Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција по завршување на изборите соопшти дека изборниот ден минал мирно и без сериозни инциденти и нарушувања. Тој рече дека се пријавени неколку настани. „Изборниот ден мина без сериозни инциденти. Ова е уште една потврда дека граѓаните, иснтитуциите и МВР покажаа зрелост и одговорност, и Македонија имаше едни од најмирните избори во историјата. Упатуваме благодарност до сите ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција ги презентираше податоците за текот на изборниот ден на вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека процесот се одвивал мирно и без сериозни инциденти. Тој посочи дека, иако имало неколку пријавени настани, ситуацијата била под контрола на институциите и МВР. „Изборниот ден мина без сериозни инциденти. Ова е уште една потврда дека граѓаните, институциите и ...

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва продолжи да објавува првични и неофицијални резултати од Локалните избори 2025, базирани на податоци од нивните изборни штабови. Според овие партиски информации, во клучната трка за Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 50.591 гласови, додека кандидатот на Левица е со 26.879 гласови. Партијата објави водство и во неколку скопски општини. Во Аеродром, според нивните податоци, резултатот е 7.079 ...

Вечерва, само еден час по затворањето на гласачките места, пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се поставува бина, каде што според најавите од партијата ќе се одржи прослава по повод очекуваната голема победа во вториот круг од локалните избори. Од партијата велат дека резултатите од теренот им даваат основа за оптимизам и славеничка атмосфера. Пред седиштето веќе се поставува разглас, светлосна опрема и партиски обележја, а се очекува ...

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатите на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ водат во повеќе општини и во Град Скопје. Во Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност со 62,65% од гласовите (53.171), додека Амар Мециновиќ од Левица има 32,16% или 27.294 гласа. Во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 68,77%, додека кандидатот на СДСМ доби 25,54%. Во ...

На денешната прес-конференција, членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека изборниот процес поминал мирно, демократски и достоинствено. „На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, изјави Манасиевски. Тој им ...

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва започна со објавување на првични и неофицијални резултати од гласањето на Локалните избори 2025, врз основа на податоци собрани од нивните општински изборни штабови. Според овие податоци, во трката за градоначалник на Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е во водство со освоени 34.734 гласови. По него, според истиот извор, е кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, со освоени 16.835 гласови. ...

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека точно во 19:00 часот беа затворени сите избирачки места за вториот круг на Локалните избори 2025 година, согласно Изборниот закон. Гласањето се одвиваше непречено, без никакви проблеми или потешкотии, а на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, истакна претседателот на ДИК, Борис Кондарко. Според досега обработените податоци, на 97,60% од избирачките места, излезеноста изнесува 45,71% на ...

Пратеникот Арбер Адеми, во име на Демократската унија за интеграција (ДУИ), се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои учествуваа на локалните избори. Тој нагласи дека изборниот процес бил повеќе од обична локална трка, туку „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. Адеми истакна дека, и покрај, како што рече, нечесна и незаконска кампања која вклучувала купување гласови и вмешаност на државниот апарат, ...

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на ...

Портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани на прес конференција по завршување на изборите посочи дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. „Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово го оствари своето гласачно право во Драчево, во месноста Потстаница, Општина Кисела Вода. Тој повторно порача дека доколку биде избран за градоначалник, првите чекори ќе му се реорганизација на јавните претпријатија, стабилизирање на нивната состојба и чистење на градот во првите 72 часа. „Штотуку го остварив своето гласачко право. Како и во првиот круг, се надевам дека и во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по гласањето во вториот круг од локалните избори во основното училиште „Димо Хаџи-Димов“ во општина Карпош, изјави дека чувствува како овие избори да се „продолжување на процесот на реформи и развој“ во земјата. Мицкоски, кој гласаше заедно со сопругата Рози, посака изборниот ден да помине мирно и достоинствено, исто како и во првиот круг, кој, како што рече, бил „најдемократски и најфер организиран во ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова очекува мирни избори по кои, како што вели, избраните градоначалници и советници треба да се фатат за работа. „Да ги заокружиме изборите и потоа градиначалниците и советниците да се фрлат на работа“, рече Сиљановска-Давкова. Taa која упати и две важни пораки. „Она што ќе си го дозволам да го изјавам е нешто што е крајно невообичаено во Европа и во светот, а редовно кај нас. Во европските ...

Универзитетската професорка Ана Чупеска вчера поднела оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. Предава на политички студии на Правниот факултет Јустинијан први и има меѓународно реномирана научна кариера. Засега не е позната причината за нејзината оставка. Неодамна, за време на првиот круг од локалните избори, иако противниците во ВМРО-ДПМНЕ водеа во 55 општини, сепак таа истакна дека истите ги смета за успех и порача дека СДСМ има нагорен ...

Државната изборна комисија (ДИК) го соопшти последниот пресек на излезноста до 18:30 часот за денешниот втор круг од локалните избори во 2025 година. Според информациите на ДИК, на половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на целата земја изнесува 40,45%. Од вкупно 1.013.357 избирачи, со обработени 987.174 гласачи, на гласање излегле 399.319 граѓани. Најниска излезност е забележана во скопските општини Сарај ...

Лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети утрово како прав лидер гласаше точно во 7 часот на вториот круг од локалните избори. Тој се појави на избирачкото место веднаш по отворањето, и порача дека гласал за ден со достоинство, и за иднина каде секој граѓанин се чувствува еднаков. „Денес гласав со убедување и посветеност на човек кој длабоко верува во патот на мирот, еднаквоста и достоинството. Гласав за ден со достоинство, ...

