Загинатиот велосипедист во денешната сообраќајна несреќа во Скопје е Јорго Ќуќа, поранешен директор на некогашниот индустриски гигант „Охис“. Несреќата се случила попладнево на булеварот „Илинден“, кога автомобил удрил во велосипед со кој управувал Ќуќа. Според првичните информации, тој се здобил со тешки повреди и подоцна им подлегнал. Возачот кој го прегазил велосипедистот првично го напуштил местото на несреќата, но бил пронајден и приведен ...

Пет земји, според проценките, имаат најголема веројатност да преживеат нуклеарна војна. Една од нив е Швајцарија. Земја позната по својата неутралност, но и по подземните бункери изградени за заштита на речиси целото население. Доколку избувне глобален хаос, Швајцарија е подготвена да се изолира и да преживее. Друга европска земја – Норвешка. Скриени длабоко во планините се огромни бункери и трезорот за семиња на Свалбард, кој содржи милиони ...

Денеска во Мала Речица се одржа Централното претседателство на ДУИ, свикано од страна на претседателот Али Ахмети. Портпаролот на партијата, Арбр Адеми истакна дека одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки. „Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е ...

Младите луѓе кои се надеваат дека ќе поседуваат дом треба „да престанат да купуваат кафе во Старбакс“, изјави Памела Либман, претседател и извршен директор на луксузната меѓународна фирма за недвижности „Коркоран груп“. 63-годишната жена, која има проценета нето вредност од 25 милиони долари и ја започнала својата кариера во Коркоран како агент на 23-годишна возраст, им порача на миленијалците и на генерацијата З во неодамнешно интервју за ...

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес се појави на снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“, и иако на почетокот се смееше, расположението брзо ѝ се промени откако новинарите ја замолија да коментира за настаните во Велес каде прегрна и бакна знаме на соседна држава. „Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа… Мислам, чест на исклучоците, а има ...

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката со која се забранува носењето шамии во јавните училишта, утврдувајќи дека тие се во согласност со кодексот за облекување утврден од Министерството за образование, наука, технологија и иновации. Судот ја отфрли тужбата на организацијата Арита – Мрежа за професионален развој на жени, која тврдеше дека забраната претставува форма на дискриминација и ги крши основните права на ученичките. Според ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе го одржи својот партиски конгрес најдоцна до 20 декември, одлучи Централното претседателство на партијата на денешната седница во Мала Речица, свикана од лидерот Али Ахмети. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека на седницата се разгледувале тековните политички случувања во државата, состојбата во коалицијата и внатрепартиските процеси. „Дискутиравме за сите политички и внатрешни ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека гласањето се спроведело во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи. Бројот на избирачки места изнесувал 1.777, а гласале 424.923 лица, што претставува излезност од 41,93 отсто. Од нив, 404.464 гласачки ливчиња биле важечки, а 23.930 ...

Тројца алпинисти загинаа, а осум се водат како исчезнати откако лавина го погоди планинарското експедиционо на едно хималајско врвче во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Меѓу исчезнатите на планината Јалунг Ри Химал, која се издига на 5.630 метри надморска височина во округот Долакха, североисточно од Катманду, се наоѓаат пет странски државјани, изјави за Ројтерс полицискиот службеник Гјан Кумар Махато. Националностите на загинатите и ...

Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека вториот круг од локалните избори во земјава се одвивал уредно, а кампањата била конкурентна, иако не сите кандидати имале еднакви услови за изборна кампања. Загрижувачки остануваат притисоците врз гласачите и наводите за купување гласови. Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија, изјави дека основните слободи на изразување, здружување и собири биле почитувани и дека учесниците имале ...

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги утврди кандидатите кои ќе ги заменат Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. Според одлуката, пратеници ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, образложи дека редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, овие тројца ќе ги заменат ...

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б.. Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на ...

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025 упати апел до гласачите на СДСМ: „Ве пуштија низ вода. Ги предадоа Струмица и Карпош, предадени сте од корумпираното раководство. Престројте се позади нашиот бајрак, за да ги победиме ДПМНЕ на наредни парламентарни избори!” На завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025, Апасиев се обрати и ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека колку повеќе западните земји трошат за поддршка на Киев, толку повеќе територии на крајот ќе се вратат во Русија и „крајот на режимот во Киев ќе биде пострашен“. Медведев го нарече украинското раководство, кое, како што рече, потрошило милијарди долари западни средства во текот на неколку години, „крвави кловнови на Киев“ (ККК), пренесува ТАСС. „Колку ...

