Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Повеќе од една година, Србија е зафатена од континуиран бран маршеви, блокади, окупации на универзитети и масовни протести. Првите изливи на незадоволство избувнаа по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога 16 лица загинаа кога се урна бетонска настрешница. Она што започна како тага брзо се претвори во бес, и тој бес стана постојан дел од секојдневниот живот во Србија. Улиците не се испразнија. ...
Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за следното: Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел ...
Додека многумина веќе ги планираат своите годишни одмори, интернет-измамниците се поактивни од кога било. Според последните информации објавени од платформата „Grckainfo.com“, најмалку шест семејства досега биле измамени за сместување во Грција, при што им е причинета вкупна штета од над 2.000 евра. Модус операнди: Лажни профили и украдени идентитети Истражувањето на социјалните мрежи открива дека измамниците користат добро разработена шема. ...
Швајцарски адвокат и неговата сопруга поднесоа кривична пријава против француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ поради карикатура на која е прикажан смртоносен пожар во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана. Во пожарот што избувна на новогодишната ноќ загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во петок, на ден на жалост, „Шарли Ебдо“ објави карикатура на која се прикажани двајца изгорени скијачи со натпис „Les brûlés font du ...
Неколку патници беа повредени откако авион на „Етихад ервејс“ денес наиде на турбуленции додека се подготвуваше да слета на меѓународниот аеродром Пукет во Тајланд. Не се објавени детали за повредите, објави „Стрејтс тајмс“. Според соопштението од аеродромот, летот EY416 од Абу Даби, со 160 патници во него, наиде на турбуленции околу 11:30 часот наутро додека кружеше за да добие дозвола за слетување. Потоа капетанот ја контактирал контролната ...
Вевчанскиот карневал годинава ја доби својата најмлада и можеби најслатка учесничка. Тримесечната Ана, облечена во традиционална црвена василичарска маска со препознатливата капа со череп, стана вистинска атракција на социјалните мрежи. Под објавата на „Moe Vevcani“ со пораката „За многу години“, малата Ана беше прогласена за најјако василичарче за оваа година, симболизирајќи го продолжувањето на вековната традиција во Вевчани уште од најрана ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишно лице под сомнение за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичниот законик. Според наводите на обвинителството, осомничениот на 11 јануари, мотивиран од омраза, со камен го скршил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш побегнал. Судија на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот ...
Притворот за поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, е продолжен за нови 30 дена. Тој е под истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Стафа беше приведен во полициска акција откако кај него беа пронајдени 20.000 евра. Истрагата покажува дека тој, во периодот од октомври до декември 2025 година, примил вкупно 50.000 ...
ОВЕН На многу ефикасен начин, можете да имплементирате различни правила на успешен бизнис, кои оставаат сериозен и позитивен впечаток на вашата околина. Обидете се да ја потиснете вашата професионална суета кога има јавна дебата за правилно оценување на нечии заслуги. Поминувате низ различни фази на емотивно расположение. Понекогаш чувствувате голема емоционална екстаза или инспирација, но се чини дека ви недостасуваат добри можности целосно ...
Во осмиот ден по раѓањето, Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраама, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господа покажува дека Он на Себе прими вистинско човечко тело, а не привидно, како што подоцна учеа ...
Жестока вербална војна изби меѓу Москва и Фенер. Вселенската патријаршија ги отфрли како „фантастика“ и „лажни вести“ тешките обвинувања упатени од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), која вчера го обвини патријархот Вартоломеј за соработка со британските тајни служби и го нарече „антихрист во мантија“. Според грчката телевизија „Скај“, Патријаршијата во своето соопштение порачува дека „фантастичните сценарија и измислиците“ нема ...
Иако во моментов не се разговара за укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, предупредува дека проектот е скап за буџетот, а не ја исполнил својата основна цел – сузбивање на сивата економија. Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Петрова ги изнесе бројките кои покажуваат колку државата ја чини повратот на данок кон граѓаните. Според податоците за 2025 година, ...
Обвинителите во Јужна Кореја побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јол ако биде прогласен за виновен за неуспешниот обид за воведување на воена состојба. Судот во Сеул го слушаше финалниот збор по случајот против Јун, кој е обвинет дека бил „лидер на востание“. Обвинението произлегува од неговиот обид во декември 2024 година да воведе воена состојба во Јужна Кореја — потег што траеше само неколку часа, но ја доведе земјата ...
И покрај меѓународните притисоци и предупредувањата од САД, иранскиот режим продолжува со бруталната пресметка. Утре наутро се очекува да биде извршена смртната казна над демонстрантот Ерфан Солтани. Веста ја потврдија активистите за човекови права, кои алармираат за суровоста на постапката пред самиот чин на бесење. Егзекуцијата на Солтани доаѓа во момент на ескалација на тензиите. Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно порача ...
Владината служба за заеднички и општи работи на Северна Македонија соопшти дека направила „ненамерен пропуст“ во промотивните материјали дистрибуирани до дипломатските мисии, бидејќи на дното од тетратка била испечатена мапа на која Косово е прикажано како дел од Србија, а не како независна држава. Предметниот материјал, испратен до неколку амбасади, бил отпечатен само на македонски јазик и придружен со шарена мапа на Европа. Токму оваа карта ...
