Австралија почна да ја враќа контролата врз гигантите на социјалните медиуми со нови закони што им забрануваат на децата под 16 години да ги користат платформите, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе. - Ова се случува првпат во светот. Австралија покажува дека е доста. Станува збор за тоа нашите семејства да ја вратат контролата, рече Албанезе во говорот по повод стапувањето во сила на ограничувањата. Американската компанија Мета ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје че биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ...

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и граничен премин Богородица. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Досега ...

Фантастични 9.389.545 денари – толку изнесува првиот празничен РОЈАЛ ЏЕКПОТ што го освои Ф.П. од Струмица за совршен почеток на 2026 година! За Ф.П. празничната магија започна предвреме. Тој е првиот среќен ВЛТ играч кој ја освои оваа извонредна, празнична добивка, додека се забавувал со пријателите. Досега имал само помали добивки, па ова претставува негово прво големо добитно изненадување. Возбуден и пресреќен, ни откри дека со освоените ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница констатира престанок на функцијата јавен обвинител на Мустафа Хајрулахи, поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Бидејќи самиот Хајрулахи побарал да му престане функцијата, членовите на Советот денеска само го констатираа нејзиниот престанок, без никаква претходна дискусија или гласање. Инаку, Хајрулахи беше суспендиран од функцијата и од позицијата шеф на скопското Вишо јавно ...

Инфлацијата во ноември продолжи да расте. Според Државниот завод за статистика, цените се повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани, а за еден месец, од октомври до ноември, трошоците пораснале за 0,5 проценти. Ценовниот притисок најмногу доаѓа од транспортот, каде што трошоците скокнале за 1,7 проценти. Поскапеле и рекреацијата и културата за 0,9%, храната и безалкохолните пијалаци за 0,7%, а мебелот и покуќнината за 0,5%. ...

Повеќе пари за пензии и плати во јавниот сектор носи новиот буџет како и зголемување на капиталните инвестиции вели министерката Кочоска Димитреска која најавува и над 40 милијарди денари – за инфраструктура, енергетика, железница, земјоделство, образование и здравство, со фокус на коридорите, енергетските капацитети и нови производствени погони. Денеска започна расправата која ќе трае пет дена за истиот да се донесе до крајот на годинава. ...

Украина подготвува ревидиран мировен план за завршување на војната со Русија, кој ќе го презентира пред Белата куќа, во обид да избегне територијални отстапки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски е дециден дека нема да го награди Путин за војната. Вели дека е подготвен за разговори, но само во рамките на меѓународното право и правото на самоодбрана. Володимир Зеленски – претседател на Украина „Русија инсистира да се откажеме од ...

Десетици повредени лица, меѓу кои едно потешко, а стотици домаќинства се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот силен земјотрес во североисточна Јапонија. Поголемиот дел од повредите биле предизвикани од паѓање на предмети, соопшти Агенцијата за пожари и природни непогоди, додека локалните власти ја потврдија и појавата на цунами со бранови високи до 70 сантиметри, што дополнително ги загрижи жителите на ...

Солзи, емоции барања одговорност, но и прашања до премиерот и државниот врв како тие би се однесувале доколку би се нашле во една таква ситуација но и кој ќе понесе одговорност за настанот во дискотеката Пулс во Кочани. Дел од родителите и семејствата со клучни прашања и пораки. Системот ни ги уби децата овде сме да ги спасиме и идните генерации. Расправата во законодавниот дом одеше во насока на тоа дали Апасиев воопшто треба да ја води ...

Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не гледа потреба од анкетна комисија за кочанската трагедија додека трае судскиот процес. Според него, треба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци од истрагата и оцени дека две паралелни постапки не е целисходно да се водат во овој момент. Коцевски потенцираше дека истрагата која ја водеше обвинителството била доста сеопфатна, со ангажирани многу јавни обвинители, кои донеле ...

Владата го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поради како што соопштија направени крупни професионални грешки при раководење на јавното обвинителство. Од Владата велат дека сериозно е нарушен интегритетот на јавното обвинителство. Предлогот треба да биде пратен до Собранието. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска посочи дека тој нема сторено никаква дисциплинска повреда и вели неговото ...

Додека британските медиуми тврдат дека Скопје и Лондон „крчкаат“ договор за центар за враќање на мигранти во земјата, Мицкоски дециден – ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија. Шпекулации, салта и гимнастики , порача премиерот Мицкоски, за обвинувањата на опозицијата и најавата на британските медиуми дека од месец септември, во ек се разговори со македонската влада и дека Македонија е меѓу малкуте земји кои активно преговараат ...

