Зголемени трошоци за гас, намален пристап до материјали за производство но и поскап транспорт е товарот од војната на Блискиот Исток што им се стави на грб на компаниите ширум светот вклучително и на странските инвестиции кај нас. Претседателот на советот на странски инвеститори Виктор Мизо вели дека, иако засега нема детална проценка за тоа како досегашните случувања ќе влијаат врз македонската економија сепак ситуацијата се следи. Според ...

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно го одложи рокот што му го постави на Иран да постигне договор или да се соочи со нови напади, велејќи дека разговорите со Техеран одат „многу добро“. Ова е второ одложување на нападите откако во саботата Трамп се закани дека ќе ги уништи електроцентралите на Иран доколку не се постигне договор. Претходно пак во четвртокот Трамп повтори временска рамка од четири до шест недели за воените операции и ...

Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на обвинителката, која го води предметот против полицајците обвинети за трагедијата во Кочани. Ивана Алексова Трајчева е досегашната обвинителка која не го доби потребното мнозинство, па сега друг обвинител допрва ќе го проучува предметот за полициското непостапување во кочанската дискотека „Пулс“. Судењето треба да започне ...

Кои се докторите кои „со помош на елискир“ работеле секој ден по 24 часа и земале и по 10.000 евра плата? Откако Премиерот вчера од собраниската говорница ги обвини дел од лекарите за злоупотреби и наплата на фиктивни дежурства – прашањето денеска – освен јавните обвинувања - што конкретно презела власта за ваквите злоупотреби? Министерот за здравство не сакаше да открие за кои здравствени работници и установи станува збор, ниту пак конкретно ...

Бројот на заболени од рак на кожа расте. Лекарите бележат алармантно зголемување на новодијагностицирани, а меѓу нив и се помлади. Голем дел од заболените од овој тип на канцер се регистрираат во источниот дел од земјава. Дерматолозите апелираат - редовните прегледи се клучни за рано да се открие или да се превенира ова малигно заболување. И додека бројката на новозаболени е во постојан пораст, здравствениот систем постојано се соочува со ...

Иако станува збор за историски чекор што носи модернизација, заштита на воздушниот простор и учество во заеднички мисии, годишнината од членството на Македонија во најмоќниот политичко-воен НАТО сојуз ги подели власта и опозицијата. Според опозициската СДСМ, местото на македонското знаме меѓу останатите членки на НАТО Алијансата е пресвртница, резултат на државничките политики на владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз – процес кој ...

27 март е светскиот ден на театарот. Овој ден е прослава за оние кои можат да ја видат вредноста и важноста на уметничката форма „театар“ и делува како повик за будење за владите, политичарите и институциите кои сè уште не ја препознале неговата вредност за луѓето и за поединецот и сè уште не го реализирале неговиот потенцијал за економски раст. Светскиот ден на театарот се слави од 1962 година, 27 март е светскиот ден на театарот. Овој ден ...

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2 процента од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 ...

Независниот синдикат на државната администрација на Македонија денеска соопшти дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој е планиран раст на платите на административните службеници во етапи со вкупното покачување кое ќе достигне 21% до 2028 година. Според договореното, платите на административните службеници во Министерството ќе се зголемуваат етапно во следните три години, и тоа 7% зголемување од 1 ...

Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран ...

Летното сметање на времето почнува викенов, ноќта сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2, ќе биде 3 часот. Тоа значи дека ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите - настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој - велат од Министерството за здравство. - Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Германија за тоа што не придонесува во напорите за обезбедување на Ормуската Теснина, велејќи дека смета оти е „несоодветно“ германските претставници да кажат дека конфликтот во Иран не е нивна војна, објави ДПА. За време на состанокот на кабинетот одржан во Белата куќа, Трамп не спомена по име кој германски претставник дал таква изјава, велејќи само дека тоа е коментар од „лидерот на ...

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напади врз објекти за производство на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана во Иран. Според соопштението, во Техеран биле погодени инфраструктура и објекти за производство на оружје, при што приоритет на нападите биле капацитетите за балистички ракети. Во западниот дел на Иран, израелските сили погодиле и лансирни системи и складишта за балистички ракети кои, како што ...

Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата. Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето. Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на пазарот на нафта и гас, а само ...

