Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Опозициската партија го осуди инцидентот, изрази загриженост и ги повика МВР и Јавното обвинителство веднаш да реагираат, да ги идентификуваат сторителите на овој, како што велат, атентат, да ги приведат и да ги изведат пред лицето на правдата Демократската унија за интеграција (ДУИ) го нарече варварски и чин на насилство инцидентот во Куманово од попладнево, во кој е застрелан носителот на советничката листа на партијата во Општина Липково. ...
„Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До шест пати пониски трошоци за граѓаните. До осум пати пониски трошоци за компаниите“, изјави гувернерот на НБРМ Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, го оцени денешниот ден за историски откако, како што рече, се направени првите трансакции преку Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). „Денес ...
Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека 43-годишникот е пренесен во Скопје, но дека е надвор од животна опасност Повредениот од денешното пукање во Куманово бил донесен во кумановската болница со четири прострелни работи во пределот на левата подлактица и десното колено. Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека мажот е пренесен на скопските клиники, но дека е надвор од животна ...
Во текот на вчерашниот ден се извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за згрижување на стари лица, а денеска е направена проверка на уште две поврзани локации Извршени се претреси во старски домови на неколку локации низ Скопје поради сомненија за нехуман третман за стари лица, информираат денеска од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за акцијата што ја спроведуваат во координација со Министерството за ...
Од Обвинителството посочуваат дека првичните индиции за оружениот напад не упатуваат на политички мотиви Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија во врска со оружениот инцидент во Куманово во кој од возило во движење било пукано кон едно лице, информираат од Обвинителството. Како што претходно објавивме, повредениот е З. Ш. (43) од с. Слупчане, општина Липково. Според ...
Како што информираат од Управата, царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември откриле 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што се запленети речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Над илјада парчиња часовници со потписи на трговските марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит ...
Според информациите на Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково. Од кумановската болница за Телма потврдиле дека Шаини е префрлен на скопските клиники Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. Како што соопшти МВР, повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, ...
По повод 7 Октомври – Светскиот ден на достоинствената работа, од Сојузот на синдикати на Македонија посочуваат дека нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства Платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и затоа нивното зголемување е итно и неопходно – велат од Сојузот ...
Единаесет градски противпожарни служби биле испратени на местото на настанот. На тројца работници им била укажана медицинска помош, еден бил однесен во болница со скршена нога, додека други двајца претрпеле полесни повреди Зграда во изградба денеска се урнала во самиот центар на Мадрид. Според првичните информации, најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи трагаат по уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под ...
Повредите на младите девојки им биле констатирани во локалната Општата болница, додека увид на местото на несреќата извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово Деветнаесетгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Куманово-Скопје, откако возилото марка „јагуар“ во кое била сопатничка излетало од коловозот. Несреќата се случила вчера претпладне, а со „јагуарот“, како што информираа ...
Според полицијата, обезбедувањето во судот не презело никакви мерки за физички претрес на осомничените, иако уредот за скенирање (детектор) сигнализирал присуство на метал кога тие влегле во судницата Тиранската полиција уапси три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја, кој беше смртно затрелан при вршење на својата службена должност за време на седница на Апелациониот суд во Тирана, пренесуваат албанските медиуми. Според ...
Вистината, според СДСМ, кој се повикува на информации во медиумите, е дека половина од раководството на владејачката партија води фирми во Бугарија и на тој начин ја финансираат партијата Измислени приказни со кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го покрие срамот и лицемерието на партијата. Вака Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) му одговори на пратеникот на владејчката партија, Бране Петрушевски, кој денеска преку серија прашања сугерираше ...
Со конгресниот центар, според кандидатката за градоначалничка од редовите на СДСМ, Скопје би станал домаќин на големи меѓународни конференции, научни и професионални собири и културни настани, отворајќи го главниот град кон светот и ставајќи го на мапата на конгресни дестинации. Со проектот за нов скопски саем, пак, како што рече, Гази Баба ќе добие нова стратегиска позиција како регионален центар за бизнис, иновации и туризам Изградба на ...
Меџити во своето обраќање истакна дека Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина каде што, како што рече, секојдневниот живот на граѓаните ќе биде полесен и поквалитетен. Според него, најголемата инвестиција во историјата на Чаир ќе се реализира во областа на паркирањето, со конкретни проекти што ќе го олеснат животот на жителите Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, денеска на прес-конференција го ...
Наградата носи паричен надоместок од 11 милиони шведски круни или еден милион долари Нобеловата награда за физика годинава им припадна на тројца научници од Соединетите Американски Држави (САД) за нивните револуционерни откритија во областа на квантната механика, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките, а пренесува Си-ен-ен. Тројцата научници, Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис ќе ја поделат наградата за откривање на ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски дополнително праша и дали ова бил „дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС – логистичка, финансиска и во секоја смисла“ Откако викендот излезе со тврдења дека поранешниот претседател на СДСМ и експремиер, Зоран Заев добил „куферчиња пари од поранешен премиер на Бугарија“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска упати нови обвинувања кон екслидерот на социјалдемократите, ...