Во 19:00 часот денеска беа затворени избирачките места за вториот круг од осмите локални избори во 2025 година, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три гласачки места во Шуто Оризари за советници. Изборниот процес не се одвиваше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, каде постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на локалните избори. Во вториот круг граѓаните гласаа во главниот ...

Според информациите на СДК.мк, за време на изборниот викенд, кога се одржуваше вториот круг од локалните избори, на аеродромите во Охрид и Скопје беше забележан значително зголемен авионски сообраќај, со вкупно 12 вонредни чартер летови. Најголем дел од нив беа реализирани на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, каде во саботата, на 1 ноември, покрај редовните линии, слетаа шест дополнителни авиони. Два од нив биле од типот „Ербас А320“ со ...

Според податоците на Државната изборна комисија, највисока излезност до 17:00 часот е забележана во Општина Конче, каде што гласале 64,4 проценти од запишаните избирачи. Веднаш зад неа е Општина Росоман со 63,58 проценти излезност. Висока излезност е регистрирана и во Дојран (62,96%), Лозово (62,78%) и Демир Капија (62,71%). Од друга страна, најниска излезност до 17:00 часот има во скопската Општина Сарај, каде што на гласање излегле 8,77 ...

Германија ги исполни договорите за зајакнување на украинскиот систем за воздушна одбрана со противвоздушни ракетни системи „Патриот“, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ја зајакнавме компонентата „Патриот“ во нашата украинска воздушна одбрана. Им се заблагодарувам на Германија и на канцеларот Фридрих Мерц лично за овој наш заеднички чекор во заштитата на животите од рускиот терор. Веќе некое време го подготвуваме ова ...

Рекордните обилни дождови и поплави што го погодија централниот дел од Виетнам минатата недела одзедоа 35 животи, додека пет лица се водат како исчезнати, соопштија денес виетнамските службеници за управување со вонредни состојби. Администрацијата за управување со катастрофи и насипи на Виетнам соопшти дека 35 жртви загинале во провинциите Хуе, Да Нанг, Лам Донг и Куанг Три, објави телевизијата CNA. Древниот град Хој Ан, кој е дел од светското ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Берово поднесе известување против малолетно лице од Пехчево, поради сомнение дека сторило кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според полициските информации, на 8 јули 2025 година, пријавениот одзел пари од паричникот на својата баба. Потоа, на 10 и 11 јули истата година, со платежната картичка на неговата мајка, од банкомат во два наврати подигнал ...

На денешната 151. седница, Државната изборна комисија разгледа два приговора поврзани со остварување на правото на глас. По разгледувањето, беше утврдено дека двајцата подносители се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до затворањето на избирачките места во 19:00 часот. Истовремено, Комисијата донесе одлука за одземање на акредитации на осум домашни набљудувачи, поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за ...

На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По ...

Градоначалникот на Кембриџшир и Питерборо, Пол Бристоу, изјави за Скај њуз дека имало „вонредни акти на храброст“ за време на масовниот напад со нож во воз во Англија синоќа. Според Бристоу, еден од патниците станал херој откако се обидел да заштити млада девојка од напаѓач кој ги напаѓал патниците со своето тело. „Слушнавме дека еден човек се поставил меѓу девојката и напаѓачот и бил сериозно повреден во тој процес. Сакам да истакнам дека ова ...

Кајла Досон (27), поранешна олимписка надеж од Колорадо Спрингс, е осомничена за убиство на возачот на Убер, Џереми Кемпбел (38), со месарски нож, оставајќи го неговото тело на поле, а потоа крадејќи му го автомобилот и паричникот. Таа е обвинета за убиство од прв степен, тешка грабеж, кражба од втор степен на моторно возило и фалсификување докази, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Ел Пасо. Според полицијата, Досон првично рекла дека ...

Француска агенција за заштита на потрошувачите го пријави азискиот моден гигант „Шеин“ кај властите за продажба на „секс кукли што изгледаат како деца“ на својата веб-страница. Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и борба против измама (DGCCRF) изјави дека онлајн описот и категоризацијата на куклите „го отежнуваат сомневањето за природата на содржината како детска порнографија“, објавува Би-би-си. Шеин: Реагиравме веднаш ...

Вчера се отвори Големиот египетски музеј (ГЕМ) во Каиро. На церемонијата присуствуваа 40 државници и високи функционери, вклучувајќи кралеви, претседатели и премиери од целиот свет. Изградбата на музејот, кој се смета за најголем музеј во светот посветен на древната египетска цивилизација, започна во 2002 година и беше изграден според наградуваниот дизајн на ирската архитектка Роисин Хенеган и нејзиниот сопруг Ши-Фу Пенг. Отворањето се случи ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на управител на правен субјект, без да обезбеди решение за одмор и одлуки за отсуства од друштвото, за периодот од 14.08.2020 до 17.09.2024 неоправдано отсуствувал од работа вкупно 140 дена и на тој начин се стекнал со имотна корист во вредност од 389.099 ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
2.06
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.7
77%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
99%
1028
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.32
88%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
75%
1030
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
93%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Калај

42.35

Алуминиум

2.90

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Злато

139470.53

Платина

61733.50

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Родиум

258009.74

Кобалт

58.42