Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
„Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер. Добро е да потсетиме за среќа на сите: Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде“, рече на денешната прес конференција Павле Арсоски, потпретседател на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп формира коалиција за да се спротивстави на доминацијата на Кина врз клучните минерали и нејзиното растечко влијание како центар за вештачка интелигенција и други технолошки сектори. Планот е коалицијата да се започне денес со потпишување на Декларацијата за Пакс Силика, која ги обединува Сингапур, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Израел во соработка насочена кон решавање на ...
Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во земјата и кампањата на Венко Филипче за мигранти каде што потенцира дека мигрантски кампови нема да има, а дополнително и советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијативи до советите во општините, да гласаат документ дека мигрантски кампови на териториите на општините нема да има. „Не можам да ...
Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, соопшти ЦУК. Во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово, пилотот Д.М. (64) ...
Додека Украина се подготвува за сурова зима, се наѕира закана што многумина ја сметаат за многу поопасна: американски претседател кој брза. Европските лидери почнаа итна дипломатска контраофанзива за да го спречат Доналд Трамп да ѝ наметне на Украина она што се плашат дека е избрзан мировен договор што би и одел во рацете на Русија. Главните европски престолнини од Берлин до Париз го гледаат самонаметнатиот рок на крајот од годината од ...
Бебе старо само осум дена од Прилеп вчера било донесено на детското одделение во Општата болница „Борка Талески“ без знаци на живот. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Случајот веднаш бил пријавен во полицијата, а Основното јавно обвинителство Прилеп отвори предмет и нареди обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Според СВР Битола, случајот бил пријавен вчера во 8.35 часот. „Во 8.35 часот на 11 декември е ...
Најубавите дела секогаш се оставаат за крај – токму така компанијата Mozzart ја завршува оваа година, со гест кој носи надеж и светлина. Во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид пристигна вредна донација – современ ортопедски трауматолошки борер, апарат кој ќе ја олесни работата на лекарите и ќе им овозможи на пациентите побрзо и поквалитетно лекување. „Нашата благодарност кон Mozzart е огромна. Оваа донација е од исклучително ...
СДСМ денеска преку прес-конференција, на која се обрати Александар Саша Димитријевиќ, изрази сомнежи во врска со неодамнешното преземање на „Стопанска банка АД Битола“ од страна на српската Алта банка. Од партијата тврдат дека постојат сериозни индиции за можни нерегуларности и бараат надлежните институции да спроведат истрага. Според СДСМ, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дал согласност за преземањето само два месеци откако ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М. (53) од селото Неготино, општина Врапчиште, поради сомнение дека сторил убиство на 53-годишната Х.А. од селото Равен, гостиварско. Делото се гони по член 123 од Кривичниот законик. Пријавата следела откако на 9 декември 2025 година, Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка Х.А. се оддалечила од домот и станала недостапна на телефон. ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА” од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ, информраше Финансиска полиција. – Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место ...
Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10, потврди МВР. За прекршоците регистрирани преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи (МВР) на сопственикот на возилото со кое е направен сообраќајниот прекршок испраќа СМС порака и е-пошта на контактите дадени при регистрација. Во пораката ќе има линк за преземање на записникот ...
Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Републикава, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи. -При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – ...
Директорот на Центарот за социјална работа во Охрид, Славчо Ристевски тргна по стапките на претходниот, разрешен директор Игор Еленчевски кој доби и кривична пријава од Министерството за социјална политика, демографија и млади затоа што не постапуваше и сакаше да ги изигра дадените инструкции. Ристевски како и Еленчевски, и покрај тоа што му било укажано дека Центарот во Охрид не е надлежен и не треба да доставува мислење во судот за ...
41-годишен маж е обвинет за брутално убиство на неговата сопруга Кристина Јоксимовиќ, финалистка на изборот за убавина „Мис Швајцарија“, за која се сомнева дека прво ја задавил, потоа ја распарчил, ја отстранил нејзината матка и ги мелел деловите од телото во индустриски блендер. Нејзиното осакатено тело било пронајдено во нивниот дом во Бининген во близина на Базел на 13 февруари минатата година, а според соседите, во куќата живееле и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги ...