Антикорупциска веќе има предмет за фирмата со двајца вработени за која опозицијата обвини дека добила тендери вредни 9 милиони евра. Првиот антикорипционер Адем Чучуљ кажа дека предметот е оформен по пријава на СДСМ која минатиот месец објави документи - со кои тврдеше дека преку криминални шеми и тендери власта пумпала народни пари. За новата новата бомба на СДСМ пак - за семејната фирма на Томовски ДКСК по сопствена инцијатива ќе одлучува ...

Потпишани се многу Меѓународни декларации, голем број на закони, и покрај сите декларативни залагања на чинителите за борба против корупцијата сведочиме дека во Македонија таа цвета. Со пораката приклучи се и ти во борбата против корупцијата повлечи црвена линија се одржа конференција посветена на 9 ти декември денот за борба против корупцијата. Македонија има потреба од повеќе истраги, постапки за да покажат дека никој не е над законот. ...

Лекарите да ги насочуваат пациентите во соодвтените лаборатории кои во тој момент нудат услуга за проверка на тумор маркери, за да не лутаат од едно до друго место. Така, ќе се подобри начинот на кој се користат овие анализи при следењето на здравствена состојба кај пациентите, порача директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на денешниот брифинг со новинарите. Клековски рече и дека клучен момент во подобрување на ...

Милош Гавриловиќ е нов селектор на македонската женска одбојкарска репрезентација. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи одбојкарките. Договорот е на две години, со можност истиот да биде продолжен. Гавриловиќ ја превзема функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во изминативе четири години. Србинот ...

Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати денеска оствари средба со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на Муцунски, ги потврдија одличните билатерални односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебен акцент беше ставен на економијата, трговијата и ...

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок. Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град ...

Во Србија од денеска е достапна онлајн Националната платформа што следи цени во малопродажните синџири. Националната платформа е поместена на сајтот на Министерството за внатрешна и надворешна трговија, а граѓаните можат на неа да ги видат сите цени. Националната платформа со ценовници на трговските синџири се применува согласно „Уредбата за посебни услови за тргување со одредени видови стоки“, јавно наречена „Уредба за ограничување на ...

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. -Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук. На средбата присуствуваа и министерот за ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги. Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска – Давкова, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што ...

Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, како што истакнува Гаши, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони. -Борбата против корупцијата бара култура на ...

Нивото на водата во Дојранското Езеро е 102 сантиметри под договорениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Под просекот за месец декември е и водостојот на Преспанското Езеро, кој се наоѓа 4 сантиметри под апсолутниот појавен минимум. Според денешните мерења регистрирано е покачено ниво на повеќе реки во земјава. Зголемување има кај реката Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. ...

Со цел побезбедни празници - да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки ...

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и Турција, грчките земјоделци продолжуваат со протестите, планирани се нови затворања на границите во текот на денешниот ден, а во градот Ираклио на грчкиот остров Крит аеродромот беше затворен до рано утрово и беа откажани низа летови, јави дописничката на МИА од Атина. Како и во изминатите денови, така и денеска, граничниот премин ...

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски викендов оствари исклучително успешно деби на престижната сцена на „Театро Колон“ во Ла Коруња во Шпанија, каде што настапи во улогата на Аркел од операта „Пелеас и Мелисанда“ (Pelléas et Mélisande) од Клод Дебиси. Шпанските критичари едногласно го истакнаа неговиот настап како еден од централните моменти на вечерта. Угледниот „Scherzo“ го оцени како „цврст и впечатлив Аркел“, „Ópera Actual“ го ...

Екипата на Крива Паланка е есенски шампиони најсилната македонска лига – Супер лигата, откако забележа две победи во осмото и деветтото коло. Резултати 8.коло: Крива Паланка - Крива Паланка 2007 4:1 Телеком НЕЦ 2 - Радовиш 4:1 Вардар - Астраион 0:4 Пелагонија - 10 60 АС Ѓорче Петров 4:1 Шампион ФА - Младост 96 4:2 Резултати 9. коло: 10 60 АС Ѓорче Петров - Шампион ФА 3:4 Астраион - Крива Паланка 1:4 Крива Паланка 2007 - Пелагонија 1:4 Младост ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
85%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
71%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Злато

157055.75