Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во време на растечки анти-ЕУ настроенија и геополитички тензии, Европската комисија (ЕК) ја лансираше кампањата „DiscoverEU“, програмата која им овозможува на младите од 18 години да патуваат бесплатно низ Европа, главно со воз, користејќи дигитални патни пропусници. Програмата служи и како инструмент на „мека моќ“: потсетник дека единството цвета преку споделено искуство и патувања, а не ѕидови. Кампањата се поклопува со одбележувањето на ...
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и ...
Русија започна со сериско производство на ракетниот систем „Орешник“, објави рускиот претседател Владимир Путин. „Создадовме, пуштивме во употреба и започнавме со сериско производство на ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, изјави Путин вчера, за време на церемонијата на доделување награди на производителите на системите „Посејдон“ и „Буревестник“, пренесува РИА Новости. Тој, исто така, објави дека производството на „Буревесник“ и ...
Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, утрово потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 лица. Неофицијално, 30 лица се хоспитализирани, од кои четири се на респиратор. Три полицајци и пет пожарникари се задржани на лекување, но сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените има и медицински работници, како и вработени од Домот за пензионери во Тузла. Медицинска помош на загрозените пружале и екипи од домовите на здравје ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време (09:16 по локално време), на длабочина од 7 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ксанти, на околу 12 километри западно од него, и на околу 110 километри јужно од Пловдив, Бугарија. Засега нема информации за ...
Овен Ќе бидете полни со енергија и подготвени да се справите со повеќе задачи од вообичаено. Сепак, внимавајте да не реагирате ненадејно ако некој ве провоцира. Во емотивните врски ќе почувствувате зголемена страст, но и блага нетолеранција кон ограничувањата. Зафатените можат да имаат кратка расправија која брзо се претвора во помирување, додека слободните привлекуваат внимание каде и да се појават. и треба повеќе сон и малку повеќе физичка ...
Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на ...
Авион наводно се урна во близина на меѓународниот аеродром Луисвил во Кентаки, соопшти гувернерот на државата. Меѓународниот аеродром Луисвил вели дека неговиот аеродром е затворен, според објава на X. Видеото што кружи на социјалните мрежи се чини дека прикажува густи облаци од чад како се издигаат од аеродромот. Работиме на проверка на снимката. UPS е известен за инцидент во кој е вклучен еден од неговите авиони на меѓународниот аеродром ...
Бројот на загинати во пожарот што вечерва го зафати првиот кат од зградата каде што се наоѓа Домот за стари лица во Тузла се искачи на десет, а за жал тоа сигурно нема да биде конечниот биланс, неофицијално потврдено за Klix.ba. Нешто поголем пожар вечерва зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, а според последните прелиминарни информации што неофицијално беа потврдени за Klix.ba, загинаа десет лица. Од друга страна, најмалку 20 ...
Воздушниот сообраќај на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон е привремено блокиран. Наредбата ја издаде Федералната администрација за воздухопловство поради „безбедносен проблем“, пренесува Ројтерс. Имало закана со бомба врз авион, објави Блумберг. Веб-страницата за следење на летови FlightRadar24 соопшти дека причината била непотврдена закана кон авион на „Јунајтед ерлајнс“ што пристигнувал од Хјустон, кој бил оддалечен од другите ...
Најмалку девет лица загинаа во катастрофалниот пожар што избувна вечерва во Домот за стари лица во Тузла, според најновите информации што ги објави Avaz.ba. Најмалку пет лица се примени во болницата во Тузла. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Околу 22 часот, тој бил пронајден, потврди Полициската управа на МУП ...
Дијана Хрка, мајка на Стефан кој трагично загина при падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, го продолжи штрајкот со глад во белградската улица Таковска, веднаш до зградата на Народното собрание. Со неа се и група граѓани кои ѝ даваат поддршка, додека просторот околу таканаречениот „Чачиленд“ и понатаму го обезбедува полицијата. За време на оддавањето почит во 11:52 часот, од шаторското населeние се слушале повици „Ацо, ...
Не е тајна дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, има цел да стигне до 1.000 голови во својата кариера. Неверојатниот Португалец моментално настапува за Ал Наср и за репрезентацијата на Португалија, а досега има постигнато 952 голови. „Ќе биде тешко, секако. Веројатно ќе заплачам, затоа што сум емотивна личност. На мојата иднина почнав да работам уште кога имав 25, 26, 27 години и мислам дека ќе можам да го ...
