Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Министерството за здравство ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство. Во продолжение е листата на едукативни настани кои ќе се одржат во наредниот период: – Симпозиум со меѓународно учество организиран од ЗПЗСУ-ПДДММ, ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01/ 02.11.2025 (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар ...
Еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура, Киев го возврати ударот. Трафостаници, рафинерии и термоцентрали во Русија на удар на укарински дронови. Светот мора соодветно да одговори на руското војување, изјави претседателот Зеленски. „Намалувањето на увозот на руската нафта е намалување на руските воени напори и не смее да има исклучоци за никого, вклучително и за Унгарија. ...
В.Д. Претседателката на Основниот Кривичен суд – Скопје, денеска се обрати на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, каде истакна дека Кривичниот суд, но и целиот судски систем, во моментов се наоѓаат пред еден навистина голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Предметот, како што беше посочено, е од исклучителна сложеност и огромна општествена важност. Обраќајќи се пред колегите од Врховниот, ...
Екипи на Електродистрибуција при техничка контрола откриле три нелегални и изгорени кабли во зграда што граничи со хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ во центарот на Скопје. Каблите веднаш биле исклучени како „директна и огромна општа опасност од пожар“, а при дополнителната контрола било утврдено дека хотелот повторно се приклучил на еден од нелегалните водови. Случајот е евидентиран, а до МВР е поднесена пријава за нелегално ...
Два лека против згрутчување на крвта (антикоагуланси) од крајот на ноември годинава ќе може да се земаат на рецепт директно во аптека. Ова денеска го соопшти генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски. Станува збор за лековите „Еноксапарин“ и „Надропарин“, кои досега беа на болничката позитивна листа. Ова значеше дека за домашно лекување, граѓаните прво мораа сами да ги купат, а потоа да ги користат ...
Најмалку 15 до 20 лица се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, откако авион на компанијата „JetBlue“ доживеа ненадејно губење на височина и „проблем со контролата на летот“ додека летал од Мексико кон Њу Џерси. Летот „JetBlue 1230“ полетал од меѓународниот аеродром во Канкун, Мексико, и се движел кон меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси, кога морал принудно да слета. Авионот итно слетал во Тампа, Флорида, околу ...
Денеска завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. Точно на полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае сè до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот. Во вториот круг, градоначалници ќе се избираат во 32 општини и во Градот Скопје. Дополнително, ќе има прегласување за членови на Совет на три избирачки места во Општина Шуто Оризари. Во сабота (1 ноември), во ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против едно лице, откако обезбеди докази дека тој се обидел да изнуди пари од градоначалникот на Општина Неготино и му ја загрозил сигурноста со серија закани. Обвинетиот се товари за кривични дела „Изнуда“ (во обид) и „Загрозување на сигурноста“. Според обвинението, на 2 септември, обвинетиот, со намера да прибави противправна имотна корист, му упатил сериозна закана на градоначалникот ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово, откако СВР Тетово поднесе кривична пријава против него. Како што соопшти Обвинителството, постои основано сомнение дека тој го извршил кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ според член 144 став 5 од Кривичниот законик. Според истрагата, осомничениот на 28 октомври, користејќи профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил видео и текст на албански јазик. ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави дека се наоѓа на судско рочиште со вториот напаѓач од инцидентот што се случи на 11 јули 2025 година во Општина Чаир. „Денес сум на суд со вториот насилник кој на 11.07.2025 година ме нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата“, напиша Арсовска на социјалните мрежи. Таа изнесе сериозни обвинувања на сметка на лицето со кое денеска се ...
НЕМАТЕ никакви планови за Ноќта на вештерките и сакате вистински да се исплашите? Ако е така, исклучете ги светлата, спуштете ги завесите и подгответе се за филмски маратон на кој ќе скокате на сопствената сенка до крајот на ноќта. Гледањето морничави, страшни или крвави филмови со пуканки стана традиција за многумина, и ако тоа звучи како совршена ноќ за вас, ви донесуваме преглед на 10-те најдобри хорор филмови, избрани од LADbible. Злокобен ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин, кој е осомничен за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 29 октомври на граничниот премин Табановце. Осомничениот, управувајќи камион со ...
Ураганот Мелиса повеќе не претставува закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од десетици милијарди долари. Додека бурата продолжува да се движи низ Северниот Атлантик, првите авиони со хуманитарна помош слетаа во тешко погодената Јамајка, каде што властите велат дека луѓето имаат итна потреба од помош по уништувањето на големи делови од островот. Американскиот Национален центар за урагани (NHC) ...
Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски максимум. Што доведе до ова? Во последната година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинални вредности. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Освен основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од ...
Oвeн – Дeнec ќe пoчyвcтвyвaтe нaплив нa внaтpeшнa cилa штo вe oxpaбpyвa дa paзмиcлyвaтe и дa ce вĸлyчитe вo интeлeĸтyaлни зaнимaњa. Be oчeĸyвa пpиjaтeн мoмeнт, ĸoj мoжe пpиjaтнo дa вe изнeнaди. Бидeтe внимaтeлни co пpeĸyмepнaтa иcĸpeнocт – нe ceĸoj e пoдгoтвeн дa ja чye виcтинaтa тoлĸy диpeĸтнo. Биĸ – Физичĸи cтe cтaбилни, нo вaшиoт eнтyзиjaзaм зa paбoтa e нa ниcĸo нивo. Дpжeтe ce дo вaшaтa pyтинa и нe ce впyштajтe вo гoлeми зaфaти. Дeнoт e ...
Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука ...
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...
КАМАЛА Харис откри во ново интервју дека забележала знаци месеци пред Џо Бајден да западне во проблеми за време на претседателската кампања во 2024 година. Во подкаст, Харис ги сподели своите мисли за клучниот момент за кој многумина веруваат дека ќе го одреди исходот од изборите. Таа почувствува дека нешто не е во ред Харис, 61, ги детализираше настаните што доведоа до дебатата во јуни 2024 година помеѓу Бајден и Доналд Трамп во нејзиниот ...
70-годишен маж загина, а 10-годишно момче и уште две лица беа повредени кога хеликоптер се урна на поле во Јужен Јоркшир денес. Бројни полициски, противпожарни и екипи на брза помош веднаш беа на местото на тешката несреќа, објавува The Sun. Полицијата потврди дека 70-годишниот маж претрпел животно-загрозувачки повреди во несреќата и, и покрај напорите на лекарите, починал на местото на настанот. Пилотот, 41-годишен маж и патниците – 58-годишна ...
Иако генерално се согласуваме дека живееме во 2025 година, што ако сето тоа е лага? Што ако, наместо во 21 век, всушност сме сè уште во 18 век? Токму тоа го тврди бизарната теорија на заговор за „фантомско време“, според која речиси 300 години човечка историја се едноставно измислени, пишува LADbible. Теоријата за 300 украдени години Оваа бизарна теорија првпат ја изнесе германскиот историчар Хериберт Илиг во 1991 година. Тој тврди дека ...
Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата, соопшти денеска Бакингемската палата. Во соопштението се наведува дека на принцот формално му е врачено барање да го предаде закупот на вилата Ројал Лоџ и дека ќе биде преместен во друга приватна резиденција. Одлуката е донесена поради врските на Ендру со починатиот сексуален ...
Познатата базилика Саграда Фамилија во Барселона сега е официјално највисоката црква во светот. Ремек-делото на архитектот Антони Гауди ја доби оваа престижна титула откако беше инсталиран нов дел од нејзината централна кула, надминувајќи го претходниот носител на рекордот, катедралата Улм во Германија, објави „Гардијан“. Зградата на Гауди сега се издига на 162,91 метри над градот, објави црквата. Ова значи дека ја надминува кулата на ...
Марија Рива, ќерка на легендарната Марлен Дитрих, почина на 101-годишна возраст. Актерката и поранешна телевизиска ѕвезда Марија Рива, единственото дете на легендарната Марлен Дитрих, почина во сон на 29 октомври во својот дом во Ново Мексико на 101-годишна возраст, објави „Пипл“. Родена како Марија Зибер во Берлин во 1924 година, Рива беше ќерка на германската филмска икона Марлен Дитрих и режисерот Рудолф Зибер. Иако нејзините родители се ...
Поранешниот претседател на Република Српска (РС) и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, и српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, остануваат под санкции од Велика Британија, потврди Министерството за надворешни работи на Велика Британија за Радио Слободна Европа. Во одговорот се нагласува дека режимот на санкции на Велика Британија дозволува воведување санкции врз „оние кои го ...
Цел град Прилеп, како и потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци останаа без електрична енергија. Според информациите, има дефект на 110 КВ далновод, а екипите на ЕВН работат на терен за што побрзо нормализирање. „Општина Прилеп информира дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот со снабдувањето со електрична енергија. Станува збор за дефект на ...
Студентите кои блокираат неколку факултети објавија на своите профили на социјалните мрежи дел од планот за комеморативен собир во Нови Сад, по повод годишнината од уривањето на настрешницата на 1 ноември, во која загинаа 16 лица. Тие ги повикаа сите да се соберат во 10 часот наутро на 16 локации и оттаму да се упатат кон Железничката станица. Локации Simbolično ćemo se 1.11. okupiti na 16 tačaka u 10h, zatim svi idemo ka Železničkoj stanici ...
Фудбалерот на Зенит Санкт Петербург и руски репрезентативец Андреј Мостовој (27) за малку избегна киднапирање, потврди руската полиција. Инцидентот се случил на 23 октомври, а неколку осомничени се приведени. Сега се појави снимка од обидот за киднапирање, погледнете како изгледал подолу: On the night of October 23 in St. Petersburg, Andrey Mostovoy became subject of an attempted kidnapping He managed to fight them off with help of hockey player ...
Нивото на морето во светот расте и цели градови би можеле да исчезнат под вода во блиска иднина. Малкумина ќе бидат безбедни, предупредува нова студија. Покачувањето на нивото на морето повеќе не е далечна закана, но милиони луѓе во критична инфраструктура во крајбрежните региони сега се изложени на ризик. Нова, детална студија сега квантифицира, зграда по зграда, обемот на оваа закана. „Сите ќе бидеме погодени од климатските промени и ...
Кина одобри договор за пренос на сопственоста на апликацијата ТикТок, изјави денес американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува напредок во наредните недели и месеци. „Го финализиравме договорот за ТикТок во Куала Лумпур во однос на добивањето кинеско одобрение и очекувам тоа да продолжи во наредните недели и месеци и дека конечно ќе имаме решение за ова“, изјави Бесент за Fox Business Network откако американскиот ...