Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Ниту една фирма не се пријавила на тендерот за изработка на софтвер за медиумски мониторинг и анализа на влијанието на вестите за Владата, поради што постапката е поништена, објави новинската агенција „Мета“. Службата за општи и заеднички работи на Владата сега распиша нов, втор оглас за т.н. прес-клипинг, со истите услови како и претходно. Првичниот оглас (бр. 03756/2025), објавен на 5 март 2025 година, предвидуваше развој на напреден ...
Пратеникот на Левица, Саше Јанчев, преку објава на својот Фејсбук-профил им оддаде почит на борците од Деветтата народоослободителна бригада, кои во октомври 1944 година извеле успешна диверзантска акција на железничката пруга меѓу Неготино и Гевгелија. „Дадовте сѐ. Крв, живот, младост. Паднавте жртва за слободата“, напиша Јанчев, потсетувајќи на херојската акција кога пругата била минирана во должина од 150 метри во месноста Прждевски лаки. ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи го праша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дали планира да испрати официјална делегација по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Москва. Истово прашање е поднесено во форма на пратеничко прашање до Муцунски на кое Апасиев уште чека одговор. „Дали ќе имаме државна делегација по повод големиот јубилеј 80 години од победата над фашизмот’, чунки ...
Чонгчинг, метрополата сместена во срцето на југозападна Кина, не е позната само по својот зачинет и надалеку познат хотпот – туку и по уникатната историја која се крие зад некои од нејзините најпознати ресторани. Едно од највпечатливите и најпосетувани места за традиционален чонгчингски хотпот се наоѓа длабоко под земја – во поранешните скривници изградени пред и за време на Втората светска војна. Овие подземни простории, првично изградени ...
Политичката партија Левица соопшти дека нема да даде поддршка за предложениот Закон за енергетика, обвинувајќи дека истиот дополнително ја продлабочува либерализацијата на енергетскиот сектор – една од најстратешките области за економската и социјалната стабилност на државата. Според партијата, со новиот закон се создаваат услови за понатамошна доминација на приватни и странски оператори, што ќе резултира со зголемени цени на електричната ...
Кина е во завршна фаза од изградбата на највисокиот мост во светот, кој се очекува да биде отворен за сообраќај во јуни 2025 година. Мостот се протега над големиот кањон Хуаиџијанг и значително ќе го намали времето на патување преку кањонот – од досегашни 70 минути на само една минута. Импресивната градба, изработена целосно од челик, се протега на приближно 2,9 километри и се наоѓа на околу 625 метри надморска височина. Покрај тоа што е ...
Принцот Хари доживеа нов правен пораз во обидот да ја врати автоматската полициска заштита во Обединетото Кралство, која му беше укината по повлекувањето од кралските должности во 2020 година. Апелациониот суд во Лондон одлучи дека одлуката на Комитетот за заштита на кралски личности и јавни фигури (RAVEC) да му додели „специјален“ режим на безбедност — базиран на индивидуална проценка за секоја посета — е законска и разумна. Правниот тим ...
На 8 мај, украинскиот парламент ќе гласа за ратификација на Договорот за минерали со САД, кој предвидува создавање на Заеднички фонд за реконструкција, во кој Украина ќе вложи 50% од идните приходи од експлоатацијата на своите природни ресурси, како што се минерали, нафта, гас и инфраструктура. САД, пак, ќе придонесат со финансиски средства и други критични ресурси за обновата на Украина . Иако договорот се претставува како стратешко ...
По два месеца целосна израелска блокада, хуманитарната ситуација во Појасот Газа достигна критична точка. Црвениот крст и Светската програма за храна (WFP) предупредуваат дека хуманитарната помош е на работ на целосен колапс, со милиони жители кои се соочуваат со акутен глад, недостиг на лекови и колапс на основните услуги. Од 2 март 2025 година, Израел ги затвори сите гранични премини за хуманитарна и комерцијална стока, вклучувајќи ја и ...
