Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 27 ноември 2025 г. на МРТ 1 Во новото магазинско издание на „360 степени“ објавуваме: – Кога го читаме извештајот на Европската Унија гледаме дека Северна Македонија е прилично добро подготвена за следните чекори, но има стагнација во темпото на реформската работа – интервју со шведската министерка за ЕУ, Јесика Росенкранц; – МВР купува униформи за редовната ...

„Во моментов се прават напори за воспоставување на дијалог и градење доверба, а секако потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот“ – изјави министерот Муртезани, на прашањето дали евентуално се подготвува трет протокол со Бугарија за да се надминат разликите – предлог што неодамна го спомена претседателката Гордана Сиљановска-Давкова Заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на ...

Според извештајот од инспекцискиот надзор, операторот со храна во кујната на интернатот води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа, со кои ја потврдува безбедноста Хигиенско-санитарната состојба во кујната на средношколскиот интернат „Здравко Цветковски“ во Скопје е добра, а инспекцискиот ...

Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ зел четири примероци од две локации во училиштето – училница и кујна, од кои две за физичко-хемиска и две за микробиолошка анализа. Резултатите од анализите на сите примероци покажале дека водата е исправна за употреба Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува. Ова го покажале резултатите од вонредниот ...

Орбан прецизираше дека целта на разговорите е продолжување на сигурното снабдување со енергенси што пристигнуваат во Унгарија преку руските гасоводи. Тој истакна дека цените на енергенсите во Европа се нестабилни и во пораст, додека Унгарија, благодарение на руските испораки, моментално има најниски цени на континентот Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, при што како ...

Дека се вршат претреси во неговиот дом, преку објава на социјалните мрежи, потврди и Андриј Јермак, кој напиша дека соработува со истражителите на кои им е даден целосен пристап до неговиот стан Украинските служби за борба против корупцијата од утрово спроведуваат истражни дејствија во канцелариите и домот на Андриј Јермак, влијателниот шеф на кабинет на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, јавуваат светските агенции. Националното ...

Администрацијата на Трамп претходно најави дека размислува за засилена акција против копнените операции на трговците со дрога, како дополнување на воените напади што се спроведуваат врз чамци осомничени за превоз на дрога во Карипско Море Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека многу скоро ќе започнат операции по копно за спречување на наводните венецуелски шверцери со дрога, пренесе ДПА. Во телефонски разговор со припадници на ...

Од јули до септември годинава се склучени 3 514 бракови што е намалување за 2,8 проценти во споредба со истиот период лани. Во овој период регистрирани се и 470 разведени бракови, што, пак, е зголемување од 27,7 проценти во однос минатата година Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира помалку склучени, а повеќе разведени бракови во третото тримесечје од годинава, односно од периодот од јули до септември. Во овој период, според ...

Одлуката следува непосредно откако рускиот претседател Владимир Путин, на прес-конференција во Бишкек, изрази изненадување од најновиот пакет американски санкции насочени кон две руски нафтени компании САД привремено го запреа разгледувањето на обемен двопартиски пакет санкции против Русија, во момент кога се очекува специјалниот пратеник на актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, Стив Виткоф, да ја посети Москва, објави „Киев пост“. ...

„Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите, а немаше да ја доведе во прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра“, посочуваат од СДСМ Владата на Христијан Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите. Освен што ги излажа пензионерите, сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако ...

Заменик-шефот на противпожарната служба Дерек Чан изјави дека операцијата за пребарување и спасување може да биде завршена до утре, додавајќи дека пожарникарите ќе влезат во сите станови во седумте згради, со цел да се осигурат дека нема нови жртви Пожарникарите во голема мера го локализираа пожарот што го уништи станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонгконг, а се очекува операциите за пребарување и спасување наскоро да бидат завршени. ...

Како што пренесуваат американските медиуми, младата гардистка починала во болница. Другиот ранет припадник на гардата, Ендру Волф (24), наредник на американските воздухопловни сили од Мартинсбург, останува во критична состојба Почина Сара Бекстром, една од двајцата припадници на Националната гарда што завчера беа застрелани во Вашингтон, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Како што пренесуваат американските медиуми, младата ...

Од недела се очекува стабилизирање на времето. Утринските температури ќе бидат ниски, но дневните во пораст Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни во источните делови на држвата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои повисоки места и од дожд и од снег. „Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната од 3 до 9 степени“, се вели во прогнозата на ...

На прашање од Би-би-си кои земји се наоѓаат на листата, од Службата за државјанство и имиграција на САД посочиле на прогласот на Белата куќа од јуни годинава, во кој беа наведени Авганистан, Куба, Хаити, Иран, Сомалија и Венецуела Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе изврши проверки на дозволите за постојан престој во Соединетите Американски Држави (т.н. зелена карта) на лица од 19 земји кои емигрирале во ...

Властите покренаа истрага поради можна корупција, а како што беше соопштено претходно денеска уапсени се три лица под сомнение за убиство од небрежност Смртниот биланс од пожарот во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на најмалку 83 лица, додека околу 300 и понатаму се водат како исчезнати, јавуваат светските агенции, додавајќи дека пожарникарите успеале да го го ставот огнот по контрола, но причините за катастрофата и понатаму ...

