Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ...

Еден навивач од Словачка е приведен, а на 10 други не им е дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето, соопшти денеска МВР. – Во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот ...

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа. Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со ...

Настаните од изминатата недела јасно покажуваат дека европските лидери, и покрај нивните напори, речиси и да немаат никакво влијание врз американскиот претседател Доналд Трамп, кој продолжи остро да ги критикува, пишува „Тајм“. Според авторот, мировниот план презентиран од американската администрација претставува фактичка капитулација пред рускиот претседател Владимир Путин, додека Европа е целосно маргинализирана во овие процеси. Како што ...

Со отстапување на еден единствен стан од 30 м², кој наводно е „сè што градот има на располагање“ градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски „го реши“ проблемот со сместувањето на жртвите на семејно насилство. Оваа предлог-одлука предвидува токму тој мал, единствен стан да стане новиот простор за најранливите жени во градот. Град Скопје нема извршено попис на сопствениот недвижен имот, не постои јасна евиденција што поседува градот, во ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата. „Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на ...

Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, ќе го бара третиот мандат. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди. – Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на Вреди, беше одлучено кандидат на Вреди за овие избори во Гостивар да бидам јас. За официјализирање на ова иницијатива, чија единствена цел е ...

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите поранешни министри за економија директори на Дирекцијата за заштита и спасување ...

Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо пристигна во Осло во четвртокот навечер, изјави шефот на Нобеловиот комитет, откако не успеа да стигне во норвешката престолнина на време за да ја прими својата награда на церемонијата одржана неколку часа претходно. 58-годишната инженерка тајно ја напушти Венецуела, спротивставувајќи ја децениската забрана за патување наметната од властите во нејзината татковина и по ...

Околу полноќ додека во живо „течеше“ поткастот Тешки муабети со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото. Александар (Мечка) и Милош (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека планира да назначи светски лидери во Комитетот за мир во Газа на почетокот на следната година. Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека разни лидери сакаат да бидат во комитетот, објави Си-Ен-Ен. „Тоа ќе биде еден од најлегендарните комитети досега. Сите сакаат да бидат во него“, рече Трамп. Мировниот комитет се формира во согласност со планот за Газа со кој се воспостави ...

Во ресторан во Никшиќ се случи пукотница, при што се повредени А.М. и М.Ј., соопшти Полициската управа (УП). Иако повредените се членови на организирана криминална група, полицијата не може да потврди дали инцидентот е поврзан со активностите на организираните криминални групи. „Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Никшиќ за медицинска помош, додека обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица е информиран за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека побарал од Службата за надворешно разузнавање на Украина внимателно да ја следи соработката меѓу Москва и Пекинг, особено кога станува збор за сите аспекти поврзани со националните интереси на Украина. Зеленски напиша на својот X профил дека добил извештај од шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко, во кој се дадени многу детали за економската ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја изрази својата желба САД да останат партнер на Европа во иднина, и покрај промената на односите. Мерц му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека новата политика на Германија кон мигрантите речиси го преполовила бројот на баратели на азил во земјата, објави Ројтерс. „Се подготвуваме за промена во трансатлантските односи. Но, сепак би сакал да го гледам тоа како партнерство и се надевам ...

Американскиот актер Џони Деп денес објави дека ќе продуцира и евентуално ќе глуми во филмска адаптација на англиски јазик на рускиот литературен класик од Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“. Проектот, за кој сè уште не е избран режисер, го продуцира продуцентската куќа на Деп IN.2 Film во соработка со извршните продуценти на „Жан ди Бари“ Светлана Дали и Грејс Лох, објави „Варајети“. Дали и Лох ќе продуцираат заедно со Деп, Стив Дутерс ...

Масовна гробница е откриена во комплексот на болница во Газа, а според првичните проценки, таа содржи околу 300 тела. Цивилната одбрана работи на извлекување на телата од местото. Тимовите што работат со Цивилната одбрана на Газа пронајдоа масовна гробница во комплексот на болницата Ал-Шифа во Газа, која е постојано напаѓана од Израел од октомври 2023 година. Според извештајот, гробницата содржи околу 300 тела од целиот Појас Газа. Телата ...

Иран го претстави беспилотното летало со долг дострел „Хадид-110“, специјално дизајнирано за пробивање на модерни системи за воздушна одбрана, за време на антитерористичките вежби „Саханд 2025“ што се одржаа во покраината Источен Азербејџан. Според Телеграм каналот „Милитари кроникл“, овој дрон би можел да биде „тивко изненадување“ за Израел. „Хадид-110“ спаѓа во категоријата камикази дронови и носи боева глава од 30 килограми. Она што го ...

Претставник на палестинското милитантно движење Хамас денес изјави дека примирјето во Газа не може да премине во втора фаза сè додека израелските прекршувања на мировниот договор продолжуваат. – Втората фаза не може да започне сè додека окупаторот продолжува да го прекршува договорот и да ги избегнува своите обврски, рече членот на политичкото биро на Хамас, Хосам Бадран, осврнувајќи се на примирјето со Израел кое е во сила од 10 октомври, ...

Европската Унија ја поддржува европската интеграција на Украина и нејзината намера да стане полноправна членка до 2028 година, но постигнувањето на оваа цел зависи од динамиката на реформските процеси, изјави портпаролот на Европската Комисија, Гијом Мерсие, за РБЦ-Украина. Според Мерсие, и покрај воените околности и тековните предизвици што ги претставува конфликтот со Русија, Киев „останува решително посветен на својот пат кон ...

Ссретен Јоциќ, попознат во јавноста како Јоцо Амстердам, денес беше условно ослободен по одлуката на Апелациониот суд во Белград. Веста беше потврдена и во официјално судско соопштение, во кое се наведува дека одлуката е донесена на 10 декември 2025 година. „Апелациониот суд во Белград донесе одлука, со која, по прифаќањето на жалбата на адвокатот на обвинетиот, ја поништува првостепената одлука и условно го ослободува осудениот Сретен ...

Италијанската полиција спроведе масовни рации во Палермо, приведувајќи 50 осомничени лица поврзани со мафијашки кланови, соопштија денес извори. Рациите се дел од истрагата за голем синџир за дрога, кој откри и наводна структура на организиран криминал во главниот град на Сицилија, објави Анса. Осомничените се соочуваат со обвиненија за мафијашко здружување, изнуда, фиктивно поседување имот и криминално здружување со цел трговија со дрога. ...

Унгарија нема да го спроведе договорениот механизам за солидарност во рамките на Европската Унија и нема да прифати „никакви мигранти“, изјави во висок владин претставник, објавија унгарските медиуми. Гергели Гуљас, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, ги даде овие забелешки на прес-конференција во Будимпешта, повторувајќи го долгогодишното противење на десничарската влада на миграциската политика на Европската Унија. Министрите за ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за ...

Уапсен е 30 – годишник од Неготинско, кој што му се закануваше на татка си, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Полициски службеници од ОВР Неготино го уапсија 30-годишникот од Неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани на неговиот 53-годишен татко. Тој e задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот, ...

Ваљбон Лимани од вечерва е официјално кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори. Тој, кандидатурата ја поднесе до Општинската изборна комисија придружуван од негови поддржувачи и коалициски партнери од Националната алијанса за интеграција. Околу исходот на повторните избори на новинарско прашање тој посочи дека ќе победи, но како што рече, да се почека до 11 јануари кога граѓаните ќе ја изразат волјата. Лимани околу ...

СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста. Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во ...

Пожар избувна на пазарот Правобережни во Невскиот округ во Санкт Петербург. Снимките од воздух од пожарот покажуваат дека пожарот го зафатил целиот комплекс и гори по целата негова должина. A massive fire has broken out at one of the largest markets in St. Petersburg, Russia, with reports of explosions on site. According to Russian media, the entire market area may be engulfed in flames. Witnesses describe hearing multiple blasts. The cause ...

Од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица), информира АМСМ. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Овој буџет не е развоен. 90% од буџетот отпаѓа на тековни расходи. Само 9.7% одат на капитални инвестиции, дури и помалку, затоа што е ставено и НАТО во капитални инвестиции, небаре пукање бомби носат економски раст и создаваат некаква економска вредност, истакна пратеникот Крмов во своето обраќање по однос на Буџетот на денешната Седница. Во продолжение, пратеникот од Левица даде посебен акцент на фактот дека секој трет денар во овој ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
89%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
86%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.05
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
94%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
95%
1000
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
94%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03