Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа што се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман. Според првичните сознанија, до трагедијата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата, животот го загубија две лица, меѓу кои и возачот на едниот автомобил. Пет други лица се здобиле со повреди. ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по завршувањето на локалните избори соопшти дека пред партијата претстои јасен пат напред – со неопходни политички и кадровски промени кои, како што наведуваат, ќе донесат раст и зајакнување на организацијата. „Пропаднаа обидите и сценаријата за исчезнување на СДСМ. Партијата отсега натаму ќе се враќа само посилна“, се наведува во денешното партиско соопштение. Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, ...
Владимир Токтасинов, познат кик-боксер и ветеран на европската кик-бокс сцена, почина на 36-годишна возраст поради срцев застој. Веста за неговата изненадна смрт ја потресе боречката сцена, а потврда за тоа даде и Glory, најпознатата организација во овој спорт. Токтасинов беше препознатлив како силен и технички вешт тешкашка категорија. Во својата кариера забележа 51 победа, од кои 28 со нокаут, и 20 порази. Познат е по борбите во реномирани ...
Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. ...
Уставниот суд на Босна и Херцеговина во вторникот ја одби апелацијата на Милорад Додик, кој пред ова тело се обиде да ја оспори пресудата со која Судот на БиХ го осуди на една година затвор и шест години забрана за извршување јавна функција во институциите на власта. Поранешниот претседател на Република Српска и неговата одбрана ја поднесоа жалбата со образложение дека немал право на правично судење, но Уставниот суд оцени дека тие тврдења се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ...
Денеска (04.11.2025) во 10:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Г.М. и К.М., двајцата од Република Турција. При гранични проверки и контрола било констатирано дека визите за Обединетото кралство, кои ги приложиле на увид, биле фалсификувани. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна ...
Од 17:10ч сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско е во прекин поради сообраќајна незгода. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Оваа недела три хороскопски знаци можат да очекуваат значаен финансиски успех. Месечината влегува во знакот на Бик, носејќи смирена самодоверба, приземјена енергија и јасен фокус кон стабилност. Овој астролошки влијание нè потсетува дека сигурноста не се гради преку ноќ, туку со трпение, доследност и вера во сопствената вредност. Под оваа енергија, трудот се исплаќа, можностите се множат, а финансиската среќа конечно почнува да расте, пишува ...
Во најновиот извештај за 2025 година, Европската комисија посветува значајно внимание на трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, оценувајќи дека таа ги разоткрила „трајните системски предизвици“ во земјата. Трагичниот пожар од 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 62 лица, а над 190 беа повредени , според Брисел, е директен одраз на „системска институционална негрижа“ и „недостиг на надзор“ врз основните безбедносни стандарди и ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се менува начинот на регрутирање за воена служба на таков начин што ќе се спроведува во текот на целата календарска година, од 1 јануари до 31 декември, беше објавено на официјалниот портал за правни информации. Според сегашниот закон, граѓаните се регрутираат двапати годишно, од 1 април до 15 јули и од 1 октомври до 31 декември, пренесува агенцијата Интерфакс. Регрутирањето вклучува ...
Во делот на економските критериуми, Европската комисија оценува дека Северна Македонија има „добар степен на подготовка“ за функционална пазарна економија, но нотира само „ограничен напредок“. Како позитивен развој се истакнува забрзувањето на растот на реалниот БДП во 2024 година, поттикнат од приватната потрошувачка и јавните инвестиции. Сепак, Брисел предупредува на неколку предизвици. Инфлацијата, по значителниот пад, „повторно се зголеми од ...
Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот за проширување на Европската унија што се одржува во Брисел, во организација на „Еуроњуз“. Во своето обраќање, Мицкоски говореше за долгиот европски пат на Македонија, кој, како што истакна, трае повеќе од 25 години. „И по две децении сè уште сме на истата стартна линија, не затоа што не сме ги исполниле Копенхашките критериуми, туку и покрај бројните отстапки кои сме ги направиле – од ...
Европската комисија го објави својот најнов извештај за напредокот на Северна Македонија, во кој се нотира алармантен застој во клучните области. Во поглавјето „Фундаменти“, земјата доби оценка „нула напредок“ во делот „Судство и фундаментални права“ и „нула напредок“ во „Борбата против корупцијата“. Извештајот нагласува дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“. Дополнително, кредибилитетот ...
И покрај сериозните критики во делот на владеењето на правото, Европската комисија упати јасни пофалби за Северна Македонија во неколку области, пред се во надворешната политика. Извештајот наведува дека земјата „го задржала своето целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“ , вклучително и во однос на војната на Русија против Украина. Со ова, земјата испратила „силен сигнал за својот стратешки избор за ...
