Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Шефот за национална безбедност на Иран – Али Лариџани и командантот на паравоената единица Басиџ – Голамреза Солејмани, се меѓу десетиците ирански функционери убиени за време на војната. Многумина загинаа заедно со покојниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, на 28 февруари, првиот ден од воздушните напади на САД и Израел. Израелската влада соопшти дека во нејзините првични напади загинале седум високи одбранбени и разузнавачки ...
Иранската државна телевизија емитуваше закана дека Исламската Република ќе нападне нафтена и гасна инфраструктура во Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Заканата наликуваше на другите предупредувања за напад што Иран ги издаде за време на војната, копирајќи го стилот што го користеше израелската војска. Иран конкретно се закани на рафинеријата Самреф на Саудиска Арабија и нејзиниот петрохемиски комплекс Џубаил. Исто така, ...
Американската амбасада во Багдад беше погодена од дрон, по што следеше експлозија во областа, соопштија безбедносни извори. Безбедносен извор за ирачкиот новински портал Шафак изјави дека нападот бил насочен кон комплексот на американската амбасада во Зелената зона во Багдад. Изворот истакна дека системите за воздушна одбрана не успеале да го неутрализираат дронот. Багдад беше цел на повеќекратни ракетни и беспилотни напади, насочени кон ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“. На 5.3.2026, пријавениот – вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК ...
Иранското Министерство за разузнавање објави дека за време на голема безбедносна операција, открило и разбило десетици опозициски ќелии и уапсило четири лица осомничени за шпионажа за САД, објави новинската агенција Тасним. Според официјалното соопштение, вкупно 111 лица биле идентификувани и уапсени во 26 провинции. Министерството, исто така, соопшти дека е запленета „значајна количина“ оружје. „Четири шпиони на американскиот режим и ...
Судијата од Кривичниот суд Ненад Савески е избран за нов Јавен државен обвинител. На денешната собраниска седница за него гласаа 66 пратеници, двајца беа против а осум народни избраници гласаа „против“. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по ...
Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги реализираа Семос Едукација и Македонско-Германското стопанско здружение, отворајќи ја темата за тоа дали компаниите навистина поседуваат капацитет и практична подготвеност за ефективно да ја применат вештачката интелигенција. Во време кога интересот за AI расте побрзо од подготвеноста на компаниите ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „агресијата“ на Северноатлантскиот договор (НАТО) не е насочена кон нормализирање на односите, туку кон стратешки пораз на Русија, додека амбициите на Алијансата се шират кон Азиско-пацифичкиот регион и Северот. „Тие се заинтересирани само за едно нешто – нанесување стратешки пораз на Русија. Имаше обиди да се изградат мостови, некаков вид механизми за ...
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, во понеделник изјави дека земјата ефикасно ја добила војната со Иран, но дека воздушната кампања ќе продолжи сè додека не се постигнат сите цели. Сар, зборувајќи на заедничка прес-конференција со естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цакна, рече дека Израел се обидува да ги елиминира „егзистенцијалните закани“, објави Ројтерс. „Веќе победивме. Тоа ни е јасно и нам и на ...
Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази надеж дека ресорното ...
Иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб беше убиен преку ноќ во напади во Техеран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац. Веста за неговата смрт доаѓа откако Техеран ја потврди смртта на еден од највлијателните безбедносни функционери во земјата, Али Лариџани, како и началникот на паравоената сила Басиџ, која работи под Иранската револуционерна гарда. Хатиб беше меѓу функционерите за кои САД минатата недела бараа ...
Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“ ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ, вели портпаролката на опозициската партија Богданка Кузеска. – Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има ...
Врховен суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја усмрти Фросина Кулакова. Ова значи дека неговата казна од 13 години затвор останува на сила, и тој веќе нема правни мерки со кои би можел да ја ублажи казната. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата. Од АХВ посочуваат дека еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа ...
Веста дека САД користат бомби за уништување бункери со тежина од 2.270 килограми е дополнителен доказ дека Иран чува голем дел од своето оружје длабоко под земја. Централната команда на САД (Centcom) не прецизираше точно кои проектили за пробивање на утврдувања ги користеле против цели што ги опишаа како „утврдени ирански ракетни позиции“ по должината на иранскиот брег во близина на Ормутскиот теснец. Сепак, познати се две варијанти кои ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа. Зборувајќи на ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган се осврна на ширењето на конфликтот низ целиот Блиски Исток, предупредувајќи на скриените мотиви за ваквите дејствија. „Сите добро знаеме дека нападите што прво беа насочени ...
