Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Поради денешниот одрон на карпа на патот Градско – Велес, кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ, екипи на ЈП „Македонија пат“ од велешката подружница се на терен и интервенираат за расчистување на патот. – Нашата екипа излезе со машина скип-багер и веќе работи на отстранување на паднатата карпа и повторно оспособување на сообраќајницата – изјави за МИА Ристе Коџобашиев, раководител на велешката подружница на ЈП „Македонија пат“. Според него, ...
Со цел објективно и стручно да се испитаат сомнежите околу изведувањето на кардиолошки и кардиохируршки интервенции во земјава, Министерството за здравство ангажираше странска комисија составена од тројца меѓународно признати експерти од областа на кардиологијата и кардиохирургијата. Во составот на комисијата е д-р Уголино Ливи, истакнат кардиохирург од Италија, редовен професор по кардиохирургија на Универзитетот во Удине. Тој има и ...
Името на Македонија се појавува во дел од електронската преписка поврзана со Џефри Епштајн, која изминатиот период повторно привлече големо внимание во јавноста. Во објавените мејлови, земјата се споменува во контекст на научно истражување поврзано со проучување на човечки мозоци и развој на потенцијален лек за психијатриски состојби. Во една од пораките, испратена до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано, се опишува истражувачки ...
Намалување на приходите во државниот буџет и сериозен притисок врз трговијата – вакви последици предвидуваат економските аналитичари доколку се усвои Законот за заштита од пушење во предложената форма. Се поставува прашањето како овие мерки ќе се одразат врз стабилноста на јавните финансии и дали евентуалниот пад на приходите од акцизи може да резултира со нови давачки за граѓаните. Овие предупредувања доаѓаат во период кога буџетскиот ...
Словенија и официјално ја утврди минималната плата за 2026 година, која ќе изнесува 1.481,88 евра бруто. Одлуката е потпишана од министерот за труд и објавена во Службен весник на 30 јануари, со што е испочитуван законскиот рок за нејзино донесување. Со оваа одлука, работниците кои работат со полно работно време и примаат минимална плата можат да очекуваат месечни примања од околу 1.000 евра нето. Новиот износ на минималната плата има ...
Владата денеска реагираше на јавните настапи и изјави на Трендафилов, оценувајќи дека со нив се прави обид да се создаде лажна слика за состојбата со социјалниот дијалог во државата. Од Владата посочуваат дека не им е јасно кого чекал Трендафилов во празна сала, нагласувајќи дека за извршната власт социјалниот дијалог претставува сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и појавување пред камери. Во таа насока, ...
Во продолжението на испрашувањето, сведокот Дејан Манасиев одговараше на директни прашања од одбраната на првообвинетиот сопственик Деко. Адвокатите на одбраната, кои исто така го предложија Манасиев за сведок, се обидоа да утврдат дали во објектот постоеле безбедносни механизми. На прашањата поврзани со опремата за итни случаи, долгогодишниот вработен потврди дека одредени безбедносни светла постоеле. Панични светла: Светлечки знаци: Клучот ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Струга и К.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25.06.2025 аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по ...
Сведокот Дејан Манасиев, поранешен шанкер во дискотеката „Пулс“, пред судот изјави дека не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, но ќе бара оштетно побарување. Тој сведочеше дека и по 10 месеци од трагедијата има сериозни здравствени последици, со сатурација која повторно му паднала на 65 проценти. Манасиев наведе дека работел во дискотеката од 2012 година, без потпишан договор и без обука за заштита при работа. Според него, таа ...
Дејан Манасиев, кој работел како шанкер во дискотеката „Пулс“ од самото отворање во 2012 година, денеска пред судот го даде своето сведоштво. Тој откри дека персоналот работел без договори, немале никаква обука за заштита од пожари, а кобната вечер голем дел од вработените не успеале да излезат живи. Манасиев, кој се бори со тешки здравствени последици и намалена сатурација, истакна дека наредбите ги добивале директно од газдата „Деко“. ...
Денеска, на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова тело не е формалност, туку јасна порака дека државата системски и бескомпромисно ќе се спротивставува на криминалот и корупцијата. „Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп. Првообвинетиот како управител на кривично ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година. Според РКЕ, на светскиот пазар референтните цени на нафтените деривати бележат раст: бензините за 2,433%, дизелот за 4,757%, екстра лесното масло за 3,829% и мазутот за 5,973%. Дополнително, курсот на денарот во однос ...
Адвокатот Петре Шилегов денеска посочи дека за голем дел од обвинетите во овој предмет нема правна основа и не постои опис на дело што може да им се стави на товар. „Уште од почетокот укажувавме на Обвинителството дека квалификацијата на кривичното дело „предизвикување општа опасност со смртни последици“ не е оправдана за дел од обвинетите“, изјави Шилегов. Тој нагласи дека оваа оценка е потврдена и од страна на стручната јавност, како и од ...