Сенатот на Соединетите Американски Држави денес, по 14-ти пат по ред, не успеа да го усвои законот за финансирање на владата претходно одобрен од Претставничкиот дом, бидејќи процедуралното гласање заврши со 54 наспроти 44 гласови, помалку од потребните 60 гласови. Ова е 14-ти пат Сенатот да го отфрли привремениот предлог за буџет на Претставничкиот дом, со што се продолжува затворањето на владата, кое започна пред 35 дена и стана најдолго во ...
Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во моментов се суспендирани, наведувајќи дека не може да каже колку долго аеродромот ќе остане затворен, објави Ројтерс. Помалиот аеродром во Лиеж, исто така, соопшти дека во моментов е затворен откако беа забележани ...
Руските експерти веќе работат на развој на нова генерација оружје и опрема, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на доделување награди на производителите на борбените системи „Буревестник“ и „Посејдон“. „Малите димензии, тежина и волумен на нуклеарните системи „Буревестник“ и „Посејдон“ ќе овозможат нивна употреба за создавање извори на енергија за екстракција на минерали, вклучително и во Арктикот“, рече рускиот ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа што се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман. Според првичните сознанија, до трагедијата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата, животот го загубија две лица, меѓу кои и возачот на едниот автомобил. Пет други лица се здобиле со повреди. ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по завршувањето на локалните избори соопшти дека пред партијата претстои јасен пат напред – со неопходни политички и кадровски промени кои, како што наведуваат, ќе донесат раст и зајакнување на организацијата. „Пропаднаа обидите и сценаријата за исчезнување на СДСМ. Партијата отсега натаму ќе се враќа само посилна“, се наведува во денешното партиско соопштение. Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, ...
Владимир Токтасинов, познат кик-боксер и ветеран на европската кик-бокс сцена, почина на 36-годишна возраст поради срцев застој. Веста за неговата изненадна смрт ја потресе боречката сцена, а потврда за тоа даде и Glory, најпознатата организација во овој спорт. Токтасинов беше препознатлив како силен и технички вешт тешкашка категорија. Во својата кариера забележа 51 победа, од кои 28 со нокаут, и 20 порази. Познат е по борбите во реномирани ...
Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. ...
Уставниот суд на Босна и Херцеговина во вторникот ја одби апелацијата на Милорад Додик, кој пред ова тело се обиде да ја оспори пресудата со која Судот на БиХ го осуди на една година затвор и шест години забрана за извршување јавна функција во институциите на власта. Поранешниот претседател на Република Српска и неговата одбрана ја поднесоа жалбата со образложение дека немал право на правично судење, но Уставниот суд оцени дека тие тврдења се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ...
Денеска (04.11.2025) во 10:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Г.М. и К.М., двајцата од Република Турција. При гранични проверки и контрола било констатирано дека визите за Обединетото кралство, кои ги приложиле на увид, биле фалсификувани. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна ...
Од 17:10ч сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско е во прекин поради сообраќајна незгода. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Оваа недела три хороскопски знаци можат да очекуваат значаен финансиски успех. Месечината влегува во знакот на Бик, носејќи смирена самодоверба, приземјена енергија и јасен фокус кон стабилност. Овој астролошки влијание нè потсетува дека сигурноста не се гради преку ноќ, туку со трпение, доследност и вера во сопствената вредност. Под оваа енергија, трудот се исплаќа, можностите се множат, а финансиската среќа конечно почнува да расте, пишува ...
Во најновиот извештај за 2025 година, Европската комисија посветува значајно внимание на трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, оценувајќи дека таа ги разоткрила „трајните системски предизвици“ во земјата. Трагичниот пожар од 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 62 лица, а над 190 беа повредени , според Брисел, е директен одраз на „системска институционална негрижа“ и „недостиг на надзор“ врз основните безбедносни стандарди и ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се менува начинот на регрутирање за воена служба на таков начин што ќе се спроведува во текот на целата календарска година, од 1 јануари до 31 декември, беше објавено на официјалниот портал за правни информации. Според сегашниот закон, граѓаните се регрутираат двапати годишно, од 1 април до 15 јули и од 1 октомври до 31 декември, пренесува агенцијата Интерфакс. Регрутирањето вклучува ...
Во делот на економските критериуми, Европската комисија оценува дека Северна Македонија има „добар степен на подготовка“ за функционална пазарна економија, но нотира само „ограничен напредок“. Како позитивен развој се истакнува забрзувањето на растот на реалниот БДП во 2024 година, поттикнат од приватната потрошувачка и јавните инвестиции. Сепак, Брисел предупредува на неколку предизвици. Инфлацијата, по значителниот пад, „повторно се зголеми од ...