Белград
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција. „Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, беше прашан од новинарите дали може да има предвремени парламентарни избори по локалните избори. Тој јасно изјави дека нивниот фокус останува на локалните избори и дека сите шпекулации за предвремени парламентарни избори се неосновани, се вели во соопштението на ВЛЕН. „Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе ...
Битолското обвинителство поднесе жалба за одлуката на Судот, со која се предвидува двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во куќен притвор. Од Обвинителството од Битола бараат мерка ефективен притвор, а како причина за тоа се наведуваат ризици од бегство на осомничените. Станува збор за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата ...
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата таа коалиција од ...
„Иако локалната самоуправа има законски обврски и надлежности во заштитата од семејно насилство, фактите се дека општина Струга целосно заостанува во тој поглед. Податоците покажуваат дека сѐ повеќе жртви се охрабруваат да ги напуштат насилниците, но економската зависност е коренот на проблемот, поради кои жртвите остануваат да трпат семејно насилство“, истакна Јована Мојсоска во дискусијата одгранизирана од Националната мрежа против насилство ...
На денешната прес-конференција на Левица, кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, ги стави во фокус работниците од јавните претпријатија и плановите за дигитализација и транспарентност на градската управа. „Сакам најпрво да им се заблагодарам на работниците во јавните претпријатија кои пред неколку дена цела ноќ работеа на терен за да ја поправат големата хаварија на водоводот. Благодарение на нивната работа, утредента скопјани ...
Со кампањата „За сè што е важно“, Тиго повторно покажува дека е лидер во доверба, иновација и грижа за клиентите, потврдувајќи дека клиентите не се само бројки, туку инспирација. Со оваа наградна игра, компанијата покажува дека секој избор е важен, и дека Tigo.mk секогаш е тука за да го поддржи секој следен чекор на своите клиенти. Tigo.mk ја започна својата најголема наградна игра досега – проект што ја спојува маркетинг кампањата „За сè што ...
Венецијанската комисија на Советот на Европа даде позитивно мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители, информираат од Министерството за правда. Во Венеција, денеска се одржа 114-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку право – Венецијанска комисија при Советот на Европа, на која било усвоено Заедничкото мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, не ја криеше својата желба за Нобеловата награда за мир, фалејќи се дека решил осум глобални конфликти, вклучувајќи ја и војната во Газа, за време на неговиот прв и втор мандат, објави CNN. Неколку од конфликтите за кои Трамп тврдеше дека ги решил вклучуваат привремени договори, а не трајни мировни договори. Додека вклученоста на Трамп во некои, вклучувајќи ја и 12-дневната војна меѓу Израел и Иран претходно ...
Кога премиерот Мицкоски ќе каже на митинг дека економијата успева, погледнете во вашите фактури и без неговите розови очила тоа да го гледате и да му кажете-премиере индустријата ти паѓа за 3,5 отсто, преработувачкиот сектор за 1,4 отсто, инфлација околу 4 отсто, 1,8 милијарди долг за 13 месеци и ефект нула на вашите трошоци, 250 милиони евра ветени за стопанството од унгарскиот кредит-ефект нула, освен неколкуте фирми кои виделе ефект од тоа, ...
Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование при што подигањето на нивниот квалитет мора да се сфатат како услов без кој не се може за хуман и одржлив развој на македонското општество. Притоа МАНУ мора да биде предводник на овие есенцијално важни општествени промени, истакна претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во обраќањето по повод 58-годишнината од основањето на Македонската академија на науките ...
Македонската академија на науките и уметностите со децении претставува симбол на интелектуалниот и духовниот развој на нацијата, објави градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој денеска присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на МАНУ. Ѓорѓиевски потенцира дека со својот научен и уметнички интегритет, МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, ...
Нов земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините, што предизвика предупредување за цунами. Земјотресот се случил во близина на брегот на Минданао, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 км. Веднаш е издадено предупредување за цунами. „На луѓето во крајбрежните области им се препорачува веднаш да се евакуираат во поголемите области и да се ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 132,63 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 124,35 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 93,87 евра за мегават час, а на MEMO 97,34 евра. Цената на ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави нов урбанистички и социјален концепт кој ќе го реши хроничниот проблем со паркирањето кај Зоолошка Градина и во Дебар Маало, но и ќе овозможи изградба на современ пензионерски дом под капата на Градот Скопје. „Време е да ставиме ред и хармонија таму каде што со години владее хаос. Со новите катни гаражи конечно ќе се ослободи јавниот ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави серија конкретни проекти со кои ќе се стави крај на долгогодишниот сообраќаен хаос и ќе започне ново поглавје во урбаното уредување на општината. „Секојдневниот метеж, хаосот на улиците и борбата за паркинг станаа симбол на Центар. Пешаците немаат каде да поминат, велосипедистите се борат за простор, а возачите се движат низ преполни улици без ред. Време е да се стави ...
