно Израел да одржува силен и вистински дијалог со Сирија, за ништо да не го попречи претворањето на Сирија во просперитетна држава“, напиша Трамп ...

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. - Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје, исто така, се очекува претежно облачно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните ...

Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани денеска во Брисел ќе имаат средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Според најавите, средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувањето на предлог - одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, на Одлуката за избор на претседател, заменик на ...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и информираше дека ќе им биде доставено, а ...

Повторно ќе биде ставен во функција бродот Амбуланта во Охридското Езеро, а ќе се овозможи и поголема заштита на НП Галичица од шумски пожари преку два проекти одобрени во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка со Албанија кои имаат за цел да придонесат за заштита на природните и културните вредности.Во проектите заедно со Охрид е вклучен и градот Крушево. Според властите овие проекти промовираат одржлив регионален развој, ...

Институтот за јавно здравје информира дека бактериите биле идентификувани во брисеви од две работни површини во кујнскиот простор, што укажува на недоволно одржување на хигиената. Истата група бактерии претходно беше потврдена и во чешмите и храната во училиштето „Димо Хаџи Димов“, каде што голем број ученици развија симптоми на труење. Анализите покажале дека во останатите осум училишта вклучени во надзорот не се најдени патогени бактерии и ...

Да се задржи моделот на линеарно зголемување на пензиите со цел да се обезбеди правичност за пензионерите со најниски примања. Ова беше пораката која ја испратија група пензионери од цела Македонија, кои денеска протестираа пред Уставниот суд во Скопје. Главнатата причина за протестот, според нив, е тоа што судот поведе постапка за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите. Трајче Митев, пензионер - Сите закони, сите досега ...

После долго време ќе продолжи дијалогот помеѓу трите страни, Влада, работодавачи и синдикалците. Сите заедно на една маса најдоцна до 20 месецов ќе треба да продолжат таму каде што претходно застанаа. Меѓу клучните теми ќе биде барањата за повиска плата. Од Министерство за економија велат дека: „По однос на седница на ЕСС истата би се одржала до средината на овој месец, а најдоцна до 20 декември месецов. За истата јавноста и медиумите ...

Трети ден по поллавите кои го зафатија кочанскиот регион, сликата на терен и понатаму е лоша. Неисчистени канали, неисправна вода за пиење, поплавени домови, земјоделски површини и инфраструктура, но и нови најави за врнежи од дожд деновиве. Жителите пред камерата на 24 раскажуваат како се бореле со водената стихија, а ги повикаа и институциите да реагираат навреме и превентивно за ова повеќе да не им се случува. Градоначалникот Костадинов ...

Системот „Безбеден град“ во акција-контрола над возачите и сите учесници во сообраќајот, нема да има толеранција, денеска стартува пробниот период, а сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок. На почеток ќе се еведентира управување со возило со брзина поголема од дозволената минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола, непрописно паркирани возила... Камерите се вклучени и ќе снимаат-ќе ...

Синдикатот на вработени во скопскиот клинички центар е против моделот на министерот за здравство за реорганизација и прераспределба на медицинскиот кадар. Тоа ќе ја наруши стабилноста на здравствениот систем особено во оптоварениот медицински центар „Мајка Тереза, смета синдикатот. Дополнително го потсетија министерот за здравство дека прво треба да се спојат клиниките и наместо 30 директори со центарот да раководи еден директор и еден ...

Крајно време е трите крила во Алијанса за албанците да седнат на заедничка маса и да дискутираат на еден заеднички конгрес. Вака пратеникот Илир Демири за ТВ 24 ја коментира кратко новата ситуација откако го извести собранието дека ќе делува самостојно во своите одлуки пред се во име на граѓаните. Илир Демири Пратеник - Целта е да се обединат фракциите во Алијанса и мојата порака е дека најдоброто решение во моментот е да ја пратиме партијата ...

Од Институтот за европски политики, велат дека државите од регионот како Црна Гора и Албанија предничат, а нашат земја по година и половина има исполнети само 30 % од Планот за раст. Најкритично е во делот за човековите права и енергетиката. Имплементацијата на реформската агенда како дел од планот за раст оди бавно - согласни се од невладиниот сектор кои изнесоа низ забелешки на панел дискусијата реформскиот пат кон ЕУ. Од Министерството за ...

Ново продолжение од СДСМ во однос на тендерите, се објавија нови информации за компанијата што за само шест месеци добила државни тендери во вредност од речиси 9 милиони евра. Власта продолжува со, како што велат од партијата, „криминалните тендерски шеми“. Со низа документи и детални наводи, СДСМ објави нов скандал поврзан со државни тендери, обвинувајќи дека фирма формирана пред една година, со само двајца вработени, добила договори вредни ...

Илир Демири, пратеникот кој од викендов е најави дека ќе настапува независно, за ТВ 24 вели дека идејата му е да почне процес кој што ќе заврши со обединување на крилата на Зијадин Села, Арбен Таравари и Арбен Фетаи. „Мојата идеја е исклучиво племенита и ги повикувам сите пратеници кои се од Алијанса за Албанците, од сите крила да ми се приклучат да направиме една пратеничка група, која ќе направи Конгрес на кој ќе си решиме проблемите. ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се осврна на стратешката битка на Големата награда на Катар, каде што победи и ја намали разликата во Формула 1 шампионатот со Ландо Норис на 12 поени. Во трката од 57 круга, тимовите беа обврзани да го користат секој сет гуми не повеќе од 25 круга. Во 7. круг, несреќата на Нико Хилкенберг го донесе безбедносното возило, принудувајќи речиси целата група да го направи своето прво запирање во боксот - сепак, ...

Локалните власти на Хонг Конг денеска соопштија дека истрагата за смртоносниот пожар во кој загина најмалку 151 лице, а десетици се водат како исчезнати, покажува дека мрежата што ги покривала скелињата на зградите во реновирање не била во согласност со противпожарните стандарди. Антикорупциската агенција уапси 11 лица, вклучително директори и инженерски консултант на градежната компанија. Пожарот, кој избувна во средата минатата недела, а ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ќе се одржи во Москва во вторник, 2 декември, потврди денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Песков, исто така, истакна дека средбата е планирана за вторник попладне по локално време, пренесуваат руските медиуми. Според Песков, денеска Путин работи и учествува на состаноци без јавност како ...

Пензионери од целата држава кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска се собраа денеска пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Од пред Уставниот суд, Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите со мали пензии" и дека за тоа треба некој да ...

Кризниот штаб на општина Липково, бара итна реакција на надлежните институции за увид за лизгање на земјиштето во месноста „Кисела Вода“, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Барањата за увид и реакција се упатени до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, „Македонија пат“ и полициската станица Матечје. Кризниот штаб бара институциите да излезат на терен и да извршат увид во ...

Пет лица, државјани на Босна и Херцеговина, добија прекршочни пријави откако биле затекнати како настапуваат во угостителски објект во Кичево без соодветна работна дозвола, информираа од МВР. Акциската контрола била спроведена во текот на ноќта меѓу 29 и 30 ноември, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат. При контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициските ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75