Голем пожар вчера зафати стан во Тетово, при што, според првичните неофицијални информации, едно лице го загубило животот, а уште едно е повредено. Како што пренесува ТВ21, „пожарникарите пристигнале на местото на настанот и работат на гаснење на пламенот“. Причините за пожарот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на случајот. Голем пожар вчера зафати стан во Тетово, при што, според првичните неофицијални ...
Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните. “Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме ...
Во Националниот парк Галичица, посветената грижа на ренџерот Лазе и неговите помошници Јане и Кире доведе до значителен раст на популацијата на елени. Од 30 единки во 2019 година, денес бројот на елени надминува 200, соопштија од паркот. Популарноста на репродуктивниот центар за елени се зголеми откако пред неколку дена Националниот парк објави видео од центарот, кое предизвика голем интерес и ги стопли срцата на јавноста. Со поддршката, ...
Сопствениците на возила паркирани долж патот во Ски-центарот „Попова Шапка“ се повикуваат веднаш да ги отстранат своите возила, соопштија надлежните служби. Од 20:00 часот Ски-центарот, во соработка со Општина Тетово, ЈП „Паркинг“ Тетово и полицијата, ќе спроведе акција за чистење на патот. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби. Надлежните апелираат за разбирање и соработка, со цел непречено одвивање ...
Во Охрид, вчера трагично загина 28-годишниот Кристијан Љушев, снимател, фотограф и продуцент, при пад од петти кат во окно од лифт во зграда која се наоѓа во изградба. Веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што се обиделе да го реанимираат, но обидите биле неуспешни. Адвокатот Војо Димоски реагираше на социјалните мрежи, повикувајќи внимание на, како што наведува, изведување на ...
Од ДУИ потврдија дека претседателот на партијата, Али Ахмети, утре ќе присуствува на лидерската средба која ја свика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сепак, од партијата не открија каков став ќе има Ахмети во однос на техничката влада. Пратеничката од ДУИ, Зендели, изјави дека останува до утре Ахмети да размисли и да соопшти кој ќе биде неговиот официјален став. Таа додаде дека конечната одлука за евентуално укинување на техничката ...
Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) денес го покани иранскиот амбасадор во Европската Унија на разговор, изјави за Ројтерс функционер на ЕУ, додека неколку земји-членки ги поканија и иранските амбасадори во тие земји. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди употребата на прекумерна сила во масовните протести во Иран, истакнувајќи дека бројот на жртви е „застрашувачки“. Порано денес, неколку ...
Во скопската населба Радишани е пријавено исчезнување на 79-годишниот Живко Вељковски, кој боледува од деменција. Според информациите споделени од семејството, Вељковски бил последно забележан облечен во сина јакна. Семејството апелира до граѓаните доколку го забележат да се јават на телефонскиот број 071 871 631. „Ви благодариме на споделувањето и помошта“, наведуваат блиските. Во скопската населба Радишани е пријавено исчезнување на ...
Драматична сцена е забележана во Бразил, а во центарот на вниманието е туристката Тајана Далазен (36), која била нападната од ајкула од видот Ginglymostoma cirratum. За време на ронењето, како што покажува снимката, девојката се наоѓала во близина на повеќе морски предатори, по што една од акулите се залетала кон неа и ја гризнала за ногата. Водичот го нападнал предаторот Ајкулата ја повлекла девојката, додека таа панично се борела и се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат. „Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта доаѓа. MIGA (Направете го ...
Вевчани денеска е повторно отворена сцена на сатирата, хуморот и „суровата“ вистина. Илјадагодишната традиција продолжи со несмален интензитет – василичарите преку маски ги „поткачија“ сите: од домашните судии, преку мигрантите и руската војска, па сè до американскиот претседател. Никој не беше поштеден. Низ тесните улици на Горно и Долно Маало дефилираа маски кои ги отсликуваат секојдневните апсурди, но и глобалните геополитички потреси. ...
Цените на златото повторно пораснаа денес, на рекордни 4.620 долари за унца, бидејќи инвеститорите бараа безбедни засолништа поради зголемените геополитички тензии и загриженоста за независноста на Федералните резерви на САД (ФЕД). Вредноста на скапоцениот метал скокна откако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, во неделата откри дека му се закануваат кривични обвиненија за сведочењето пред Сенатот минатиот јуни, критикувајќи го потегот како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пред малку испрати директна и експлозивна порака преку својата социјална мрежа „Truth Social“, давајќи отворена поддршка на демонстрантите во Иран и најавувајќи американска интервенција. Во драматичниот пост, Трамп ги повика граѓаните на Иран на радикални чекори и директно се закани на иранските власти. „Ги откажав сите средби“ Трамп напиша: „Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ...
Културната и медиумската сцена во Охрид се во неверување по трагичната вест за смртта на 28-годишниот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Тој го загуби животот вчера попладне при несреќен пад од петти кат во окно на лифт во зграда која е во фаза на изградба. Несреќата во СВР Охрид била пријавена на 12 јануари 2026 година, околу 15:00 часот. Љушев паднал додека извршувал работни задачи, по што со возило на Итната медицинска помош ...
Турскиот државјанин Кадир Кара е осуден на казна затвор од 17 години за убиството на свој сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Освен затворската казна, на осудениот му е изречена и мерка протерување од државата, која ќе се реализира по неговото излегување од затвор. Одлуката на Основниот суд во Штип следува откако Кара на рочиштето одржано на 19 декември 2025 година призна вина за кривичните дела убиство и неовластено ...