Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Вработените во Зоолошката градина во Скопје денеска излегоа на протест за време на паузата, поддржани од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со барање итно да им биде исплатена платата за март. Протестот се одржа пред влезот на установата, а упатен беше апел до Министерството за култура и туризам и до Град Скопје за решавање на проблемот. Синдикалниот претставник во ЗОО-Скопје, Миле Таневски, изјави дека вработените ...
Богато културно наследство – сиромашна свест Инспириран од една нишка на социјалната мрежа Х во која профилот говори за музеите и нивните колекции и артефакти (конкретно за музејот на град Скопје), наспроти свесноста (т.е. несвесноста) на жителите на Скопје за постоењето на такви артефакти во нивниот град, решив дека е корисно да се проговори за нашата писменост од областа на културата и за тоа колку навистина знаеме што како културно ...
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска обвини дека одобрението за дивоградбата за хотелскиот комплекс на локацијата „Горица 3“ на источниот брег на Охридското Езеро потекнува уште од 2012 година, кога локалната власт ја контролирал СДСМ, а централната власт била во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. -Очигледно, познатиот “шофер” од струшкиот затвор најдобро ја обединува корупцијата на овие две криминогени партии, објави Мојсоска, поврзувајќи го името на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата, и покрај критиките од Западот. „Му ветив на Путин пред осум месеци и си стојам на зборот. Мојот збор значи нешто. Не одам од каприц, туку од почит и личен интегритет. Одам, освен ако не се случи нешто драстично или не добиеме сериозни закани“, рече Вучиќ. Тој додаде дека следните 15 до 20 дена се клучни за Србија, не само ...
Во интервју за телевизискиот Канал CBS (Москва, 27 април 2025 година,, Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Претседателот на Доналд Трамп признал дека САД згрешиле што Украина ја вовекле во НАТО и со тоа отпочнала војната која се’ уште трае. „Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна за ситуацијата во Украина. Постојат број знаци дека се движиме во вистинската насока. … [Претседателот на САД Доналд ...
На собраниската седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за Предлог-законот на Левица за денови на жалост. Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите на жалост, како и за воведување едноминутно молчење и санкции ...
Лидери на 19 земји ќе присуствуваат на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва. Уште двајца други лидери добиле покани, но сè уште не го потврдиле своето присуство. Меѓу потврдените гости се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кинескиот претседател Си Ѓинпинг, словачкиот претседател Роберт Фицо, белорускиот претседател Александар ...
Министерството за одбрана на Русија создаде посебна мултимедијална веб-страница посветена на 80-та годишнина од завршувањето на Берлинската офанзивна операција – Последниот јуриш пред Победата. Берлинската стратешка офанзивна операција, која започна на 16 април 1945 година, беше една од најголемите и најтешките кампањи на Големата Татковинска војна. Бараше огромен напор, тактичка вештина и неверојатни жртви. <…> На 2 мај 1945 година, ...
Минжу Село, некогаш запуштена и стара населба во Чонгчинг, денес блеска како модерен и живописен урбан простор исполнет со кафулиња, продавници и културни содржини. Оваа трансформација е резултат на сеопфатен проект за урбана обнова, кој го претвори некогашниот индустриско-станбен кварт во омилена дестинација и за жителите и за посетителите. Во срцето на населбата Минжу Село, помеѓу старите згради, сега се шири мирис на свежо кафе додека ...
Ина Канабаро Лукас, најстарата личност на светот, почина во средата на 30 април во Порто Алегре, Бразил, на возраст од 116 години и 326 дена. Етел Катерхам од Обединетото Кралство сега е најстарата личност во светот. Инах Канабаро Лукас, бразилска калуѓерка признаена како најстарата личност на светот, почина на 116-годишна возраст. Конгрегацијата на сестрите Терезијан од Бразил ја објави нејзината смрт преку соопштение, опишувајќи го ...
Манифестацијата Денови на Македонската култура во Белград – „Допир на Македонија“ – ќе биде отворена на 7 мај со изложба на слики од уметникот Тодор Јовановски во просториите на музејот „Жарково“ – Градски музеј Белград. Делата на македонскиот уметник претставуваат длабока емоционална и културна врска со Македонија, а како што е истакнато, изложбата има и хуманитарен карактер, наведуваат организаторите од Македониум, здружение на Македонците ...
Манифестацијата „Смилевски конгрес 2025“ ќе се одржи од 1-ви до 3-ти мај во демирхисарското село Смилево и ќе биде отворена на 1 мај, во 18 часот, со положување венец на гробот на Даме Груев. Вчера (1 мај), во „Кооперација“ на сретсело се одржа трибина со наслов „Значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст“. Главната програма на манифестацијата ...
По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, партијата Левица објави видео со силна порака во поддршка на работниците и нивната борба за достоинствени услови за живот и труд. Во пораката, Левица остро се спротивставува на последиците од неолибералните политики кои, како што велат, довеле до зголемена сиромаштија, несигурност и социјална нееднаквост. „Унапредувањето на работничките и социо-економските права на граѓаните се предуслов за ...
Политичката партија Левица повторно ја актуелизира темата за контроверзната градба на хотел на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Во нивната објава се посочува на сериозни пропусти и недоследности во постапувањето на надлежните институции, кои, според партијата, не успеваат доследно да ги спроведат законите. Во продолжение, ја пренесуваме нивната објава во целост: Од документи кои пристигнаа до Левица, може да се констатира дека ...
По повод Меѓународниот ден на трудот, со свој став се огласи и универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој во своја објава остро ја посочи неправдата со која се соочуваат работниците во денешното општество. „Пролетерите, трудбениците нема што да загубат, бидејќи немаат ништо. А можат сѐ да добијат, бидејќи сѐ што имаме е резултат на нивниот труд, на нивната пот, како и на нивните неизвалкани раце“, напиша Цуцуловски, алудирајќи на ...
Пратениците од Левица денес маршираа рамо до рамо со синдикатите и со обесправените работници на улиците на Скопје – таму каде што секој вистински претставник на народот треба да биде. Во услови на деспотска, десничарска власт предводена од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ – кога платите се навредливо ниски, синдикатите се игнорирани, а капиталот диригира сè – македонскиот работник е сведен на алатка, а не човек. Деградиран, замолчен и исцеден – тој го ...
Денеска, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, , Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) организираа заеднички протест во Скопје под мотото „Ние работниците“. Протестот започна во 11 часот пред Работничкиот дом, каде што се собраа стотици граѓани, синдикалци и активисти, барајќи подобри услови за труд и повисоки плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна ...
Колони возила уште од синоќа се формираа на граничниот премин „Богородица“, каде стотици македонски граѓани тргнаа кон грчките плажи. Спојувањето на утрешниот неработен ден со викендот создаде очекувани метежи, а четирите ленти на преминот се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од земјава. Иако патната мрежа надвор од урбаните средини бележи умерен сообраќај, граничните премини се точките со најголема фреквенција. Од Авто-Мото ...
Кинеските научници постигнаа значаен напредок во развојот на безбедни и еколошки прифатливи нуклеарни технологии со успешно додавање ново гориво во оперативен реактор на ториум во растопена сол во пустината Гоби. Овој експериментален реактор, познат како TMSR-LF1, е прв од ваков тип во Кина и претставува важен чекор кон практична примена на реакторите со растопена сол. TMSR-LF1 е 2-метарски прототип на реактор кој користи ториум како гориво ...
Додека најголем дел од граѓаните во Македонија се борат со сиромаштија, иселување и живот од ден за ден, политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ удобно седи на империи од имоти вредни милиони. Според последните податоци до кои дојде редакцијата на Инфомакс, партијата на Христијан Мицкоски, наследник на Груевскиевиот режим, располага со вртоглави 102 имота распоредени низ целата држава – од деловни објекти и згради, до пасишта, ливади и шуми, ...