На 02..02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола. Запознаен ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска истакна дека зголемувањето на платите на работниците не е приоритет на Владата. Во 9 часот во просториите на ССМ требаше да се потпише Спогодба за утврдување на висината на минималната плата во бруто, со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати во јавниот сектор би се зголемиле за најмалку 6.000 денари, со почеток од февруари 2026 година. „Не се проблем само ...
Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Туркије како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни. На прес-конференција во Истанбул, податоците за ...
На 01.02.2026 во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
Во сведочење пред судот за случајот „Пулс“, сведокот Петар Марковски изјави дека постоеле информации оти задната врата на дискотеката се користела како алтернативен излез при полициски рации, со цел малолетни лица да го напуштат објектот. Тој посочи дека за ваква пракса слушнал во периодот додека со години ја посетувал дискотеката, но не наведе конкретен настан на кој лично сведочел. Марковски зборуваше и за организацијата на влезот, ...
Со морничави детали за борбата за живот и трајните здравствени последици, денеска пред судот сведочеше Петар Марковски, еден од преживеаните во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Тој пред судечкиот совет раскажа за хаосот, пропустите во работењето на клубот и моментот кога морал да ги соблече патиките за да се извлече од купот онесвестени тела. Марковски, кој бил редовен гостин во дискотеката седум години, критичната вечер пристигнал околу ...
Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тој предупреди дека државата троши огромни суми за судски процес кој може да биде правно неоснован. Аргументот на Шилегов: Нема „тешки дела“ без директна врска ...
Бугарија официјално ја воведе еврото како единствено средство за плаќање од 1 февруари, со што заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да користат и бугарски лев и евро при секојдневните трансакции. Од бугарското Министерство за финансии потврдија дека од вчера левовите повеќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците сега се обврзани кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без разлика на тоа ...
Советот на Општина Струга донесе одлука на јавно наддавање да се понуди службеното возило „Ауди“, кое во минатото го користел поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, а за чие набавување се водеше постапка за злоупотреба на службената положба. Возилото било купено по цена од 67.000 евра, а на продажба ќе се најде со почетна цена од 10.000 евра. Како што е образложено, почетната цена е утврдена врз основа на пресметана годишна амортизација од 15 ...
Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти на -7 степени. Температури од -4 степени се регистрирани во Берово и Маврови Анови, -3 во Крушево, -2 во Крива Паланка, а -1 степен е измерен во Тетово и Виница. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип и Прилеп, додека 1 степен е измерен во Охрид, Претор, Битола, Велес и Кавадарци. Најтопло утрово било во Демир Капија ...
Значајни целодневни нарушувања во јавниот превоз низ цела Германија се очекуваат денеска поради штрајк на национално ниво, организиран од синдикатот Верди. Се очекува автобусите, трамваите и подземните железници во многу општински јавни превозни претпријатија да не сообраќаат. Како што најавија претставниците на синдикатот Верди, штрајкот ќе се одржи во речиси сите 16 сојузни покраини. Според наводите на синдикатот, единствено Долна Саксонија ...
Министерството за образование и наука потсетува дека е во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година, при што рокот за аплицирање завршува на 5 февруари 2026. Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните ...
Овој понеделник, небесната конфигурација нè става на работ на сериозни трансформации. Сонцето во Водолија е во хармоничен аспект со Марс, што внесува неочекувана доза на динамизам во почетокот на работната недела. Месечината минува низ аналитичкиот знак Девица, барајќи од нас прецизност и внимание на деталите, додека Плутон продолжува да ја тестира цврстината на старите структури. Денот е погоден за иновации, поткрепени со стабилен план. ...
Патниот правец од Удово за Валандово од утринава од 05:25 часот е затворен за сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Затворањето на патниот правец е поради излевање на Калковска Река на коловозот. Сообраќајот од оваа делница, како што велат од АМСМ, се пренасочува на патниот правец од селото Марвинци кон Валандово. Од АМСМ информираат и дека поради магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои ...
Православната црква го чествува споменот на Свети Ефтимиј Велики, еден од најголемите столбови на монаштвото. Роден по молитва, тој целиот свој живот го претвори во молитва, станувајќи учител на пустината и голем чудотворец. Роден е во ерменскиот град Мелитина, близу реката Еуфрат, околу 377 година. Тој бил единец, даруван од Бога на своите благородни родители по искрените молитви на неговата мајка Дионисија, која имала и небесно видение за ...
Струмичките општински власти во координирана акција со полицијата започнаа засилена борба против загадувачите на воздухот. Во изминатите денови се казнети вкупно десет лица кои биле затекнати како го загадуваат воздухот преку палење на отпад на отворено. Според извештајот од акцијата, казните се поделени по два основа: Шест лица Четири лица Се гори отпад за да се извади бакар Градоначалникот Петар Јанков посочи дека една од главните причини ...