Циклонот Нарел во Австралија предизвика несреќи во две од најголемите постројки за течен природен гас во светот, соопшти енергетскиот гигант „Шеврон“. Веста доаѓа во време кога војната на Блискиот Исток доведува до нагло зголемување на цената на ова гориво. „Шеврон Австралија“ работи на обновување на производството во своите постројки за гас „Горгон“ и „Витстоун“ по прекините во производството, се вели во соопштението на компанијата. Двете ...

Во Охрид денеска ќе се одржи Петтиот интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточна Европа во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Како што најавува собраниската прес-служба, воведни обраќања на Форумот ќе има Африм Гаши, претседател на Собранието на Северна Македонија, Пере Понс, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ (кој ќе се обрати со видеопорака), Роберто Монтела, генерален секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, ...

Шеесетина средношколци учествуваа во дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, кој се одржа во претседателскиот Кабинет во организација на Советот за млади, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. Предмет на дебатата беа тешки прашања: безбедноста на младите во небезбеден свет; медиумската писменост во амбиент на информативна хиперпродукција; притисокот да се биде успешен во не секогаш ...

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашаста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и економски прашања, труд и енергетска политика, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, во прво читање, и Разгледувањето на Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за ...

Советот за регионална соработка (RCC), Светската банка и Министерството за образование и наука на Северна Македонија денеска започнаа регионална конференција за интернационализација на високото образование во Западен Балкан и Југоисточна Европа во Скопје. Во време кога образовните системи брзо се трансформираат под влијание на дигитализацијата и глобалната конкуренција, регионалната соработка станува клучен двигател на квалитетот и ...

Не чув дека некој отвори дебата во СДСМ за исклучување на Весна Бендевска или Горан Минчев-порача за 24 Анализа екс пратеникот Јани Макраули. На СДСМ и порача дека и трева и софтвер и хардвер, односно и програма и луѓе, но вели оние кои синоќа беа коптирани во партиските органи на СДСМ не се тоа. Тврди дека Владата треба да си оди, но дека за СДСМ да биде алтернатива во монентов има уште многу работа. Макрудули порача дека лидерот на СДСМ ...

На некои места во Владата има неадеквантни луѓе но генерално оценката е позитивна, вели за 24 Анализа поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска. Таа очекува Мицкоски да ја нашрави реконструкцијата како што вети. Според неа СДСМ апсолутно не е алтернатива на Владата. Марковска е децидна дека пратениците не смеат да поставуваат нарачани прашања. Тврди дека пораките на Моцкоски дп Савевски не се мешање во работата на државниот ЈО, туку случаи ...

Лишени од слобода пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од ...

По години во кои институциите не успеаја да ги тргнат од улиците, дел од стотиците говеда во кривопаланечко сами си најдоа излез – ја напуштија државата. Шест волови, кои со месеци беа игнориран проблем на терен, преку ноќ станаа прекуграничен инцидент и завршија во Бугарија, но и на насловните страници на тамошните медиуми. Наместо решение дома, случајот се решава надвор од граница. Откако биле забележани во атарот на бугарското погранично ...

Aктуелната вицегувернерка Ана Митреска и директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи, Игор Величковски се предлозите за новите вицегувернери на Народната банка. Третиот вицегувернер Фадил Бајрами има мандат до октовмри годинава. Овие предлози во собранието биле доставени на 17ти овој месец, а спикерот Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека изборот на новите вицегувернери ќе биде ставен на ...

Повеќе од 110 работници во РЕК Битола се пожалиле на здравствени проблеми и побарале лекарска помош поради симптоми на труење по консумација на оброк во фабричката менза. Тегобите ги пријавиле откако јаделе лазања со сос во мензата на комбинатот, која останува затворена откако Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат интервенираа по сомневањата за труење со храна. Од институциите информираат дека објектот ќе биде ...

„Подобро да се спречи, отколку да се лечи. За кого и да постои основано сомнение за сторен криминал, вклучително и за актуелната Влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај, не смее да има повластени“, упати апел претседателот на Влада Христијан Мицкоски до новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савевски. Вели очекувањата од државниот обвинител се големи, очекува Савевски да направи анализа и за предметот со Катица Јанева и бонусите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.69
51%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.89
73%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.12
63%
1021
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.36
58%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.48
93%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
49%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.33
46%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
46%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
0.89
67%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 28ᴼ
0.74
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Калај

50.56

Злато

131072.82