Опишан како првиот „небесен стадион“ во светот, арената со 46.000 седишта ќе биде изградена 350 метри над земјата во планираниот „паметен град“ наречен „Лајн“. Сето тоа е дел од амбициозен проект на Саудиска Арабија, која потврди дека ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година. Се очекува изградбата на Неом да започне во 2027 година и да биде завршена до 2032 година, две години пред почетокот на турнирот. Проектот вреден 1 ...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) повикува на зголемена будност откако беа пријавени првите случаи на локално пренесување на мајмунски сипаници во Европската Унија и Европската економска зона (ЕУ/ЕЕА). Овој развој на настаните бара насочени превентивни мерки за да се спречи понатамошно ширење. Нови случаи во четири европски земји Локално стекнати случаи досега се потврдени во четири земји. Шпанија го пријави својот прв ...

Измамата е стара колку и човечката алчност, но алатките постојано се менуваат. Во 2025 година, измамниците ги унапредија своите методи користејќи вештачка интелигенција, криптовалути и украдени лични информации за да ги измамат луѓето поефикасно од кога било. Она што останува константно е нивната способност да ја искористат довербата, стравот и надежта, истите емоции што ги тераат луѓето да дејствуваат без размислување. Вештачката интелигенција ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД гo отстрани Милорад Додик, претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, од листата на санкции. Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници, исто така, се отстранети од листата. Во одлуката е наведено дека од списокот на санкционирани се отстранети и децата на Милорад Додик, Игор и Горица, ...

Седумкатница се урна утрово во северозападниот турски град Гебзе, во покраината Коџаели, информира гувернерот на оваа провинција, Илхами Акташ. Спасувачите извлекоа мртви тела на две деца, а едно лице е пронајдено и извлечено живо од урнатините на седумкатницата. Според турските медиуми, петчлено семејство се наоѓало во зградата во моментот на нејзиното уривање. Сепак, спасувачите успеале да ја извлечат жива 18-годишната ќерка на ова семејство. ...

„Funky Buddha“, главниот моден бренд на грчката компанија „Altex S.A.”, влегува на македонскиот пазар со отворање на својата прва продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Продавницата е лоцирана на првиот кат на молот и нуди модерна облека и обувки за мажи и жени, како и различни модни додатоци. Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура. Брендот е верен на принципите за ...

Руската фармацевтска компанија Нанолек денес објави дека, заедно со Фондот за индустриски развој, започна со производство на првата вакцина против човечки папилома вирус (ХПВ) со целосен циклус во Русија, која може да заштити од вообичаените типови на оваа инфекција што предизвикуваат рак на грлото на матката. „Сакам да напоменам дека не само што започнуваме со целосен циклус на производство, туку правиме и клучен чекор во развојот на технолошки ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ...

Две лица загинаа, а три се уште се заробени под урнатините откако се урна седумкатна станбена зграда во турскиот град Гебзе. Според турската јавна служба ТРТ, на местото на настанот има 627 спасувачи. Гувернерот на Коџаели, Илхами Акташ, објави дека внатре е семејство од пет члена. Спасувачките операции ги пронајдоа телата на момчето и девојчето, а операциите за спасување на преостанатите членови на семејството се во тек. Gebze'de çöken binada ...

Пораки во шише напишани од двајца австралиски војници неколку дена по нивното заминување со брод на фронтот во Франција за време на Првата светска војна се пронајдени повеќе од еден век подоцна на австралискиот брег. Шишето Швепс е пронајдено веднаш над линијата на водата на плажата Вартон во близина на Есперанс во државата Западна Австралија од страна на Питер Браун, кој со својата ќерка Фелисити бил на една од редовните семејни експедиции со ...

Русија спроведе успешен тест на подводниот дрон (торпедо) „Посејдон“ со нуклеарен погон, чија моќност ја надминува моќноста на интерконтиненталната ракета „Сармат“, објави денес претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „Вчера спроведовме уште еден тест на нов ветувачки комплекс, подводното беспилотно возило „Посејдон“, исто така со нуклеарна енергетска единица. За прв пат успеавме не само да го лансираме од подморница-носач со помош ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес нареди, за време на состанокот со членовите на руската влада на кој се разговараше за развојот на рибарскиот сектор, да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во таа земја. На состанокот одржан преку видео врска, Путин рече дека Русија во моментов троши околу 24 килограми риба по лице годишно, пренесува РИА Новости. „Во моментов, нивото на потрошувачка на риба и морски плодови во исхраната на ...

Од полноќ поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука, дизел горивото од утре ќе се продава по цена од 70 денари за литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98+ остануваат непроменети и ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар, соодветно. Исто така, без промена остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, како ...

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку ...

На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на ...

