Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Кога возот Москва – Калинград се приближуваше кон литванската граница, кондуктерот им рече на патниците на руски: „Го затворам целиот вагон, тоалетите се заклучени“. Патувањето од 1.000 километри и 19 часа е единствената копнена рута помеѓу континентална Русија и нејзината крајбрежна енклава Калининград. Како во ерата на Студената војна, патниците во возот, наречен „Килибар“, поминаа три часа заклучени во тунел додека возот минуваше низ ...
Канадскиот премиер Марк Карни денес изјави дека неговите разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг се „пресвртница“ во затегнатите односи меѓу Кина и Канада што траат веќе неколку години. Вчерашните разговори меѓу кинескиот претседател и канадскиот премиер, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Гјонгџу, беа први меѓу лидерите на двете земји од 2017 година. „Сега го деблокиравме патот ...
Пекинг објави дека ќе ја ублажи забраната за извоз на чипови, воведена како одговор на преземањето на кинескиот производител Nexperia од страна на холандските власти. Овој потег носи олеснување за европската автомобилска индустрија, која предупреди за можен прекин на производството, пишува Би-Би-Си. Потсетете се дека во септември, Холандија употреби закон од времето на Студената војна за да ја преземе контролата врз Nexperia, компанија во ...
Од денес, 1 ноември, задолжително е користење на дневни или соборени фарови на моторните возила во текот на денот, што важи до 31 март, додека за мотоциклистите и возачите на мопеди ова правило важи во текот на целата година, а ХАК исто така нагласи дека зимската опрема е задолжителна од 15 ноември. Хрватскиот автомобилски клуб ги потсети возачите дека во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, задолжително е користење ...
Млади мажи со двојно австралиско-хрватско државјанство наскоро би можеле да бидат повикани на воена служба откако Хрватска одлучи повторно да воведе задолжителна воена служба за прв пат по 17 години. Австралиските власти издадоа предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека би можеле да се соочат со кривично гонење доколку не одговорат на повикот, објавува news.com.au. Австралиското Министерство за надворешни работи и трговија вчера издаде ...
Американските бизниси се соочуваат со бизарен недостиг на пени, монета од еден цент. Откако администрацијата на Доналд Трамп го запре нивното ковање претходно оваа година, монетите во оптек стануваат сè поретки, при што многу продавници се принудени да ги заокружуваат сметките за готовина на најблиските пет центи бидејќи нема јасни федерални упатства за тоа како да се направи тоа, објавува Би-Би-Си. „Се собира многу брзо“, рече Дилан Џон, виш ...
Илјадници луѓе во Нови Сад во петокот вечерта одржаа 16-минутен молк во чест на жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, пред големиот собир за одбележување на годишнината од смртта на 16 лица при уривањето на настрешница на 1 ноември минатата година во претходно реновираната зграда на станицата. Во петокот вечерта, жителите на Нови Сад ги пречекаа илјадниците студенти и граѓани кои дојдоа од цела Србија пеш, со велосипед, ...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт во Велес, на кој беше исвиркана од публиката. Публиката беше потикната и разгневена поради прегнувањето и бакнувањето на знаме на соседна Бугарија. Според видеата може да се забележи дека Цеца го стави на себе бугарското знаме, по што нејзиниот колега на бината веројатно и посочи дека се работи за туѓо знаме и истото веднаш беше тргнато, но публиката не прекина со извикување „УА“ и свирење. Цеца ...
Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, недела, додека денеска традиционално гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците, лицата во домашен притвор, како и оние сместени во старски домови. Во овој изборен круг граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и советници на три избирачки места во општина Шуто Оризари. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според податоците од Државната ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01/ 02.11.2025 (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар ...
Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај ...
Овен Месечниот хороскоп за ноември 2025 година предвидува дека ова ќе биде месец на интензивно самоподобрување и амбиција за Овенот. Ќе почувствувате наплив на енергија што ќе ви помогне да ги надминете сите предизвици. Пробив во вашата кариера е можен ако покажете иницијатива и не се плашите да преземете нови проекти. Во вашиот личен живот, бидете повнимателни кон вашиот партнер; вашата врска би можела да достигне ново ниво на интимност и ...
Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и до ден денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари ...
Од вечерва на полноќ официјално започнува изборниот молк за вториот круг од Локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 2 ноември 2025 година. За време на изборниот молк, медиумите можат да известуваат за текот на изборниот процес, но се забранети сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во кампањата. Според Изборниот законик, прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио или ...
Романската полиција трага по двајца млади, на возраст од 18 и 21 година, кои се осомничени дека во текот на летото го продале своето бебе, старо само три недели, за 7.000 евра. Се сомнева дека парите ги искористиле за купување автомобил. Судот во Горж издал налог за апсење и на 47-годишен маж кој, според наводите на обвинителството, го купил бебето и лажно се претставил како негов татко. Според пишувањата на медиумите, детето било продадено на ...
