Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
При терористички напад што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, татко и син убија 16 лица. Според информациите, еден од загинатите е и фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам. „Со екстремен шок и тага соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември ...
На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, Џудо федерацијата на Република Северна Македонија оствари историски успех, добивајќи две високи европски признанија, соопштија од ЏФСМ. Федерацијата беше официјално прогласена за „Најдобар европски организатор за 2025 година“, за исклучително успешната организација на Европското првенство за кадети и EYOF, реализирани со врвен професионализам, прецизност, одличен менаџмент ...
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер ...
По неодамнешните случаи во Романија, во Хрватска е потврден еден увезен случај на лепра (Хансенова болест), соопшти Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ). Заболеното лице веднаш ја добило пропишаната антибиотска терапија, а сите блиски контакти се навремено идентификувани и вклучени во програм за надзор и хемопрофилакса. Надлежните институции нагласуваат дека не постои закана за јавното здравје. Од ХЗЈЗ информираат дека лепрата денес е ...
Локалните медиуми ги објавија имињата на двајцата напаѓачи врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, во Австралија, наведувајќи дека нападот го извршиле Саџид и Навид Акрам, татко и син, објави Би-Би-Си. Таткото (50) е убиен на лице место, додека синот (24) е во болница, во критична состојба, откако вчера попладне по локално време извршија вооружен напад на плажата Бонди и убија 16 лица кои го славеле еврејскиот празник Ханука, ...
Најмалку 21 лице го загубија животот, а 32 се повредени во поројните поплави што вчера ја зафатија крајбрежната покраина Сафи во Мароко, 330 километри јужно од Рабат, објавија мароканските власти, пренесоа француските медиуми. Британските медиуми пренесоа дека во рок од само еден час наврнало доволно дожд за да ги предизвика ненадејните поплави. Околу 70 куќи и продавници беа поплавени, а поројот однесе десетина автомобили и отсече многу ...
Украина е подготвена да се откаже од инсистирањето за членство во НАТО доколку САД и европските партнери понудат доволно безбедносни гаранции како дел од преговорите за мировниот договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Фајненшл тајмс. „Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД - по модел сличен на Член 5... како и гаранции од нашите европски партнери и од други земји како што се Канада, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата вечерта направи остра паралела помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер, предупредувајќи дека амбициите на Кремљ нема да застанат на Украина, пишува Политико. Зборувајќи на партиската конференција на Христијанско-социјалната унија во Баварија, која е тесно поврзана со неговата Христијанско- демократска унија, Мерц потсети на историскиот договор со кој сојузниците му ја предадоа ...
Израелскиот Национален совет за безбедност - НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен НСЦ во соопштение објави дека „двајца терористи отвориле оган врз семејствата што пристигнуваат на прославата на Ханука што ја организира еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија“. ...
Хосе Антонио Каст победи на вчерашните претседателски избори во Чиле, искористувајќи ги стравовите на гласачите од зголемувањето на криминалот и миграцијата, а политиката на јужноамериканската земја сега е во најостриот пресврт кон десно од крајот на воената диктатура во 1990 година, јавија британските медиуми. Каст обезбеди убедливи 58 проценти од гласовите во вториот круг пред левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 проценти и ...
Без вода се неколку улици на скопската територија поради скината цевка, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. Прекинато било водоснабдувањето на корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Хашка“, „Осло“, „Љубица Ѓеорѓиева“, „Урош Џудовиќ“ и на дел од „Женевска“ во Општина Карпош. Како причина, наведено е пукната цевка од страна на приватна фирма. Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде ...
30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа кој е осомничен за примање поткуп. Притворот е определен по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата. Според информациите од Обвинителството и МВР, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра за ...
Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР. Во утринските и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална ...
