Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи владата на премиерот Мицкоски свесно ја оддалечува државата од европскиот пат и ја турка во изолација, а зад лажниот патриотизам се кријат исклучиво бизнис интереси. Филипче укажа дека преку енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите се воспоставува систем на поврзаност со одредени бизнис интереси. „Во енергетиката преку проекти кои се најавуваат а компаниите водат директно до луѓе ...
Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на фестивалот (Seoul International Monodrama Festival 2026) во Сеул, Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот (Samilro Changgo Theater) од Сеул. Овој театар е историски исклучително важен „мал театар“ кој се смета за центар на алтернативната и современа сцена во Јужна Кореја. Со меѓународниот фестивал посветен на ...
Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување. На прашања на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, најави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека денешното поскапување на горивата е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема ништо за да го заштити стандардот на граѓаните. „Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава.Иако ...
Европа може да постигне значително намалување на пушењето доколку се фокусира на иновации и алтернативни производи, наместо на рестрикции, се вели во анализата „Крај на пушењето?“ на Европскиот совет за иновации во политиките (EPIC). Во анализата се посочува дека политиките засновани исклучиво на забрани не ја даваат посакуваната ефикасност. Наместо тоа, се препорачува пристап кој ќе ги поттикне пушачите да преминат на помалку штетни ...
Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видеонадзор во заштитеното подрачје се регистрирани две нови единки балкански рис. Со овие два риса, сега евидентирани се вкупно пет вакви диви животни, кои спаѓаат во категоријата ретки и загрозени видови. – На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки балкански рис. Тие се забележани при вршење редовен мониторинг на делот од територијата ...
Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од партијата. – Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на ...
Додека министерот за одбрана Владо Мисајловски си нарачува ПР кампања по касарните во Македонија со презентација на т.н. модерни реновирани објекти, професионалните војници живеат во руинирани објекти од минатиот век и ја одржуваат хигиената во објекти кои се направени од поранешната ЈНА и се во катастрофална состојба, а цели 35 години не се реновирани и обновени од македонската армија, обвинува преседателот на Независниот синдикат ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете. Измамникот побарал пари за наводно да „среди“ ...
Израел го нападна Али Лариџани, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, во напад врз Техеран синоќа, тврди израелски извор запознаен со настаните. Израелската војска сè уште чека на резултатите од нападот, или проценка на штетата, за да утврди дали Лариџани е убиен, објавува CNN. Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, изјави: „Синоќа забележавме значајни ...
Портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ебрахим Золфагари, му се потсмеваше на американскиот претседател Доналд Трамп во порака на англиски јазик, осврнувајќи се на неговите објави на социјалните мрежи. „Исходот од војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете да зборувате само во вашите твитови“, рече Золфагари. „Подобро би било оваа војна ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика американските дипломати во странство да ги повикаат сојузниците да ги означат Иранската револуционерна гарда и Хезболах, со седиште во Либан, како терористички групи, наведувајќи зголемен ризик од напад, објави Ројтерс. Внатрешната директива, датирана од 16 март и потпишана од американскиот државен секретар Марко Рубио, била испратена до сите американски дипломатски и ...
Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја преземе Куба“ додека земјата се соочува со недостиг на електрична енергија предизвикан од ембаргото на нафта на САД. Американскиот претседател вчера потврди дека може да прави „што сака“ со Куба, во услови на преговори што Вашингтон ги води со Хавана за иднината на островската нација, пишува „Гардијан“. „Знаете, цел живот слушам за САД и Куба. Кога САД ќе направат нешто?“, им рече Трамп на ...
Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот ...
Израелското воено обвинителство ги отфрли обвиненијата против пет војници за силување маж во воениот притворен центар Сде Теиман. Одлуката е донесена поради проблеми со доказите и процедурални пропусти, вклучително и протекување на снимка од инцидентот во медиумите, за која се сомнева дека е дело на поранешниот главен воен обвинител, објавија израелските медиуми. Случајот стана јавен откако еден израелски новински канал емитуваше снимка од ...
Народниот фронт за мобилизација (PMF), сојуз на ирачки паравоени фракции поддржани од Иран, објави снимка од дрон кој слободно лета во близина на американската амбасада во Багдад. Видеото го прикажува дронот FPV како маневрира навидум непречено низ воздушниот простор недалеку од американскиот дипломатски комплекс во ирачкиот главен град. The Iranian-backed Popular Mobilization Front (PMF) released footage showing an FPV drone flying freely ...
