Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Иако сушењето на облеката на радијатор може да изгледа како поевтина алтернатива на користењето на сушара, експертите препорачуваат да ја избегнувате оваа метода – бидејќи ќе се зголемат трошоците за греење, а истовремено се зголемува и ризикот од појава на мувла. Од британската организација за заштита на потрошувачи Which и компанијата OnlyRadiators објаснуваат зошто ова не е добра идеја. „Радијаторите можат да изгледаат како практично решение ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за 21 ноември 2025 година, предупредувајќи на нестабилно време со локално пообилни врнежи. Според најавата, утре на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, а делови од земјата ќе бидат зафатени од поинтензивни врнежи кои може да надминат 30 литри на метар квадратен во текот на 24 часа. Условите за појава на невреме со грмежи ќе бидат присутни во текот на целиот ден. Покрај ...
Тешко е да се најдат вистинските зборови кога заминува млад човек кој со своето тивко присуство, скромност и посветена работа оставил силен печат врз луѓето околу себе. ВМРО-ДПМНЕ денес се простува од својот сопартиец и пријател Филип – човек кој, како што велат од таму, бил пример за добрина, чесност и искрена посветеност. Во комеморативната објава велат дека Филип ќе остане запаметен по својата искреност, по насмевката што секогаш ја носел и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец. Тој на 14 ноември на булеварот “Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ...
Учесниците на климатските преговори на ООН на Самитот COP30 беа евакуирани поради пожар што избувнал во павилјонот во кој се одржува настанот, во бразилскиот град Белем. Новинарите на BBC забележале пламен и чад во дел од павилјонот пред да излезат надвор. Бразилската влада соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека никој не е повреден. Портокалови пламенови прогореле дупка низ лимениот покривач на местото на одржување, кое се наоѓа на ...
Млада девојка од Србија пријави дека била жртва на полово вознемирување од страна на таксист во Скопје. Според информациите од МВР, на 19 ноември 2025 година во 21:30 часот, 18-годишна девојка со привремен престој во Скопје пријавила дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на општина Гази Баба, таксистот ја допирал по телото и ја бакнал. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека се преземаат сите ...
Видео во кое е прикажано како еден маж советува да се прска внатрешноста на калниците со познат спреј предизвика големо внимание. Секој возач знае за оној „туп-туп-туп“ звук од замрзната снежна кашичка која се собира на пластиката на калникот. Еден маж смета дека нашол совршено решение – WD-40. Неколку прскања, тврди тој, и мразот едноставно се лизга надолу. Но, механичарите предупредуваат дека со WD-40 може да се лизне уште нешто, и тоа на ...
Град Скопје ќе ја задржи титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, потврди денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, тој оствари значајна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот за новата ера на европски стандарди и културна трансформација. „Со гордост ...
Во третото тримесечје од 2025 година автобускиот патен превоз бележи пад на бројот на патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период биле превезени вкупно 8,832 милиони патници, што претставува намалување од 6,4 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година. Најмало намалување е забележано во градскиот автобуски превоз, каде бројката опаднала за 4,6 проценти. Во приградскиот превоз падот изнесува 7,8 проценти, ...
Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, го повика претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп да ги објави досиејата за Џефри Епштајн, сексуалниот престапник обвинет за водење мрежа на малолетни девојки за секс. За време на гостувањето во подкастот „The Bulwark“, Харис побара Трамп да преземе мерки во врска со досиејата на Епштајн и додаде дека сегашниот американски претседател го ...
Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, денеска (20.11.2025) преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”, од кои осум се денеска лишени, а тројца се ...
Адем Чучуљ, актуелниот генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е најдобро оценетиот кандидат во постапката за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија. Тој освои 96,50 поени на ранг-листата изготвена од Комисијата за селекција формирана од собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата. Според селекциската комисија, Чучуљ зад себе има значајно професионално искуство во областите ...
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”. За тројца од нив донесена е Наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ...
Нежноста произлегува од начинот на кој една личност му пристапува на светот, ги слуша другите и реагира на туѓите чувства. Во астрологијата постојат знаци кои природно зрачат со топлина, сочувство и благ пристап, без разлика дали се отворени, повлечени или страствени по темперамент. Нивната мекост не значи слабост – напротив, станува збор за внатрешна сила што им овозможува да останат емпатични дури и кога животот е тежок. Рак Раковите се ...
Утре, на 21 ноември 2025 година започнува постапката за собирање на потписи за кандидирање на независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ...
Во само два дена контроли, Државниот пазарен инспекторат утврди сериозни прекршувања во трговијата со тутунски производи. На 17 и 18 ноември инспекторите извршиле контроли кај 23 правни субјекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а кај 16 од нив биле пронајдени цигари без фактури и без акцизни марки – производи без трага за потекло, квалитет и платени давачки. Одземени се над 3.000 пакувања цигари, проценети на повеќе од еден милион ...
