Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Жена е попладнево околу 16:30 часот е убиена на булеварот Никола Пашиќ во српскиот град Лесковац. Неофицијално, жената имаше околу 50 години, а мажот кој ѝ го одзема животот е приведен на сослушување во полициска станица Се утврдуваат сите околности за немилиот настан. Според очевидци, мажот ја бркаше жената со нож по улицата, ја стигна и смртно ја прободе. Булеварот е затворен за сообраќај, пишува „Блиц“. Мотивите за убиството засега не се ...
Жена од кочанско е уапсена синоќа во 20 часот на улица во Кочани. При редовна контрола полицијата запре возило „фолксваген поло“ со кочански регистрации, управувано од 45-годишната Н.М. од село Горни Подлог, кочанско. Кај возачката е утврдено присуство на алкохол во крвта – 2,63 промили. Поради утврдената состојба, таа веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица. Против неа ќе биде постапувано согласно законските ...
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на социјалните мрежи реагираше по објавата дека Предлог-законот за фер и соодветна застапеност добил позитивно мислење од Венецијанската комисија. Тој вели дека предметниот предлог-закон не може да го замени механизмот „Балансер“ оти има неколку недостатоци. „Зошто новиот закон за „фер и соодветна застапеност“ е слаб и не може да биде замена за „Балансерот“, бидејќи повеќе не е задолжителен, туку ...
Десетгодишно девојче, маж кој го преживеа Холокаустот и млад француски државјанин се меѓу најмалку 15 лица убиени вчера кога двајца вооружени лица отворија оган врз семејства кои ја славеа првата ноќ на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј – напад што полицијата го опиша како тероризам, објави CNN. Жртвите на најлошото масовно пукање во Австралија во речиси 30 години сè уште не се официјално идентификувани, објави CNN, но нивните ...
Полицијата од Опатија успешно реши случај на дрска измама и уапсија 46-годишен хрватски државјанин кој украде 23.300 евра од 79-годишна жена. Благодарение на брзата реакција, измамникот е уапсен истиот ден додека се обидуваше да ја напушти земјата, а целиот износ беше вратен на оштетените, се вели во соопштението на Полициската управа Брод-Посавина. Измамникот, претставувајќи се како полицаец, пред неколку дена неколку пати ја контактираше ...
Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати. – Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите ...
Британскиот боксер Ентони Џошуа тврди дека боксот треба да се спаси од новодојденци и е среќен што задачата му падна на него. Поранешниот светски шампион во тешка категорија се подготвува за дуел со Јутјуб ѕвездата, а сега боксер – Џејк Пол. Борбата ќе се одржи во Мајами, во петок. Борбата, во која поранешниот двократен апсолутен шампион во тешка категорија се соочува со ѕвездата на социјалните медиуми, привлече голем број критики. ...
Судот во БиХ прогласи двајца мажи за виновни за убиството на началникот на полицијата во Приједор – Раденко Башиќ, и ги осуди на вкупно 63 години затвор. Далибор Раилиќ беше осуден на 29, а Александар Миљатовиќ на 34 години затвор. Двајцата беа прогласени за виновни за едно од најбруталните злосторства во повоена БиХ. Злосторството е извршено на 21 март 2022 година, кога Башиќ, тогашен началник на одделот за криминалистичка полиција во ...
Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден, Ден Елкајам(27), е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј на плажата Бонди во Сиднеј, објави клубот на социјалните мрежи. „Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер Ден Елкајам е жртва на страшните, трагични и бесчувствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025 година. Ден беше интегрален член на нашиот тим, кој беше екстремно талентиран и ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на ...
Со свечено осветлување на новогодишната елка и отворање на Божиќниот маркет вечерва во 18 часот на плоштадот Македонија, официјално започнува празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. Како што истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, целта е главниот град да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации. – Денес ...
Кремљ соопшти дека неутралниот статус на Украина останува клучен услов за завршување на војната, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност да се откаже од долгогодишните аспирации за членство во НАТО во замена за цврсти безбедносни гаранции. Во Берлин моментално се водат интензивни мировни преговори, објави „Киев пост“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека прашањето за ...
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место. -Апелациониот суд Скопје во ...
Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција. Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да ја одбие жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино и го потврдил ...
ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со Резолуцијата, како што посочи, се осудува секое манипулативно однесување и ...
Централната банка на Русија поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од „Евроклеар“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за ЕУ поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина. Европската унија сака да искористи дел од средствата на Руската централна банка во вредност од приближно 210 милијарди евра, замрзнати во Европа откако Москва ја нападна Украина во ...
Во пресрет на новогодишните празници, како дел од иницијативата #ИнфлуенсериЗаДобро, СОС Детско Село и оваа година ја започнува емотивната хуманитарна инфлуенсерска кампања „150 желби за 150 деца без родителска грижа“. Целта на кампањата е 150 инфлуенсери, јавни личности и поддржувачи да споделат новогодишна порака посветена токму на 150 деца без родители и родителска грижа, до 14 годишна возраст кои во моментов се поддржани од СОС Детско ...
Мача колаген е функционален напиток кој ја спојува моќта на јапонската зелена мача и високо-квалитетниот колаген тип 1. Оваа уникатна 2-во-1 формула обезбедува силна антиоксидантска заштита, подобар фокус и долготрајна енергија, додека истовремено ја поддржува еластичноста, хидратацијата и младоликиот изглед на кожата. Антиоксидантите од мачата го штитат телото од оксидативен стрес, еден од главните фактори за забрзано стареење, додека ...
СДСМ денеска поднесе официјална пријава до антикорупскицската комисија во врска со случајот „Сити Аутсорсинг“, соопшти Петар Огњеновиќ. Според СДСМ, станува збор за фирма која, како што наведуваат, има добиено вкупно 161 тендер во вредност од околу 9 милиони евра, а само во текот на оваа година остварила приходи од речиси половина милион евра. Од партијата тврдат дека постојат семејни врски меѓу сопственичката структура на фирмата и Ивица ...
На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов. До крајот на декември се очекува да ...
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски ...
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ – ЗНАМ го потврдија она што СДСМ со денови го говори: постои договор мигранти за пари“, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција. Таа потенцираше дека ДПМНЕ и ЗНАМ одбегнаа да ја потпишат Резолуцијата на СДСМ, во која експлицитно стои дека нема да се дозволи носење мигранти, и наместо тоа поднесоа контра Резолуција во која нема ниту една јасна одредба што го забранува тоа. ...
Ахмед Ал Ахмед, човекот кој грабна пиштол од вооружен човек за време на нападот во Австралија, не беше единствениот цивил кој херојски реагираше во хаосот. Снимките од плажата Бонди покажуваат друг човек како трча кон пукотниците додека полицијата се обидува да ја смири ситуацијата. Човекот сега е идентификуван како бегалец од Блискиот Исток и татко на две деца. Неговата адвокатка, Алисон Батисон, потврди за CNN дека човекот е ...
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница (ЕЗ), наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на трибината посветена на предизвиците во ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот ...
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите ...
Полицијата во Лос Анџелес истражува она што го опишува како „очигледно убиство“ откако две тела беа пронајдени во домот на режисерот и актер Роб Рајнер. Пожарникарите беа повикани во дом во населбата Брентвуд во Лос Анџелес во недела попладне по локално време, каде што ги пронајдоа 78-годишниот Роб Рајнер и неговата 68-годишна сопруга Мишел. Двајцата беа прогласени за мртви на местото на настанот. Извор близок до Рајнер изјави за Би-Би-Си ...
Рускиот главен град повторно беше цел на напади со беспилотни летала синоќа, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела, откако на 10 декември беше регистриран значаен удар, објави „Киев Индепендент“. Според Собјанин, руската воздушна одбрана соборила најмалку 18 дронови што се движеле кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека утре ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство. Филипче вчера рече дека веќе е готов списокот со луѓето кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе. – Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. ...
Бројот на загинати во терористичкиот напад за време на одбележувањето на еврејски празник на плажата Бонди во Сиднеј се зголеми на 16 лица. Најмладата жртва имала 10 години, а најстарата 87, соопштија локалните власти. Нападот го извршија 50-годишен татко и неговиот 24-годишен син. Таткото загина на самото место во престрелка со полицијата, додека синот е во критична состојба и се наоѓа во болница под полициска заштита. Локалните медиуми ги ...