Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Новиот систем за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС), кој вклучува земање биометриски податоци, предизвика сериозни застои и незадоволство кај патниците на аеродромите низ Шенген зоната. Иако Европската комисија тврди дека процесот тече без проблеми, реалноста на теренот покажува драстично зголемување на времето за проверка. Зголемени контроли и долги редици Од денеска, имплементацијата на системот влегува во нова фаза која предвидува ...
На 14.01.2026 во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари. Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што ...
Јавното обвинителство на РСМ денеска испрати претставка до Адвокатската комора на РСМ и претседателот Љубомир Михајловски поради неетички јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. Претставката ја објавуваме интегрално: Почитуван Претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален ...
На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР ...
Институтот за јавно здравје информира дека во втората недела од 2026 година во Македонија се регистрирани 2.322 нови случаи на грип и заболувања слични на грип. Ова претставува пораст од 34,6% во споредба со претходната недела, а бројките се за речиси 40% повисоки во однос на просекот за последните 15 години. Вирусот моментално е со средна активност на национално ниво. Најголем број заболени лица припаѓаат на возрасната група од 15 до 64 ...
САД привремено ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи за 75 земји, меѓу кои е и Македонија, но оваа одлука воопшто не влијае врз останатите визни категории. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, појасни дека граѓаните кои патуваат како туристи, студенти или стопанственици можат слободно да продолжат со своите апликации бидејќи за нив нема никакви промени во визниот режим. Министерот ...
Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега ниту еден наш државјанин во Иран не побарал помош. Министерот Тимчо Муцунски уверува дека, и покрај тоа што Македонија нема своја амбасада во Техеран, сите ресурси се подготвени за евентуална евакуација доколку се појави потреба. Поради сериозното влошување на безбедносната состојба, МНР веќе упати апел до граѓаните веднаш да ја напуштат земјата и да ги ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата ...
Двомесечно бебе починало во болницата во Кавадарци. „Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција“, велат од СВР Велес. ...
Граѓанското движење „За Почиста Македонија“ денеска ги достави потписите од петицијата со која се бара унапредување на системот за видео-надзор „Сејф Сити“. Иницијативата предвидува постоечките камери да се користат за детектирање и санкционирање на граѓаните кои фрлаат отпад на јавни површини. „1000 ПОТПИСИ! Едно големо браво до сите! Преку 1000 од вас ја поддржаа петицијата за унапредување на „Сејф Сити“ системот со казни за фрлање отпад. ...
Белата куќа вчера објави контроверзна слика која сугерира дека Гренланд има само две опции: американско или руско-кинеско влијание. Сликата прикажува две санки со кучиња со знамето на Гренланд кои стојат на раскрсницата на патот. Едниот пат води до Белата куќа под чисто сино небо, додека другиот покажува темни облаци од бура, молњи и знамињата на Русија и Кина. Сликата е придружена со пораката: „Во кој правец, Гренландски човеку?“ Which way, ...
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје воведе иновативен пристап во лекувањето преку вклучување на животни во терапевтскиот процес. Новиот член на тимот е Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој преку т.н. Animal Assisted Activities (активности поддржани од животни) им помага на пациентите во подобрување на нивната психосоцијална благосостојба. Според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова, присуството на Роџер ...
Кандидатот за гувернер на Флорида, Џејмс Фишбек, републиканец, предлага „данок на грев“ од 50% на приходите на креаторите на платформата OnlyFans, велејќи дека тоа ќе ги обесхрабри луѓето да се приклучат на платформата. На предлогот се спротивстави Софи Рејн, една од најплатените креатори во Флорида, објави CBS News Miami. Фишбек вели дека данокот ќе се користи за зголемување на платите на наставниците и подобрување на квалитетот на ...
Дефект на радиофреквенцијата што предизвика делумно запирање на летовите низ Грција со часови веднаш по Нова Година се должи на застарени системи, а не на надворешни пречки, според наодите од истрагата објавени во вторник. Министерството за инфраструктура и транспорт соопшти дека комисија од експерти што го истражува инцидентот од 4 јануари во својот извештај навела дека „не се пронајдени индикации за сајбер напад или надворешно злонамерно ...
Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ (Wizz Air) објави дека привремено ќе ги замени своите летови од Базел со поаѓања од Штутгарт за четири дестинации во регионот, вклучувајќи го и Охрид. Оваа измена ќе важи за период од еден месец, од средината на април до средината на мај, поради планирани градежни работи на пистата на аеродромот во Базел. Распоред за Охрид Патниците кои планираат патување кон македонскиот туристички бисер треба да го ...
Додека семејството и организациите за човекови права алармираат дека егзекуцијата на 26-годишниот демонстрант е само одложена, иранското правосудство тврди дека тој воопшто не е осуден на смрт. Судбината на Ерфан Солтани, младиот ирански демонстрант кој стана симбол на отпорот против режимот, останува обвиткана во сомнеж и контрадикторни информации. Иако неговото погубување беше најавено за вчера, неговото семејство и организацијата за ...