„Ако украинските трупи ги напуштат териториите што ги окупираат, тогаш ќе престанеме да се бориме. Ако не го сторат тоа, ние ќе ги постигнеме нашите цели преку воен пат“, рече рускиот претседател во изјава за новинарите за време на работната посета на Киргистан Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека нацрт-планот за мир што го дискутираат САД и Украина би можел да послужи како основа за идни преговори за завршување на војната, ...

„Многу сум прецизен, не велам Европската комисија, не велам Брисел, велам неколку поголеми и помоќни змеји членки на Европската Унија да се согласат на проширување и ако се согласат да извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира. Од тоа што го знам, е дека тие што беа против проширување пред две или три години, се и сега, само што сега користат малку помека реторика заради ова што се случува во Украина“, кажа вицепремиерот и министер за ...

Поддршка на патот кон ЕУ, но и критики за темпото на реформите – со такви пораки вечерва во Скопје допатува шведската министерка за ЕУ. Јесика Росенкранц, која за време на својата прва посета на земјава ќе се види со владиниот врв од кој очекува да ги слушне идеите за натамошниот тек на европскиот процес на С Македонија, но и, како што изјави во интервјуто за 360 степени, да пренесе дека има потреба од динамизирање на процесот на реформи, ...

Донатор на опремата е Сојузот на Лајонс клубови Д132 Македонија, чии членови, во духот на нивниот слоган „Каде што има потреба, таму има и Лајонси“, вчера го предадоа апаратот на вработените во кочанската болница, која опслужува поширок регион во источниот дел на државата Кочанската општа болница како донација доби нов современ апарат кој треба да помогне во лекувањето и рехабилитацијата на тешко повредените лица во пожарот во т.н. кабаре ...

Во моментот, според информациите, активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово и се преземаат мерки и се дадени насоки до месното население да ги напуштат загрозените живеалишта, поради опасност од појавување нови свлечишта Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија западниот дел од државата, преку единствениот број за итни повици – 112 во Центарот за управување со кризи денеска била добиена пријава за настанато свлечиште во тетовското ...

Вицепремиерот и министер за транспорт ова го кажа одговарајќи на прашање на неговиот претходник на функцијата Благој Бочварски, инаку актуелен пратеник од СДСМ, кој од собраниската говорница денеска рече дека реализацијата на проектот за брза железница на Коридорот 10 се одвива со слабо темпо, а дополнителни прашања отвора и тоа што во предлог-буџетот за 2026 година не се предвидени средства за овој инфраструктурен проект Николоски, исто ...

Недостатоци во легислативата и незавидна состојба на центрите за социјална работа се дел од пропустите кои ги нотира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во однос на спроведувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство позната како Истанбулска конвенција Главниот државен ревизор Максим Ацевски изрази уверување дека незадоволителните наоди на ревизијата ќе бидат добра основа за преземање на ...

„Верувам дека за брзо ќе започнат градежните активности што конечно ќе дадат нов лик на тој дел од градот“, рече тој Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека во текот на идната недела ќе биде распишана тендерска постапка за изградба на лунапаркот во Скопје, кој, како што додаде, во главниот град се очекува со години. „Јас го поминав детството без да имам можност да го видам лунапаркот, а и најголем дел од моите колеги. ...

„Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што следува конечната одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање“, пишува во соопштението од овој Суд Уставен нема да ги преиспитува линеарните покачувања што досега им се исплатени на пензионерите, односно одредбите што го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2 500 денари, што се ...

Институциите договориле заедничко координирано дејствување и засилен надзор. Исто така, договорено е да се изработи ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето По иницијатива на Општина Центар, денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржал итен координативен состанок поради појавено обрушување на земјиштето на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“. Главна цел на состанокот, ...

Од собраниска говорница, премиерот рече дека последните информации се дека одлуката е донесена и потпишана од страна на судијката, која и ја иницираше постапката, со што пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени со Законот што претходно важеше Уставниот суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот ...

Мемеди вели дека вчера имало и неколку деца со поблаги симптоми кои добиле само амбулантски третман и биле пуштени дома, а денеска биле дојдени на контрола Бројот на ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ кои се задржани на лекување на Клиниката за детски болести се искачи на пет, откако синоќа биле примени уште три деца. Ова денеска го информираше директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Децата се со слична клиничка слика и симптоми ...

Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов ја повика Владата на Росен Желјазков да ги продолжи разговорите со социјалните партнери – работодавците и синдикатите Владата на Бугарија по масовните протести, несогласувањата од партиите и синдикатите и предупредувањето од ЕУ дека не е во согласност со буџетските правила на Унијата, денеска го повлече предлог-буџетот, што беше доставен до парламентот. Лидерот на ...

Талески истакна дека политиките на актуелната власт се „копија на матрицата на Груевски“ велејќи дека премиерот Христијан Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски додавајќи дека тој е и негова политичка инспирација За директното прашање за екстрадиција, Филков избегна одговор со „да“ или „не“ велејќи оти министерството „си ги бара сите бегалци“, но дека опозицијата „говори за политички азиланти“ ...

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (27 ноември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во ова издание на емисијата донесуваме: – МВР набавува униформи за редовната полиција – бевме на отворањето на понудите и објавуваме кои фирми конкурираат и со какви почетни цени; – Можен ли е пробив во македонските евроинтеграции и има ли консезнус меѓу земјите членки на Европската Унија за прием на нови – интервју со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
86%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.05
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
94%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1000
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Бакар

11.69