Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Врховниот секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, е убиен, потврдија иранските медиуми, повикувајќи се на соопштение од неговата канцеларија. Секретаријатот на Врховниот совет за национална безбедност во соопштението соопшти дека Лариџани е убиен заедно со неговиот син Мортеза Лариџани, објави BBC Persian. Израелската војска претходно денес соопшти дека Лариџани и командантот на доброволната паравоена сила Басиџ, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената акција против Иран е неопходна за да се спречи нуклеарен конфликт што би можел да ескалира во Трета светска војна. „Доколку не бевме започнале воена акција против Иран, ќе имаше нуклеарна војна што ќе ескалираше во Трета светска војна“, рече Трамп, според Би-Би-Си. Претседателот на САД повторно го критикуваше нуклеарниот договор со Иран, велејќи дека неговата одлука да го раскине го ...
Народното собрание на Република Српска (НАРС) на денешната вонредна седница го реизбра Саво Миниќ (СНСД) за премиер на овој ентитет на БиХ. 49 пратеници гласаа за ново-старото свикување на Владата на РС. Обраќајќи се пред пратениците, Миниќ нагласи дека нема да има кадровски промени во составот на Владата, што значи дека сите министри ќе останат на своите сегашни позиции. Да потсетиме дека Миниќ вчера по втор пат поднесе оставка од ...
По започнувањето на операцијата во Иран, Белата куќа не ја разгледала стратегијата и последиците од ескалацијата на Блискиот Исток, според уредничкиот текст во американскиот весник „Њујорк тајмс“. Американската администрација започна војна со Иран без да им ја објасни својата стратегија на американскиот народ и на светот, се забележува во статијата. Сега се чини дека немала конкретна стратегија од самиот почеток. Првите недели од ...
Американскиот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ е во сериозна состојба откако избувна пожар во неговата главна перална кој гореше повеќе од 30 часа, објави „Њујорк тајмс“. Пожарот остави повеќе од 600 членови на екипажот без кревети во нивните спални соби. Двајца морнари побараа медицинска помош поради полесни повреди, додека десетици страдаа од вдишување чад. Носачот, на кој има околу 4.500 морнари и пилоти, моментално е во својот 10-ти ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги осуди израелските бомбардирања и убиствата на цивили во Либан, предупредувајќи дека меѓународната заедница не смее да остане рамнодушна кон овие „злосторства“. Багеи нагласи дека нападите вклучуваат масакр врз цивили, медицински персонал и спасувачки екипи, како и уништување на станбени области и витална инфраструктура, објави порталот „Прес ТВ“. Тој оцени дека ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека започнала нов бран напади врз Израел, како дел од 59-от бран на операцијата „Вистинско ветување 4“, и дека напредната ракета „Хаџ Касем“ била употребена за прв пат во нападот. 🇮🇷 Iran's "59th wave" of ballistic missile launches. This marks the public debut of the solid-fuelled Haj Qasem long-range ballistic missile in this war. The Haj Qasem amounts to a substantially larger ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми – иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува смртоносно оружје. На прашањето на новинарите за коментарот даден на подкастот од советникот на Трамп, Дејвид Сакс, во кој тој шпекулираше дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на социјалните мрежи X во кое им ја честита на Иранците персиската Нова Година (Норуз), која се слави во петок, 20 март. تبریک نوروزی نخست وزیر بنیامین نتانیاهو برای مردم ایران Prime Minister Benjamin Netanyahu’s greetings to the Iranian people on the occasion of Nowruz. pic.twitter.com/fVb0aTvhMZ — Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) March 17, 2026 – На големиот народ на ...
Грчката полиција денес објави дека е покрената истрага откако на дното на вештачко езеро во голем хотелски комплекс во Ситонија, на полуостровот Халкидики, беа пронајдени човечки череп и коски. Остатоците беа откриени за време на чистењето на езерото на 3 март, а според првичните проценки, коските биле таму долго време, со оглед на тоа што езерото ретко се чисти од 1970-тите, се вели во соопштението, објави Катимерини. Полицијата не ...
Синдикатите и организациите на работодавачи и Владата мора слободно да склучуваат колективни договори и резултатите потоа мора да се почитуваат. Постигнати договори за зголемување на платата со претходната влада треба да се почитуваат и исполнуваат. Време е да престанеме да зборуваме само за минимална плата, туку да зборуваме за плата која овозможува достоинствен живот, истакна генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати ...
Виена, главниот град на Австрија, попладнево беше погодена од невидена трагедија кога на градилиште се урнаа скелиња и делови од оплатата. Четири лица загинаа, според порталот Heute.at, додека 45-годишен работник е тешко повреден. Тој е однесен во болница и се лекува во трауматолошката соба поради сериозни повреди на главата, ‘рбетот и раката. Тешката несреќа се случила за време на градежни работи во двор во Алцергрунд. Според портпаролот ...
