СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на ...

Портпаролот на партијата ЗНАМ и актуелен директор на ПИОМ, Никола Мемов денеска се објасни по повод својот остар став на Фејсбук каде јавно ја обвини коалицијата Вреди дека не го испочитувале договорот за поддршка во Скопје и не гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. „Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ...

Маж од Бачка Паланка пријавил во полиција дека непознати лица му ја пробиле вратата од балконот и украле сеф во кој имало значителна сума пари. Припадници на Министерството за внатрешни работи во Бачка Паланка ќе поднесат кривична пријава против Д. С. (1992) од подрачјето на ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело лажно пријавување. Тој пријавил во полиција дека непознати лица му ја пробиле вратата од балконот и ...

Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, и уште неколкумина вработени во установата, се одложува за 12 ноември. Како што информираат од Основниот кривичен суд, рочиштето е откажано поради здравствени причини на јавниот обвинител, но и по известување од затворот дека дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб. Андов и шестмина затворски полицајци, кои се наоѓаат на ...

Општина Аеродром денеска се соочи со вообичаениот проблем по обилните врнежи од дожд. На фотографијата се гледа како група родители со чадори се обидуваат да го минат калливиот двор пред една од локалните детски градинки. Големите локви и раскопаниот терен го отежнуваат пристапот за пешаците, а особено за оние кои ги носат најмалите во количка, како што се гледа на фотографијата. Проблемот со неасфалтираниот или лошо одржуван пристапен пат/двор ...

Црна Гора повторно го задржа статусот на „најнапреден ученик“ во процесот на проширување на Европската унија, добивајќи највисока оцена во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати. Според документот, земјата би можела да стане следната членка на Унијата веќе во 2027 година. Албанија е оценета со „шест минус“, Молдавија со „пет плус“, а Украина доби стабилна „петка“ за спроведените реформи и напредокот во ...

Албанија е на добар пат да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија до 2027 година, а можно е да стане полноправна членка до 2030 година, покажува најновиот извештај за проширување на ЕУ, пренесува „Јуроњуз“. Според нацрт-заклучоците, земјата постигнала значителен напредок во повеќе области и веќе има отворено шест од седумте преговарачки кластери потребни за прием во Унијата. Единствено останува кластерот за земјоделство и кохезија, ...

90-годишен возач вчера се извлекол неповреден откако со својот спортски автомобил удрил во бетонски ѕид во градска гаража во германскиот град Лудвигсбург и се заглавил над вентилационо вратило, соопшти полицијата. Задниот дел од неговото Порше Карера ГТС се удрил во ѕидот и го пробил, оставајќи го возилото да виси околу пет метри над вратилото. View this post on Instagram A post shared by Ludwigsburger Kreiszeitung LKZ ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле ...

Халкидики, омилено место за одмор за македонските туристи, ќе добие сериозен индустриски партнер. Eldorado Gold објави дека рудникот „Skouries“ во Грција ќе стартува со производство во 2026 година, а инвестицијата тежи 1 милијарда долари. Изградбата е завршена близу 70%. Проектот е хибриден – и подземен и површински – насочен кон две суровини кои Европа ги смета за стратешки: злато и бакар. Локалните анализи велат дека токму овој проект ќе го ...

Ким Карсашијан (45) откри дека користела ChatGPT за да учи за правосудниот испит, но се чини дека вештачката интелигенција не ѝ била од голема помош. Риалити ѕвездата и претприемачка го обвини популарниот четбот за нејзиниот неуспех на испитите. Кардашијан зборуваше за својот необичен метод на учење како дел од серија интервјуа со Vanity Fair на детектор за лаги. За време на интервјуто, нејзината колешка од „All’s Fair“, Тејана Тејлор (34), ја ...

Германската автомобилска индустрија, некогаш гордост на земјата и симбол на технолошка извонредност, се соочува со една од најголемите кризи во својата историја. Глобалните економски притисоци, забрзаната транзиција кон електрични возила, растечките трошоци за енергија и сè построгите еколошки прописи ги ставија традиционалните производители како што се Фолксваген, Мерцедес и БМВ во тешка позиција. Кризата не само што влијае на производството на ...

Австрија, некогаш модел на стабилност, сега се соочува со длабока криза на пазарот на трудот, пишува Српски Угао. Како што е објавено, крајот на октомври донесе 388.000 невработени или на обука – зголемување од 4,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Стапката на невработеност сега е 7,2 проценти, највисока во последните години. Ова е 31-ви месец по ред во кој бројките се зголемуваат. Постарата популација е особено погодена, ...

По објава на социјалните мрежи на Воислав Попоски, во која тој сведочи дека неговиот брат Марко е во болница по тешка операција по прободување со нож, јавноста реагира со гнев и прашања зошто осомничениот напаѓач е на слобода. „Брат ми е жив благодарение на докторите кои девет часа го оперираа. Прободен со нож, неподвижен и со неизвесна иднина, убиецот во обид, Цветко, слободно се шета низ Грција и објавува слики на Инстаграм“, напиша Попоски, ...

Директор на елитно приватно училиште и неговиот 15-годишен син починаа откако беа нападнати од рој азиски џиновски стршлени во одморалиште. Даниел Овен, 47, и неговиот 15-годишен син Купер беа нападнати кон средината на октомври додека се возеа со зиплајн во еко-авантуристички одморалиште во близина на Луанг Прабанг на реката Меконг во Лаос, објавија вчера медиумите. Тие беа каснати повеќе од сто пати. Опасните инсекти можат да пораснат до пет ...