На 02.11.2025 околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, ...

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж, кој починал на самото место. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист. По несреќата, возачот го оставил возилото и избегал од местото на настанот. Во тек ...

„Во следните две и пол години, Скопје само дополнително ќе се мобилизира и на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје”, истакна кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, на завршната прес – конференција од вториот круг на Локалните избори – 2025. „Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме пред два месеци. Во создавањето на ова движење кое веќе го имаме ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори изјави дека резултатите потврдуваат оти СДСМ останува најсилната опозициска партија во државата. Тој нагласи дека изборите претставуваат важна поука и насока за идната работа и понатамошното позиционирање на партијата во интерес на граѓаните и државата. „Согласно изборниот резултат на советничките ...

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип за ризични категории населени досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата. -Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Певентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови ...

Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров се случил несекојдневен настан. Според сведоштва на присутни граѓани, маж облечен во мантија се претставувал како свештено лице и за паричен надомест нудел изведување на верски обреди. Еден од очевидците, кој случката ја објавил на социјалните мрежи, навел дека додека лицето се подготвувало да започне со обредот, на местото пристигнала полиција и го привела. Поради тоа, обредот не бил изведен. Од ...

На тројца пратеници кои на локалните избори беа избрани за градоначалници им престана пратеничкиот мандат. Државната изборна комисија (ДИК) ќе го извести Собранието за следните кандидати кои треба да ги пополнат испразнетите пратенички места. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната седница потсети дека, согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик, со денот на верификацијата на мандатот за градоначалник, автоматски ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,849%, кај дизелот за ...

смоте локални избори во земјава ќе останат забележани по најниската излезност на гласачите од независноста досега. За првпат, одѕивот на граѓаните не ја надмина границата од 50 проценти ниту во првиот, ниту во вториот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг одѕивот на гласањето за градоначалници изнесуваше 48.30%. Од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи, гласале 885.085 граѓани. Во вториот круг, кој ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека постапувала по повеќе пријави поврзани со изборниот процес. Дел од нив се проследени до надлежни институции, додека за дел е утврдено дека нема прекршувања. Една од пријавите што ќе добие натамошна разрешница се однесува на директорка на средно училиште. Според ДКСК, таа во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија ...

Еден од најневообичаените податоци од вчерашниот втор круг на локалните избори доаѓа од скопската општина Сарај. Како што се наведува во извештаите, на избирачкото место 2444, сместено во Основното училиште во селото Раовиќ, е забележана апсолутна апстиненција. Од вкупно 214 запишани избирачи во избирачкиот список на ова место, својот глас не го дал ниту еден граѓанин. Оваа 100-процентна апстиненција во Раовиќ е во остар контраст со гласањето во ...

Во најновата колумна насловена „Во интерес на државотворната минерална безбедност“, металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов повторно го отвора прашањето за стратешката важност на металичните минерални суровини за државата – предупредувајќи дека Македонија се наоѓа „на раскрсницата“ меѓу научен прогрес и политичка блокада. Грозданов пишува дека земјата мора да одговори на суштинско прашање: „Какво значение имале, имаат и ќе имаат ...

Подгответе се за променливо облачно време, врнежи од дожд и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна воздушна маса, од денес попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од УХМР предупредуваат дека врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 15 л/м2) и ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе започне да дува умерен, а повремено и засилен северен ...

Вториот круг од локалните избори, кој се одржа вчера во 32 општини и во Градот Скопје, го одбележа исклучително висок број на неважечки гласачки ливчиња – вкупно 29.815. Од нив, 10.528 се однесуваат на трката за градоначалник на главниот град, додека останатите 19.287 се од гласањето во другите општини. Според резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од 100 отсто обработени избирачки места, анализата покажува ...

Костадин Ацевски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ и досегашен претседател на општинската организација на партијата, денеска поднесе неотповиклива оставка од партиската функција. Потегот доаѓа како директна последица на лошиот изборен резултат, но Ацевски во своето видео обраќање отиде чекор понатаму, барајќи одговорност и од самиот врв на партијата. „Изборите завршија. Време е да се понесе одговорност. ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1023
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -4ᴼ
2.06
65%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1024
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Калај

41.29

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Паладиум

50830.33