Иако Владата се фали со раст на економијата и позитивни трендови, опозициската партија Левица предупредува дека реалноста на теренот е сосема поинаква – сиромаштијата расте, граѓаните тешко ги покриваат основните трошоци, а животниот стандард опаѓа. Во својата најнова реакција, партијата остро ја критикува економската политика на владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја дека промовира „економски раст на хартија“, додека ...
Во срцето на планинскиот Галичник, каде што вековната традиција и љубовта се спојуваат во единствена манифестација, избрани се новите зет и невеста за Галичката свадба 2025 – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска. Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште од детството чекорел низ Галичник облечен во традиционална носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на ...
На 4 февруари 2025 година, Северна Македонија го одбележа 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните револуционери во македонската историја. Во рамките на ова одбележување, Саше Јанчев, пратеник, активист и љубител на историјата, традиционално го започна својот пешачки марш во чест на Делчев. Јанчев, кој веќе неколку години по ред го организира овој марш, тргнува од својот роден град Гевгелија и пешачи до црквата „Св. ...
Во последните години, Кина направи значителен напредок во примената на автономни воздушни возила (AAV) за справување со пожари во високи згради, што претставува нова ера во урбаната противпожарна безбедност. Компанијата EHang, лидер во развојот на автономни воздушни возила, го претстави моделот EHang 216F, специјално дизајниран за гаснење пожари во високи згради. Овој дрон може да достигне височина до 600 метри и да носи до 150 литри ...
Филозофскиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на предавањето „Маес Титијан – првиот Македонец во Кина“, што ќе го одржи д-р Игор Радев, класичар и синолог, во вторник, 6 мај, со почеток од 12 часот. Предавањето ќе се одржи во салата за седници и е отворено за пошироката јавност, а во неговиот фокус ќе биде историската личност Маес Титијан – трговец и патеписец од времето на Римското Царство, кој, според антички извори, предводел експедиција ...
Универзитетот Џиангсу (Jiangsu University) од Кина го објави конкурсот за Претседателската стипендија за 2025 година, која е целосно финансирана и е наменета за меѓународни студенти од различни научни дисциплини. Стипендијата нуди различни бенефиции зависно од степенот на студии: Можете да аплицирате за Претседателската стипендија на Универзитетот Џиангсу за 2025 година преку официјалниот онлајн систем за апликации на универзитетот: – ...
Политичката партија Левица жестоко реагираше на најновиот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите – од 36-то на 42-то место. Според Левица, овој пад е директен резултат на шестмесечното владеење на ДПМНЕ, кое, како што велат од партијата, повторно ги враќа елементите на режимско владеење во медиумскиот простор. „Само шест месеци беа доволни за состојбата со медиумските ...
Вработените во Зоолошката градина во Скопје денеска излегоа на протест за време на паузата, поддржани од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со барање итно да им биде исплатена платата за март. Протестот се одржа пред влезот на установата, а упатен беше апел до Министерството за култура и туризам и до Град Скопје за решавање на проблемот. Синдикалниот претставник во ЗОО-Скопје, Миле Таневски, изјави дека вработените ...
Богато културно наследство – сиромашна свест Инспириран од една нишка на социјалната мрежа Х во која профилот говори за музеите и нивните колекции и артефакти (конкретно за музејот на град Скопје), наспроти свесноста (т.е. несвесноста) на жителите на Скопје за постоењето на такви артефакти во нивниот град, решив дека е корисно да се проговори за нашата писменост од областа на културата и за тоа колку навистина знаеме што како културно ...
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска обвини дека одобрението за дивоградбата за хотелскиот комплекс на локацијата „Горица 3“ на источниот брег на Охридското Езеро потекнува уште од 2012 година, кога локалната власт ја контролирал СДСМ, а централната власт била во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. -Очигледно, познатиот “шофер” од струшкиот затвор најдобро ја обединува корупцијата на овие две криминогени партии, објави Мојсоска, поврзувајќи го името на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата, и покрај критиките од Западот. „Му ветив на Путин пред осум месеци и си стојам на зборот. Мојот збор значи нешто. Не одам од каприц, туку од почит и личен интегритет. Одам, освен ако не се случи нешто драстично или не добиеме сериозни закани“, рече Вучиќ. Тој додаде дека следните 15 до 20 дена се клучни за Србија, не само ...
