Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се соочи со барањата на земјоделците, кои веќе 50 дена протестираат на повеќе локации низ земјата. Средбата ќе се одржи во Атина, а и денеска патиштата и граничните премини ќе останат отворени – услов што Владата го постави како предуслов за дијалог. Земјоделците формираа делегација од 25 претставници и шестмина набљудувачи, кои ќе ги изложат 14-те клучни барања. Меѓу нив се: поевтина струја и ...
Во рамките на опсежна и сложена истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција, по наредба на судија на претходна постапка, во текот на изминатиот викенд спроведе претрес на локација во Неготино. Дејствијата беа спроведени под раководство на Управата за финансиска полиција во координација со надлежниот јавен обвинител. Претресот беше извршен во домот на ...
Најниската утринска температура е измерена на Попова Шапка со -12 степени Целзиусови, додека во Берово се регистрирани -10, а во Крива Паланка -9 степени. Во Ѓуриште утринските мерења покажаа -8 степени, а -7 во Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови. Температурите од -6 степени се забележани во Крушево и Виница, -5 степени во Велес, Пожаране и Тополчани, а -4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип. Во Претор е измерено -3 степени, ...
Јавното обвинителство Битола отвори истрага за грозоморен случај на семејно насилство што се случил на улицата „Лавчанска корија“. 28-годишен битолчанец е осомничен за обид за убиство на сопствената баба, која ја претепал до таа мера што ѝ нанел повреди опасни по живот. Крвавиот настан се случил на 17 јануари во нивниот заеднички дом. Ја блокирал вратата и ѕверски ја удирал Според истрагата, насилството не било моментален испад, туку имало ...
Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден воз излетал од шините и преминал на соседната пруга. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот „Ирјо“, кој превезувал 317 патници на линијата Малага – Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, која во ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во добри услови и без поголеми пречки, информира АМСМ. Коловозите на одделни делници се влажни, но протокот на возила е нормален. Од 15 ноември 2025 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, независно од временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на ...
ОВЕН Патувајте или физички или преку информации затоа што толку инстинктивно ќе разберете што точно треба да направите за да го постигнете посакуваниот напредок. Иако денот ќе биде поволен за комуникација, обрнете внимание на времето што го имате и не обрнувајте премногу внимание на оние луѓе кои имаат негативна енергија. Ќе остварите профит преку некои стари идеи. БИК Бидете трпеливи и држете ги плановите за себе барем уште некое време. Сè ...
Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а ...
Силни полициски сили попладнево го опколија скопското село Батинци и неколку други локации во обид да уапсат „лице од висок интерес“. МВР потврди дека во тек е голема потера по бегалец баран со меѓународна потерница за најтешки кривични дела, вклучувајќи и две убиства. Тензично е на терен, каде повеќе полициски тимови вршат претреси и проверки во родното место на осомничениот. МВР: Акцијата е во тек Од Министерството за внатрешни работи кусо ...
Македонската ракометна репрезентација е сè уште „жива“ на Европското првенство! Во натпревар со драматичен финиш, црвено-жолтите успеаја да извлечат злато вредно реми против фаворизираната Португалија (29:29), задржувајќи ги шансите за пласман во втората фаза. Натпреварот во Данска, Норвешка и Шведска понуди вистински трилер, во кој македонските ракометари покажаа неверојатен карактер, враќајќи се од голема негатива. Партија на кариерата за ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната ситуација на Гренланд и Арктикот. „Ќе продолжиме да работиме на тоа и со задоволство очекувам да се сретнеме во Давос“ следната недела, напиша Руте на „Икс“. Тој не откри детали за содржината на телефонскиот разговор. Политичката и бизнис-елита следната недела ќе се собере на годишниот собир на Светскиот економски ...
Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...
Попладнево се спроведуваат претреси кај судијата Ѓоко Ристов, кој суди во Апелациониот суд во Скопје. Информацијата e потврдена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека акцијата се спроведува по наредба на јавен обвинител и со дозвола на Основниот кривичен суд Скопје. Според неофицијални сознанија, предметот се однесува на сомневања за злоупотреба на судиската функција. Конкретната правна ...
Германскиот извидувачки тим на Бундесверот го напушти Гренланд по помалку од два дена престој. За повлекувањето информираа „Билд“ и „Шпигел“, а веста ја потврди и портпарол на германското министерство за одбрана за агенцијата DPA. Според „Билд“, кој прв ја објави информацијата, војниците за ненадејното заминување биле известени дури утрово. „Дури вчера не беше јасно колку долго ќе останат“, изјави Мориц Милер, еден од новинарите што го следат ...
