Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. – Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да ...
Украински дронови наводно го нападнале градот Тјумен во Сибир, оддалечен повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот, доцна синоќа, објавија локалните руски претставници, пишува „Киев Индепендент“. Службениците на рускиот Тјуменски регион објавија на Телеграм дека три украински дронови биле соборени над „индустриски објект“ во градот. Тие додадоа дека немало пожари, жртви или експлозии за време на нападот и дека фабриката работела „без ...
Израел објави потсетник на социјалните мрежи по повод втората годишнина од масакрот на Хамас во Израел. По тој повод, тие објавија и снимки од нападот, како и израелскиот одговор. „Пред две години, Израел се соочи со најтемниот ден во својата историја. На 7 октомври, палестинските џихадисти на Хамас ја нападнаа нашата земја. Тие убија, запалија и киднапираа невини мажи, жени и деца“, се вели во објавата. 🕯️ Prije dvije godine, Izrael se ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука, да речеме“ за продажба на ракети „Томахавк“ со долг дострел на земјите-членки на НАТО, за потоа тие да бидат испорачани во Украина. Украинските претставници тврдат дека „Томахавките“ ќе му дозволат на Киев да напаѓа воени цели длабоко во Русија и ќе помогнат да се одврати рускиот лидер Владимир Путин и да се принуди Москва да преговара по поповолни услови. На прашањето ...
Најдобриот НБА стрелец на сите времиња – Леброн Џејмс и човекот кој постигна 40.000 поени (единствениот во историјата на кошарката) би можел наскоро да ја заврши кариерата. За овој негов потег се зборува веќе некое време, а Леброн дополнително „ја скокотка имагинацијата“ објавувајќи „Одлука“ на социјалните мрежи. The decision of all decisions. October 7th. 12pm EST. 🫡👑 #TheSecondDecision pic.twitter.com/1uop8sIU25 — LeBron James (@KingJames) ...
Претседателот на СДСМ – Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата. „Тоа е власт која се храни и одржува од ...
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека се неопходни реформи, ресет на системот кој ќе донесе подобар живот и владеење на правото. Мицкоски истакна дека судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, одржа силен и содржаен говор во кој ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје. „Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози“ изјави Шукова. Таа остро се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва го замоли премиерот во заминување – Себастијан Лекорну да организира уште еден разговор со политичките партии до среда навечер, со цел да се најде излез од политичката криза, објавува „Франс 24“. Одлуката е донесена неколку часа откако Лекорну поднесе оставка од функцијата премиер, само 27 дена по преземањето на функцијата. По средбата со претседателот на земјата, Лекорну објави дека го прифаќа ...
Членовите на Европскиот парламент денес разговараа за можно гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Иницијативата ја покренаа политичките групи „Патриоти за Европа“ и „Левица“, осврнувајќи се на бројни критики во врска со надворешната политика, трговските договори и миграцијата. Европратеникот Џордан Бардела, лидер на „Патриоти за Европа“, ја обвини Фон дер Лајен за „трговско предавање на Европа“, ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и за конфликтот во Појасот Газа. „Владимир Путин имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“, објави веб-страницата на Кремљ. Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и во контекст на предложениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за ...
„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не ...
Во Египет започнаа индиректни разговори меѓу израелските и палестинските преговарачи, при што делегациите работат на постигнување конечен договор врз основа на планот на Трамп за прекин на огнот во Газа, изјави за CNN извор од Хамас запознаен со разговорите. Прашањата на маса се спорни прашања како што се целосно повлекување на Израел од енклавата и разоружување на палестинското движење. И Израел и Хамас ги поддржаа принципите наведени во ...
Марин Ле Пен веќе собори две француски влади за помалку од една година. Таа дури и не мораше да го повлече чкрапалото за да ја уништи третата, пишува бриселскиот портал Политико. Лидерот на крајната десница беше оптимист во понеделник откако претседателот Емануел Макрон и неговите сојузници не успеаја во нивниот последен обид да формираат влада што би можела да ја извлече Франција од нејзината политичка и економска криза. Неговите центристички ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. – Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после координацијата со превозниците утре се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц размислува за бојкот на Евровизискиот натпревар следната година ако Израел биде исклучен. На прашањето во интервју за јавниот радиодифузен сервис ARD во неделата дали Германија треба доброволно да се повлече од најголемиот музички настан во светот следната година ако Израел биде изоставен, Мерц рече: „Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се разгледува. Израел има место таму.“ Патем, Германија ...
