Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Приватниот инвестициски фонд „МидЕвропа“ (MidEuropa) постигна договор за продажба на водечкиот производител на млечни производи во Југоисточна Европа, компанијата „Имлек“, дознава 4NEWS.mk. Новиот сопственик е конзорциум предводен од семејниот инвестициски холдинг „AJFH“ на познатиот српски претприемач Андреј Јовановиќ, во партнерство со актуелниот извршен директор на „Имлек“, Бојан Радун. Иако цената на трансакцијата останува деловна тајна, ...
Синоќа во речното корито на Луда Мара во Кавадарци било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш реагирал и ја известил противпожарната служба. Пожарникарите брзо и професионално интервенирале и го извлекле кучето од водата. Животното е успешно спасено и пренесено во стационарот, каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно. ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје регистрираше промени во раководството на своите подружници, покажуваат податоците од Централниот регистар. Со одлуки донесени на 1 декември 2025 година, а официјално регистрирани на 5 декември, за раководител на подружниците „Канализација Скопје“ и „Благајна 1 Скопје“ е именуван Иван Митровски. Со истите решенија, престанува мандатот на досегашниот раководител Тони Миновски, чии податоци ...
На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го презентираше новиот скандал поврзан со семејната фирма на Томовски, која, според партијата, преку буџетски средства добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. „Го следиме трагот на парите“, истакна Кузеска, потенцирајќи дека Томовски се обидува да го дистанцира своето име од семејната фирма, иако, како што нагласи, неговиот татко, внукот, зетот и дури и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека 82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од околу 170.000 денари од лице кое се претставувало како полициски службеник. Според пријавата, измамникот ја контактирал телефонски и ѝ кажал дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Поради страв, жената излегла на улица и му ги предала парите ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T=12°C. P=988hPa. U=70%. V=2m/s. До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе биде информиран за дијалогот на преговарачкиот тим со американски официјални претставници и ќе ги добие сите документи поврзани со мировниот план, изјави највисокопоставениот преговарач од Киев, Рустем Умеров. Во објава на комуникациската апликација „Телеграм“, Умеров додаде дека главната задача на преговарачкиот тим на Киев за време на неодамнешните преговори во САД била да добие целосни ...
Во неделата попладне, на северозападниот брег на Тенерифе, голем бран ги повлече купачите во морето во популарните природни базени кај Лос Гигантес. Три лица загинаа, тројца се повредени, а за уште една личност се трага, објави германскиот весник Bild. Драматична акција на спасување Според информациите од итните служби на Канарските острови, водната маса ги однела повеќе лица, а меѓу жртвите биле и неколку странски туристи, како што јавува ...
Руски сили ноќеска изведоа голем воздушен напад врз енергетската инфраструктура во централните и северните делови на Украина. Во нападите изведени со дронови и ракети беа погодени градот Кременчук, како и Черниговската и Киевската област, при што загина најмалку еден цивил, а повеќе лица се повредени, соопштија локални власти, јавува The Kyiv Independent. Напад врз енергетиката во Кременчук Експлозии во Кременчук, Полтавска област, одекнаа ...
Маја Мојсоска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, покажуваат податоците од Централниот регистар на Република Северна Македонија. Одлуката е донесена со решение на Министерството за култура и туризам од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана еден ден подоцна, на 5 декември. Со оваа одлука престанува мандатот на досегашната ВД директорка ...
На граничните премини утрово се бележат подолги чекања. На преминот „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини нема значителни задржувања. Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со намалена видливост е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека. Од „Македонија пат“ предупредуваат на можни ...
Сузана Џамбазовска е именувана за вршител на должност директор на Јавната здравствена установа Психијатриска болница Демир Хисар, покажуваат податоците од Централниот регистар. Одлуката е донесена врз основа на решение за разрешување и именување на ВД директор од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана на 5 декември. Џамбазовска ќе ја извршува функцијата ВД директор до избор на директор по распишан конкурс, но не подолго ...
Христијан Мицкоски и ВМРО- ДПМНЕ со нивните погрешни, криминални политики ја изолираат земјата, ја претвораат во црна точка во Европа и ги бркаат младите од Македонија, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Криминалот и корупцијата цветаат, европските коридори ја заобиколуваат Македонија, народот има се помалку пари во џебовите, расте сиромаштијата, иселувањето на младите се зголемува а власта преговара за враќање мигранти. Сите угледни ...
Град познат како дом на Дедо Мраз е во темница од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, овој град, бидејќи се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, многу добро живее од зимскиот туризам, па така зиме на секој чекор се поставени украси, светилки и слично. Зимата во Европа подразбира пократки денови, студ и многу топли напитоци. Меѓутоа, на самиот север на стариот континент, реалноста е сосема поинаква – градовите и ...
Авион на линијата Приштина – Истанбул, по слетувањето излетал и застанал на крајот од пистата. Како што соопшти Амбасадата на Косово во Турција, во овој инцидент нема повредени. „Амбасадата на Република Косово во Турција информира дека денеска, на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’, авион опериран од компанијата AJet, од типот Boeing 737-800, кој го реализираше летот Приштина–Истанбул со број TKJ76Q / VF102, по слетувањето излезе од такси-патеката и ...
