Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Русија денеска објави дека во текот на изминатата ноќ пресретнала 184 украински беспилотни летала, што е еден од најмасовните напади на Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година. Дроновите беа соборени над руските региони Курск, каде што беа неутрализирани 62 авиони, и Белгород, каде што беа неутрализирани 31, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Русија вчера објави дека пресретнала повеќе од 250 украински ...
Адвокат во Индија фрли чевел кон претседателот на Врховниот суд, Бушан Рамкришна Гаваи, откако очигледно бил налутен од неговите коментари за хиндуизмот. Ракеше Кишор го изврши нападот вчера за време на судското рочиште во Делхи, што се смета за сериозна јавна навреда и нарушување на безбедноста низ цела Индија. Тројца адвокати присутни во судницата потврдија за Би-Би-Си дека чевелот бил фрлен кон Гаваи, а еден од нив рече дека дека „го поткачил ...
Првата рунда од индиректните преговори меѓу Израел и Хамас во Египет заврши во „позитивна атмосфера“, објави утринава египетската државна телевизија. Се очекува преговорите меѓу Хамас и медијаторите во Шарм ел Шеик да продолжат подоцна во текот на денот. „Египетските и катарските медијатори работат на двете страни за воспоставување механизам за ослободување на сите заложници во замена за затвореници“, претходно објави телевизијата Ал-Кахра Њуз ...
Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври - Светскиот ден на достоинствената работа. Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното ...
Министерството за дигитална трансформација најави дека од јануари следната година целосно ќе се автоматизира пријавувањето на новороденче, информира министерот за дигитална трансформација, соопшти неговиот Кабинет. -Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, ...
Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање - 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...
Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ, изминатиот викенд освои сребрен медал и нови шест поени на олимписката ранг листа на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија. Таа поради добрата позиција на ранг листата, беше слободна во првото коло. Во второто кола ја совлада гркинката Теопула Сарванаки, светска вице-шампионка во 2022 од Мексико. Мила ја совлада Сарванаки во тесна борба со 2:1 во рунди. Во полуфиналето, Македонката ја ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цЦените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е тој кој ќе одлучи дали таа земја ќе се приклучи на Европската Унија, туку земјите-членки. Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, и истакна дека унгарскиот народ веќе ја донел својата одлука. „Не е претседателот на ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари и бележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока е 464 340 милиони денари што е за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е ...
Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години. Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. Според Светска банка, економскиот раст во ...
Членовите на кабинетот на министерот задолжен за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 Шабан Салиу, Ајдоган Демири и Љубица Томиќ, учествуваа на Шестиот министерски состанок за интеграција на Ромите, одржан во Тирана, Албанија, посветен на партнерствата од Западен Балкан и на спроведувањето на обврските од „Познанската декларација“ во рамки на процесот на проширување на Европската унија. Настанот, како што се вели во ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. - Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за ...
Ана Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија вечер во Битола ќе одржи концерт со наслов „Бајка“ на кој ќе настапи заедно со битолскиот Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на концерот информираа дека на програмата ќе бидат застапени делот „Чукни и влези“ од Мартинов и „Писма од пријателите“ на Канчели. Како ...
Во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на Здружението Икуалити, која преку 32 портрети на лица со попреченост треба да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. Патувачка изложба, според организаторите, претставува културна мисија, која ќе ја промени перцепцијата на општеството за лица со попреченост и ќе ги ...
Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 77.017.392 денари (околу 1.250.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во септември. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки во септември: Доверба изградена со години Видеолотарија Касинос Австрија веќе повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во ...
Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. - Девет банки веќе се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери ...
Војната во Украина можеше да заврши одамна доколку Европската Унија вложеше толку енергија за постигнување мир колку што троши на поддршка на конфликтот, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо. Во изјава за словачкиот јавен радиодифузер СТВР, тој кажа дека целта на неговата влада е што побрзо да го заврши конфликтот во Украина. - Оваа војна требаше да заврши одамна. Зошто сè уште трае? Затоа што некој ја поддржува. Оваа војна можеше да заврши три ...
Во Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип. Како што најавуваат од Националниот џез оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип, заедно ...
На втората годишнина од масакрот на 7 октомври извршен од исламистички терористи во Израел, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика страните да ја прекинат војната во Газа, хави ДПА. „Ставете крај на непријателствата во Газа, Израел и регионот веднаш“, рече Гутереш во денешното соопштение. Тој рече дека најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп нуди можност за ставање крај на конфликтот. „По две години траума, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит изјави дека Трамп очекува брзото ослободување на преостанатите заложници за да се создаде моментум за другите делови од планот. - Сакаме да постигнеме брз напредок по ова прашање и претседателот сака заложниците да бидат ослободени што е ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток и за судирот во Појасот Газа, соопшти Кремљ. Путин и Нетанјаху разговараа и за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Рускиот претседател го потенцирал ставот на Москва за сеопфатно решение за палестинското прашање врз основа на меѓународното право. Двајцата лидери ...
Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“. - Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја истакнува итната потреба Албанија да ја зголеми безбедноста на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. -Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку. -И затоа ја поддржуваме Украина, објасни Мерц, додавајќи дека е во интерес на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...
Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово. Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании.Јсп попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, велат приватните превозници. Приватните превозници во петокот побараа ...
Нови превирања во Стоматолошката комора откако Министерството за здравство и ги одзеде ингеренциите за лиценцирање Уставниот суд ги поништи мандатите на претседателот на Комората Маријан Денковски и 51 делегат во Собранието на Комората, по што тие престануваат да бидат легитимни претставители на СКМ. Стоматолозите кои застанаа зад оваа тужба го обвинија Денковски за незаконити дејствија и злоупотреба на ресурсите на Комората. Денковски во ...
Високо ниво на забранет пестицид метомил, кој е токсичен за луѓето е пронајден во македонски зеленчук извезен во Хрватска. Загрепските медиуми објавија дека се работи за свежи црвени пиперки за ајвар. Европскиот орган за безбедност на храната информира дека здравствениот ризик бил сериозен. хрватски медиум Даница.хр - Анализите покажале дека во македонските пиперки за ајвар имало 0,049 милиграми на килограм метомил. Инспекторите наредиле ...
Дали министерството за внатрешни работи е ставено во функција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поради партиските состаноци на кои присуствуваат министерот Панче Тошковски, но и началници прашуваат од опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче и денеска го праша министерот Тошковски дали МВР е независна институција која треба да ја работи својата работа или да се занимава со партијата и политиканство. На ова на Филипче му возвратија и од ...