Врховниот лидер на Иран ги отфрли предлозите за намалување на тензиите и воспоставување примирје со САД, изјави висок ирански функционер под услов да остане анонимен, објави Ројтерс. Според неименуваниот функционер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи бил „многу цврст и сериозен“ во својот став кон САД и Израел на својот прв состанок посветен на надворешната политика. Врховниот лидер на состанокот рече дека „не е време за мир сè додека САД и Израел ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави во понеделник дека Полска нема да испрати војници во Иран бидејќи конфликтот не ја загрозува директно нејзината безбедност. Тој рече дека САД и другите сили ја разбираат одлуката на Варшава, објави Ројтерс. – Полската влада не планира никаква експедиција во Иран и ова не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници, рече Туск пред почетокот на седницата на полската влада. Тој додаде дека ова се ...
Албанскиот парламент денес усвои резолуција со која Иран се прогласува за државен спонзор на тероризмот, додека Корпусот на Исламската револуционерна гарда e означeн како терористичка организација. Резолуцијата ја предложи Социјалистичката партија на Албанија и беше усвоена на пленарна седница на која не беа присутни пратениците од Демократската партија на Албанија, објави агенцијата АТА. Претседателот на парламентарната група на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека на Соединетите Американски Држави не им е потребна помош од никого. Тој напиша на својата платформа Truth Social дека повеќето сојузници на Америка во НАТО ги информирале Соединетите Американски Држави дека не сакаат да се вклучат во војна во Иран. Како што истакна, нивното однесување не го изненадува. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ако Украина сака да добие заем од ЕУ, мора повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“. „Ако нема нафта, нема ни пари“, рече Орбан во видео објавено на Фејсбук. Тој рече дека штотуку разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и словачкиот премиер Роберт Фицо, за блокадата на руската нафта од страна на Украина и дека ставот на ...
На чело на Град Скопје, преку градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се отелотворува опасната комбинација од ароганција и политички реваншизам, својствена на ВМРО-ДПМНЕ. Опиен од привилегиите на функцијата, наместо да управува со градот, демонстрира тотална политичка одмаздољубивост, ароганција, злонамерност и политички реваншизам. Фактот дека наш политички активист, кој 18 години работел во ЈСП, беше избркан од работа врз основа на политичка ...
Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата. Република Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните, се вели во ...
Во насока на унапредување на регулативата и заштита на интересите на осигурениците, претставници на Асоцијацијата на брокерски друштва одржаа втор работен состанок со Министерството за финансии. На состанокот, како активен чинител во креирањето на поквалитетен пазар, учествуваше Александар Атески, Член на Управниот одбор на Flex Broker. Фокусот на разговорите беше ставен на потребата од обезбедување фер конкуренција и справување со појавата ...
Високиот ирански функционер Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, даде изјава на социјалните мрежи откако израелските медиуми објавија дека тој е убиен во наводен обид за атентат, ефикасно негирајќи ги тврдењата за неговото убиство и додавајќи конфузија околу инцидентот. Израелски извори претходно објавија дека војската на земјата (ИДФ) спровела операција насочена кон Лариџани, додека израелскиот ...
Вистинската драма се одвива во Виена, каде што бројни противпожарни и спасувачки екипи пребаруваат низ урнатините, под кои се сомнева дека се заробени неколку работници. Според првичните информации, уривањето се случило за време на градежни работи во дворот на стара зграда. Минувачите забележале голем број припадници на службите за итни случаи на местото на настанот. Според Хојте, беспилотни летала летаат над областа. Се сомнева дека ...
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот e пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишнaта Ф.О., сопруга на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш. – Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило ...
На денешното сведочење пред судот, Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), појасни дека сите учесници во системот за заштита и спасување на територијата на Република Северна Македонија се должни да достават четири документи: елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, како и план за ...
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишното лице со иницијали Ф.О. од овој град. – Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а ...
Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, вчера во 17:25 часот е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје, одземен бил бакарен лим од кровот на црквата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Притоа, според пријавеното, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари. Се ...
Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски. Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања ...
Поранешниот скопски градоначалник и пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучување на член извршува општинската организација вго која тој припаѓа и го повика лидерот на партијата Венко Филипче, доколку сака да спроведат таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговараат со членството за кое рече дека ќе се потруди да биде многубројно како за неговото ...
На новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Петре Шилегов одработува за ВМРО и за внатрешна поделба на партијата. „Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, поради тоа што и тоа мислење беше сослушано. Тука станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. После сите наши проверки на информации стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со ...
На новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Петре Шилегов одработува за ВМРО и за внатрешна поделба на партијата. „Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, поради тоа што и тоа мислење беше сослушано. Тука станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. После сите наши проверки на информации стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со ...