Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Телото задолжено за назначување на врховниот лидер на Иран постигна мнозински консензус за назначување на нов врховен лидер, изјави денес еден од членовите на советот, ајатолахот Мохамед Мехди Мирбакери. Мирбакери рече дека е постигнат мнозински консензус, но дека треба да се решат „некои пречки“ во процесот на избор на врховен лидер. Иранските медиуми објавија дека телото задолжено за назначување на врховниот лидер на Иран имало мало ...
Излевањето нафта од уништените магацини погодени од израелските напади се протече во дел од канализацискиот систем на Техеран, запалувајќи „река од оган“ по улиците на иранскиот главен град. Spill of oil in the sewage system has created a flowing burning river in parts of #Tehran after oil depots were bombed earlier tonight, setting the streets in the Iranian capital on fire. pic.twitter.com/tHIFE6Z5EW — Living in Tehran (LiT) ...
Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...
Властите во Дубаи потврдија дека остатоци од пресретната ракета погоди возило во областа Ал Барша, при што возачот e убиен. Медиумската канцеларија во Дубаи на својата страница X соопшти дека тимовите за итни интервенции брзо реагираa на инцидентот и дека е започната истрага за околностите на несреќата, објави Gulf News. Зградите околу марината во Дубаи беа евакуирани откако остатоците од пресретната иранска ракета ја оштетија фасадата на ...
Времето денеска ќе биде облачно и тивко, попладне и во текот на ноќта со услови за слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со караткотрајни сончеви периоди и услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 16 степени. Според прогнозата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сè уште имаат значителна предност во однос на Иран и не сакаат да преговараат со преостанатото иранско раководство. „Не сакаме договор“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. „Тие би сакале договор. Ние не сакаме договор“. Стив Виткоф, еден од неговите главни претставници во разговорите за Иран, рече дека раководството во Техеран не изгледало „особено подготвено“ за ...
Израел ќе продолжи да го напаѓа Иран со „полна“ сила за да го „еродира режимот“ според „методичен план“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Ќе продолжиме со полна сила“, рече Нетанјаху во кратко телевизиско обраќање, осврнувајќи се на операцијата започната на 28 февруари со својот американски сојузник против Исламската Република. – Што се однесува до продолжувањето на операциите, имаме методичен план, со многу изненадувања, за ...
Руските сили употребија нов тип ракета за време на ноќниот напад врз Харков, која уништи дел од станбена зграда и одзеде животи на неколку цивили, соопштија украинските обвинители. Нападот се случи на 7 март во петкатна станбена зграда во Киевскиот округ, уништувајќи го целиот влезен дел од првиот до петтиот кат, а жителите останаа закопани под урнатините. Според првичните информации, девет лица загинаа, меѓу кои две деца, додека повеќе од ...
Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во ...
Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат – објави пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на сцијалните мрежи. Тој посочи дека како министер ...
Портпаролот на Централниот штаб на иранската армија, „Хатам ал-Анбија“, тврди дека повеќе од 200 американски војници се убиени или повредени во иранските напади. Портпаролот денес изјави дека тешките ирански напади врз американските бази низ регионот во текот на изминатите 24 часа им нанеле голем удар на американските војници и команданти, објави иранската новинска агенција Тасним. Портпаролот изјави дека 21 американски војник се убиени, а ...
Израелската војска соопшти дека идентификувала ракети лансирани од Иран кон Израел. „Одбранбените системи работат на пресретнување на заканата“, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека на некои мобилни телефони биле испратени предупредувања со кои им се упатува на жителите да останат во заштитените подрачја. Израелската војска соопшти дека идентификувала ракети лансирани од Иран кон Израел. „Одбранбените системи ...
СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните. -И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко не потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку ...
Американскиот претседател штотуку се појави на социјалната мрежа Truth и се закани со нови брутални напади врз Иран. „Иран, кој беше буквално поразен, се извини и им се предаде на своите соседи на Блискиот Исток и вети дека повеќе нема да пука врз нив. Ова ветување беше дадено само поради немилосрдниот напад на САД и Израел. Тие сакаа да го преземат и да владеат со Блискиот Исток. Ова е прв пат Иран да изгуби, по илјадници години, од ...
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон остро го критикуваше сегашниот премиер, Кир Стармер, за неговата одлука да не поддржи евентуална воена акција на САД и Израел против Иран, велејќи дека таквата политика го претворила Лондон во „безвредна и ирелевантна земја“. Во статија за „Дејли меил“, Џонсон рече дека одбивањето на британската влада да застане на страната на своите традиционални сојузници е индикација за „невнимателност“ што, ...