Обилните дождови предизвикаа широко распространети поплави во американската држава Вашингтон, што доведе до наредби за евакуација на десетици илјади жители. Гувернерот Боб Фергусон ги повика луѓето во погодените области да ги следат упатствата на локалните власти и да се евакуираат. Се верува дека до 100.000 жители се погодени од наредбите за евакуација. Here’s a video of our water rescue team assisting with a rescue in Puyallup earlier ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што Русија би можела да ја започне, „војна каква што доживеале нашите дедовци и прадедовци“. Зборувајќи во Берлин, Руте нагласи дека премногу членови на воениот сојуз не ја чувствуваат итноста на руската закана во Европа и мора брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана за да спречат конфликт од размерите на ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе ...
Украина соопшти дека нејзините дронови со долг дострел погодија голема нафтена платформа во Каспиското Море, првпат оваа недела, што означува нова ескалација во интензивираната кампања на Киев за прекинување на приходите од енергетска поддршка на Москва за финансирање на војната. Тоа е претходно ненајавена мисија што означува значително проширување на листата на украински цели, пишува CNN. Ukraine has struck a large Russian oil platform in ...
Актерот Роуан Аткинсон нема особено ласкави зборови за едно од неговите најпознати комични достигнувања. Британскиот актер го опиша „Мистер Бин“ како „себично, анархично дете кое гледа само на својот интерес“, и покрај тоа што ликот доби огромна популарност низ целиот свет. „Не ми се допаѓа Мистер Бин како личност и сигурно никогаш не би сакал да вечерам со него“, рече тој на проекцијата на неговата серија на Нетфликс „Човек против бебе“ во ...
Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Bojan Miovski amazing goal Europa League | 🇪🇺 Ferencváros 0-1 Rangerspic.twitter.com/4vJJ8usqGa — Goals Xtra (@GoalsXtra) December 11, 2025 Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „полуножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога ...
Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а одговорот на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Одговорот во такво сценарио ќе биде суров. Рускиот претседател Владимир Путин детално зборуваше за тоа за време на прес-конференцијата на 27 ноември оваа година по неговата државна посета на Киргистан и учеството на самитот ...
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“. Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие. „Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од ...
Стадионот на кој настапува фудбалскиот клуб Хака го запалија тројца тинејџери, објавија локалните медиуми. Three teenagers set fire to FC Haka’s stadium in Finland after relegation from the Veikkausliga. Stand now needs demolished and the pitch is damaged. pic.twitter.com/sieWZBAfc1 — Barry Anderson (@BarryAnderson_) December 11, 2025 Финскиот клуб од Валкеакоски играше многу лошо оваа сезона од почеток до крај и беше исфрлен во пониските ...
Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа беа поразени на свој терен од Манчестер Сити со резултат од 2:1, во натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите. На овој начин, „Кралевски клуб“ ја продлабочи кризата во која се наоѓа, а неговата статистика од овој натпревар беше многу лоша, може да се каже и историски лоша. Имено, Реал имаше само еден удар кон голот на противникот, што е најмалку во кој било натпревар на овој тим од сезоната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека секој компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата на нејзините источни региони мора да биде „фер“ и потврден на „избори“ или „референдум“. „Верувам дека украинскиот народ ќе го даде одговорот на тоа прашање. Без разлика дали преку избори или референдум, тоа мора да биде став што доаѓа од украинскиот народ“, изјави Зеленски пред новинарите кога беше прашан за ...
Инспектори во координација со Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска спровеле акции на улица „Пластичарска“, како и на Зимзоленд, каде било утврдено дека Град Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. За ова информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, нагласувајќи дека Град Скопје заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спровел широка акција со ...
На регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, Д.Б.(22) од Нов Дојран, управувaјќи мопед „хамачи“ изгуби контрола и излета од патот. Притоа се здоби со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија. Полициската проверка потоа утврди дека Д.Д. е под дејство на алкохол, измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по ...