Ученик (13) од Флорида е уапсен откако на училишен компјутер го прашал ChatGPT: „Како да убиеш пријател на средина од часот“. Претресот веднаш активирал аларм во училиштето, пишува Futurism. Училишен полицаец во средното училиште Southwestern во Деланд веднаш добил предупредување преку Gaggle, систем за надзор со вештачка интелигенција. Момчето се бранело тврдејќи дека „само го трола“ својот пријател, но полицијата и училишната администрација ...
Светот пуши помалку, но епидемијата на тутун е далеку од завршена, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Новиот глобален извештај на СЗО покажува дека бројот на корисници на тутун се намалил од 1,38 милијарди во 2000 година на 1,2 милијарди во 2024 година. Од 2010 година, бројот на луѓе што користат тутун се намалил за 120 милиони – пад од 27 отсто во релативна смисла. Но, СЗО предупреди дека еден од пет возрасни лица во ...
Многу скромниот почеток на сезоната на Глазгов Ренџерс доведе до големи промени на клупата на шкотскиот тим, бидејќи клубот вчера го отпушти тренерот – Расел Мартин. Поранешниот дефанзивец, кој остави најголема трага во својата играчка кариера во екипата на Норвич, беше отпуштен по само 17 натпревари. Причината е јасна – само осум бода, со пет нерешени резултати и седум постигнати голови, што е далеку под репутацијата на клубот кој беше ...
Судијата на Апелациониот суд во Тирана – Астрит Каљаја, беше убиена денес во пукотница што се случи во судската зграда, а според досегашните информации, пукотницата се случила за време на судење поврзано со имотен спор меѓу извесен Ѓон Шкамби и неколку семејства од Скадар. Осомничениот за убиството, идентификуван како Ѓон Шкамби е уапсен, соопшти албанската полиција. Тој тврди дека е законски сопственик на зградата каде што живеат 31 ...
Роџер Федерер, легендарниот швајцарски тенисер со 20 гренд слем титули, ги издвои петте најголеми тенисери на сите времиња. Низ историјата, тенисот имал многу ѕвезди, од Борис Бекер, Џон Мекинро и Бјорн Борг до Пит Сампрас и Андре Агаси, а долги години доминираа Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Во сегашната генерација, се издвојуваат Карлос Алкараз и Јаник Синер. Многумина беа изненадени од првиот избор на Федерер. Тој го издвои ...
Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии, бараме правда што ќе испрати јасна и гласна порака дека човечкиот живот е неприкосновен, вели јавната обвинителка Фатиме Фетаи. Ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје, посочи Фетаи во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје, е дека жалбата на Обвинителство треба да биде уважена, а жалбата на одбраната треба ...
„Во изминатиот мандат токму Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните”, истакна носителката на советничка листа на Левица во Општина Охрид, Виолета Аврамоска, на средбата со граѓани во Охрид на која присуствуваа претседателот нa Левица, Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, и останатите кандидати за советници. „На нашата советничка листа има повеќе кандидати ...
Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА – Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци. Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area), со што стана и првата ...
Во овој случај сметам дека се сака да се оди на лов на вештерки и ако 12 години казна е изречена некогаш во историјата на правото на Македонија. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелација, по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, ...
Претседателот на Хрватска – Зоран Милановиќ учествуваше на состанокот на шефовите на држави од процесот Брдо-Бриони во Драч, каде што коментираше и за некои актуелни теми. „Иницијативата на Словенија и Германија и некои други земји одредени одлуки на Европската Унија повеќе да не се донесуваат едногласно, туку со квалификувано мнозинство, доколку јас знам, нема поддршка од хрватската Влада, а нема ниту мојата. Верувам дека едногласноста може ...
Раван бин Хусеин (28), позната инфлуенсерка со повеќе од 7,5 милиони следбеници на Инстаграм, моментно е во затвор во Дубаи. Инфлуенсерката од Кувајт беше уапсена за првпат во март оваа година, а сега нејзините шокантни фотографии повторно се шират на интернет. На фотографиите, таа изгледа бледо и изнемоштено, што предизвикува загриженост кај нејзините обожаватели. Според извештаите, таа започнала штрајк со глад откако нејзината казна била ...
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес конференција објави уште еден урбанистички скандал во општина Центар. Имено, како што рече портпаролот, Никола Мемов, Дебар Маало, симболот на култура, урбана традиција и живеење со душа во срцето на Скопје, денес е претворено во жртва на урбаното дивеење и апсолутната незаинтересираност на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Пред само 2–3 недели никна нова нелегална ...
Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци е 39-годишникот кој е убиен во четвртокот наутре во центарот на Љубљана, во Словенија. Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт. Причината за смртта сè уште не е разјаснета, а кривичната истрага сè уште е во тек, соопштија од словенечкото МВР. Амбасадата на Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел ...