Машката македонска репрезентација подготовките за ЕП 2026 година ќе ги стартува на 22.декември за кога е закажан првиот собир. Избраниците на селекторот потоа заминуваат за Пореч, Хрватска каде ќе тренираат заедно со хрватскиот тим, а планиран е и еден контролен дуел на крајот од подготовките. По враќањето ќе се тренира во Скопје до заминувањето за Винтертур, Швајцарија каде македонската репрезентација од 8-10.јануари следната година ќе биде ...

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години ќе дел од завршниот круг на квалификации за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина. Националниот тим предводен од Кирил Изов, кој неодамна избори пласман во елитната конкуренција. Според календарот турнирите ќе се играат во периодот од 25 февруари до 7 март или од осми до 18 април, а домаќините дополнително ќе бидат одредени. КВАЛИФИКАЦИИ ...

Речиси три четвртини од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Европската Унија, а во исто време поддршката за еврото и за заедничката европска одбрана и безбедност е на највисоки нивоа забележани досега, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар „Есен 2025“. Според овие резултати, 74 проценти од Европејците изјавиле дека нивната земја имала корист од членството во ЕУ, 21 отсто се на ...

Светската здравствена организација (СЗО) категорично ги отфрли тврдењата на американската влада кои сугерираат можна врска помеѓу вакцините и аутизмот. Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините во извештај објавен денеска изјави дека ги разгледал сите релевантни студии од последните години и дошол до јасен заклучок. - Вакцините не предизвикуваат аутизам, резимираше генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги обвини европските поддржувачи на Украина дека вршат притисок врз САД за безбедносни гаранции како дел од тековните дискусии за ставање крај на војната. Повикувајќи се на извештаи за разговори меѓу европски и американски претставници, Лавров рече дека Европејците се обидуваат да го принудат Вашингтон да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, игнорирајќи ги безбедносните интереси ...

Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а одговорот на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Одговорот во такво сценарио ќе биде суров. Рускиот претседател Владимир Путин детално зборуваше за тоа за време на прес-конференцијата на 27 ноември оваа година по неговата државна посета на Киргистан и учеството на самитот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери го сакаат „истото“ за Украина со „праведен и траен“ прекин на огнот, истакна британскиот премиер Кир Стармер, додека продолжуваат мировните напори околу планот предводен од САД за прекин на војната со Русија. Стармер рече дека има „голем број прашања што сè уште треба да се решат“, но ги отфрли сугестиите дека неговиот оптимизам е ослабен пред да претседава со денешниот телефонскиот ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат информира дека кај Демир Капија е намалена видливоста до 50 метри поради магла. На ...

Судовите во државава се соочуват со огромен недостиг на персонал, фалат референти, дактилографки и стручни соработници, а вработените се принудени да извршуваат задачи повеќе од тоа што треба да го сработат, велат од УПОЗ. Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатливо, Судиите и административците се уште не ја земале ноемвриската плата, можен е прекин на работата. Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од ...

Доцнат парите за најранливата категорија граѓани. Се уште нема исплата за социјална помош, детски додаток, социјална пензија, туѓа нега, но и за сите додатоци за луѓето кои се на работ на егзистенција. Граѓаните лично во центрите за социјални работи и Фондот за здравсто - бараат одговори за проблемот, но службите велат ни креваат раменици. Вријат и социјалните мрежи. И официјалната Фејсбук страница на Министерството за социјална политика ...

Македонските јавни претпријатија работат со длабок минус. Над 55 % од нив 2024 година според завршните сметки се со загуба. Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Центар за граѓански комуникации - Загубите на локалните јавни претпријатија во 2024 година се зголемени во однос на 2023 година дури за 56 %, односно за 6,2 милион евра. Во ...

По емитувањето на прилогот на ТВ24 за ул. ,,Прилепска" во Охрид истата почна да се чисти, израмнува и тампонира а од општината велат дека во наредните месеци ќе се пристапи и кон целосно асфалтирање. ,,Ја информираме јавноста дека екипите на општинските јавни претпријатија се на терен на улицата "Прилепска",каде поради интензивните врнежи од дожд, во текот на изминатите неколку седмици се насобра значителна количина на наноси од кал и вода, ...

Падна владата во Бугарија – притисокот од протестите и буџетскиот крах го урнаа Жељазков. Бугарскиот премиер денеска даде оставка, откако опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата, за која се гласаше во парламентот. Жељазков ја најави оставката пред гласањето. Росен Жељазков премиер на Бугарија - Не се сомневаме дека гласањето за недоверба нема да биде успешно. За нас, одлуките на Националното собрание имаат смисла кога ја ...

Во судницата во КПУ Идризово продолжи судењето за пожарот кој се случи во март годинава во „Пулс“ Кочани, со воведни говори на одбраната на обвинетите службеници од министерството за економија и пазарни инспектори. Според одбраната на службениците од министерството за економија, истите по закон немаат надлежност за проверка на угостителски објекти туку ја проверуваат документацијата. Дел од адвокатите посочија дека канцелариски службеници не ...

Искрши две врати и почна да се заканува дека ќе не убие, фрлаше со чаши и прашуваше кој сум јас да го навредувам премиерот. Нападот не е врз „Инфомакс“ туку врз секој оној кој сака да го каже она што мисли. Вака, новинарот и главен уредник на портаолот „Инфомакс“, Александар Митовски во изјава за Телевизија 24 го раскажа нападот во нивната редакција кој се случи синоќа додека имаа емисија во живо. Александар Митовски, новинар и уредник на ...