Денеска во земјава се регистрираа максимални температури во интервал од -1 до 8 степени Целзиусови. Најладно беше на Попова Шапка со -1 °C, додека највисоки вредности се забележаа во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Велес и Кавадарци со 8 °C. Во Битола утрово се измерија 2 l/m² врнежи, а снежната покривка достигна 25 cm на Попова Шапка, 7 cm во Маврови Анови и на Крушево. Времето денес беше променливо облачно со слаб до ...
На Европскиот самбо куп што се одржа во Дубровник, Хрватска, Бобан Данов во категоријата +98 кг го освои сребрениот медал, потврдувајќи ја својата борбена доминација на меѓународната сцена. Данов стигна до финалето со три победи – една против натпреварувач од Германија и две против хрватски самбисти. Во полуфиналето го совлада Нико Микола од Хрватска со резултат 7-2. Во финалната борба загуби од израелскиот репрезентативец Владимир Полоцки, ...
Синоќа во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28-годишниот Т.Р. од Битола, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом. При нападот, според информациите од СВР Битола, повредената баба претрпела тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Битола од страна на екипа на Итна медицинска помош. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го критикуваше однесувањето на поранешната влада и СДСМ, поврзувајќи ги со, како што оцени, „мафијашки упади“ во приватни клиники за време на прогласувањето на вонредната состојба. Повикот на јавноста и медиумите дојде по обвинувањето на хирургот Жан Митрев дека министерот за здравство, Филипче, и СДСМ сакале да ја преземат неговата приватна клиника. „Немам што да коментирам, претпоставувам би требало ...
Новото истражување покажува дека значаен број тинејџери и млади возрасни престануваат редовно да посетуваат лекари, особено во периодот помеѓу 15 и 23 година. Прекинот на здравствената грижа често се случува кога родителите повеќе не закажуваат термини наместо нив, што може да доведе до пропуштање на важни вакцинации, грижа за менталното здравје и други клучни превентивни услуги, пишува Parents.com. Зошто младите престануваат да посетуваат ...
Мегаракетата на НАСА е преместена на лансирната рампа во Кејп Канаверал, Флорида, додека започнуваат финалните подготовки за историската мисија „Артемис 2“, првата со човечки екипаж кон Месечината по повеќе од пет децении. Системот за лансирање висок 98 метри беше транспортиран вертикално од зградата за склопување на возилата, а патувањето од шест и пол километри до рампата траеше 12 часа. Откако е на лансирната позиција, следуваат последните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на европерспективата на државата, нагласувајќи дека приоритет е завршување на домашната задача поврзана со Реформската агенда пред да се очекува билатерална реакција од Европската Унија. -Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се ...
Младата и талентирана Тина Русева од Струмица го освои првото место на европското музичко натпреварување „The Voice of Europe“ 2025, потврдувајќи го својот значаен музички потенцијал на меѓународната сцена. Русева се претстави одлично пред жирито и публиката, со што обезбеди место во финалето и на крајот триумфираше благодарение на гласовите на жирито и поддршката од публиката. По прогласувањето на победникот, Тина на својот Инстаграм профил ...
На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната ...
Секторот за медиуми и односи со јавност при ПП Левица реагираше поради поднесената приватна кривична тужба од Михаил Јованов, син на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани, против осум лица и други непознати сторители за оштетување на кафе барот „Класик“. Тужбата се однесува на штетите предизвикани на објектот за време на протестите на 17 март лани, ден по пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од двеста ...
Најмалку шест лица загинале во пожар кој зафатил десетици продавници во трговскиот центар „Гул Плаза“ во историскиот дел на Карачи, во јужен Пакистан, јавуваат локалните медиуми. Делови од трговскиот центар во историскиот центар на Карачи се претворени во урнатини, пренесува Ројтерс. Снимките покажуваат како пламенот избива од зградата додека пожарникарите цела ноќ се обидувале да го спречат ширењето на огнот во густо населениот дел на ...
На 17.01.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и ...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Наместа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. T=6°C. P=993hPa. U=65%. V=3m/s. Утре и во вторник преку денот ...
На 18.01.2026 во 00:50 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга, лишен од слобода е Р.Ј.(41) од Вевчани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ што тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,37 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од ...
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија. Кај 10 оператори, со контролите ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје утрово починал пациент од внатрешноста на земјата кој бил хоспитализиран со тешка клиничка слика поради грип, потврди директорот на установата, Фадил Цана. Според него, симптомите кај пациентот се појавиле пред пет дена, по што бил ставен на механичка вентилација. Лабораториските анализи покажале дека станува збор за Инфлуенца А. „За жал, вчера во утринските часови почина 69-годишен пациент кај ...