Викендот во Србија беше обележан со вистинско пролетно време. Температурата во најтоплиот град, Белград, достигна летни 26 степени. Вчерашниот ден ни донесе продор на студен фронт, со посилно заладување, дожд и врнежи од дожд, со многу силен северозападен ветер. Температурите се спуштија на вистински есенски вредности, додека пред продорот на студениот фронт беа дури и над 20 степени во текот на утрото. Во текот на вечерта, дождот престана да ...

Според 7-дневната прогноза, неделата започнува со променливо облачно и топло време. Денес, вторник (04.11), се очекуваат температури од 10 до 13 степени со делумно сончеви периоди. Утре, среда (05.11), времето ќе биде претежно облачно, со минимална температура од 9 и максимална до 14 степени. Во четврток (06.11) и петок (07.11) следува стабилизација и делумно сончево време. Четврток ќе биде посвеж наутро 8, со дневна температура до 15, додека ...

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави октомврискиот извештај „Бистро – Матно“, во рамки на редовниот барометар за следење случаи поврзани со корупција и мерки против неа. Активноста, што со текот на времето стана еден од порелевантните индикатори за состојбата со корупцијата во земјата, има за цел да ја подигне јавната свест и да поттикне институционална одговорност. Според најновите наоди, октомври донел повеќе случаи кои укажуваат на ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова потврди дека останува на својата заложба да го користи механизмот за обраќање во Собранието повеќе од еднаш годишно. „Стојам, имам неколку теми, да, стојам“, изјави претседателката одговарајќи на прашање во емисијата 360 степени на МРТ. Таа сепак појасни дека мора внимателно да го одмери моментот за таквото обраќање за да се избегнат погрешни толкувања, особено во сензитивни политички периоди. „Но, ...

Портпаролот на партијата ЗНАМ и актуелен директор на ПИОМ, Никола Мемов, синоќа преку остар став на Фејсбук јавно ја обвини коалицијата Вреди, тврдејќи дека тие не го испочитувале договорот за поддршка во Скопје и не гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. „Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка…“, напиша Мемов. Тој во својата објава додаде дека ВМРО-ДПMNE е свесна за ова и дека премиерот тоа ...

Oвeн – Дeнec, cyдбинaтa ви cтaвa фaĸeл вo paцeтe и вe пoĸaнyвa caмoyвepeнo дa гo нocитe нaпpeд. Дejcтвyвajтe бpзo, paзмиcлyвajтe jacнo и нe дoзвoлyвajтe eмoциитe нa дpyгитe лyѓe дa вe зaбaвaт. Heĸoj ќe caĸa дa вe пoтpece или дa вe нaтepa дa ce coмнeвaтe вo ceбe – нe мy дaвajтe мoќ нaд вaшиoт pитaм. Bиe cтe мoтopoт, виe ja пocтaвyвaтe бpзинaтa. Биĸ – Дoзвoлeтe cи дa бидeтe изнeнaдeни oд ceбe. Taмy ĸaдe штo вooбичaeнo ce дpжитe дo бeзбeднитe ...

Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабошци, а свети Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабошци и идолопоклоници, па усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно значајно идолско празнување, Аверкиј се разгоре со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во изјава за медиумите се осврна на прашањето за употребата на уставното име, истакнувајќи дека очекува поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон за изнаоѓање прифатливо решение. „Нормално дека барам помош од господинот претседател Макрон, бидејќи придавката е француски предлог. Нека најдат решение, не знам… мора да се најде излезно решение, како што знаете, Европјаните, особено ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, реагираше на објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата „Икс“, по нејзината последна посета на Скопје. Во објавата, Фон дер Лајен напиша: „Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за МРТ зборуваше за своето искуство околу поставувањето на Гувернер на Народната Банка, истакнувајќи дека работата на јавна функција бара поинаков пристап од академската средина. „Можеби требаше ова искуство да го имам за да сфатам дека на еден начин функционирате како професор, а на друг како политичар. Еве зошто – се работи за кредибилитет и интегритет на луѓето“, рече ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, во интервју за Македонската радио-телевизија изјави дека е потребно што поскоро да се направат измени во Изборниот законик, или пак да се донесе целосно нов, усогласен со современите демократски стандарди. „Мора да се посегне по измени или можеби целосно нов Изборен законик, затоа што во 2006 година, кога ја кодифициравме изборната регулатива, важевме за светол пример. Меѓутоа, по бројните ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 предложи да се разгледа можноста за ограничување на градоначалничкиот мандат на најмногу два последователни мандати. Според неа, ваква промена би придонела за поголема динамика во локалната самоуправа и за спречување на прекумерна концентрација на моќ во рацете на поединци. „Ако има граница во парламентарните системи, дури и кај ...

Трагична вест го потресе регионалниот фудбал – Младен Жижовиќ, поранешен фудбалер и тренер чие име засекогаш ќе остане во историјата на босанскиот спорт, почина. Жижовиќ се разболе за време на натпреварот од Суперлигата на Србија помеѓу Младост и Раднички од Крагуевац. Жижовиќ ја презеде клупата на тимот од Крагуевац пред десет дена откако беше отпуштен од Борац на почетокот на оваа сезона. Почетоци и играчка кариера Роден на 27 декември 1980 ...

Тажна вест ја потресе фудбалската јавност – почина поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ, кој само пред десет дена презел нов клуб. Според информациите, му се слошило за време на натпреварот на неговиот тим Раднички против Младост, по што колабирал и бил итно пренесен во болница со возило на Брзата помош. И покрај обидите на лекарите да го реанимираат, по дваесетина минути пристигнала најтешката вест – 45-годишниот тренер ја загубил ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1023
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -4ᴼ
2.06
65%
1028
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1024
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Сребро

2049.55

Платина

59937.34

Паладиум

50830.33

Иридиум

145787.60

Злато

138322.05

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Алуминиум

2.88

Родиум

255598.44

Бакар

10.76

Калај

41.29