По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании. – Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира, изјави Алиу. Претходно на 24 ...

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој во ...

Пеесет израелски борбени авиони погодија подземен бункер изграден за врховниот лидер на Иран во центарот на Техеран, соопшти израелската војска. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека операцијата е спроведена во централниот дел на градот и дека бункерот се наоѓа под комплексот на иранското државно раководство. 🎥 WATCH: ~50 Israeli Air Force fighter jets dismantled Ali Khamenei’s underground military bunker beneath the Iranian ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивно интервју за NBC изјави дека сака целосна промена на раководството во Иран и дека има на ум неколку луѓе кои ги смета за соодветни за нов лидер. Трамп, исто така, откри дека се преземаат чекори за да се осигури дека неговите кандидати ќе ја преживеат војната. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, рече Трамп во телефонски разговор, објави NBC News. Во друго интервју за Axios, Трамп рече ...

Либанското движење Хезболах ги предупреди израелските жители да ги евакуираат градовите во рамките на пет километри од границата меѓу двете земји, според пораката објавена на нивниот канал Телеграм на хебрејски јазик. Предупредувањето дојде помалку од еден ден откако Израел ги повика жителите да ги напуштат јужните предградија на Бејрут, предизвикувајќи голем егзодус од населбата Дахије во главниот град, објави Ројтерс. „Агресијата на ...

Иранската државна новинска агенција Фарс објави изјава на функционер на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) кој тврди дека Иран сè уште не ги користел ракетите од „новата генерација“ што ги поседува земјата во конфликтот со САД и Израел. Тој рече дека ракетите што досега се користеле во конфликтите биле од 2012, 2013 и 2014 година, додавајќи дека линијата за склопување ракети во Иран „отсекогаш била активна“ и дека процесот ...

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна ...

Протераните курдски опозициски групи во северен Ирак изјавија дека имаат планови да ја преминат границата со Иран, но дека нивните борци сè уште не го сториле тоа бидејќи чекаат американските и израелските сили прво да ги ослабат иранските сили, објавува Би-Би-Си. „Се подготвуваме за ова во последните 47 години, уште од времето на Исламската Република“, изјави Хана Јазданпана од Курдската партија за слобода (ПАК), која тврди дека има ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека нападите на Иран не биле насочени кон соседните муслимански земји, туку кон американските воени бази и објекти во тие земји. „Ние не ги нападнавме нашите соседи. Не ги нападнавме муслиманските земји. Нападнавме американски цели и американски бази, американски инсталации, кои за жал се наоѓаат на почвата на нашите соседи“, рече Аракчи во интервју за NBC News. Откако САД и ...

Жителите на Дубаи и Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати се предупредени да се засолнат откако се појавија извештаи за потенцијални ирански ракетни напади, објави Скај њуз. 🔴#BREAKING | Fresh missile threat alert in Dubai amid tensions in Middle East, Residents advised to seek shelter NDTV's Abhishek Sengupta joins @divyawadhwa with more details from Dubai pic.twitter.com/OZ1WaPNrL8 — NDTV (@ndtv) March 6, 2026 „Поради моменталната ...

Јавното обвинителство на РСМ денеска соопшти дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас и го проследило на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. ОЈО Скопје, како што информираат oд ...

Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила. РКЕ информира дека во новиот Правилник за лиценци извршиле усогласување со обврските од Законот за енергетика и ги ...

Нивото на водата во Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина или 24 сантиметри над просекот за март (693,49 мнв). Водостојот на езерото е значително подобрен споредбено со лани минатата година кога во март нивото на водата во езерото се наоѓаше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови што е ...

Трката за критични минерали ги донесе на иста маса членките на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Состанокот за глобалната состојба со рудите беше инициран од САД, во услови кога расте загриженоста во Вашингтон и Брисел поради зависноста од снабдување со минерали од Кина и други земји. Причината за ваквиот интерес е растечката светска побарувачка за литиум, бакар, кобалт, никел и антимон – суровини без кои не може да се реализираат ...

На подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го уапсија Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека со пиштол пукаше кон неговата 48-годишна сопруга, им се закануваше на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а една од нив и физички ја нападна. „Според пријавеното, на 1.3.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се ...

Иранскиот главен град Техеран беше под силно бомбардирање во петок наутро, а експлозии се слушаа низ целиот град, објавија државните медиуми. Според извештаите, целта била авенијата Џомхури, популарна шопинг-зона и една од најпрометните улици во центарот на Техеран. – Улицата Џомхури и станицата Џами БРТ, се целосно уништени. Улиците околу централните и источните делови на Техеран сега се пусти, објави иранскиот државен радиодифузер ИРИБ. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четврток изјави дека не е загрижен за зголемувањето на цените на горивата во земјата, дури и кога цените на нафтата во САД скокнаа за 20% од минатиот петок. Не сум загрижен за тоа. Тие ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова, а ако се зголемат, ќе се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот, изјави Трамп за Ројтерс. Цените на нафтата во САД во четврток го забележаа ...

Косовската претседателка Вјоса Османи денес потпиша указ за распуштање на парламентот и објави дека ќе бидат распишани предвремени избори. Османи на прес-конференција изјави дека неуспехот на пратениците да изберат претседател го турна Косово во нови избори. – Оваа ситуација беше целосно избежна, рече Османи. Таа најави дека во текот на денот ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии за датумот за закажување на предвремени ...

Иранските воздухопловни сили (ИРГК) денес започнаа напад врз Израел, користејќи самоубиствени дронови и напредни ракети „Хајбер“ со касетни боеви глави за да ја заобиколат повеќеслојната воздушна одбрана на Израел. Ракетите „Хајбер“ наводно ја пробиja одбраната на Тел Авив во масовен заеднички напад, објави иранската телевизија „Прес ТВ“. Додадено е дека ракетите се распаднале на десетици помали, побрзи боеви глави додека летале кон своите ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американско-израелската воена операција против Иран штотуку започнала и е „одлучувачка и одржлива“, нагласувајќи дека САД имаат доволно муниција и оружје за да ја спроведат кампањата колку што е потребно. – Немаме недостаток на муниција. Нашите залихи на офанзивно и одбранбено оружје ни овозможуваат да ја спроведуваме операцијата колку што е потребно, рече Хегсет, објави NBC News. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постави цел да го елиминира тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, уште во ноември, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац во интервју за телевизијата Канал 12. „Веќе имавме разговори со премиерот во многу тесен круг во ноември. Премиерот постави цел: да го елиминира Хамнеи“, изјави Кац за израелската телевизија. Кац додаде дека по консултациите со израелската војска (ИДФ) и ...

Иранската централна команда „Хатам ал-Анбија“ соопшти дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил погоден од ирански беспилотни летала во Оманското Море. – Носачот на авиони „Абрахам Линколн“, кој се приближил на 340 километри од поморските граници на Иран во Оманското Море во обид да го контролира Ормутскиот теснец, бил погоден од беспилотни летала на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, изјави портпарол на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени. Според најавите од Управата за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово. Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на Граничен премин Деве Баир, поради технички проблеми со системот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Хрватскиот стратег Игор Тудор вечерва во 21:00 часот со Тотенхем го пречекува Кристал Палас во третиот натпревар откако ги презеде Спарс. Ова е исто така трето последователно лондонско дерби во првенството за Тудор, а ги загуби двата претходни, против Арсенал со 1:4 и против Фулам со 1:2. Сега го чека нов тежок натпревар. Кристал Палас е актуелен победник на ФА Купот, но сега им е потребна победа на гости против Тотенхем за да избегаат од ...

Деветнаесетгодишната Ева Алексовска која што боледува од анорексија и булимија во емисијата на Агнеса Органџиева која што се емитува секоја среда на A1on на YouTube, одлучи да говори јавно за тешките искушенија што ги има. Причината на гостувањето е отварање на свеста на младината која што поминува низ истото, а немаат храброст да си признаат или да побараат помош. – Прифатете ја вистина на време додека не е доцна и да не дојдете до овој ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово објавија дека почнале да напаѓаат инфраструктура во Иран. – ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран, соопшти војската во објава на Телеграм. Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт. „Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, рече ...

Полицијата попладнево интервенираше во областа Мосте (Љубљана) по пријава дека едно лице ги загрозува животите на минувачите. Истиот човек ги нападна полицајците со остар предмет, пишува словенечкиот портал 24ur. Полицијата го предупреди да го прекине нападот, но тој ги игнорираше предупредувањата и продолжи да им се заканува на полицајците. Потоа полицајците отворија оган. „Полициските службеници, за да одбијат нелегален напад врз ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека не е лично загрижен за заканите со смрт за кои тврди дека му ги испратил претседателот на Украина Володимир Зеленски, истакнувајќи дека нема да дозволи неговата татковина да биде загрозена. Орбан нагласи дека спорот околу нафтоводот „Дружба“ не е спор што го засега лично, туку, како што изјави, е за снабдување со енергија на Унгарија. Тој предупреди дека ќе ги искористи сите политички ...

Папата Лав XIV денес ги повика политичките лидери да ги напуштат „плановите на смртта“ за време на конфликтот во Иран и нагласи дека нуклеарната закана не смее да ја диктира иднината на човештвото. Папата, исто така, се помоли „Господ да ги просветли лидерите на народот, за да имаат храброст да ги напуштат проектите на смртта, да ја запрат трката во вооружување и да ги стават животите на најранливите во центарот“, објави „Ватикан њуз“ видео ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

151875.00

Кобалт

45.39

Паладиум

48065.37

Бакар

12.64

Сребро

2583.47

Платина

66101.93

Рутениум

51376.89

Калај

54.78

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00