Иако првите фази од прекинот на огнот и размената на заложници се јасно дефинирани, многу точки од идниот договор меѓу Израел и Хамас се сè уште неизвесни. Според планот, кој е поддржан од САД и претседателот Доналд Трамп, следните фази сè уште се преговараат: Хамас бара формирање палестинска држава и вели дека ќе се демилитаризира само откако ќе се воспостави. Хамас сака да задржи улога во Газа како дел од „обединето палестинско движење“, но ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан по гласањето за имунитетот на неколку членови на Европскиот парламент изјави дека Брисел ги „прикривa“ грешките на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Орбан на Фејсбук објави дека фон дер Лајен „ја задушувала европската индустрија со зелени политики“, склучила „катастрофален трговски договор“ со САД, дозволила неконтролиран прилив на мигранти и ја финансирала војната меѓу Русија и ...
Москва сè повеќе најавува развој на нов ловец-пресретнувач од шеста генерација, МиГ-41, кој рускиот печат го претставува како „супер-стелт“ авион способен да носи нуклеарно оружје и да лета со брзина од Мах 4,3. Сепак, американското списание National Security Journal ги доведува во прашање овие тврдења, наведувајќи дека тие „ги надминуваат границите на самата физика“. Според весникот, МиГ-41 е дизајниран како директен конкурент на ...
Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, ги пречека шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан во замокот Хилсборо во близина на Белфаст. На Самитот за Западен Балкан, кој е дел од Берлинскиот процес, со кој Обединетото Кралство претседава оваа година, се разговара за безбедноста и стабилноста во регионот, економскиот просперитет и миграцијата, најави Купер. „Тука сме заедно да ја поддржиме стабилноста и безбедноста ...
Повеќе од 210.000 граѓани го напуштиле Косово откако на власт дојде премиерот Албин Курти, покажуваат податоците од Заводот за статистика на ЕУ. Според „Демократија“ со седиште во Приштина, стотици илјади граѓани на Косово одлучиле да изберат една од европските земји наместо Косово за време на мандатот на Курти. Според статистиката неодамна објавена од Заводот за статистика на Европската Унија, повеќе од 360 илјади граѓани на Косово добиле ...
Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија откако ќе стапат во сила санкциите на САД врз српската нафтена индустрија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто во објава на Фејсбук. Според него, ова зголемување нема да може ...
Во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, ...
„Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани – посетители. Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот). Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се ...
Во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, кандидатот за градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставниците на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Општинскиот одбор Центар. На средбата, Герасимовски им оддаде признание и благодарност за нивниот историски придонес и посветеност кон вредностите врз кои е изградена современата македонска држава. „Секој разговор со ...
Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи во итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. Шаини во изјавата за медиумите кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на ...
Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалник на Велес Маја Хеско и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес. Во директен контакт со граѓаните Каранфилова Пановска зборуваше за приоритетите на програмата на СДСМ за развој на Велес. „Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е ...
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска пред медиумите го промовираше делот од програмата посветен на транспаретното и отчетно работење на општината и вистински квалитетен сервис за граѓаните. Општина Куманово веќе е препознаена по висока транспарентност и отчетност. Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата, изјави ...
Во обраќање пред жители на Општина Центар, носителот на советничката листа на Левица, Андреј Куцуловски, ги обвини традиционалните партии дека го задржуваат статус-квото и ја презентира Левица како единствена „автохтона и автентична“ опција која може да донесе промени во општината. Куцуловски оцени дека политичките играчи во Центар всушност го создаваат „истото чудовиште со три глави“ со референци на СДС, на „Знам“ (кој се бивши СДС во ново ...
андидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа доколку стане градоначалник ќе го реши проблемот со комуналниот отпад во Скопје. Ѓорѓиевски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во чистењето на градот ќе помогнат градските служби, општествено одговорни компании, а ќе бидат вклучени и граѓаните затоа што во изминатиот период добил голем број понуди да се приклучат во ...