Трамп ја нарече Тунберг (22), демонстрантка против климатските промени, која неодамна беше уапсена на брод кој беше дел од флотилата што се обидуваше да ја пробие блокадата на Газа, луда и проблематична личност на која ѝ треба помош за проблемите со агресијата Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп, кој „ја советуваше“ да побара помош за нејзините проблеми со агресијата, велејќи му дека и тој ...
Трамп ја нарече Тунберг (22), демонстрантка против климатските промени, која неодамна беше уапсена на брод што беше дел од флотилата што се обидуваше да ја пробие блокадата на Газа, луда и проблематична личност на која ѝ треба помош за нејзините проблеми со агресијата Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп, кој „ја советуваше“ да побара помош за нејзините проблеми со агресијата, велејќи му дека и ...
„Со оваа интервенција ќе се обнови целиот речен појас, ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини. Серава ќе стане чиста, безбедна и достапна зона што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите на Бутел и на целиот град“, изјави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Изградба на нов кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, ветува кандидатот на ...
Проектот „Е-бебе“, како што информираат од кабинетот на министерот за дигитална трансформација, предвидува првиот извод родителите да го добијат в болница, најдоцна 48 часа од раѓањето на бебето Од јануари следната година пријавувањето на новороденче, односно издавањето на првиот извод од матичната книга на родени ќе биде целосно автоматизирано, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Проектот „Е-бебе“, како што ...
Полицијата ја врати украдената нафта на одговорно лице во училиштето Уапсен е жител на скопско Мирковци, откако вчеравечер е затекнат како од резервоарот на основно училиште во селото Сандево одзема нафта, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје, поточно од скопското село Мирковци“, се ...
Министерката за финансии вели дека од членството во СЕПА се очекуваат бројни придобивки за граѓаните, компаниите и економијата во целина, додавајќи дека пристапувањето може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ На девет домашни банки им се одобрени апликациите за приклучување кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), информира министерката за ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ го презентираше проектот „Никогаш не е доцна за нови знаења“ наменет за пензионерите, кој, како што наведе, предвидува бесплатни курсеви за мобилни телефони, интернет, користење на банкарски картички и други практични вештини што граѓаните самите ги бараат во оваа ера на дигитализација Финансиска поддршка, картичка за попуст во аптеките, мобилни медицински тимови, како и бесплатни курсеви за користење ...
За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести ...
Полицајците со службено возило марка „мазда“ се обиделе да го престигнат „ренџ роверот“, но неговиот возач во два наврати удрил во полициското возило. Потоа, полициски службеник испукал предупредувачки истрели во воздух, но возачот на „ренџ роверот“ не застанал и продолжил да вози по патот. Но, во близина на Нова Колонија возилото излетало од патот Двајца осуденици на отпуст вчеравечер се лишени од слобода, откако се обиделе да избегаат од ...
Во Апелацискиот суд во Тирана вчера за време на седница смртно беше застрелан судијата Астрит Калаја. Полицијата соопшти дека осомничениот Е.Ш. (30) бил странка во судењето, кој, според наводите на албанските медиуми, пукал во судијата знаејќи дека ќе го изгуби имотниот спор на суд Сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција – реагира Здружението на судии на Северна Македонија во врска со вчерашниот настан од соседна ...
Оттаму сметаат дека опозицијата, по наредба на Заев, направила резолуција со која се промовираат некакви црвени линии, што веќе ги имаат прегазено на штета на македонскиот народ Се докажа дека поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев ја води партијата, додека актуелниот Венко Филипче е само статист во целата приказна. Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера поранешниот претседател на СДСМ и ...
Според извештаите, овие компоненти биле произведени од компании со седиште во САД, Кина, Тајван, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја и Холандија Повеќе од 100 000 компоненти од западно производство се откриени во беспилотните летала и ракети лансирани од Русија во Украина ноќта од саботата кон неделата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Наодите го потврдуваат континуираното присуство на западната ...
За неодамнешните инциденти со беспилотни летала низ Европа, германскиот канцелар вели дека тоа се руски начини за заплашување Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води хибридна војна против Германија. Според него, кампањата на Москва се протега надвор од Украина и е насочена кон цела Европа. Оваа изјава Мерц јададе за германската телевизија НТВ, посочувајќи дека војната што ја води Путин против ...
Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 6 октомври 2025 г. на МРТ 1, во кое донесуваме одделни разговори со потпретседателот на Алтернатива (дел од ВЛЕН) и министер за европски прашања Орхан Муртезани и со потпретседателот на ДУИ (дел од НАИ), Арбер Адеми Коалицијата ВЛЕН претендира да освои градоначалник во сите општини во кои постои албанско гласачко тело. Очекуваме ДУИ да победи само во Пласница каде што ВЛЕН ...