Повеќе од 33.000 возила во Русија се конфискувани од возачи во случаи на повторено возење под дејство на алкохол, од кои 5.500 се префрлени во зоната на специјални воени операции, објави денес Генералното обвинителство. „Конфискацијата на криминално стекнат имот, приходите од него и средствата за криминал се клучни алатки за обезбедување на неизбежноста на одговорноста за сторените кривични дела и ослабување на економската основа на криминалот“, ...
Македонската фолк-сцена денес остана без познатиот и омилен глас – почина пејачката Небахат Бади Бекир. Веста за нејзината смрт со тага одекна меѓу колегите, пријателите и обожавателите, кои преку социјалните мрежи испраќаат последни зборови на благодарност и почит. „Патувај, драга Бади, кон царството небесно и нека ти е светол патот до таму“, пишува една од нејзините најблиски колешки, нагласувајќи дека Бади била една од најдруштвените и ...
Експерти од рускиот Јужен федерален универзитет (SFU) ги одгледаа првите садници од јачмен во почва што наликува на составот на почвата на Марс. За да го постигнат ова, тие додадоа посебна мешавина од микроби во почвата – десет соеви на бактерии и квасец кои си помагаат едни на други да преживеат и формираат слој богат со хранливи материи, изјави прес-службата на универзитетот за РИА Новости. За да растат растенијата, почвата мора да биде богата ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово. Се работи за 4-годишно дете, кое испило повеќе таблети. Истото во моментов е во стабилна состојба и е транспортирано во Клиника во Скопје. „Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од ...
При инспекциски надзори кај 23 продавници за продажба на тутун и тутунски производи, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдил дека 16 од нив продавале производи без документи за набавка и без акцизни марки. Контролите биле спроведени на 17 и 18 ноември во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Од ДПИ информираат дека се одземени над 3.000 пакувања тутунски производи, со проценета вредност од над еден милион денари. Производите се ...
Во Апелацискиот суд во Штип денеска беа спроведени обвинетите за убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир, извршено на плоштадот „Слобода“ во мај годинава. Судот ја разгледа нивната жалба за укинување на мерката притвор, но според информациите од институцијата, притворот им е продолжен. Следното рочиште пред Основниот суд Штип е закажано за 27 ноември во 9:30 часот, каде ќе им се суди на главниот обвинет – турски државјанин, и на лицата кои ...
На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со ...
Косовската претседателка Вјоса Османи денес потпиша указ за распуштање на Собранието, откако кандидатот за премиер Гљаук Коњуфца не успеа да формира влада во среда, во втор обид на Самоопределување. Одлуката е донесена по состанокот со лидерите на политичките партии кои имаат места во Собранието, чија цел беше да се одреди датум за предвремени парламентарни избори. На состанокот, како што објавува Косев, присуствуваа лидерите на Демократската ...
Македонската репрезентација во полуфиналето на мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Данска. Нашата најдобра репрезентација доколку ја победи Данска, во последната пречка ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска. Македонија ќе гостува, дури и доколку обезбеди пласман во финалето на плеј-офот. Италија – Северна Ирска Велс – Босна и Херцеговина Домаќин на финале: победникот од мечот Велс – Босна и ...
На 19.11.2025 околу 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Пролет“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.Х.(23) од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.Е.(18) од Турција, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...
ПО големото соопштение, НАСА објави серија нови, најблиски досега слики од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS. Низ целиот Сончев систем, од сончеви опсерватории до вселенски летала на пат кон астероидниот појас, бројни мисии на НАСА успеаја да го фатат овој вселенски посетител како се движи низ нашето соседство, пишува ScienceAlert. Поглед од Марс Најблиските набљудувања дојдоа од Марс, кој беше на космички блиска оддалеченост од кометата. Поточно, ...
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста откако неодамна помина една ноќ во болница, велејќи дека е во одлична здравствена состојба. За време на посетата на изложба во Москва, тој потврди дека бил подложен на медицински преглед кој вклучувал и ноќевање во болница, пишува „Слободен печат“. „Фала му на Бога, сè беше во ред“, додаде Путин. Тој објасни дека ова биле два дена тестови – бил примен во болница едно попладне и отпуштен ...
МИС Јамајка, д-р Габриел Хенри, доживеа шокантен пад од сцената за време на прелиминарната рунда за вечерни фустани на изборот за Мис Универзум во Тајланд. Снимките што брзо станаа вирални на социјалните мрежи ја покажуваат Хенри, како оди во долг, лелеав портокалов фустан, одеднаш исчезнува од работ на сцената, додека друга снимка ја покажува личноста како се носи на носилка. Организаторите велат: „Нема скршеници“ @mumx2025 Dios mío, oremos ...
На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија сведочеше за терапија што ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот. „Др-Нино ми рече дека имаат уште три шишенца од лекот и дека едно ќе ми го даде, но нема да се запише во регистарот. По апликацијата останав со дилема зошто не беше внесена терапијата во извештајот,“ ...