На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео кое го прикажува моментот кога израелска ракета погодува повеќекатна зграда во централниот дел на Бејрут, по што таа целосно се урива како кула од карти во густ облак од сив чад. Очевидци го снимија овој драматичен момент во среда во бејрутската населба Башура, област во близина на самиот центар на градот која беше и цел на израелските напади минатата недела. 🚨A multi-story building in ...
Иранските напади предизвикаа голема штета на американската воена база во Бахреин, која е дом на Петтата флота на американската морнарица. Беше погодена Морнаричката поддршка (NSA), клучен објект за американските операции во регионот. 📸 Extensive damage at US Naval Support Activity (NSA), 5th Fleet Base in Bahrain following Iranian strikes. pic.twitter.com/wLRQSQ0mY7 — Clash Report (@clashreport) March 18, 2026 Нападот се случи на 28 ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март, ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија во Брисел, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму истакнуваат дека присуството на конгресот е потврда за цврстата определба на ...
Рускиот претставник Кирил Дмитриев ги обвини европските лидери дека се противници на Доналд Трамп затоа што одбиле да ги поддржат напорите на САД да обезбедат слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец за време на застојот со Иран. Во објава на платформата X, Дмитриев, одговарајќи на медиумските извештаи за европската позиција, рече дека оние што ги нарече „поттикнувачи на војна од ЕУ“ го откриле своето вистинско лице со тоа што одбиле да се ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ...
Иранската нуклеарна централа Бушер беше погодена од ракета, потврди руската државна корпорација за атомска енергија Росатом. Според првите информации, ракетата паднала во непосредна близина на оперативниот реактор, во зоната на метролошката служба. Засега нема извештаи за жртви или истекување на зрачење. Околу 480 руски експерти се уште се во објектот, а во тек се подготовки за третиот бран на нивна евакуација. Иранската нуклеарна ...
Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по ...
Израелскиот воздушен напад во кој беше убиен шефот за безбедност на Иран, Али Лариџани, отстрани еден од најискусните и највлијателните креатори на политики во Исламската Република во критичен момент. Лариџани не беше воен командант, туку централна фигура во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Како секретар на Врховниот совет за национална безбедност, тој беше во срцето на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и националната ...
Во текот на ноќта и утрото, беа пријавени нови ирански напади врз земјите од Персискиот Залив, при што неколку земји пријавија пресретнување на ракети и беспилотни летала. Кувајт и Катар ја активираа воздушната одбрана, сирените се огласија во Бахреин, а Саудиска Арабија собори беспилотно летало. Исто така, имаше извештаи за експлозии во Дубаи и Багдад. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана била активна кратко пред полноќ по Гринич, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека мора да се најдат дипломатски начини за да се задржи отворен Ормутскиот теснец. – Никој не е подготвен да ги доведе своите луѓе во опасност во Ормутскиот теснец. Мора да најдеме дипломатски начини да го задржиме отворен, за да немаме криза со храна, криза со ѓубрива, но и енергетска криза, рече Калас во интервју за Ројтерс. ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ ќе треба да води дијалог со Русија за Украина и европската безбедност, но во иднина, и ја исклучи можноста за разговори за енергетски прашања. – Мислам дека ќе мора да разговараме со Русија во иднина. Не за енергетски прашања, туку за европската безбедност и мирот во Украина. Тој ден ќе дојде. Но, не сега, рече Кошта, објави шпанската агенција „Европа Прес“. Претходно, ...
Гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамадијан, објави дека најмалку 12.000 домови биле делумно или целосно оштетени во нападите на САД и Израел врз иранската престолнина, објави новинската агенција Мехр. Гувернерот, исто така, им кажа на погодените жители на Техеран дека можат да ги поднесат своите барања за надомест до надлежната градска канцеларија. Гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамадијан, објави дека најмалку 12.000 домови ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, денес изјави дека процесот на реформи во Украина мора да се забрза бидејќи не може да има безбедна Европа без безбедна, демократска и просперитетна Украина како „една од нас“. Кос на прес-конференција по неформалниот министерски состанок со Украина изјави дека за време на нејзината неодамнешна посета на земјата била „длабоко трогателна“ да види дека членството во ЕУ им носи надеж на Украинците во ...