Случаен минувач кој интервенирал и успеал да разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди во Сиднеј доби пофалби од светски лидери, меѓу кои и од американскиот претседател Доналд Трамп, како и од милијардерот и хеџ-фонд инвеститорот Бил Акман, кој најави програма за наградување херои од заедницата. На видео што кружи на социјалните мрежи, се гледа како еден од напаѓачите стои покрај дрво и пука. На неколку метри од него, човек во седечка ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3. Според досегашните податоци со кои ...
Шпанскиот трилер „Пиги“ на режисерката Карлота Переда вечер ќе биде прикажан во Кинотека. Проекцијата на филмот се реализира како соработка на Кинотека и Амбасадата на Шпанија во нашата земја. - „Пиги“ е маестрален спој на психолошки трилер и хорор, создаден врз основа на наградуваниот краток филм на Переда од 2018 година. Филмот храбро ги отвора темите на телесната стигма, малтретирањето и траумата, градeјќи атмосфера натопена со напнатост, ...
Најновиот развој на настаните поврзани со руската воена агресија врз Украина, односите меѓу ЕУ и Кина и ситуацијата на Блискиот Исток, ќе бидат главни теми на заседанието на Совет за надворешни работи на ЕУ, со кое ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе започне со размена на мислења со нивниот украински колега Андриј ...
Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија. „Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени. Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати. Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на ...
Ракометарите на ГРК Охрид вчеравечер го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17. коло на ракометната Супер лига. Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид го надигра гостинот од Битола и сосема заслужено стигна до двата бода. Три гола во победничкиот тим постигна Томислав Јагуриноски. - Многу тежок натпревар. Во еден момент водевме со многу разлика. Сепак, морам да ...
Ракометарките од Норвешка го освоија златниот медал на Светското првенство 2026. Во финалето вечерва во Ротердам, Норвежанките ја победија Германија со 23:20 (11:11). Норвешка е сопственик на сите три злата од најголемите натпреварувања, Олимписки игри, Европско првенство и Светско првенство. Германките стигнаа до медал на Мундијал, прв од 2007 година. Голманката Катрин Лунде со 15 одбрани, како и Хени Рајстад со шест и Тејл Дејл со пет гола ...
Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундеслига. Тимот од Минхен постави нов рекорд по ефикасност во Бундеслигата. Претходно не се случило некој тим да стигне до 50 погодоци по само 14 рунди. Во 14 натпревари од Бундеслигата, Баерн постигна 51 гол, а прими 11. Тие имаат 38 бода и се први на табелата. За споредба, во сезоната 2024/25, Баерн постигна 42 гола во 14 ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди како „чин на чисто зло“, бидејќи полицијата потврди дека најмалку 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, загинаа во вчерашниот напад, пренесе ДПА. Две вооружени лица отворија оган врз семејства на плажата во Сиднеј на првиот ден од еврејскиот фестивал Ханука. Во нападот загинаа најмалку 16 лица, вклучувајќи и еден од напаѓачите, а 40 беа ...
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Австралија за време на прославата на еврејскиот празник Ханука се искачи на 16, вклучувајќи и едно дете, изјави министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк. Тој изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека меѓу жртвите е и еден од двајцата напаѓачи. Тој истакна дека 38 лица повредени во нападот се уште се во болница. Полицијата претходно соопшти дека еден од осомничените напаѓачи е убиен, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди вчерашниот вооружен напад на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот. Две вооружени лица отворија оган за време на прославата на првата ноќ на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи најмалку 16 лица, посочија австралиските власти, во намерен ...
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. ...
Декемврискиот Самит на ЕУ предвиден за 18 и 19 декември, постепено укинување на увозот на руски природен гас и плановите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Во рамките на оваа последна сесија на ЕП оваа година ќе биде доделена и наградата за слобода на мислата „Сахаров“ за 2025. Седницата ќе започне со дебата за иницијативата за покренување амбициозна ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти ...
Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино- Градско и Неготино - Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување ...
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце. Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. - Со Предлогот на закон на изменување и дополнување на Законот за јавните патишта се врши негово прецизирање, дополнување и дополнително усогласување со новите европски регулативи ...