Неколку државни службеници, кои беа отпуштени во Соединетите Американски Држави поради нивните критички објави на социјалните мрежи за убиениот американски патриот Чарли Кирк, поднесоа жалби до судот. Повеќе од десетина вработени, од наставник во средно училиште во Тенеси до надзорник за градежништво на Универзитетот Обрн, поднесоа тужба против отпуштањето, тврдејќи дека тоа го крши Првиот амандман на Уставот, објавува The Hill. Нивните жалби ...
Постојат хороскопски знаци кои дури и во најтешките моменти изгледаат силно. Тие ретко бараат помош, а уште поретко покажуваат дека се повредени. Иако и самите чувствуваат длабока тага или разочарување, нивната природна потреба да го задржат достоинството и да не покажат слабост често ги тера сè да носат во тишина. Токму затоа е тешко да ги „прочитате“, но и тешко да ги разберете. Ова се знаците кои ја кријат тагата зад гордоста – не затоа што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација веројатно нема да ги продолжи трговските разговори со Канада, но истакна дека има добри односи со канадскиот премиер Марк Карни. „Не, но имам многу добри односи… Многу ми се допаѓа, но знаете дека она што го направија беше погрешно. Беше многу фин – се извини за она што го направија со рекламата“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион кога беше прашан за ...
Илјадници студенти од цела Србија се собраа во центарот на Нови Сад вечерва пред годишнината од падот на кровот на железничката станица, при што загинаа 16 лица. Студентите изразуваат незадоволство и бараат одговорност од надлежните за трагедијата која ја потресе јавноста во Србија. Протестот се одвива мирно, со транспаренти и пораки за безбедност и одговорност, а полицијата е присутна за да обезбеди ред. Организаторите на протестот истакнуваат ...
На натпреварот од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу Вардар и Силекс, беа анализирани две судиски одлуки кои претставуваат предизвик и бараат точна проценка. Во 85. минута, гостинскиот голман интервенираше надвор од казнениот простор без контрола на топката и намерно со двете раце го задржа противничкиот напаѓач, додека голот на гостите беше празен. Главниот судија правилно реагираше и покажа директен црвен картон за голманот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повтори денеска дека САД ќе продолжат со тестирања на нуклеарно оружје, но не одговори директно на прашањето дали тоа ќе вклучува традиционални подземни нуклеарни тестови кои биле чести за време на Студената војна. „Ќе дознаете многу брзо, но ќе спроведеме некои тестирања“, рече Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Air Force One додека леташе кон Палм Бич во Флорида, одговарајќи на прашање за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да нападне воени цели во Венецуела, а нападите би можеле да се случат во секој момент, објави „Мајами Хералд“, повикувајќи се на извори. Планираните напади, за кои исто така објави „Волстрит џурнал“, ќе бидат насочени кон уништување на воени објекти што ги користи организација за трговија со дрога, за која САД велат дека е предводена од венецуелскиот претседател Николас ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика демонстрантите повторно на дијалог по одбележувањето на годишнината од падот на кровот на Железничката станица во Нови Сад и порача дека утрешниот ден треба да биде ден кој нè обединува, а не ден кој нè дополнително разделува. „По утрешниот ден, да обидеме уште еднаш со дијалог во општеството. Уште еднаш ги повикувам оние кои протестираат да седнат за маса, да ги искажат своите желби, да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по ...
Во поривот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати ...
Осум доживотни затворски казни беа изречени денеска во случајот со смртоносниот пожар што избувна во јануари во луксузен хотел на турски скијачки центар, во кој загинаа 78 лица, јави турската приватна телевизија НТВ. Меѓу жртвите, 34 беа малолетни деца кои го поминувале зимскиот распуст со своите родители во хотелот. Вкупно 137 лица беа повредени во трагедијата. Меѓу 11-те осудени на доживотен затвор со строг режим се сопственикот на хотелот, ...
Во услови на конкурентна пазарна средина исполнета со предизвици, ЕБИТДА во првите девет месеци од 2025 година достигна 513 милиони денари. ОКТА ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2025 година, со ЕБИТДА од 513 милиони денари и добивка пред оданочување од 490 милиони денари. Иако засилената конкуренција влијаеше на извозната продажба, остварувањата беа поткрепени од намалениот негативен ефект од вреднувањето на залихите, ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од ...
Русија во последните месеци ја нападна Украина со крстосувачка ракета 9M729, чиј таен развој го поттикна американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од договорот за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Сибиха во писмена изјава за Ројтерс изјави дека употребата на ракетите 9M729, забранети со Договорот за нуклеарни ...