Ја чека ли Македонија српско сценарио откако опозицискиот лидер Венко Филипче денеска со поостар тон кон премиерот Мицкоски но и владата го адсресираше ова прашање повикувајќи се на серијата актуелни настани . Го праша Мицкоски зошто ако не планира да донесе мигранти, во собранието неговите пратеници не даваат поддршка на резолуцијата со која СДСМ како што вели сакала да го спречи влезот на мигрантите кои според информациите кои доаѓаат од ...

Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска официјално пристигна во Собранието. Од законодавниот дом засега велат дека дополнително ќе информираат кога оваа точка ќе се најде на пленарна седница. Со тоа се продолжува постапката што Владата ја поведе уште во февруари, но беше сопрена, прво по трагедијата во дискотека „Пулс“ во Кочани, а подоцна и поради законските ограничувања во предизборниот период. ...

Со многу неизвесност и очекување, пред полна сала, а меѓу публиката и дел од директните учесници на наградените филмови со кои се доделени наградите на 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм, се вели во соопштението од МКЦ, што МИА го објавува интегрално. „Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни филмски режисери чии дела имавме чест да ги гледаме. Секој филм носи силен авторски глас и се ...

Американскиот бизнис магазин Форбс ги објави заработките на возачите во Формула 1 за 2025 година земајќи ги предвид платите и бонусите. Макс Верстапен од Ред Бул го освои првото место со 76 милиони долари, додека Луис Хамилтон од Ферари беше втор со 70,5 милиони долари. Новиот шампион Ландо Норис од Мекларен заврши трет на ранг-листата (57,5 милиони долари). Изданието објавува дека Британецот добил 39,5 милиони долари бонуси, вклучувајќи 10 ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација денес ги дозна противниците во Европската лига 2026. Ривали на македонските одбојкарки ќе бидат селекциите на Португалија и Унгарија. Изданието на Евро-лигата 2026 добива и нова тежина, односно ќе биде дел од квалификацискиот процес за Европското првенство 2028, a натпреварувачкиот систем не претрпе некои посериозни промени. Новитет е дека нема веќе поделба на Златна и Сребрена, туку има една ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека САД ќе останат посветени на колективната безбедност на своите сојузници во рамките на Алијансата, и покрај новата Национална безбедносна стратегија (НСБ). „Кога ја гледам НСБ, јасно е наведено дека САД се посветени на Европа со цел да ја обезбедат нејзината безбедност. САД се посветени на НАТО. Исто така, за да се обезбеди безбедноста на целиот Северноатлантски сојуз, неопходна е тесна ...

За време на вчерашниот протест во Софија, од страна на Софиската дирекција на внатрешни работи (СДВР) приведени се 57 лица со мерка задржување до 24 часа. Дополнително, покрената е истрага за дрога, а идентификувани се и 22 постари малолетници (до 18 години) и две малолетни лица (до 14 години), соопшти директорот на СДВР, главниот комесар Љубомир Николов. Од приведените лица, 24 се веќе регистрирани за различни кривични дела како што се ...

Европската комисија соопшти дека денеска донела одлука за покренување постапка против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија, поради несоодветна усогласеност на бугарското законодавство со Директивата на ЕУ за јавни набавки. Комисијата смета дека бугарското законодавство моментално исклучува одредени медицински установи во приватна сопственост од правото за учество во јавни набавки, дури и во случаи кога над 50 отсто од нивното ...

Со осум гласа „за“ Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска одлучи на Собранието да му го предложи Аљбан Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, за нов член на Судскиот совет. Кадриу беше предлог на претставникот на коалицијата Вреди во Собранието Беким Ќоку. Членовите на Комисијата не го прифатија предлогот на пратеничката група на Европскиот фронт Арбен Исаку да биде нов член на Судскиот совет, што го ...

Во штипскиот Основен суд денеска повторно е одложено судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, кој е обвинет дека на 8 август во семејниот дом ја убил својата мајка. Судечкиот судија, Сашко Георгиев рече дека причина за одлогањето е здраствената состојба на обвинетиот. -Во 10:20 часот од Затвор Куманово, каде издржува мерка притвор обвинетиот Стојанче Зарков, се јавија и го известија Судот дека се пожалил на здравствени ...

Во Собранието денеска пристигна предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За натамошната процедура, од Собранието најавуваат дека ќе информираат дополнително. Постапката за разрешување на Коцевски, која беше запрена по трагедијата во Кочани, а привремено стопирана во изборниот период, продолжи со Одлука донесена од страна на Владата. Владата на завчерашната седница го усвои Предлогот за разрешување на државниот ...

Британската писателка Софи Кинсела - светски позната по популарниот серијал романи „Шопингхоличарка“ - почина на само 55 години, а веста за нејзината смрт ја потврди семејството. На Кинсела, чие вистинско име е Мадлен Софи Викам, во 2022 година ѝ беше дијагностициран агресивен тумор на мозокот. Во соопштението објавено на нејзиниот Инстаграм-профил, семејството наведува дека писателката починала спокојно, покрај своите најблиски. Семејството ...

Објавена е книгата на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози „Дневникот на еден затвореник“. Мемоарите го опишуваат престојот на 70-годишниот поранешен француски претседател како затвореник број 320535 во ќелијата 11 во затворот Санте во Париз, каде што поминал речиси три недели откако бил осуден на пет години затвор по обвинение за нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од страна на покојниот ...

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на А.М., водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата. Подоцна било утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72