Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во државата, Ангела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат. Како што соопштија министерот на Фејсбук профилот, на средбата Муцунски изразил благодарност за, како што се наведува, севкупниот ангажман и значајниот придонес на амбасадорката во развивањето на политичката и економската соработка меѓу двете ...

Министерството за здравство објави дека предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи на сила на 1 март, не е рестриктивен, туку целта му е усвојување на европски стандарди за јавно здравје. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека законот не е насочен кон казнување, туку кон превенција и заштита на најранливите категории граѓани. „Предлог-законот е усогласен со меѓународните стандарди и целта е унапредување на јавното ...

На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с. Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош. Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица ...

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржува 80. седница на која пратениците ќе расправаат за повеќе законски предлози и кадровски промени. На дневен ред е верификација на мандатот на пратеникот Беким Сали, кој беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и разгледување на предлози за измена на законите, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои се разгледуваат во прво читање. ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска зазеде цврст став против идеите за предвремени парламентарни избори, но и против концептот на техничка (Пржинска) влада, оценувајќи ги како штетни за политичката стабилност и европското однесување на земјата. На брифингот со новинарите, Гаши истакна дека лично се залага за редовни избори, нагласувајќи дека скратувањето на мандатите често се користи како изговор од политичарите. „Предвремените ...

По инцидентот со оштетувањето на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро го осуди настанот и оцени дека станува збор за изолиран случај на кој институциите реагирале брзо и ефикасно. „Секој чин во таква форма ќе го осудиме. Според првичните информации, станува збор за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која не е во огромен ...

На 11.01.2026 во 18:40 часот на наплатна станица Преод полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има ...

Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, за тендерска пирамида вредна 16 милиони евра. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО. „Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денес, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО ...

Воиниците од 46. воздушно-јуришна бригада на украинската армија осмислиле необичен, но ефикасен начин за соборување руски дронови – користејќи стап за риболов монтиран на сопственo беспилотнo летелo. На снимката што ја објави бригадата се гледа како украински дрон од типот Mavic е опремен со рибарски стап и конец, на чиј крај има мал тег што служи за одржување на затегнатоста. Со оваа техника веќе успешно биле соборени најмалку два руски ...

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од претежно од северен правец. T=1°C. P=987hPa. U=55%. V=3m/s. До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за ...

Министерството за здравство подготви нов, ригорозен Предлог-закон за заштита од пушење кој веќе е објавен на ЕНЕР. Новите одредби предвидуваат драстично заострување на мерките, кои овојпат ги изедначуваат електронските цигари и уредите за загревање тутун со традиционалните цигари, целосно ги забрануваат „зимските бавчи“ и воведуваат забрана за видливо изложување на тутунските производи во продавниците. Доколку законот биде усвоен во оваа ...

На 11.01.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.(56) од Р. Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на ...

Две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години тешко се повредени кога врз нив налетал автомобил, откако паднале од санки кои нивниот пријател ги влечел со автомобил по снежна улица во село кај Краљево, Србија. Страшната сцена се случила во четврток околу 22 часот, кога 19-годишник, возејќи автомобил „Volkswagen“ со условна возачка дозвола, влечел санки на кои биле девојките. Во еден момент тинејџерките паднале од санките и ги прегазил „Fiat“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Техеран предложил преговори по неговата закана дека ќе нападне Иран поради репресијата врз демонстрантите и смртта на повеќе стотици луѓе. Трамп синоќа рече дека неговата администрација преговара за закажување состанок со Техеран, но предупреди дека можеби ќе мора прво да дејствува, бидејќи се зголемува бројот на смртни случаи, а владата продолжува со апсење на демонстрантите. „Состанокот се ...

Четириесет и седумгодишен маж пријавил во Полицијата во Вараждин дека станал жртва на интернет измама вредна речиси 32.500 евра. Парите ги уплатил за купување автомобил кој никогаш не му бил испорачан, соопшти Полицијата на Вараждин. Уплати на сметки во странство Според пријавата, уште во септември минатата година преку една интернет-продавница тој се договорил за купување на возило. Испораката била ветена за октомври, а 47-годишникот ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија денеска во 01:14 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, оддалечен околу 116 километри југоисточно од Скопје. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил со локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван во Прилеп и околните места со интензитет од III степени според ...

По обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека ситуацијата постепено се стабилизира, но на терен и понатаму се евидентираат поплавени површини, оштетена инфраструктура и отежнат сообраќај на повеќе локации. Пелагонија најпогодена Во пелагонискиот регион, водата полека се повлекува на подрачјето на Битола, Могила и Новаци. На реката Црна кај селото Новаци во 18 часот е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social скриншот на кој стои дека тој е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Држави, но и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година. Соединетите Држави на 3 јануари изведоа воена операција во Венецуела, при што претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес беа уапсени за да им се суди на суд во Њујорк по обвиненија ...

Денеска утрото земјата се разбуди со исклучително ниски температури, а најстудено било на Попова Шапка каде утринскиот минимум достигнал -16 степени Целзиусови. Во Маврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, во Пожаране -12, додека во Крива Паланка температурите паднале до -11 степени. Температури од -10 степени утрово се забележани во Ѓуриште и Берово, додека -9 степени имало во Тополчани, Битола, Прилеп и Охрид. Во Виница, Претор, Тетово ...

Енергијата на Шкорпија носи длабочина и можност за трансформација на почетокот на неделата. Овој понеделник започнува со длабоката и интензивна енергија на Месечината во Шкорпија. Ова не е ден за површни разговори, туку за стратешки потези и емоционален увид. Вашата интуиција работи со полна брзина, помагајќи ви да откриете скриени вистини или да решите стари мистерии. Хармоничниот аспект со Јупитер додава доза на оптимизам и можност за ...

Денеска (12 јануари) Македонската православна црква го чествува споменот на еден од најголемите современи подвижници и чудотворци на нашето поднебје – Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички. Роден во Штип, овој светител е симбол на најстрогиот монашки подвиг, тихувањето и духовната чистота. Неговиот живот е чудесен пат од Света Гора до пештерите на Лесновскиот манастир. Од Света Гора до Лесновските пештери Во 1963 година, тој заминува ...

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во ...

Емоционално рестартирање: Балансот помеѓу амбицијата и удобноста е клучен Оваа недела, небесната карта нè потопува во длабоки води, каде што студениот прагматизам на Сонцето во Јарец се судира со ретроградната емоционалност на Марс. Периодот не е само уште една работна недела, туку кармичка раскрсница, која бара од нас да ги преиспитаме границите помеѓу професионалната должност и личната удобност. Енергијата е густа и бара забавување – не ...

Америка е „подготвена да им помогне“ на иранските демонстранти, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека бројот на жртви во протестите низ Иран надмина 500. Неколку американски медиуми објавија дека тој разгледува опции, почнувајќи од сајбер напади до воени напади. Се шират вознемирувачки снимки од Иран. Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените. Америка е „подготвена да им помогне“ на иранските демонстранти, изјави ...

Валбон Лимани, кандидатот на Националната Алијанса за интеграција, прогласува голема победа во трката за градоначалник на Општина Гостивар. Според првичните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), тој остварил убедлива предност пред својот противкандидат. Гостивар: Разлика од 2:1 за Лимани Со преброени речиси сите гласови (96,69%), резултатите покажуваат двојно поголема поддршка за Лимани во споредба со кандидатот на коалицијата ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија експресно го осуди денешниот инцидент во кој беше оштетена зградата на Бугарската амбасада во Скопје. Ова доаѓа како одговор на острата реакција од Софија, откако непознато лице искршило стакло на објектот. Македонското МНР: Го осудуваме вандализмот Од македонското МНР излегоа со кус, но јасен став по повод настанот: „Министерството за надворешни работи и надворешна ...

Мицкоски оцени дека изборниот ден поминал во демократска и мирна атмосфера, што според него е доказ дека институциите функционираат, а демократските процеси во земјата се зацврстуваат. Конечниот резултат: 56 наспроти 6 Заокружувајќи го циклусот на локални избори, Мицкоски направи „биланс на состојбата“ на политичката мапа во Македонија, нагласувајќи ја огромната разлика во освоени општини помеѓу власта и опозицијата. „Со денешниот ден се ...

Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со остра реакција и најостра осуда откако денеска (11 јануари) непознато лице извршило напад врз објектот на бугарската амбасада во Скопје. Официјална Софија го оцени чинот како недопустлив напад врз дипломатска мисија и грубо кршење на Виенската конвенција, директно обвинувајќи ги македонските институции за создавање клима на неказнивост. „Ова е резултат на системска пасивност“ Во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
74%
1000
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
995
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
5.66
87%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.41
99%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
7.72
73%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
81%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
7.72
87%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
91%
1009
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
96%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Сребро

2733.78

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72