Иранскиот воздушен простор е повторно отворен откако беше затворен речиси пет часа, принудувајќи ги авиокомпаниите да откажат, пренасочат или одложат некои летови. Иран го затвори својот воздушен простор за сите летови во среда, освен за меѓународни летови до и од Иран со официјална дозвола, според известувањето на веб-страницата на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA). Пет летови на иранските авиокомпании „Махан Ер“, ...
Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата на Бундесверот ќе биде извидувачка мисија, предвидена да трае од 15 до 17 јануари, а германските војници одат таму на покана на Данска. Тие ќе бидат транспортирани во Нуук, Гренланд, со транспортен авион Ербас Е400М, објавува Дојче Веле. Како што објави Берлин, целта е да се „истражи можен воен придонес за поддршка на Данска во обезбедувањето ...
Министерскиот совет на Бугарија назначи генерални конзули во Ниш и во Битола. Димитар Иванов е назначен за генерален конзул на Република Бугарија во Ниш, Република Србија , со конзуларен округ што опфаќа седум области во југоисточниот дел од земјата. Министерството за внатрешни работи на Бугарија наведува дека станува збор за искусен дипломат со долга професионална кариера во Министерството за надворешни работи, вклучително и како генерален ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива во зимски услови, главно по суви коловози и без забрани. Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, забележлива е појава на магла на патниот правец Скопје – Тетово, каде видливоста е намалена на 100 до 150 метри. Од претпријатието информираат дека сите патни правци во државата се проодни. Сепак, се предупредува на можна појава на поситни одрони низ клисурите и усеците. Се апелира до ...
Поради сериозна сообраќајна несреќа, штаерскиот автопат во Словенија е затворен во двата правци помеѓу раскрсниците Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ. Според неофицијалните информации што ги пренесе Радио Рогла, во несреќата експлодирала цистерна, а детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Според нивните изјави, во несреќата учествувале неколку возила. Се чекаат официјални изјави од полицијата и ...
Утринава возачите кои патуваат на патниот правец Скопје – Тетово се соочуваат со сериозни потешкотии и опасности во сообраќајот. Според првичните информации и сведоштва споделени од граѓани до нашата редакција, околу 07:30 часот се случила тешка сообраќајна несреќа. Инцидентот е лоциран на потегот по наплатната рампа, во близина на Групчин и месноста Карпалак. Освен самата сообраќајка, состојбата на теренот е дополнително комплицирана од ...
ОВЕН Љубов: Денес си поемотивен од вообичаено. Ако си во врска, можна е искрена, но чувствителна тема зборувај смирено. Слободните Овни може да добијат порака од личност од минатото. Работа: Фокусирај се на завршување започнати обврски. Не е ден за ризични одлуки, туку за стратегија. Здравје: Пази на замор и главоболка. Повеќе сон ќе направи разлика. БИК Љубов: Стабилноста ти е приоритет. Партнерот очекува повеќе внимание мал гест ќе значи ...
Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува ...
Австралија влегува во ера на климатска нестабилност, каде комуникациите за време на шумски пожари и екстремни временски услови мора да функционираат под се потешки услови. Дигиталните сервиси, како апликацијата VicEmergency и мобилните известувања за пожари, се клучни за предупредувања до граѓаните, но зависат од мобилно покривање и електрична енергија. Сепак, комуникациските мрежи кои ги поддржуваат овие услуги не се доволно зајакнати. Стари ...
Владата на Франција денес преживеа два гласања за недоверба, кои ги иницираа крајно левите и крајно десните партии, обвинувајќи ја дека не направила доволно за да го спречи трговскиот договор помеѓу Европската унија и Меркоурсо. Предлогот што го поднесе десничарската партија Национално обединување го поддржаа 142 пратеници во Долниот дом на парламентот, а за негово усвојување беа потребни 288 гласови. Претходно се гласаше за предлог за ...
Од четврток, градот Рим ќе започне со воведување ограничување на брзината од 30 километри на час во централните делови на италијанската престолнина. Ограничувањето се однесува на зоната со ограничен сообраќај ZTL во историскиот центар и уште 1.000 градски патишта, како дел од напорите за зголемување на безбедноста и намалување на загадувањето. Болоња воведе ограничување на брзината од 30 км/ч на повеќето од своите патишта пред две години, и ...
75-годишна жена од Скопје почина на Клиниката за инфективни болести поради компликации предизвикани од вирусот на сезонски грип. Како што информираат од клиниката, пациентката имала повеќе хронични болести и не била вакцинирана против грип. Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, потврди дека кај починатата лабораториски била утврдена инфлуенца А. „Станува збор за пациентка на возраст од 75 години, со инфлуенца А и со значителни ...