Во терористичкиот напад што се случи денес на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 12 лица, вклучувајќи еден напаѓач, еден цивил одигра клучна улога во запирањето на еден од терористите. Тоа е Ахмед ал Ахмед (43), локален сопственик на мал бизнис и сопственик на продавница за овошје, кој во хаотични околности успеа физички да совлада и разоружа еден од двајцата вооружени мажи, пишува news.com.au. UPDATE: The hero of Bondi has been named. ...

Нетанјаху рече дека политиките на австралиската влада, вклучително и признавањето на палестинска држава, ја поттикнуваат „омразата кон Евреите што сега се шири низ улиците на Австралија“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по вооружениот напад за време на прославите на Ханука во Сиднеј, изјави дека уште во август, испратил писмо до австралискиот премиер Ентони Албанезе, обвинувајќи ја Канбера дека „додава масло на огнот на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање. Како што нагласи, единствената цел на проектот е спасување човечки животи. -Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во ...

Партијата Движење ЗНАМ – За Наша Македонија ја одбележа втората година од постоењето. На прославата пред присутните 400 гости, пријатели на ЗНАМ, сопартијци, обраќање имаше претседателот на Движењето, Максим Димитриевски. – Одбележуваме почеток на еден поинаков пристап во политиката во нашата земја и знам дека сме на вистинскиот пат Македонија да ја направиме поубаво место за живеење, рече Димитриевски. Тој нагласи дека ЗНАМ е континуитетот ...

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски. На крајот од обраќањето по повод двегодишнината на ЗНАМ, Димитриевски потенцира дека на иста линија се и останатите коалициски партнери. -Македонија својата мигрантска приказна ја заврши во 2000 година, со завршувањето на косовската криза. Нема простор за отворање мигрантски кампови во ...

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. ...

Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го приведе поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. – Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка превзема дејствија во рамки на негова ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен како рок, не за затворање на трезорот, туку како датум кога институциите треба да ги достаат сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат до година. Добро е, според него, институциите да го почитуваат рокот, но ако некој дојде по тој рок нема да биде ...

Најмалку 12 лица беа убиени, а 29 се повредени во масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј, кое се третира како терористички напад, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион. Тој рече дека цел на нападот била еврејската заедница, која таму ја славела Ханука. Тој додаде дека вечерва, во 21.36 часот по локално време, го прогласува за терористички напад. – Овој напад беше насочен кон еврејската заедница ...

Најмалку 12 лица беа убиени, а 29 повредени во масовно пукање на плажата Бонди во Сиднеј, кое се третира како терористички напад, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион. Тој рече дека цел на нападот била еврејската заедница, која таму ја славела Ханука. Тој додаде дека вечерва, во 21.36 часот по локално време, го прогласува за терористички напад. – Овој напад беше насочен кон еврејската заедница во ...

Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме јавноста дека пожарот не се случил во објектите на Макстил и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот. Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил ниту од неговите капацитети. Сите ...

Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации, манипулации и дезинформации кои опозицијата ги изнесува во медиумскиот простор, ја свикавме оваа прес-конференција за да ја претставиме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Во изминатите денови, јавноста беше сведок на ...

Мигранти за пари и намерна изолација- предавство на Македонија! Цела недела ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваат да ја потпишат Резолуцијата со која јасно и недвосмислено би се спречило прифаќање мигранти за пари во Македонија. Зошто? Затоа што договор има. Да немаше скриени агенди и дилови под маса, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана. Денеска го разоткриваме пеколниот план на ВМРО-ДПМНЕ национално предавство за пари, вели Александар Саша ...

Најмалку 10 лица се убиени во масовно пукање на плажата Бонди во Сиднеј, а од местото на настанот се појавија застрашувачки снимки. Сè уште не е познато колку напаѓачи се вклучени во пукањето на настанот за празникот Ханука на кој присуствуваа повеќе од 1.000 луѓе. BREAKING – Shocking footage. Aussie hero has potentially saved multiple lives. #bondi #shooting pic.twitter.com/b3EPqJ77n6 — ConservativeAussie (@ConservativeeAu) December 14, ...

Најмалку 10 лица се убиени, а 60 повредени во масовно пукање на плажата Бонди во Сиднеј. Според австралиските медиуми, двајца вооружени лица пукаа во луѓе кои беа собрани за празникот Ханука. Според извештаите, на настанот присуствувале повеќе од 1.000 луѓе. Истрелите се испукани околу 18.50 часот. Снимките направени од локалното население покажуваат двајца мажи облечени во црно како пукаат од пушки. BREAKING: Video shows gunmen opening ...