Македонската Радио Телевизија (МРТ) станува ново жариште на синдикална полемика откако Програмскиот совет на својата 18-та седница ја потврди репрезентативноста на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), што предизвика бурни реакции од постоечкиот синдикат при МРТ, кој е дел од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). ССНМ достави документација според која 135 вработени од вкупно 593 плаќаат членарина, што според член ...
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска поради дефект на водоводна цевка со дијаметар од 150 милиметри на улицата „16-та Македонска Бригада“, во близина на Ветеринарната болница, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од градот. Без вода ќе останат корисниците на улиците: Ташко Караџа, Јани Лукровски, Трифун Хаџијанев, дел од улиците Бапчор и Христо Ботев, како и високата зона Автокоманда. Од претпријатието соопштуваат ...
Полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Главната управа на руското Министерство за вонредни ситуации за регионот. „Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науките, почувствуван е последователен потрес по сеизмичкиот настан од 30 јули, забележан во Тихиот Океан попладне на 8 декември“, соопшти ...
Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската армија соопшти дека воздушните напади биле изведени откако еден тајландски војник загинал, а четворица биле ранети во судири долж нестабилната граница меѓу двете земји, пренесува „Гардијан“. #BREAKING | Thailand ...
Минималните утрински температури во земјава се движеа од 0 до 6 степени Целзиусови. Најстудено беше на Попова Шапка со 0 степени, а истата температура е измерена и во Демир Капија и Гевгелија. Во Маврови Анови минималната температура изнесуваше 1 степен, додека 2 степени се измерени во Ѓуриште и Крива Паланка. Три степени имаше во Крушево, Берово, Струмица и Пожаране. Температура од 4 степени утринава е забележана во Тополчани, Виница, ...
Овен Почетокот на неделата носи внатрешна тензија помеѓу вашата желба да дејствувате смело и вашите вистински ограничувања. Марс, вашиот владетел, се судира со Сатурн, создавајќи чувство на доцнење. Наместо да се предадете на фрустрацијата, искористете го денот за да ги преиспитате вашите стратегии. Трпението денес е клучот за идниот успех. Бик Понеделник ве поканува да ги преиспитате вашите финансиски цели и материјални приоритети. ...
Свети Климент Охридски е првиот македонски архиепископ во исто време е творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Македонската православна црква со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната ...
Еден од најголемите германски трговци на мало, Edeka, започна иновативна програма која ги наградува клиентите за предавање на нивната стара електроника. Наместо нивните несакани телефони, таблети или гаџети да завршат во фиоки или, уште полошо, во комунален отпад, потрошувачите сега можат да ги претворат во готовина, кредит или ваучери за купување. Овој потег е дел од поширока стратегија за подобрување на одржливоста и намалување на ...
Новата рекордна цена на бакарот одекнува на стоковите пазари. Во петокот се тргуваше над 11.700 долари за тон откако „Сити“ ја зголеми својата целна цена за клучната стока поради ограничена понуда. Металот малку се намали во изминатата недела, но останува близу рекордно високо ниво. Од оваа година, златото веќе има поголем дел од резервите на централната банка отколку американските државни обврзници за прв пат од 1996 година. Помеѓу 2010 и ...
Општо е познато дека летањето може сериозно да ја оштети вашата кожа. Со дехидрација, сув воздух и суровите ефекти на климатизацијата, постојат голем број фактори кои можат негативно да влијаат на кожата на патниците во авионот. Сега, поранешна стјуардеса откри кои седишта се најдобри, а кои најлоши за зачувување на вашата кожа за време на летот. Како што објаснува експертот за убавина и поранешна стјуардеса Даниел Луиз, влажноста во кабината ...
Доналд Трамп може да се повлече од мировните преговори во Украина поради повторени обвинувања за корупција против неколку блиски сојузници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот. Зборувајќи на форум во Доха, Трамп помладиот рече дека Украина е „многу покорумпирана од Русија“ и го нарече Зеленски „еден од најголемите маркетери на сите времиња“, објави Си-Ен-Ен. На ...
На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје. Полициските службеници запреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква ...
Два борбени авиони полетаа од воена база во земја од НАТО откако неидентификуван авион влезе во воздушниот простор на алијансата. Холандските борбени авиони беа лансирани од воената база Волкел во неделата откако Министерството за одбрана издаде предупредување за брз одговор, кое се активира кога авион влегува во воздушен простор без идентификација. Ваквите операции се случуваат неколку пати годишно. „Ги менуваме овие операции со Белгија и го ...
Келн бара храбри поединци кои се подготвени за предизвикот: 100 дена целосна изолација во име на науката, за надомест од 23.000 евра. Сепак, не може секој да аплицира. Германскиот воздухопловен центар (DLR) бара шест волонтери кои, како дел од студијата „SOLIS100“, ќе бидат затворени во истражувачки објект 100 дена. Целта е да се симулира како долготрајната изолација и тесниот простор влијаат на телото и психата – како подготовка за идните ...