Европа испрати јасна порака до Доналд Трамп: нема да учествува во обезбедувањето на Ормутскиот теснец. Министрите за надворешни работи на 27-те земји-членки се собраа во Брисел за да разговараат за повикот на американскиот претседател до европските земји да помогнат во обезбедувањето на клучниот воден пат, кој Иран го блокираше како одмазда за воздушните напади на САД и Израел. По часови разговори зад затворени врати, европските дипломати ...
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во своето сведочење опиша како се одвивала ...
Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...
Синот и наследникот на Ајатолахот Али Хамнеи не бил избор на неговиот татко да владее со Иран, се вели во проценките на американските и израелските разузнавачки агенции. Моџтаба Хамнеи, 56, е назначен на функцијата на 9 март по смртта на неговиот татко, но сè уште не се појави ниту и се обрати на јавноста. Неговата прва официјална порака беше изјава прочитана на државната телевизија минатата недела, објавува „Тајмс“. Се појавија различни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран е воено неефикасен и слаб, но „добар“ во ширењето лажни информации. – Иран долго време е познат како мајстор за медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено неефикасен и слаб, но тие се навистина добри во „хранење“ со лажни информации на многу благодарни медиуми за лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје за дезинформации што Иран го користи, доста ...
Руските системи за воздушна одбрана соборија 250 беспилотни летала што се приближуваа кон Москва за два дена, изјави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Силите за воздушна одбрана уништија околу 250 непријателски беспилотни летала директно при приближувањето… и на втората линија во правец на Москва“, напиша тој на платформата MAX. Аеродромот Внуково воведе ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, а аеродромите ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска изјави дека изборот на јавен обвинител е доста битна работа и оти секој од пратениците кој ќе сака на седницата в среда ќе може да зборува, а дискусијата ќе заврши кога ќе биде исцрпена листата на пријавени. На утрешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Јавната расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство. – Јавната расправа за јавниот ...
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека неподготвеноста на Техеран да прекине со огнот не значи дека тие бараат војна. – Оваа војна мора да заврши на начин што ќе осигури дека непријателите никогаш нема да помислат да ги повторат ваквите напади, нагласи Арагчи. Тие сега видоа со каква нација имаат работа, таква што ќе се брани и ќе ја води оваа борба колку што е потребно, додаде иранскиот министер за надворешни ...
Во канцеларијата на гувернерот на округот Кепез во Анталија се слушнале истрели, а жителите биле евакуирани. Безбедносните мерки се засилени, а деталите ќе бидат познати по истрагата. Kepez Kaymakamlığı’nda silah sesleri yükseldi pic.twitter.com/75XZI1Q3f7 — Sarıyer Söz (@sariyersoz) March 16, 2026 Едно лице влегло во Националната дирекција за образование на округот, која се наоѓа во владината зграда Кепез во Анталија, и отворило оган на ...
Иранската војска ги предупреди земјите во регионот да не соработуваат со телевизискиот канал „Иран Интернешнл“ со седиште во Лондон, велејќи дека медиумската инфраструктура што се користи за поддршка на опозициската телевизиска станица може да биде цел на Иран. – Ционистичката меѓународна мрежа, користејќи ги сателитските можности и медиумската инфраструктура на некои земји во регионот, дејствува за да поттикне тензии, да создаде лажни ...
Експлозија одекна во деловна зграда во Амстердам, предизвикувајќи мал пожар, но никој не е повреден, соопшти полицијата. Малку позната екстремистичка група, Харакат Аш-Шаб ал-Јамин ал-Исламија (Движење на праведните), која претходно ја презеде одговорноста за нападите врз еврејско училиште и синагога во Холандија, подоцна ја презеде одговорноста преку интернет и за експлозијата во Амстердам. Експлозијата се случи неколку дена откако ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во понеделник изрази претпазливост во врска со можна мисија на НАТО во Ормутскиот теснец, велејќи дека на европските сојузници прво им е потребна поголема јасност во врска со плановите на САД и Израел за Иран. Пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Вадефул им рече на новинарите дека Германија ќе се фокусира на спречување на понатамошна ескалација и барање ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако американските сојузници не помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец, кој е блокиран од Иран. Трамп, исто така, изјави за Фајненшл тајмс дека би можел да го одложи состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг, закажан за крајот на март, ако Пекинг не помогне во деблокирањето на клучниот воден пат за една петтина од светската нафта. – ...