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело насилство. „Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз ...

На познатата плажа Бонди во Сиднеј се слушнаа истрели, што предизвика паника кај посетителите на плажата, а стотици луѓе бегаа од плажата во страв. Според очевидци, истрелите се испукани околу 18.50 часот. Снимките направени од локалното население покажуваат двајца мажи облечени во црно како пукаат наводно од пушки. BREAKING: Video shows gunmen opening fire at Bondi Beach in Sydney, Australia, reports of multiple victims. ...

Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е запознаен со интерениот оглас за работно место „Помлад соработник за дисеминација на НАТО/ЕУ класифицирани информации“ (ниво В4) во Брисел, кој го има распишано Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ)? Дали е точно дека Комисијата за избор на овој оглас, свесно и со намера ги прекршила Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација, само за да му ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2.167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил. Како што информираат од АХВ, забраната за ...

Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности. Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или околу пет и пол милиони денари. Спасовски и по предлог на ...

Утрово најсудено било во Берово каде се измерени -7 степени целзиусови, а најтопло во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија со измерени 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, ...

Најмалку две лица се убиени, а девет се ранети во пукотница што се случи во зградата на кампусот на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, објавија денес локалните власти. Help find this Person of Interest. If you have any information, please call 1-800-CALL-FBI (225-5324) or https://t.co/iL7sD5efWD. pic.twitter.com/AkFDVtOCmw — FBI (@FBI) December 14, 2025 Осомничениот сè уште не е уапсен и потрагата по него е во тек. Федералното ...

ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија, велат од СДСМ. „Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од ...

Со години, Европејците се залажуваа себеси верувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп, иако непредвидлив и недоследен, е на крајот некој со кого можат да се справат. Таа идеја беше пријатна, но се покажа како целосно лажна, се вели во анализата на „Форин полиси“. Од говорот на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс на Минхенската безбедносна конференција во февруари, во која тој отворено ја омаловажи Европа, до новата Национална ...

Најмалку две лица загинаа, а осум други се ранети во вооружен напад што се случи на Универзитетот Браун во Провиденс, сојузната држава Род Ајленд, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил за време на одржувањето на завршните испити на универзитетскиот кампус. Според информациите од полицијата, осомничениот е маж облечен во темна облека, кој последен пат бил забележан како ја напушта зградата за инженерство каде што се случило ...

Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Гостивар–Тетово, веднаш по клучката „Камењане“. Во несреќата учествувале возило „мерцедес“ и „БМВ“. Повредените лица се пренесени со возила на Итната медицинска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде што им е укажана лекарска помош. Засега нема официјални информации за тежината на повредите. Надлежните служби извршија увид на местото на настанот, а причините за ...

SpaceX, вселенската компанија на милијардерот Илон Маск, е на пат да достигне фантастична вредност од околу 800 милијарди долари, што ја прави неоспорен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, објави „Њујорк тајмс“. Според угледниот весник, овој импресивен скок на вредноста ќе дојде благодарение на продажбата на акции од инсајдери по цена од 421 долар по акција. Овој потег ќе ја помести вредноста на компанијата на Маск над ...

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е уапсен и осомничен за примање незаконски поткуп во износ од неколку десетици илјади евра, информираат надлежните институции. Против него е поведена истражна постапка, а повеќе детали за случајот се очекуваат од обвинителството. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител на Република Македонија од август 2018 до 2022 година. Државното правобранителство е институција задолжена за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Американците многу агресивно ги следат своите интереси, поради што и Германија мора да ги следи своите. „Децениите Pax Americana се завршени за нас. Носталгијата нема да помогне. Тоа е факт. Американците сега многу агресивно ги следат своите интереси, и затоа ние сега мора да ги следиме нашите“, рече Мерц, според дневниот весник „Билд“. Според него, ќе бидат потребни многу години за ...

Европа би можела да биде изоставена од новиот глобален договор што го разгледува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Политико, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон. Според овие извештаи, САД ја разгледуваат идејата за формирање нов сојуз на најмоќните држави во светот, неформално наречено „Core 5“ или „Core Five“. Како што е објавено, овој тесен круг би ги вклучил САД, Русија, Кина, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Цинк

3.25