Бројот на жртви од тајфунот Калмега, кој ги погоди централните Филипини, се искачи на 39, изјави денес локален владин претставник. Смртните случаи се должат на давење и урнати објекти, изјави во телефонска порака покраинската информативна служба Анџелисе Оронг, објави Ројтерс. Тајфунот предизвика ненадејни поплави кои ги заробија жителите на покривите и ги потопија автомобилите во неколку населби, а исто така расели и десетици илјади луѓе, ...
Физичка пресметка на улица во Неготино. Се степале три жени. „Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се здобила со повреди, констатирани во ...
Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, потврди денеска портпаролот на ВРЕДИ, Дритон Сулејмани. Тој најави дека за нов министер за животна средина сè уште не е одлучено, но името ќе биде познато наскоро. Сулејмани истакна дека коалицијата ВРЕДИ ќе продолжи да функционира обединето, како што било и досега, без поделби по партиски линии. Осврнувајќи се на изборните резултати, тој рече дека ВРЕДИ излегува како втора ...
Владата на Македонија го освежи изгледот на својата официјална веб-страница, која има целосно нов дизајн и современ визуелен идентитет. Новина е и тоа што додека посетителите ја разгледуваат страницата, во позадина се слуша државната химна. Како и досега, и оваа власт веднаш по доаѓањето направи промени во изгледот на владината страница, со цел да ја направи „попрегледна, пофункционална и поблиска до граѓаните“, како што се наведува во ...
Дејвид Бекам доби посебна почест од кралот Чарлс на церемонија во замокот Виндзор. Тој е прогласен за витез и сега ќе ја користи титулата „Сер“ пред своето име. Поранешниот капитен на Англија е прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации, а за Скај њуз призна дека плачел кога дознал. Сер Дејвид и Лејди Викторија сега се По церемонијата, Сер Дејвид рече дека тоа е „голем момент“ за него и неговото семејство. ...
Голем пожар избувна во магацин за гуми на компанијата „Пнеуматик“ во Света Недела, градче во Загрепската жупанија, околу 11 часот, предизвикувајќи голем облак од црн чад видлив од голема далечина, објавија локалните медиуми. Пожарот го гаснат пожарникарите на „Света Недела“ и со помош на камион за скали, а поради обемот на пожарот, повикани се и други противпожарни служби, објави „Светонеделски лист“. Голем и густ столб од црн чад е видлив и од ...
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгубила дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. „Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата. За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат. ...
Повеќе од два месеци по отворањето на истрагата, сè уште нема епилог за наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи. Интерната комисија при Министерството за здравство сè уште ја разгледува документацијата и останува да анализира седум до осум претставки од вкупно околу 25 поднесени. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека комисијата ќе излезе со резултати кога ќе го заврши разгледувањето на сите ...
Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Брисел каде оствари средба со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта. Како што вели, средбата била пријателска. „Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух ...
Изет Меџити денес и официјално го доби мандатот за градоначалник на општина Чаир, по победата во првиот круг од локалните избори одржани на 19 октомври. Тој на својот Фејсбук профил порача дека пред нив стои ново поглавје. „Од денес се враќам во мојата земја, меѓу мојот народ, со чест, понизност и длабока благодарност. Се враќам таму каде што сè започна. Каде научив што значи да се работи за народот, да се слушаат нивните проблеми и да се ...
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, кој во Собранието ќе го брани министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Новиот буџет проектира вкупни расходи од 414,2 милијарди денари и вкупни приходи од 374,9 милијарди денари. Она што е веднаш воочливо е дека додека буџетот обезбедува значителен раст на средствата за социјална стабилност, пред сѐ за пензии и плати во јавниот сектор, тој истовремено предвидува и значително ...
Бугаринот Бојан Иванов (62) од Русе е пронајден неодамна од шумарската служба во една импровизирана колиба на планината Пирин, над Банско, 12 години откако бил прогласен за исчезнат, а од пред пет години се водел како мртов, јавува БТВ. Иванов последно живеел во селото Ново Село, во околината на Русе и не бил во брак. На 9 јуни 2015 година, неговата мајка, Тодора Александрова, пријавила дека го нема подолго време, по што тој бил прогласен за ...
Поранешниот потпретседател Дик Чејни, кој служеше под претседателот Џорџ В. Буш за време на нападите од 11 септември и војните во Ирак и Авганистан, почина на 84 години, објави неговото семејство во вторник. Поранешниот потпретседател почина поради компликации од пневмонија и срцево и васкуларно заболување, соопшти неговото семејство. „Со децении, Дик Чејни ѝ служеше на нашата нација, вклучително и како началник на кабинетот на Белата куќа, ...