Во интервју за телевизискиот Канал CBS (Москва, 27 април 2025 година,, Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Претседателот на Доналд Трамп признал дека САД згрешиле што Украина ја вовекле во НАТО и со тоа отпочнала војната која се’ уште трае. „Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна за ситуацијата во Украина. Постојат број знаци дека се движиме во вистинската насока. … [Претседателот на САД Доналд ...
На собраниската седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за Предлог-законот на Левица за денови на жалост. Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите на жалост, како и за воведување едноминутно молчење и санкции ...
Лидери на 19 земји ќе присуствуваат на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва. Уште двајца други лидери добиле покани, но сè уште не го потврдиле своето присуство. Меѓу потврдените гости се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кинескиот претседател Си Ѓинпинг, словачкиот претседател Роберт Фицо, белорускиот претседател Александар ...
Министерството за одбрана на Русија создаде посебна мултимедијална веб-страница посветена на 80-та годишнина од завршувањето на Берлинската офанзивна операција – Последниот јуриш пред Победата. Берлинската стратешка офанзивна операција, која започна на 16 април 1945 година, беше една од најголемите и најтешките кампањи на Големата Татковинска војна. Бараше огромен напор, тактичка вештина и неверојатни жртви. <…> На 2 мај 1945 година, ...
Минжу Село, некогаш запуштена и стара населба во Чонгчинг, денес блеска како модерен и живописен урбан простор исполнет со кафулиња, продавници и културни содржини. Оваа трансформација е резултат на сеопфатен проект за урбана обнова, кој го претвори некогашниот индустриско-станбен кварт во омилена дестинација и за жителите и за посетителите. Во срцето на населбата Минжу Село, помеѓу старите згради, сега се шири мирис на свежо кафе додека ...
Ина Канабаро Лукас, најстарата личност на светот, почина во средата на 30 април во Порто Алегре, Бразил, на возраст од 116 години и 326 дена. Етел Катерхам од Обединетото Кралство сега е најстарата личност во светот. Инах Канабаро Лукас, бразилска калуѓерка признаена како најстарата личност на светот, почина на 116-годишна возраст. Конгрегацијата на сестрите Терезијан од Бразил ја објави нејзината смрт преку соопштение, опишувајќи го ...
Манифестацијата Денови на Македонската култура во Белград – „Допир на Македонија“ – ќе биде отворена на 7 мај со изложба на слики од уметникот Тодор Јовановски во просториите на музејот „Жарково“ – Градски музеј Белград. Делата на македонскиот уметник претставуваат длабока емоционална и културна врска со Македонија, а како што е истакнато, изложбата има и хуманитарен карактер, наведуваат организаторите од Македониум, здружение на Македонците ...
Манифестацијата „Смилевски конгрес 2025“ ќе се одржи од 1-ви до 3-ти мај во демирхисарското село Смилево и ќе биде отворена на 1 мај, во 18 часот, со положување венец на гробот на Даме Груев. Вчера (1 мај), во „Кооперација“ на сретсело се одржа трибина со наслов „Значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст“. Главната програма на манифестацијата ...
По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, партијата Левица објави видео со силна порака во поддршка на работниците и нивната борба за достоинствени услови за живот и труд. Во пораката, Левица остро се спротивставува на последиците од неолибералните политики кои, како што велат, довеле до зголемена сиромаштија, несигурност и социјална нееднаквост. „Унапредувањето на работничките и социо-економските права на граѓаните се предуслов за ...
Политичката партија Левица повторно ја актуелизира темата за контроверзната градба на хотел на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Во нивната објава се посочува на сериозни пропусти и недоследности во постапувањето на надлежните институции, кои, според партијата, не успеваат доследно да ги спроведат законите. Во продолжение, ја пренесуваме нивната објава во целост: Од документи кои пристигнаа до Левица, може да се констатира дека ...