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“, кој минатата недела беше погоден од нов пакет санкции од САД, официјално објави дека ги става сите свои странски средства на продажба. Во соопштението до јавноста, компанијата потврди дека, во врска со воведувањето на рестриктивните мерки, веќе почнува да разгледува понуди од потенцијални купувачи. Овој потег директно ќе влијае на сопственичката структура на мрежата бензински пумпи на „Лукоил“ во Северна ...

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од поврзаните фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска повторно излегоа на протест, кој се одржа од 10 до 12 часот на крстосницата пред седиштето на претпријатието. Тие веќе 14 дена ја чекаат исплатата на септемвриската плата, а не им се исплатени ниту јубилејни награди, регрес за годишен одмор, отпремнини за пензионирани работници и новогодишен додаток. Протестите ќе продолжат секој ден, од 9 до 11 ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.10.2025 во близина на место викано „Шипковичко теќе“, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф“, паркирано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. При ...

Фестивалот EXIT објави дека ќе стане настан со светска турнеја во 2016 година – со застанувања во Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија. Ова доаѓа откако EXIT соопшти дека идното издание нема да се одржи на нивната вообичаена локација, Петроварадинската тврдина во Србија, по политичкиот притисок и спорот со српската влада околу нејзината јавна поддршка на студентските протести во земјата. Последиците го принудија фестивалот да се ...

Поранешниот премиер Кирил Петков отпатува во Брисел за да учествува на либерален форум за елиминирање на правото на вето на малите земји во ЕУ. Моника Зајкова, пратеничка од Либерално-демократската партија во Собранието на Северна Македонија, исто така учествуваше на собирот. Минатата недела бугарските европратеници гласаа во ЕП за резолуција. Шестемина беа „за“ политичката резолуција на ЕП за идното проширување на ЕУ. Таа содржи 3 текста кои се ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на создавање голема, паневропска берза, која би служела како заеднички пазар за тргување со акции низ целиот континент, во јавноста веќе опишана како „европски Волстрит“. Експертите долго време сметаат дека токму поделениот пазар на капитал во Европската Унија е една од главните пречки за посилен економски раст и иновации во блокот од 27 земји. Како резултат на оваа фрагментација, инвестициите во ЕУ ...

Владата го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со кој се предвидува економски раст од 3,8 отсто, инфлација од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (околу 6,1 милијарди евра), додека вкупните расходи се поставени на 413,9 милијарди денари (околу 6,7 милијарди евра). Според тоа, дефицитот ќе изнесува 39,2 ...

Град Скопје преку Одделението за односи со јавност испрати соопштение во кое остро реагира на, како што наведуваат, „директното вмешување на премиерот Христијан Мицкоски“ во работењето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Од Градот обвинуваат дека хаосот во претпријатието е резултат на лични наредби од кабинетот на премиерот, и дека истиот го најавил како „интересна разврска“ на своја прес-конференција пред да се случат промените. „Како ќе ...

Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. T=17°C. P=987hPa. U=48%. V=1m/s. Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. ...

Зголемувањето на глобалните температури убива по едно лице секоја минута во светот, а стапката на смртни случаи поврзани со топлина се зголемува за 23 проценти од 1990-тите, дури и по земањето предвид на растот на населението, според извештајот за влијанието на климатската криза врз здравјето на луѓето од професори од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и Универзитетот во Сиднеј. Во извештајот се наведува дека зависноста од фосилни горива ...

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока, меѓу која алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На граничен премин Блаце запленети се повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу која ...

Белгија започна истрага откако два дрона беа забележани над воена база на југоистокот од земјата, изјави денес министерот за одбрана на земјата, Тео Франкен. Франкен во две најави на платформата X рече дека стражарите во касарна во градот Марш-ан-Фамен забележале неколку дронови како летаат над клучните делови од воената база вчера и во недела, 26 октомври, што предизвика истрага од страна на полицијата и разузнавачката агенција АДИВ, објави ...

Златна боја, густа текстура, етикета со натпис „домашен мед“ и слика од пчела – на прв поглед сè изгледа совршено природно. Но, вистината е дека на пазарот има сè повеќе мед кој со пчелите има многу малку врска. Стручњаците со години предупредуваат дека медот често се фалсификува, се меша со евтини сирупи или се увезува од земји со сосема поинакви стандарди за квалитет. А купувачите, водени од добра намера и желба да го поддржат „локалното“, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. „Сите ние постигнуваме ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството водеше истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога обвинетиот управител и правното ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1028
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1027
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
84%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
1.1
96%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
89%
1028
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
82%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
96%
1028
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

62683.26

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.92

Цинк

3.04

Бакар

10.93

Калај

43.15

Паладиум

53788.20