На Советот на Општина Охрид, советничката Виолета Аврамовска од Левица остро реагираше на Предлог-програмата за измени и дополнувања на урбанистичките планови за периодот 2025–2027 година, особено во делот што предвидува изработка на генералниот урбанистички план (ГУП) со средства од приватни иницијативи. Во своето излагање, Аврамовска предупреди дека ваквата пракса отвора простор за легализација на дивоградби на олигарси, узурпација на ...
Во време на тешка загуба, семејството на трагично починатиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, кој беше тапанар во популарната група ДНК, испрати тивка, но силна порака за љубов, надеж и продолжување на музиката – неговиот тапан беше подарен на младо и талентирано момче од Василево. На трогателна средба, родителите на Ѓорѓи решија неговиот најдраг инструмент да му го доверат на Бојан Трајков – момче кое го чувствува ритамот уште од најрана ...
Хрватска пошта ја заврши 2024 година со рекордни приходи и добивка, потврдувајќи дека државното претпријатие може да биде успешно, модерно и ориентирано кон благосостојбата на вработените. Со остварени приходи од 322 милиони евра – што е раст од 19% во споредба со претходната година – и нето добивка од 31 милион евра (зголемување од дури 128%), оваа компанија претставува позитивен пример во регионот. Она што особено се издвојува е односот ...
Први мај – Меѓународниот ден на трудот е моментот кога работниците треба заеднички да го кренат гласот против нееднаквоста, експлоатацијата и молкот на власта. Во оваа борба за елементарна праведност, Левица дава јасна и безрезервна поддршка на работничките протести организирани од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Нивната поддршка ја објавија и на социјалните мрежи: „Во време кога капиталот ја гаси секоја искра на отпор, платите ...
Денес, во 08:36 часот по локално време, уште едн земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Датча во турската провинција Мугла, со епицентар во Егејското Море на длабочина од 14,57 километри. Иако не се пријавени материјални штети или повредени, локалното население почувствува моментална паника. Овој настан е дел од серија сеизмички активности во регионот. Само неколку часа претходно, земјотреси со јачина ...
Додека во еден дел од синдикалното движење 1 Мај се сведува на конференциски настан со гости од власта и бизнис-заедницата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува на улица. Работниците, велат оттаму, не можат да си го дозволат луксузот на тивка дипломатија додека минималната плата не покрива ни половина месечна кошничка. ССМ најавува протест на Меѓународниот ден на трудот со јасни и конкретни барања – минимална плата од 500 ...
Александар Ѓорѓиев, 33-годишниот фотограф од Кочани кој го загуби животот обидувајќи се да ги спаси своите другари во трагедијата во дискотеката „Пулс“ на 16 март, оставил зад себе нерешени сметки не по своја вина. Младиот уметник, познат низ градот и по студиото „Фото Ѓорѓиев“, со месеци се обидувал да ги наплати парите за фотографските услуги направени за кочанското основно училиште „Никола Карев“, но без успех. Фотографиите од групното ...
Во срцето на руската престолнина, во Културниот центар „Фазил Искандер“ во Москва, од 23 до 30 април се одржуваат Деновите на македонската литература за деца и млади под наслов „Читај ја Македонија!“. Настанот, кој го организира Македонскиот културен центар во Москва, предводен од претседателката Олга Панкина, претставува прво вакво широко претставување на македонските автори за деца во Руската Федерација. Целна публика се децата на возраст ...
Во знак на одговор на новите трговски тарифи наметнати од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Кина објави драматично видео со наслов „Никогаш нема да клекнеме“, испратено преку официјалните канали на Министерството за надворешни работи. Оваа порака, објавена на 29 април 2025 година, симболично се совпадна со 100-от ден од вториот мандат на Трамп. Видеото, достапно на англиски и кинески јазик, го обвинува Вашингтон за ...
И покрај тоа што Собранието – како највисоко тело на претставничката демократија – изгласа недоверба на дел од членовите на Судскиот совет, тие и понатаму остануваат на функција, без каква било последица. Овој институционален игнорантски став дополнително ја подрива довербата во правосудниот систем и ја доведува во прашање сериозноста на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Загриженоста во јавноста е оправдана, особено кога ...