Бран израелски воздушни напади врз Техеран и централен Иран беа насочени кон неколку клучни ирански воени локации, вклучувајќи подземна фабрика за балистички ракети и воена академија, соопшти израелската војска (ИДФ). Повеќе од 80 борбени авиони на израелските воздухопловни сили фрлија 230 бомби врз цели за време на нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Целите, соопшти ИДФ, вклучуваа подземен објект за складирање и производство на балистички ...
Рускиот претседател Владимир Путин повика на итно прекинување на непријателствата меѓу Иран и САД и Израел. Путин за време на телефонскиот разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на прекин на употребата на сила за решавање на проблемите на Блискиот Исток и враќање на мировните преговори, објави РИА Новости. Рускиот претседател, исто така, изрази сочувство за убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, ...
Седум лица загинаа, а 10 беа повредени во напад со балистички ракети од страна на руски војници врз станбена зграда во Харков, изјави началникот на Харковската ОВА, Олег Синегубов. Нападот го уништи влезот во петкатна зграда во градскиот округ Киев, а оштетена е и блиска куќа, додаде Синегубов, објави Укринформ. Меѓу повредените има деца на возраст од шест, 11 и 17 години. Зеленски на Фејсбук напиша дека под урнатините може да има уште луѓе ...
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека системите за воздушна одбрана jа бранеaе земјата од масовен ирански напад со дронови. Од 10 дронови лансирани кон Катар, девет биле пресретнати, додека 10-тиот погодил ненаселена област, без да предизвика жртви, соопшти министерството, според Ал Џезира. – Катар е изложен на бранови напади од страна на Исламската Република Иран во кои учествуваа 10 дронови почнувајќи, се вели во соопштението на ...
Трамп изрази сериозен интерес за распоредување американски трупи во Иран, изјавија извори за NBC News. Тој ја разговарал можноста со своите советници и републикански претставници надвор од Белата куќа, а воедно ја изложил и својата визија за Иран по завршувањето на конфликтот. Според идејата, ураниумот на Иран ќе биде обезбеден, а САД и новата иранска влада ќе работат заедно за производство на нафта, слично на моделот на соработка меѓу САД ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, Телесна повреда, како и Загрозување на сигурноста. Обвинителството тврди дека од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година, па се до 2 март кога ...
Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов Државен јавен обвинител. – Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Премиерот Христијан ...
СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните. -И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко не потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку ...
САД моментално спроведуваат најголемо бомбардирање во Иран, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент. Бесент рече дека е започната „најголемата кампања за бомбардирање“ на Америка во Иран и дека американските сили „ги таргетирале иранските системи за лансирање ракети и погоните за производство на ракети“, објави Фокс њуз. Белата куќа веќе неколку дена предупредува дека нападите ќе се интензивираат. Во изјава за мрежата X, ...
Земјите што бележат најголем пад на пушењето се оние кои овозможиле достапност на алтернативни никотински производи. Шведска, Велика Британија и Нов Зеланд се меѓу државите што ги користат овие производи како дел од пошироката стратегија за намалување на употребата на цигари. Во спротивност со ова, земји како Словенија, Белгија и Латвија воведоа рестрикции за ваквите производи. Последиците, според дел од анализите, се пораст на црниот ...
Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го уапсија А.Т.(45) од Дојран, кој се сомничи дека учествуваше во измама, во која е оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари. МВР соопшти дека на 5.3.2026, 81-годишната кавадарчанка пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. ...
Ирачките Курди во моментов одржуваат неутралност во конфликтот на Блискиот Исток поради страв од иранска одмазда и недостаток на поддршка од САД, објави Axios, повикувајќи се на извори. Ирачките Курди ги сметаат намерите на американската администрација во врска со промената на режимот во Иран како нејасни, плашејќи се од поширок конфликт. Курдски извор изјави за Axios дека „не може да има промена на режимот без американски трупи на терен“. ...
Иранската револуционерна гарда предупреди дека чека американските сили да ги придружуваат бродовите низ Ормутскиот теснец, стратешки воден пат каде што сообраќајот останува многу ограничен поради регионалната војна, пренесува АФП. „Ги чекаме“, изјави портпаролот на гардата, Али Мохамад Наини, откако американскиот секретар за енергетика објави дека морнарицата се подготвува да ги придружува бродовите низ теснецот „штом тоа биде разумно“. ...
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, изјави дека Техеран ги информирал европските и другите земји дека тие ќе бидат легитимни цели на иранските напади доколку се приклучат на војната против Иран, на страната на САД и Израел. – Техеран веќе ги информираше Европејците и сите други дека треба да бидат внимателни и да не се приклучат на оваа агресивна војна против Иран. Доколку која било земја им се придружи на ...